дома блог страница 5035

Раскошот на реканско-мијачкиот дел на Македонија

12096334_10206699513877961_1679085323586328944_n

За нашата рубрика Истражи ја Македонија, денес ве носиме во западниот дел на Македонија и преку автентични фотографии ви ги прикажуваме убавините на Маврово со населените места Ростуша и Јанче, ледничкото езеро Локуф и манастирот Св. Јован Бигорски.
Ќе тргниме по ред и ќе ви отсликаме пред се што е она што треба да го привлече вашето внимание, да ве натера да ги посетите овие места и да ги почувствувате одблиску.
Маврово е населено место во склоп на општина Маврово- Ростуша. Според стара легенда на ова место се одиграла страшна битка во минатото, па поради тоа местото го добило своето име “Мавро” или “Црно” (поле). На надморска височина од 1230 метри ова место е идеално за спорт и рекреација, за полнење на белите дробови со чист воздух, за уживање и доживување. Маврово е дел од најголемиот од трите кај нас национални паркови и е првото место каде што ве носиме во ова разгледување.
Ростуша припаѓа на Долно реканскиот дел на Македонија, сместено на падините на планината Дешат над реката Радика. Селото изобилува со стари градби, која од која поубава, која од која по драгоцена. Она што особено сакаме да ви го пренесеме од овој предел се Дуфските Водопади и езерото Локуф.
Оддалечени само 30тина минути од селото, водопадите се главна атракција и вистински празник за очите. До нив се стигнува преку Дуфскиот кањон кој исто така претставува своевидна атракција.
Ледничкото езеро Локуф е гордост на овдешните жители, сместено во прегратките на Дешат планина, локацијата на езерото нуди можност за прекрасни погледи кон природните пејсажи. Ова можеби малку познато за туристите езеро нуди раскош на природата како во бајките. Тука ќе имате можност да пробате од прекрасното сирење познато како Требишко и други млечки тазе производи од ова поднебје.
Следно ве носиме во Јанче, една од најстарите населби во мијачкиот регион која датира од пред повеќе од 5 века. Она што е посебо интересно за ова село е тоа што поседува специфична клима, како што велат жителите тука, дури и на 50цм снег во зима ,Јанче не останува отсечено од светот, туку снегот веднаш се топи. Сместено и збиено како гнездо во планинските врвови, селото нуди интересна архитектура на градбите, како да се изградени од највештите мајстори.
Не така далеку од овие локалитети се наоѓа и манастирот Св. Јован Бигорски. Кој бил тука знае за возвишеноста, мирот, спокојот и убавината кои ги носи во себе ова светилиште. Основан во 1020 година и возобновен во 1743 година, манастирскиот комплекс носи огромна историја во себе и едено од најстарите свети места во Македонија.
Во манастирот се наоѓаат свети мошти на Св. Јован Крстител, на Св. Трифун, Св. Параскева, Св. Пантелејмон сместени во големиот кивот на кој уште има вградена честичка од чесниот крст.
Кога веќе се наоѓаме на овие предели на Македонија, не смееме а да не ги спомнеме и другите пропратни места кои додатно ќе ви го одземат здивот и ќе ви ја надополнат авантурата. Тука би ги спомнале црквата Св. Никола во Маврово, рагионот на Лазарополе, Мавровското езеро, пештерата Шаркова Дупка и сафари паркот Бунец во националниот парк Маврово.

 

[Best_Wordpress_Gallery id=”59″ gal_title=”Раскошот на реканско-мијачкиот дел на Македонија”]

Пишува : Александар Георгиоски

Гордост на Македонија: Марко Чаласан меѓу најпаметните тинејџери во светот

500Marko-Calasan-najmladji-

Марко Чаласан, кој има 14 години, се најде на листата на 50 најпаметни тинејџери на светот. Нашето македонско чудо од дете е на 6 место на оваа листа.

calasansl

Сајтот Балкан инсајд пишува дека Марко е компјутерски гениј, кој на само 8 години веќе имаше добиени бројни признанија и дипломи од Микрософт.
Првиот сертификат го доби на возраст од само 6 години.
Марко е вљубеник во математиката и физиката, почнал да чита и пишува на 2-годишна возраст.
Кога наполнил 4 години веќе зборувал течно англиски јазик.
Тој предава информатика на деца од 8 до 11 годишна возраст во неговото основно училиште.
Течно зборува три јазици, а моментално учи и четврт.
Премиерот на Република Македонија му даде ИТ лабораторија за да си го усоврши своето знаење и да напредува во иднина.
Марко е еден од четирите тинејџери кои не се по потекло од САД, а кои се најдоа на оваа листа.
Според листата, најпаметен тинејџер на светот е Џек Андрака од Мериленд, САД.

ПОСЛЕДНИТЕ ПОДГОТОВКИ ПРЕД ДОАЃАЊЕТО НА КРАЛ МАРКО

12112103_10206512754312033_2706414425969202735_n

При крај се подготовките на новиот споменик кој треба да биде поставен на градскиот плоштад „Методија Андонов- Ченто“. Споменикот на Крали Марко изработен во бронза.

Се привршува со составувањето на монументалното дело, а на плоштадот при крај е поставувањето на постаментот и неговото уредување.

Ова спомен обележје ќе значи враќање на Кралот Марко во својата престолнина и конечно ќе се овековечи симболот на Прилеп.

10998652_10206512754952049_4151718086344233937_o 12017470_10206512754672042_9162380618211473100_o 12107847_10206512755592065_4688266793333899341_n

Кога ќе падне првиот снег во Македонија?

sneggg

Метеоролозите го најавија првиот снег оваа сезона за 26 ноември.

Долгорочните прогнози велат дека токму кон крајот на идниот месец ќе се јават првите услови за провејување на снег во котлините.

Сепак, треба да се има предвид дека станува збор за долгорочна прогноза која не може да даде прецизни предвидувања.

Џихадистите од ИД се преправаат во жени за да се спасат

dzihadistiii

Многу терористи од групата Исламска држава (ИД) ги бричат брадите и се облекуваат како жени со цел да се спасат од нападите на руските сили, кои се поддршка за сирискиот претседател Башар Ал Асад, тврди лондонскиот весник „Дејли Мејл“.

Весникот објавува и фотографии, за кои се верува дека се направени во близина на Алепо, на кои се гледаае куп избричени „бради“ што ги оставиле џихадистите при нивното панично бегање пред руските напади.

– Тие паднале уште подолу. За да се спасат од нападите се облекуваат и како жени и на тој начин се обидуваат да ја минат границата со Турција, наведува весникот.

Фалсификувани пари кружат низ Македонија

500

Фалсификувани пари кружат низ Македонија, а најмногу во промет кружат банкноти од 500 денари. Банкнотите тешко може визуелно да се препознаат од обичните граѓани, па и од трговците.

Фалсификуваните банкноти може да се препознаат по квалитетот на хартијата која е потенка и помека и кај заштитната нишка која го нема жигот со број.

Очигледен е фалсификатот и со потписот на гувернерот, а фалсификуваните пари дури имаат и воден жиг.

Горан Пандев се враќа во репрезентацијата

pandev--500

Новиот селектор на „жолто-црвените“, Игор Ангеловски оствари средба со струмичанецот во Џенова и потврди дека напаѓачот кој беше капитен на репрезентацијата ќе му биде на располагање на двете контролни средби на 12 и 17 ноември и во квалификацискиот циклус за пласман на СП 2018.

-Среќен сум што повторно ќе бидат дел од репрезентацијата на Македонија. Разговаравме со новиот селектор и подготвен сум да се вратам во националниот тим. Помина долго време од мојот последен настап за Македонија и искрено воопшто не ми беше сеедно. Напротив, тешко ги поднесував сите случувања поврзани со репрезентацијата, но тоа е период кој е зад нас. Сега имаме сосема друга цел. Да се обединиме и да се обидеме да бидеме успешни. На секоја репрезентацијата и треба поддршка, верувам дека заеднички ќе успееме да ја подигнеме мотивираноста и квалитетот, вели Горан Пандев за ФФМ.

Искусниот Пандев кој има 75 настапи во „жолто-црвениот“ дрес се повлече од националниот тим по натпреварот против Србија во квалификацискиот циклус за пласман на СП 2014. Но, тој ја промени својата одлука, што е прва добра вест поврзана со мак-фудбалот по подолго време.

Во квалификацискиот циклус за СП 2016 „жолто-црвените“ ќе играат против Шпанија, Италија, Албанија, Израел и Луксембург, а присуството на Пандев сигурно ќе биде од големо значење за подмладениот национален тим.

Свечена академија по повод 100 години од раѓањето на Мирче Ацев

5683-se-odbelezuvaat-100-godini-od-ragzanjeto-na-mirce-acev-960x600-3

Со низа пригодни свечености денеска во Прилеп беа одбележани 100-те години од раѓањето на Мирче Ацев, еден од најистакнатите македонски револуционери од Втората светска војна. Во просториите на градската библиотека „Борка Талески“ беше оддржана свечена академија по повод 100 години од раѓањето на „Мирче Ацев“.

5683-se-odbelezuvaat-100-godini-od-ragzanjeto-na-mirce-acev-960x600-2 5683-se-odbelezuvaat-100-godini-od-ragzanjeto-na-mirce-acev-960x600-5

Ацев потекнува од револуционерна фамилија од селото Оревоец, Прилепско, чии членови целиот свој живот го посветиле на ослободувањето на македонскиот народ. Дедо му Аџи Костадин бил убиен од Турците. Негови чичковци се познатите војводи Петре (1877-1939), Гога (1883-1906) Илко и Мирче Ацев (1853-1901), по кого е крстен и народниот херој. Неговиот татко Дончо исто така бил активист во прилепската револуционерна организација по илинденскиот период.

5683-se-odbelezuvaat-100-godini-od-ragzanjeto-na-mirce-acev-960x600-13 5683-se-odbelezuvaat-100-godini-od-ragzanjeto-na-mirce-acev-960x600-4

Сестрата на Мирче, Вера Ацева (1919-2006) е една од 7-те жени народни херои на Македонија, а братот Димче исто така е борец во НОБ. Всушност, целата фамилија била вклучена во борбите за самостојна Македонија, која дала 14 жртви и двајца народни херои.
Денеска делегација предводена од општина Прилеп положи свежо цвеќе на Бистите на паднатите борци на Могилата на непобедените.

5683-se-odbelezuvaat-100-godini-od-ragzanjeto-na-mirce-acev-960x600-15 5683-se-odbelezuvaat-100-godini-od-ragzanjeto-na-mirce-acev-960x600-6 5683-se-odbelezuvaat-100-godini-od-ragzanjeto-na-mirce-acev-960x600-8 5683-se-odbelezuvaat-100-godini-od-ragzanjeto-na-mirce-acev-960x600-9 5683-se-odbelezuvaat-100-godini-od-ragzanjeto-na-mirce-acev-960x600-12

(ВИДЕО) -Сите деца со исти права за подобро утре

12106693_1045347588817788_5055953032147790538_n

Учениците од Основното општинско училиште Климент Охридски од Прилеп преку видео на креативен начин објаснуваат кои се права ги имаат децата. Мисијата на нивната работилница е подобрување на информираноста кај децата и кај родителите за важноста на правата на децата во општеството и обезбедување на подобро утре во поглед на почитувањето и обезбедувањето на детските права.

12118694_1045347652151115_7187277261755202005_n 12088302_1045347648817782_8237990164538191225_n 12088596_1045347642151116_972575121181464967_n

Интервју на Васко Ефтов, челичната тупаница на новинарството кај нас

Успешните проекти опстојуваат секогаш. За успехот на некој човек секогаш ќе се говори и во позитивна и во негативна смисла, секогаш ќе постојат и такви кои ќе ја витоперат вистината и нечиите достигнувања ќе ги прикажуваат како зло, ќе настојуваат да наштетат, се со цел да ја нахранат својата гладна суета и својот внатрешен немир. Маркукуле.мк денес ви пренесува за еден навистина успешен проект, за еден изоден трнлив пат, за победата на упорноста над гладот на хиените.
Васко Ефтов и неговата емисија “Во центар” се доказ дека работливоста го краси човекот, дека истрајноста, трпеливоста и абициозноста се човечки внатрешни особини кои во неговиот случај биле клучот кон успех. Без влакна на јазикот, во борба за вистината и во служба на гледачите, секогаш настојува да ги извлече посакуваните одговори од своите соговорници, кои многупати биле и лесен залак послужен на малите екрани.

Добар ден Васко, добредојдовте на страниците на маркукуле.мк.

Добар ден и добро ве најдов .

Koга запловивте за прв пат во проектот наречен “ Во центар” ?

Емисијата Во Центар, под тоа име, почна да се емитува 1999 година на Телевизија Сител, каде се емитуваше до 2001 година. Пред тоа, но под друго име, од 1996 до 1997 година емисијата се емитуваше на Телевизија А1. Најдолго емисијата се емитуваше на Канал 5, од 2005 до 2011 година, каде што и сега се емитува. И да не остане незабележано-Во Центар беше емитувана и на Алфа и Алсат М. Од македонските национални телевизии не е емитувана само на МТВ и Телма. Можеби ќе ви звучи нелогично-но во телевизиското новинарство, како впрочем и во животот, е многу поважно да знаете да слушате отколку да знаете да прашате. Слушајќи го откривате соговорникот, неговите слаби страни и работи кои сака да ги истакне или сокрие, а прашувајќи вие ја дозирате динамиката на емисијата и динамиката на презентација на своето знаење. Ако слушањето ви кажува дека соговорникот е интересен тогаш можете да направите добро интервју од 50 минути само со 15 прашања. Ако соговорниците не се во форма тогаш емисијата ја завршувам со 60 до 75 прашања. Мојот интензитет на водење на емисијата е обратно-пропорционален со квалитетот на одговорите на соговорникот. Како судијата во фудбалот. Ако е фудбалот екстра квалитетен судијата не се ни приметува.

Денот кога започнавте да ја реализирате емисијата, каква цел си поставивте себеси, дали сметавте дека на македонската јавност и треба токму тоа и дали верувавте дека вашиот проект ќе се здобие со толкава големина како што е тоа денес?

Не знам како размислуваат другите, но јас многу ретко, ама баш многу ретко влегувам во такви метафизички процеси и проценки. Тоа е како во животот, едно момче и една девојка се сакаат. И тие ни двајцата не знаат или не се докрај свесни како тоа се случило. Но се случило. Не верувам дека некој тргнал со размисла како да направи најдобра емисија во Македонија или во светот. Тоа се случува или не се случува. Јас верувам во енергијата која се вложува. Знаете, победите и поразите се навика. Во нив се вложува помалку или повеќе енергија. На среден рок се изедначуваат вложената енергија и успешноста на емисијата. Во прво време уживате во успехот, а потоа станувате роб на успехот, бидејќи треба да научите како да го повторувате успехот од недела во недела, затоа што нема ништо постаро од последната емисија. Трагата која ја остава последната емисија се стандардите кои не смеете да ги нарушите со наредната. Затоа се најтешки за правење наредните емисии после секоја емисија која за вас е антологиска. Тогаш би сакале малку да уживате во успехот, но веќе наредното утро после емисијата се соочувате со реалноста-дека времето не ви е сојузник и дека за шест дена гледачите чекаат нова емисија.


Eмисијата “Во центар” прошета многу телевизии, на што се должи тоа менување на национални ТВ канали? Дали секогаш одреден притисок била причината, или вие лично не сте биле задоволни од понудените услови?

Шетана емисија е Во Центар. Со голема километража. Понекогаш со смеење констатирам дека емисијата Во Центар има сменето толку телевизии колку што Ивица Боцевски и Владо Поповски заедно немаат сменето политички партии. Секоја промена е стресна, бидејќи најчество доаѓа како резултат на одредени политички турбуленции. Но има некоја магија во тоа. Се тестирате од каков материјал сте направен. Во еден период во рок од девет месеци два пати ми беше забранета емисијата. Нема многу луѓе во Македонија кои можат повторно да се вратат на главната сцена во такви услови. Кога ви ја забрануваат емисијата прво што треба да се навикнете е тишината-одеднаш никој не ви се јавува. Кога емисијата постигнува одлични успеси треба да се навикнете на осаменоста-имате многу пријатели но сте оставен сам со вашите стравови дали следната емисија ќе биде подобра од предходната. Тој што не може да се избори со тие притисоци ќе остане просечен новинар.

Колку интервјуа сте реализирале до сега и дали Васко Ефтов имал трема пред некое интервју?

Според мојата евиденција сум снимил повеќе од три илјади интервјуа. Немам трема пред ниту едно интервју. Имам трема само кога се емитува мојата емисија. Затоа не ја гледам емисијата кога се емитува во живо. Во моментот кога емисијата се емитува пред јавноста тогаш таа престанува да биде само моја емисија и станува емисија на сите гледечи. Тогаш креативноста се претвора во популарност. А тој процес не е нималку едноставен. Осебено не за мене кој секогаш приватноста ја цени повеќе од јавноста.

После пауза емисијата ВО ЦЕНТАР се прикажува на Канал 5 Телевизија, на што треба да биде спремна македонската јавност, што можеме да очекуваме од вас оваа сезона?

Последната емисија на Канал 5 беше емитувана на 3 јуни 2011 година. Сега сме постари или поискусни за четири години. Тоа е еден олимписки циклус. Знаете не случајно олимписките циклуси се во траење од четири години. Ви овозможуваат да го одморите организмот и да ја темпирате формата. Мене никогаш не ме интересирале пријателски натпревари. Мене ме интересирале само финалиња на Лигата на шампините. Голем играч се станува само на големи натпревари. Малите и пријателски натпревари служат само за статистика, но не и за слава. Сега влегувам во нов олимписки циклус. Треба да бидам во топ форма во финалето, а не на полувремињата.

Постојат ли луѓе во македонската политичка фела кои сакаат да ви наштетат, плашејќи се дека имате што да откриете за нив?

Кога сте долго во овој бизнис тогаш ја научувате лекцијата дека треба да ја правите само вашата математика-како да бидете подобри и да имате одлична емисијата. Голема грешка е да ја правите математиката на противниците. Тогаш станувате дел од нивните сценарија. На врвот нема многу простор, има само разреден воздух и остри провалии. Со време човек научува како да се троши рационално и да балансира за да не падне. И мора да научите да се движите меѓу две крајности, меѓу она што Достоевски го кажува дека скромноста е губитничка особина и она што Италијаните го кажуваат дека ако сте ружа кога тогаш ќе процветате. Во основа се се сведува на правилно дозирање на суетата, амбициозноста и вложената енергија.

Кој според вас од лидерите на партии до сега во Република Македонија целосно ја заслужил власта, целосно се посветил на функцијата и бил наклонет кон народот? Има ли таков ?

Има политичари кои јас сум ги ценел и кои ја заслужуваат довербата на граѓаните. Но јавното фалење на некој од нив веќе би било навивање а не анализа. Таков луксуз јас никогаш не би си дозволил.

Што е тоа што треба да го засега македонскиот народ во денешно време, на што треба да го насочиме нашето внимание во наредниот период?

Народот треба да го засега само една работа-да го преживее оваа време. Ако преживее тогаш ќе има шанси да го промени животот на подобро. Не се сеќавам дека народ кој не преживеал потоа можел да живее подобро. Затоа целата енергија треба да ја канализираат само на една работа-да останат живи и здрави. А потоа да се борат и да чекаат да им падне седмица на лото. Но како велат никој не добил седмица на лото ако заборавил да го уплати ливчето. Затоа опстанете-се друго е секундарно.

Кое е вашето мислење за политичката криза и сега политичкиот диалог, какви се спротивставувања ќе има до крајот и дали ќе се реализираат изборите напролет онака како што доликува на едно демократско општество?

Сите кризи, како во реалниот живот, така и во политиката, се решаваат на три начини-со избори ( правите избор како сакате да живеете или која партија да ве води наредните четири години ), со развод, менување или разделување и со војна. Се надевам дека нашата криза ќе ја решиме со избори. Тоа си го должиме самите себеси и на идните генерации.

Ве прави ли нешто особено горд во животот, имате ли свое мото?

Дали ме прави нешто горд. Ако гордоста ја разбереме како уживање во успехот тогаш јас и не сум многу горделив човек. Но ако гордоста ја разбереме како енергија за подолго траење тогаш сум горд дека сум толку долго во игра и дека за моја среќа, а за несреќа на другите, наоѓам начин како да останам помалку потрошен од конкуренцијата. И да, не сум горд, туку среќен, бидејќи тоа не е работа на гордост туку на среќа со мојата ќерка Елени.

Има ли некој што го сметате за ваш наследник од новинарите кај нас, некој што би ја продолжил вашата мисија за дознавање и презентирање на вистината?

Јас не сметам дека некој треба да ме наследува. Дури по малку ми беа смешни сите оние обиди да бидат слични на мене. Ги гледав како вештачки сакаат да бидат агресивни во интервјуата. Јас не правев кариера со агресија, јас правев кариера со брзи прашања на кои соговорниците немаа одговор. Тоа се две различни работи. И турбо фолкот е поагресивна музичка форма од операта, но ретко кој од турбо фолкерите ќе остави силна историска трага. За жал насленик во медимуте не гледам, но на социјалните мрежи, на пример, сакам да ги читам статусите на Ина многу фина и на Бетмен велит. Не ги познавам но ја почитувам нивната енергија и мисла.

Што би им порачале на фановите и членовите на фан клубот “Васко Ефтов” oд Пелагонискиот регион?

Што да им порачам на фановите од Пелагонија? Да пијат златен даб на Широк сокак, едните имаат поубаво пиво, а другите поубави девојки. А може да биде и обратно. Јас никогаш не верувам само во една вистина, бидејќи за пивото и за девојките секогаш постојат најмалку две вистини.