дома блог страница 5030

Нов директор на ЈЗУ „Здравствениот дом“ Прилеп

ZdravstvenDom

Натали Ѓошоска до скоро вработена во локалната самоуправа е новиот директор на ЈЗУ „Здравствениот дом“ Прилеп. Таа доаѓа на местото на Петар Ристески сегашен директор на градска болница „Борка Талески“ Прилеп.

ЧОВЕК – ПАЈАК (ВИДЕО)

За момчево не постои гравитација, погледнете:

Први ноември неработен ден

prodolzenivikendiii

Празникот на сите светци 1 ноември 2015 година (недела), е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед во Република Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

ОУ „Гоце Делчев“ во Прилеп меѓу најквалитетните училишта во Македонија

Државниот просветен инспекторат (ДПИ) при Министерството за образование и наука, веќе седум години го оценува квалитетот на училиштата во Македонија. Тоа се прави преку интегралната евалуација, а оценката на секое училиште се дава со темелна проверка на седум подрачја: наставни планови и програми, постигања на учениците, учење и настава, поддршка на учениците, училишна клима, ресурси и управување, како и раководењето со училиштето.

prilepskoskoloo

Во текот на учебната 2014/15 од страна на Државен просветен инспекторат (ДПИ) извршена е 161 интегрална евалуација, а притоа оценети со највисока оцена се училиштата: „Љубен Лапе“ во Аеродром, „Гоце Делчев“ во Прилеп, „Браќа Миладиновци“ во село Миладиновци, „Наум Охридски” во село Булачани, Гази Баба, потоа „Кирил и Методиј“ во Велес, „Методи Патче“ во Охрид, „Ристо Јурков“ во Кочани како и училиштето „Партенија Зографски” во Скопје – информираат во ДПИ.

Токму по овој повод градоначалникот Марјан Ристески и советникот за образование Марјан Матракоски, го посетија ОУ „Гоце Делчев“ и им честитаа на вработените и на директорот посочувајќи дека со нивната заложба и труд кој несебично го вложуваат во образобниот процес, се постигнуваат вистински резултати. Градоначалникот Ристески им посака многу успеси и во иднина, а училиштето и вработените добија подарок од општина Прилеп.

Директорот на основното училиште Трајче Караилоски посочи дека, при интегралната евалуација како силни страни костатирани се: зголемена примена на ИКТ во наставата, што е резултат на проектот,,Компјутер за секое дете”, потоа зголемен број на ученици кои учествуваат на натпревари организирани од акредитирани здруженија, а зголемена е и реализацијата на часови по физичко воспитување, што според инспекторите, е одраз на изградбата на спортски сали и опремувањето со спротски реквизити.

Училишта со највисока оценка:

1. OOУ„Љубен Лапе“ – Аеродром, Скопје
2. ООУ „Гоце Делчев“ – Прилеп
3. ОУ „Браќа Миладиновци“ – с. Миладиновци, Илинден
4. ОУ „Наум Охридски” – с. Булачани, Гази Баба
5. ОУ „Кирил и Методиј“ – Велес
6. ОМУ „Методи Патче“ – Охрид
7. ОМУ„Ристо Јурков“ – Кочани
8. ДУЦОР „Партенија Зографски” – Скопје

111

222

333

ФОТО ГАЛЕРИЈА: Ѕирнете во внатрешноста на првиот современ воз во Македонија

Првиот од шесте кинески возови пристигна во Македонија. Кинеската електромоторна гарнитура во наредните месеци е предвидено да се тестира на пругата од Табановце до Гевгелија, машиновозачите да се обучат за нејзино управување, додека железничкиот сервисен персонал треба да стекне знаења за нејзино одржување.

Премногу музика во еден човек, интервју со Dj Панчо

Владимир Блажев AKA DJ Шорти или Панчо од дуото ДНК е можеби најхаризматичната личност на нашата музичка естрада. Тој е доказ дека со работа, добра воља и желба се постигнува се. Секогаш насмеан и позитивен, Панчо беше отворен за разговор со маркукуле.мк и ни открива навистина ексклузивни работи за него и неговата кариера. Малкумина се исполнети со ваков ведар дух, желба за работа и подготвеност за соработка, особено од познатите личности.
Здраво Панчо, добредојде на страниците на маркукуле.мк и чувствувај се како дома . Огромна благодарност од нашиот тим за прифатената покана да одговориш на нашите прашања и да им овозможиш на нашите читатели да дознаат повеќе за тебе и за она што го работиш.
За почеток она што не интересира е како започна и како се развиваше музичката кариера на Владимир Блажев, дали од секогаш си бил горе на сцената или си работел и нешто друго во животот?

Сосема спонтано и случајно. Јас никогаш не сум бил ѕвезда, ниту пак се осеќам така, ниту знам да се однесувам така. Горе е небото, тоа е недостижно, а сите ние сме достижни. Гледаш и самиот ме најде да ти дадам интервју така? Не сум ѕвезда во тој случај. Инаку да сум работел и друго, сум бил : рецепционер, келнер, шанкер, продавач во бутик, менаџер на клубови и локали.

Како и кога дојде, до според нас најуникатниот спој на музичката сцена во Македонија, а тоа е ДНК заедно со Андреј?

Тоа беше негде во 2002та година. Тој имаше свој бенд кој се викаше ТNT и некако ми беше нај нај од сите тројца членови на бендот. Кога тие се распаднаја се договоривме да основаме свој бенд. Нашата прва песна ако не се лажам беше “Девојка за везден”или “Благодарам однапред” , не сум сосема сигурен.

Дали правевте ДНК анализа за да го дадете ова име на бендот?

Па и не многу, не знаевме како. Бевме кај Александар Ристески Prince и тој се сети на ова несекојдневно име, кое да требаше сега да го смислуваме, не верувам дека би се крстиле вака.

Kој најголемиот хит на ДНК?

Па откако се тргнавме од кај Врчак, мислам дека дефинитивно е “Дада”, потоа се реда “Авион”, “Срце”, “Што сака нека биде” и други. На Мак Фест мислам дека беше 2007та или 2008та година, се вративме на сцената со “Таа тоа го крие” , после тоа следувaa “Навлечен на тебе сум” , “Полна месечина” и.т.н. Но еве пак ќе потенцирам мислам дека “Дада” и “Што сака нека биде”, ма уствари на настапи одат сите песни добро, така да супер е. Сето тоа благодарение на Лазар Цветкоски кој е дел од ДНК, односно третиот член на ДНК. Да не е тој бендот нема да е тоа што е денес, дишеме како еден .

Настапувате низ цела Македонија, на сите ваши настапи има силна енергија, многу скокање и заедничко пеење со публиката. Имавме чест да ни бидите гости на годинешниот ПИВОФЕСТ во Прилеп. Беше ли ова најголем концерт за вас или сте имале и поголеми и дали бројноста на публиката ви е предизвик?

Па еве сега бевме во Велес на Питијада имаше многу луѓе, Пиволенд во Скопје, Саем, нашиот солистички концерт. На Пивофест во Прилеп, не знам дали бил нашиот најголем настап, но сигурно е меѓу најголемите наши настапи. Најбитно е што фид бекот беше прекрасен и се споивме со публиката. Исто така е битно тоа што организаторот на манифестацијата, Градоначалникот Марјан Ристески беше презадоволен, и ете јавно му се заблагодаруваме за укажаната можност и доверба. Да бидам нескромен се сакаме многу со Прилепската публика, одлични се и имаат префинет вкус за музика, ако не те бива можеш Господ да бидеш, но од нив нема да имаш фид бек. Така да тоа кажува нешто нели?

На што си особено горд во својот живот, на што си прокапел најмногу пот за да постигнеш?

Буквално на се. Таква судбина имам да се што имам е направено е од самиот себе. Живеев само со мајка, која беше технолошки вишок и имаше денови кога дома немаш струја, а не ретко и фрижидерот беше празен. Но мајка ми беше страшен борец и најверојатно сум ги земал тие убави особини од неа на што сум многу горд. Не се срамам од ништо, спијам мирно, не должам никому, немам кредити за враќање и се немам замерено со никого, односно му немам нанесено зло со намера никому. За жал мајка ми ја изгубив, но сум особено горд на тоа како ме воспита, направи вистински борец од мене и човек кој е бунтовник со причина. Ете за тие што мислат дека сум мамин и татин син, нека прочитаат дека телевизијата лаже, Панчо е друг човек позади камерите.

Што е најголема љубов на Владимир Блажев?

Спортот, за кој се помалце имам време, но се трудам секој слободен момент да го искористам за тренинг. Гледам спорт и едноставно така се релаксирам. Втора љубов ми се книгите и манастирите, во кој барам мир и моменти за самиот себе кога сакам да избегам од се.

Дали сте планирале да станете гастарбајтери, или се живее од музика во Македонија?

Имало и такви моменти, но ете некако имам доверба во оваа наша држава и мислам дека ќе биде како што треба, само полека, чекор по чекор. Многу луѓе прават опструкции, но што е наше ќе си дојде нели? Ни Рим не се изградил преку ноќ, а ние опстојуваме нецели 25 години како самостојна држава, па и нормално е да има ваква бурна транзиција.

East Coast или West Coast ?

EAST дефинитивно !

Какво е твоето мислење за музичката сцена кај нас, како да се искорени овој шут и кичерај што го увезуваме од северниот сосед, со што треба да се позанимаваат нашите продуценти, нашите медиуми?

Едноставно веќе немам мислење за тој кич и шунд. Ти не може да им го земеш на луѓето правото да слушаат тоа што сакаат, тоа е нивно право. Но медиумите треба малце повеќе да се занимаваат со македонските артисти и да ги пренесуваат како вистински ѕвезди, да има повеќе Talk show-a kako порано, Топ листи, а не кога се пишува за македонски артисти имаш 5цм простор, а за странец 20цм, така да се е кажано.

Ексклузивно за нашите читатели, што готват следно Панчо и Андреј, со што за скоро ќе не израдуваат?

Албум кој ќе излезе кон крајот на aприл или средината на мај идната година. Ќе се вика “Уште еден ден”, истоимена песна која е посветена на мојата мајка. Пред албумот ќе излезе уште еден сингл со видео, кој се вика “Taа зна” и тоа ќе биде последен официјален сингл пред да излезе новиот албум.

Каков е патот до успехот?

Тежок, трнлив, со безброј сопки и стапици. Ако си сам како што сме ние остаруваш пред време, но сето тоа е лекција која ја учиш каде што не се учи ниеден факултет, освен на улица. Благодарен сум на Бог, кој ми го сочува умот и ми дава енергија за да продолжам да ја работам оваа работа од која искрено сум сакал да кренам многупати раце, ама ете сеуште според Бог имам што да кажам на оваа МК сцена. Кога ќе немам ништо повеќе ќе ми даде знак и ќе се откажам.

Порака до читателите на маркукуле.мк?

Па да бидат ведри, насмеани, да не се преокупираат со туѓи мислења и да си го живеаат нивниот живот. Сите ние имаме свој свет, своја имагинација, всушност чим Бог ни дарил живот и душа, значи сме тука со причина. Затоа направете нешто корисно по што ќе ве паметат идните генерации кога нема да бидете на овој свет.

 

 

Тимот на маркукуле.мк ви посакува многу успеси, многу ангажмани, хитови и дај боже да чекорите кон врвот и надвор од границите на Македонија. Останете такви какви што сте, уникатни, позитивни.

Подготви: Александар Георгиоски

Новата песна на Адел за само 24 часа има 30 милиони прегледи (ВИДЕО)

adel2-570x396

Британската пејачка Адел, минатата недела го претстави новиот видео спот за една од песните кои се на нејзиниот нов албум „25“.

Песната се вика „Hello”, а за само 14 часа има повеќе од 30 милиони прегледи. Спотот е снимен во село близу Монтреал.
Адел која има 27 години, кажала дека нејзиниот 25.роденден бил крстосница и дека новите песни се „посветени на помирувањето со самата себе си“.
Пејачката засега не најави кога ќе излезе новиот албум, но се очекува дека тоа би можело да се случи на 20 ноември.
Слушнете ја песната која соборува рекорди:

Денес е Света Петка, нека е вечна слава и за многу години

Св. Петка (позната и како Св. Параскева и како Мајка Параскева) — светица од градот Епиват, кој се наоѓал меѓу Силинаврија и Цариград. Таа била родена кон крајот на 10 век, во петок, денот кога Евреите се подготвуваат за празнување на празникот Сабат (сабота). Затоа, нејзе ѝ го дале името Параскева, што значи „подготовка“. Родителите ѝ биле богати христијани од словенско потекло, а освен Петка, имале и еден син, Ефтимиј, кој за време на животот се замонашил и подоцна станал епископ Малитски.

svpetka

По смртта на родителите, девицата Петка, желна за подвижнички живот, го напуштила родителскиот дом и отишла најнапред во Цариград, а потоа во Јорданската пустина, каде што останала до својата старост. Нејзиниот долг пустински живот во молитва и пост може да биде спореден со 40 дневницата која што Исус ја спроведол в пустина.

Кога св. Петка била стара, еднаш ѝ се јавил ангел и ѝ рекол: „Остави ја пустината и врати се во твојата татковина, таму треба да ѝ го предадеш телото на земјата, а со душата ќе се преселиш кај Господ.“ Света Петка го послушала небесниот глас, ја оставила својата омилена пустина и се вратила во Епиват. Таму, таа поживеала уште две години и умрела во 11 век. Бидејќи нејзините сограѓани ја сметале за туѓинка, по нејзината смрт ја погребале надвор од христијанските гробишта. Кога поминале многу години од нејзината смрт, во градот требало да се погреба некој непознат давеник. Бидејќи бил туѓинец решиле да го погребаат надвор од гробиштата и тоа на истото место каде што била погребана светицата. Кога го отвориле нејзиниот гроб, забележале дека нејзиното тело не е распаднато, се зачудиле, но помислиле: Ако ова тело е свето, Бог тоа ќе го открие преку некакви чуда. Со таа мисла, тие повторно го затрупале гробот.

Ноќта, еден од работниците што учествувал на погребот по име Георгиј, на сон видел некоја царица седната на пресветол трон и окружена со светли војници. Еден од војниците му се доближил, го фатил за рака и му рекол: Георгиј, зошто така го омаловаживте телото на преподобна Параскева и крај неа погребавте смрдлив труп. Потоа и светлата царица му рекла: „Побрзај и извади ги моите мошти и положи ги на чесно место, зашто не можам повеќе да ја трпам смрдеата од оној труп. Зашто и јас сум човек, а моја татковина е Епиват, каде што вие сега живеете.” Таа ноќ ист сон сонувала и некоја благочестива жена по име Ефтимија. Утредента тие двајцата ги раскажале своите виденија на сите. Кога тоа го слушнал благочестивиот народ, со свеќи побрзале кон моштите на преподобна Параскева, и со стравопочит ги извадиле од земјата, радувајќи се како на скапоцено богатство. Светите мошти свечено биле положени во црквата „Св. Петар и Павле”, во Епиват. По молитвите на преподобната Параскева се давале многу исцеленија на болните: слепи – прогледувале, куци – проодувале, секакви болни и демоноопседнати добивале здравје.

Два века по смртта на света Параскева, со Константинопол и околината владееле крстоносците. Во 1238 г. бугарскиот цар Јован Асен успеал од нив да ги преземе светите мошти и да ги пренесе во својата престолнина Трново. Тогаш царот го испратил блажениот Марко, митрополитот Преславски, со многу епископи и свештеници, за светите мошти на преподобната да ги пренесат во Трново. Во Трново светите мошти биле свечено пречекани и положени во придворната црква, каде што, почивајќи негнилежно, точеле разновидни исцеленија на сите што со вера им пристапувале.

Кога турскиот султан Бајазит (1389-1402) го зазел Трново, моштите на света Параскева се пренесени во Валахија (Романија). А, кога во 1396 г. и Романија паднала под Османлиската власт, српската царица Милица го замолила султанот Бајазит да ѝ дозволи да ги пренесе светите мошти во Србија. Султанот се согласил и моштите на светицата биле пренесени во Белград, на месноста Калемегдан. Кога во 1521 г. султанот Сулејман II го зазел Белград, ги запленил и светите мошти на света Параскева и ги поставил во своите дворци. Таму почнале да се случуваат чудеса, па затоа освен христијаните, светицата почнале да ја слават и муслиманите. Тоа ги загрижило муслиманите, и тие плашејќи се верата во чудотворната сила од светите мошти на света Параскева да не се прошири уште повеќе меѓу муслиманите, а и заради молбите и застапништвата на христијаните, ги предале овие свети мошти на константинополските христијани, кои чесно ги положише во Патријаршиската црква.

Во 1641 г., војводата Василиј Лупул, војводата на Молдавија, добил вест дека светите мошти на преподобна Параскева се наоѓаат во Патријаршиската црква. Тој од сето срце посакал тие чесно да бидат пренесени во неговата држава. Оваа негова желба, Господ Кој се слави во неговите свети, ја помогнал и посакувајќи и во Молдавија да ја прослави својата светителка, Тој го вдахнал Цариградскиот патријарх Партениј да го исполни барањето на Молдавскиот господар. Тогаш патријархот, со согласност на целиот свештен собор и со дозвола на другите пресвети патријарси, ги испратил чесните мошти на нашата преподобна мајка Параскева на благочесгивиот господар, војводата Василиј, во неговиот престолен град Јаши. Во 1641 г., на 14 октомври, ( односно 27 октомври), со голема свеченост и огромна радост на жителите на цела Молдавија, нераспаднатите мошти на света Параскева биле положени во Соборната црква на градот Јаши „Св.Три Ерарси”, каде што се наоѓаат и денес.

Нејзините чудотворни мошти низ вековите биле пренесувани: во Цариград, во Велико Трново (Бугариjа), па пак во Цариград, па во Белград. Сега, тие се наоѓаат во Романија, во градот Јаши. Во Белград постои вода (агијазма) на Света Петка, којашто чудотворно ги лечи сите болни што и притекнуваат со вера кон светителката. Во Скопје, во населбата Црниче, постои црква посветена на оваа светица.

Празникот посветен на св. Петка се слави на 27 октомври. На иконите на кои е прикажана оваа светица, најчесто стои натписот: „Верувам во еден, единствен Бог и во Светото тројство“. Еден од обичаите кои се практикуваат на празникто на св. Петка е „петолебие“, кога луѓето носат пет лепчиња во црквата, во спомен на настанот од Библијата, кога Исус Христос со пет леба нахранил 5.000 луѓе. Притоа, петте лепчиња се осветуваат, при што едно му се дава на верникот, а четири остануваат во црквата.

Човекот кој порано бил сиромашен преку ноќ стана најбогатиот човек во светот

1

Основачот на модниот гигант Зара од ова почесно место го симнал Бил Гејтс.

Шпанскиот мултимилијардер Амансио Ортега е новиот најбогат човек на светот.

Имотот на Ортега се проценува на 79.8 милијарди долари, а бумот на првото место може да му го заблагодари на растот на вредноста на акциите на Индитекс, матичното друштво во кое се наоѓа и Зара. Ова значи дека и мал пад на вредноста на акциите на Индитекс, Ортега повторно ќе го вратат зад Гејтс, со оглед на тоа што станува збор за листа која Форбс ја прави во реално време.

Ортега е роден во 1936 година за време на крвавата шпанска граѓанска војна, па младоста ја поминал во голема сиромаштија, дури и глад. Училиштето го напуштил како тинејџер, а на почетокот работел како писмоносец во една продавница.

Зара ја основал на 40 години и постепено го освоил шпанскиот пазар, потоа португалскиот, францускиот за денес Зара е присутна во целиот свет и да нема човек кој во својот дом нема парче облека од овој бренд.

ВИДЕО: Првиот модерен воз пристигна во Македонија

VOZ

Првиот модерен воз од Кина пристигна во Македонија.

Новите возови кои ги набавува Министерството за транспорт и врски ќе бидат според сите европски стандарди, со најсовремена опрема, со што Република Македонија ќе може да се вброи во земјите со најдобра железничка инфраструктура не само во регионот туку и пошироко.

Порталот Прес24 објави видео од пристигнувањето на првиот ултрамодерен воз кој пристигна во Македонија.