дома блог страница 5029

ВИДЕО: Најбрзиот месар – ја среди свињата за 33 секунди

mesar

Погледнете го видеото:

ВИДЕО: Еве како изгледаат топ моделите за костими за капење во реалноста

Криси Тајген, Џиџи Хадид и останатите топ модели кои рекламираат костими за капење, не се плашат да покажат како изгледаат кога камерите ќе се изгасат.

modeliski

Иако ние сме навикнати секогаш да ги гледаме во совршено издание, тие некогаш си дозволуваат да се „опуштат“.

На ова видео може да погледнете како изгледаат овие убавици во реалноста.

Ќе забележите дека и тие се обични девојки, како и сите останати.

Погледнете го видеото.

Џудо клуб Пролетер не запира со успеси, 12 медали од турнир во Грција

10406806_10206547644264260_5288051089934139844_n

Веста за прераната смрт на Марио Србиноски член на Џудо Клубот Пролетер – Прилеп од 2004 година, силно ги потресе сите во клубот и овие резултати ги објавуваме со голема болка и тага за нашиот член, репрезентативец и одличен другар. Имено Меѓународниот Натпревар кој се одржа на 25.10.2015 САКУРА во Катерини- Грција донесе нови искуства и многу освоени медали.

12036859_10206547645424289_2084242603952431471_n

Џк Пролетер Прилеп освои 12 медали од кои : Томеска Марија, Кироваков Марко и Макеска Александра освоија Златни мадали. Сребрени Медали освоија: Петрески Мартин, Спиркоски Давид помл.пионери, Петејчук Лука, Димеска Теодора. Бронзени медали освоија : Спиркоски Николче, Спиркоски Давид пост. Пион, Самарџиоски Петар, Ѓеорѓиоски Јордан, Трајческа Ана Марија.

12193452_10206547646384313_3086445342266389398_n

12196211_10206547647624344_4429952557899718114_n

11209342_10206547647184333_6967608527822224593_n

11219124_10206547644584268_4845593996261141628_n

11221582_10206547646864325_3828678123953770524_n

12049595_10206547645224284_6161455538919510556_n

12063786_10206547648544367_9063479622662029315_n

12118630_10206547648024354_2409249065285588310_n

 

Честитки за постигнатиот успех .

ВИДЕО: Тоа што овие луѓе фатиле со камерата ќе ви ја заледи крвта!

Screenshot_1

Дали постои нешто повеќе на овој свет што нашите пет сетила не можат да го перцепираат? Веројатно мислите дека нема, но сигурни сме дека добро ќе се запрашате откако ќе ги погледнете овие 5 необјасниви појави кои се снимени ширум светот.

Било да се работи за автомобили кои се појавуваат од никаде, или за руско девојче кое лебди сред шума, овие сцени ќе ве натераат да подразмислите.

Започна да се подготвува теренот за изградба на новата Балон спортска сала

1

Започнаа градежните работи за изградба на новата балон сала во дворното место на ОУ “Гоце Делчев”. Градоначалникот Ристески го посети основното училиште посочувајки дека новата спортска балон сала ќе биде вистинска атракција и можност повеќе да се зголеми број на спортски рекреативци кои сакаат во слободно време здраво да се изградуваат. Покрај децата за физичко воспитување, сите ентузијасти во градов ќе имаат можност да ги користат новите услови за спортување.

2

3

4

ФОТО: Не вежбала ни ден, а ослабела 50 килограми

За само 10 месеци загубила 50 килограми, а еве и како…

dennnnn.jpg-500

Лили на Имгур ги објавила своите фотографии пред почетокот на диетата и откако успеала да загуби 50 килограми. И тоа за само 10 месеци.

Не сум лекар. Ја избрав кетогената исхрана. Внесувам околу 20-25 нето јагленихидрати дневно. Всушност, кога вашето тело не може да користи јагленихидрати ги согорува мастите. Меѓу 90 и 95 проценти од мојот внес на јагленихидрати доаѓа од зеленчукот, со големо количество протеини од пилешко, говедско и мисиркино месо. За оние кои бараат причина или мотивација: само почнете и не мамете. Фрлив се од дома. Шлаканицата која ме освести беше кога застанав на вага и сфатив дека имам 30 килограми повеќе отколку што мислев. Ќе си бидете благодарни за една година или за 10 месеци. Верувајте ми. Планирам уште да слабеам”, напишала покрај фотографијата Лили.

 

За тутунот ќе има поголема побарувачка и повисока цена

tutun

Годинава се очекува помало производство на тутун, но поголема побарувачка, а со тоа и повисока цена за килограм откупен тутун, оценуваат тутунопроизводителите кои ги контактираше Лидер. Данчо Милевски, тутунопроизводител од Прилеп вели дека помалото производство е резултат на незаинтересираноста на младите, но и пролетните мразови и дождови кои придонесоа за намалување на насадите со ориентален тутун, пишува Лидер.

-Оваа година имаме неспоредлив квалитет од порано, имаме многу подобар квалитет. Бербата во некои делови од земјава се уште трае, затоа што тутунарите се борат за секое едно ливче да не остане на нивата оти од него очекува егзистенција за наредната година да преживее и да почне со инвестиции од февруари. Согласно со нашите вложувања од 1 декар не чини 24 000 денари, а тоа е од спремање на расад, одгледување и се она што е потребно за примарното производство, вели Данчо Милевски, тутунопроизводител од Прилеп.

Квалитетот ќе ја диктира цената

Како резултат на помалото производство, побарувачката на тутун ќе биде поголема, ако се гледа и фактот дека и во останатите земји во регионот има намалување на површините со тутун. Затоа тутунопроизводителите бараат 190 денари за килограм откупен тутун.

-Има доста раздвиженост од страна на компаниите, и на производителите им нудат откуп на тутун што значи дека откупувачите оваа година се заинтересирани за тутунот, од една страна што имаме помалку тутун. Бараме 190 денари за 2 класа . Ако не постои субвенцијата од 60 денари јас верувам дека ова наше производство ќе опадне бидејќи младиот свет не сака тутун, а со овие средства односно субвенции, тутунарите си имаат пресметка, затоа што со овие пари се покриваат трошоците, вели Милевски.

Стопанска комора: Се стабилизира производството на тутун

Од Стопанската комора пред два дена информираа дека за претстојната реколта се склучени 28.454 договори за откуп што е 6.000 или околу 20 проценти помалку во однос на претходната 2014/2015 година коа беа потпишани 34.500. Во 2013-та, пак, биле склучени 42.367 договори за откуп.

– Евидентно е намалувањето на површините и на производството, но се очекува добар квалитет, а со тоа и цена. Производство на квалитетен тутун е крајна цел и на производителите и на откупувачите, во спротивно ќе губат и едни и други, нагласи Васко Ристовски, од Стопанската комора на Р.М

Старт на откупот на 15 ноември или најдоцна до 15 декември

Од Министерството за земјоделство за Лидер информираат дека според пријавените договори од 9-те откупни претпријатија од реколта 2015 година се очекува да се откупат од 24.000 до 25.000 тони суров тутун што е колку и остварениот откуп од реколта 2014 година.

Според Законот почетокот на откупот треба да биде од 15 ноември или најдоцна до 15 декември.

Производството и трговијата на тутун и тутунски производи учествуваат со 3,2% во бруто домашниот производ.
Тутунската индустрија учествува со 4% во вкупното индустриско производство и со 4,1% вработувања во вкупната индустрија. Во вкупната површина под индустриски култури тутунот учествува со 78%.

Тутунот е застапен на просечна површина од околу 15.430 ха (2007-2014) со 8-годишен просек на производство од околу 23.400 тони.

ВТОРА ФОРУМСКА СЕСИЈА ВО ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ

На ден 28.10.2015 година – Среда во просториите на спортската сала при ОУ Манчу Матак во Кривогаштани во 19 часот. Општина Кривогаштани по тој повод ги поканува сите жители на општината да присуствуваат и да учествуваат во креирањето на буџетот на општината.

ЕКСКЛУЗИВНО: Голема полициска акција во кумановскиот регион – се апсат терористи од Диво Насеље

pol-600x400

Голема полициска акција од утрово се одвива во кумановскиот регион, дознава Press24 од полициски извори

Според нашите информации 3 лица се приведени во продолжение на активностите за расветлување на настаните во Диво Насеље од мај годинава.

По наредба на Основното јавно обвинителство, биле барани како резултат на истрагата која го проширила списокот на лица кои имале различни улоги во терористичките активности од мај годинава.
Неофицијално дознаваме дека најголем дел од овие лица биле логистичари на терористичката група во Диво Насеље.
Сите Основниот јавен обвинител ги барал по член 313 од КЗ за терористичко загрозување на уставниот поредок.
Акцијата која траела од рано утринава веќе е завршена.
Најверојатно, се трагало по уште едно лица на реонот на Скопје, но тоа не е пронајдено.

Запрете го стареењето и подмладете го целиот организам

eliksir-mladosti-laneno-ulje-limun-med_700-650x396

Постојат различни методи на подмладувања, а за кои не се неопходни скапи хирурки зафати. Подмладувањето на лицето, телото и целиот организам не може да се состои само од козметички процедури. Неопходно е да се комбинираат различни методи на подмладувања кои даваат вчудоневидувачки резултати.

Сигурно сте забележале дека постојат жени кои изгледаат 10,15 години помлади, а не биле подложени на скапи естетски зафати.

Една од таквите младолики убавици ја открила тајната на својот еликсир на младоста. Таа тврди дека по неговото користење, видот и е подобрен од -3 на -1, кожата и станала помазна и еластична на целото тело, а косата погуста. И најневеројатно – косата која започнала да и белее, престанала.

Рецепт за подмладување на организмот:

-100 милилитри ленено масло

-2 лимони

-1 голема главица лук

-0,5 килограми мед

Исистениот лук, 1 неизлупен лимон и 1 лимон без кора сомелете ги во машина за мелење или иситнете ги во блендер.

Сомелената смеса помешајте ја со медот, додадете го маслото и се измешајте.

Смесата се чува во фрижидер во затворена стаклена тегла.

Конзумирајте три пати на ден по една супена лажица половина час пред оброк.

Како оваа смеса го подлмадува организмот?

Ленот содржи омега-6, омега-9 и палмитинска масна киселина, а повеќе од половина од мастите се сочинети од омега-3, што лененото масло го чини најбогато со растителни извори на омега – 3 масни киселини (двојно повеќе од рибиното масло).

Лененото масло исто така е најбогат растителен извор на важни оксиданси, што во комбинација со лимонот го чисти црниот дроб. Чистиот црн дроб е нашиот главен генератор на младоста.

Витамин Ц од лимонот е совршен антиоксиданс, го зајакнува имунитетот и крвните садови. Лукот ги чисти крвните садови, а медот ги храни истите – микроелементи кои го обновуваат и подмладуваат целиот организам.

Овој еликсир на младоста преку редовна нега на кожата на лицето дава неверојатни резултати.