дома блог страница 5028

Против Меркел поднесени 400 тужби за државна измама

sad-prislusuvanje-merkel

Околу 400 тужби за државна измама се поднесена во Германија против германската канцеларка Ангела Меркел, соопшти денеска германското Обвинителство.

Федералното обвинителство во Карлсруе потврди дека примило 400 тужби против канцеларката, но не прецизира за нивната содржина.

Весникот „Тагесшпигел“ наведува дека поголемиот број од тужбите се поднесени од ултрадесничарските организации поради одлуката на Меркел да им овозможи влез на мигрантите во Германија.

Во весникот има и формулар за лицата кои би сакале да поднесат тужба против Меркел.

„Тагесшпигел“ наведува дека тужбите немаат никаква шанса да имаат судска разрешница.

Државна измама се смета само кога нејзиниот извршител употребил сила или дејствувал со закана со сила.

ВИДЕО: Ова е најгледаниот кино филм во еден ден, заработи 9,2 милиони долари

Најновото продолжение на авантурите на агентот Џејмс Бонд, „Spectre“, ги урна сите досегашни рекорди на британскиот бокс офис, соопшти денеска студио „Сони Пикчрс“.

1

Филмот во кој Даниел Крејг повторно се појавува во улогата на тајниот агент 007, на првиот ден од прикажувањето во Велика Британија заработи 9,2 милиони долари, со што стана „најгледан кино филм во еден вторник“ во британската филмска историја.

Претходното, 23-то продолжение на франшизата за Џејмс Бонд, „Skyfall“ во 2012 година на првиот ден на прикажување во целиот свет заработи 1,1 милијарди долари.

„Spectre“, кој премиерно беше прикажан во понеделникот вечерта во Лондон, доби одлични критики. Неговата премиера во кината ширум светот е најавена за 6 ноември.

Прилеп домаќин на првиот поштенски маратон во светот

Poster_Postal_Marathon

На 1-ви Ноември во Прилеп за прв пат ќе биде организиран поштенски маратон!

Првиот поштенски маратон е манифестација која има за цел промоција на поштенската дејност преку поддршка на трчањето на долги патеки и активниот начин на живот. Идејата на овој маратон е тој да биде традиционален и неговото одржување да биде во различни градови низ светот.

Поштарите, како симбол на постојано движење низ улиците низ целиот свет, завземаат централно место во идејата на самиот маратон, прикажани преку учесниците на овој настан.
Првиот поштенски маратон ќе се одржи на 1ви Ноември во Прилеп со почеток од 9 часот од центарот на градот , а генерален покровител на настанот е Македонска пошта АД.
Самата програма е оформена да ги вклучува сите возрасти и во неа да можат да се вклучат сите рекреативци:
-Маратонскатрка
-Полумаратонскатрка
-Забавнатрка oд 5 км.
-Детскатрка од 1км.

Ве покануваме да се пријавите како маратонец на некоја од овие трки или да дојдете да ги поддржите учесниците во борбата со километрите.

Регистрацијата е на веб страната: www.postalmarathon.com, а сите останати информации може да ги дознаете и на Facebook страната: www.facebook.com/postalmarathon

151027DIV_FPM_website_prizes-post

 

ВИДЕО – Руските летечки тенкови, страшна закана за ИСИС

1

Руските летечки тенкови или хеликоптерите Мi – 24 се страшна закана за терористите на Исламска држава. Постојано ја надлетуваат руската база и се грижат исламистите да бидат понастрана , како и да спречат било каква закана. Овие страшни железни птици носат со себе и до 80 проектили со огромна разурнувачка моќ и прецизност. Погледнете како изгледаат.

Компанијата Комфи Ангел во хуманитарна акција, со љубов да подадеме рака

12189035_420750658118350_3264065864157027165_n

Во сабота 31.10.2015 од 9 до 15 часот на плоштадот Методија Андонов – Ченто во Прилеп ќе се одржи хуманитарна акција организирана од компанијата Комфи Ангел. Собраните средства ќе бидат донирани на Здружение на граѓани за лица со епилепсија и родители на деца со епилепсија во Р. Македонија. Бидете дел од акцијата и помогнете на оние што најмногу им треба.

ВИДЕО – Моја Македонија, земја на бесмртни. Bистинска војна на youtube.

12179861_10206549115821048_845678926_n

На ова видео на youtube се води вистинска војна во коментари помеѓу Македонци, Грци и Бугари. Македонија боди око секаде за нив. Нашите мили соседи дури и не спијат мирно кога ќе се спомне Македонија. Погледнете што е тоа што не ги остава рамнодушни.

Дали е подобро да се живее во куќа или во стан?

1

Без оглед на која од овие две можнсти сте се одлучиле, секоја од нив има свои предности и недостатоци.

Ова се неколку основни универзални параметри кои треба да се земат предвид при донесување на одлука за што ќе се одлучите.

Одржување

Стан: Животот во стан не подразбира голема посветеност кога станува збор за одржување на вашиот станбен простор. Станот, лесно и брзо може да го одржувате чист и уреден. Меѓутоа, живеење во зграда бара соработка со другите станари и подразбира имање обзир кон другите жители на зградата.

Куќа: Одржување на куќата бара повеќе ангажман, особено кога станува збор за уредување на градината и домаќинство, иако на многу луѓе куќата со овие обврски воедно им е издишка од секојдневниот стрес и другите обврски.

Комфор

Стан: Од можностите и индивидуалниот избор зависи и нивото накомфорот во станот. Меѓутоа, со оглед на тоа дека станбените згради воглавно се наоѓаат во близина на сите потребни содржини, голем конфор имаат на дофат на рака- теретана, продавница пазар, парк и други потреби.

Куќа: Куќата е секако кралица на комфоррот. Освен што можете да ја приспособите на сопствените барања и желби, можете во целост да ги сочувате мирот и приватноста. Исто така, можете да уживате на воздух во својата градина, а голема предност е неограничената можност за чување на домашни миленици.

Трошоци

Стан: Што се однесува до трошоците, животот во стан не носи многу големи месечни режиски сметки и трошоци за одржување. Со добра организација може да ги контролирате своите трошоци и да се прилагодите кон своите можности.

Куќа: Куќите се нешто поскапа варијанта кога станува збор за режиските трошоци, но треба да се земе предвод дека вложувањето во куќата е долгорочно поисплтливо и потрајно решение. Исто така, во куќата сте независен станар и можете самостојно да одлучувате за вложувањето во енергетската исплатливост.

Стил на живот

Стан: Станот е идеален избор за сите оние кои водат активен живот со забрзано темпо, независно од тоа дали се самци или имаат семјство. Станарите кои се одлучуваат за живот во стан, сигурно поминуваат многу време вон својот дом.

Куќа: Куќата е идеале избор за луѓе кои сакаат да поминуваат повеќе време дома, со максимална приватност.

Роналдо се враќа на Олд Трафорд!

Напаѓачот на „Кралевите“ Кристијано Роналдо се враќа на Олд Трафорд.

ronaldo-runi

Светските медиуми пренесувајќи изјава на извор близок до фудбалерот пишуваат дека Роналдо се враќа на Олд Трафорд, но само како дел од натпреварот кој се организира во чест на Вејн Руни како благодарност за долгогодишната служба во клубот.

-Роналдо е зафатена личност, но нема шанси тој да пропушти нешто вакво. Ветуваат дека ќе биде натпревар со многу ѕвезди, но Роналдо ќе биде најголемата, вели изворот.

Руни ќе го одигра хуманитарниот натпревар со Јунајтед на 3-ти август 2016 година, а ривалот дополнително ќе биде соопштен. Се шпекулира дека тоа ќе биде Евертон, првиот клуб на Руни.

Капитенот на Јунајтед целиот приход од натпреварот ќе го упрати во детските болници во Манчестер. Тој воедно е воодшевен од идејата.

-Сакам да им се заблагодарам на сите кои учествуваа во креирањето и започнувањето на реализацијата на овој проект. Тој натпревар ќе биде посебен за мене и моето семејство, се надевам дека таа ноќ долго ќе ја паметиме, вели Руни

СРБИЈА СО ПОТПОЛНА РУСКА ОДБРАНА: Вучиќ потпишува договори за целосно опремува на Српската војска со руска техника!

vucic_medvedev-306bjvzx7wdsvb98rdzojk

Главната цел на посетата на српскиот премиер Александар Вучиќ во Москва е потпишување на уникатен по вредност договор за воено-техничка соработка, пишува весникот “Взгљад”.

Договорот кој во Москва го однесе Вучиќ предвидува практично потполно вооружување на српската армија по руски стандарди. Покрај останатото, се работи за договор со КамАЗ кој единствено е способен да понуди возила кои ќе подигнат 35 тони корисен терет и ќе овозможат подвижност на самоодните хаубици “нора”, пишува руското издание.

Новите српски оклопни возила “Лазар 2″ ќе бидат вооружени со руски 30мм топови 2А42, познати според НАТО класификацијата како “изделие 242″.

“Лазар 2″ дури и не е оклопно возило во вистинската смисла на зборот, пишува руското издание, туку некоја врста на хибридна полесна верзија, што во СССР, а и во современа Русија се нарекува “оклопно извидничко – диверзантско возило”. Во српски услови, пишува Взгљад, може да се користи и како јуришно офанзивно оружје. “Лазар 2″ вооружен со 30мм топови ќе се претвори во лесен тенк. За условите на Балканот тоа би било универзално оружје, кое во потполност одговара на потребите на српската армија.

Новите воено-технички договори се однесуваат и на можните испораки на системи за противракетна одбрана, што навистина е нешто ново за руско-српската воено-техничка соработка, па и за самиот систем на организацијата на Армијата на Србија, пишува рускиот весник. Засега не е познато што точно Србија сака од ПРО системи и за каква вредност на договорот се работи, но јасно е дека купување на противракетни системи за нисколетачки цели е уникатен договор, кој може да се спореди само со испораката на С-300 во Иран.

Според наведеното, Србија ќе добие и десетина транспортни хеликоптери, од кои два се веќе платени. Договорот би бил уникатен не само за Србија, туку и за целиот балкански регион, пишува Взгљад.

Какво време не очекува во ноември?

Светскиот веб-сајт за временска прогноза Accuweather предвидува дека зимата доаѓа следниот месец.

111

Според прогнозите првиот снег ќе падне при крајот на ноември.

222

Еве какво ќе биде времето во наредните триесетина дена.