дома блог страница 5027

ВИДЕО: Фатил девојка и ги запоставил другарите – Тие го погребаа и тоа буквално

pogreb

Кирен е момчето кое откако си нашло девојка, целосно ги запоставил другарите. Тие во знак да му се одмаздат решиле да се збогуваат со него на невообичаен начин. Откако поминале 18 месеци како Кирен се забавувал со неговата девојка Џеси Фергусон, по што следувал погребален збогум од страна на неговите другари.

НАЈНОВА ВЕСТ: Се урна руски авион со 224 патници!

Руски патнички авион, што утрово полета од летувалиштето Шарм ел Шејк за Санкт Петербург, се урна во централниот дел на Синај, потврди Канцеларијата на египетскиот премиер.

111

Формиран е кризен одбор кој треба да ги утври причините за несреќата.

Шефот на Управата за воздухопловни несреќи во Египет, Ајман ал Мукадам претходно соопшти дека авионот исчезнал од радарите и оти нема контакт со контролата на летање.

– На руската авиокомпанија им кажавме дека изгубивме контакт со авионот, но тој сигурно контактирал со турската контрола на летот и оти сега поминува низ турскиот воздушен простор, истакна Мукадам.

222

Руските воздухопловни власти соопштија дека во авионот има 224 патници и членови на екипажот, а радарскиот контакт е изгубен во воздушниот простор на Кипар.

Авион е Ербас А-321 на руската воздухопловна компанија „Когалимавија“.

KОЛУМНА – После 100 години храм за сите верници во Прилеп

5674-pokana-za-golemoto-osvetuvanje-na-crkvata-sv.-petka-960x600-15

Верувале или не, јас верувам бидеќи видов, после 100 години во Прилеп се изгради црква, храм за сите верници.

Место каде секој слободно може да отиде да запали сфеќа за здравје и да се помоли на бога! Се чусвувам прекрасно, благословено, среќен сум, исполнет сум, радосен сум и верувајте не само јас така и сите Прилепчани!

Понекогаш сум нервозен поради муабетите кои ги слушам и поради се што се зборуваше за иградбата на црквата ама денес кога одам во населбата Точила и кога гордо стојам во дворот на црковниот храм заборавам на се!
Прилеп, особено варош како нај стар дел од градот важи за еден и единствен по бројот на цркви во минатото.

Некои од нив останаа а некои со годините исчезнаа но за сета среќа еве повторно се смугнаа сили и сега имаме ново духовно светилиште!

Цел Прилеп е на нозе, верниците во редици го посетуваат храмот а тој пак изгледа фасцинантно !
Е па Градоначалник Прилепчани ти се благодарни за ова убаво и големо дело!
Посететеа црквата СВ. Петка во Прилеп во населбата “Точила”!
ЗА ЗДРАВЈЕ!

 

ГОРД ПРИЛЕПЧАНЕЦ

ВИДЕО: Тоалетната хартија заминува во историјата – еве што ќе ја замени

toiletpaper-562x464

Речиси сите луѓе користат тоалетна хартија, но според Мики Агравол од Канада тоа е минато.

Мики измисли справа која има функција како биде, а се инсталира на WC-школката. Таа иновација треба да ја замени тоалетната хартија.

Производот се вика „туши“, а дизајниран е така што со силен млаз на вода го чисти задникот.

Погледнете:

ЗАПОЧНА АСФАЛТИРАЊЕТО НА СТОЧНИОТ ПАЗАР ВО КРИВОГАШТАНИ

DSCN5881-702x336

Денес започна асфалтирањето на отворените боксови во новиот сточен пазар со што се привршува изградбата на сточниот пазар во Кривогаштани. Во најкраток можен рок се очекува завршување на активностите за изградба на отворените и затворените боксови за крупен добиток. Општината во склоп на овај проект веќе работи на проекти на целосна модернизација и зиградба на пазарот во кој се планира да има и зелен пазар и пазар за млечни производи со што општина Кривогаштани ќе го добие најмодерниот пазар во регионот.

Прилеп наскоро ќе добие нов Стадион

Градоначалникот Марјан Ристески и директорот на ФФМ Илчо Ѓорѓиоски, денеска потпишаа договор за донација за реконструкција на градскиот стадион „Гоце Делчев“. Стадионот ќе има капацитет од 18.000 места, а ќе биде направен според сите критериуми на УЕФА за играње дури и на меѓународни натпревари. Планирано е и хортикултурно уредување околу стадионот и изградба на паркинг простор. Исто така планирано е овој фудбалски терен да добие и соодветни трибини, соблекувални како и осветлување, за да може на него да се играат и ноќни натпревари. Покрај градскиот стадион „Гоце Делчев“, ќе се градат и други фудбалски терени во градот. Со овие инвестиции Прилеп станува општина со најдобра спортска инфраструктура во Македонија која во иднина ветува дека повторно тука ќе се раѓаат ново спортски таленти.
Инвестицијата ќе чини повеќе од 1 милион евра.

[Best_Wordpress_Gallery id=”63″ gal_title=”Прилеп наскоро ќе добие нов Стадион”]

Русија забрани странски тренери во првата фудбалска лига

boas-650x396

Министерството за спорт на Русија донесе одлука за забрана за работа на странските тренери во тамошниот фудбал, објави рускиот Еуроспорт.

Одлуката најмногу ќе го погоди португалскиот стратег Андре Виљаш Боаш, кој и онака најави дека ќе замине од клупата на Зенит на крајот од сезоната.

Од 16 прволигашки клубови во Русија има уште петмина странци тренери.

Интересно е што новото правило не важи за селектор на руската репрезентација, кој може да биде странец, додека во клубовите странец може да биде само помошен тренер.

Како да ја спречите појавата на херпес

herpes

Херпесот на усните е многу непријатна појава. Освен тоа што ни создава естетски проблем и тешко може да се сокрие, тој долго трае, пецка и чеша.

Вирусот на херпесот е карактристичен по тоа што кога еднаш ќе навлезе во нашиот организам тешко можеме да го излекуваме во потполност. Со одредена терапија, крема и други медицински препарати само го доведуваме во состојба на мирување и во зависност од нашиот имунолошки систем неговата повторна појава е неизбежна.

Најчести причинители на херпесот се стресот, исцрпеноста на организмот, грипот, како и други вирусни инфекции кои го погодуваат нашиот организам за време на ладните зимски денови. Не треба да се заборави дека појавата на херпес за време на летото не е ретка појава, бидејќи високите температури и силното сонце можат да доведат до побуна на вирусот на херпесот и негова појава на кожата.

Појавата на херпес е проследена со мали пликчиња исполнети со течност кои можат да чешаат, пецкаат или болат. Пликовите по некое време пукаат, преминуваат во краста, а кога таа созрева отпаѓа и не остава лузна.

Основно правило за заштита од сите вирусни инфекции е обидот да се избегнува изворот без разлика дали се работи за пиење од иста чаша од која пиела и личноста која има херпес, за бакнеж или користење на ист пешкир по туширање.

Херпесот не може да исчезне за два дена доколку веќе се појавил на кожата. Важно е на време да се препознаат симптомите. Постојат разни препарати за лекување на херпесот, но ви советуваме да пробате со коцка мраз. Доколку почуствувате чешање, пецкање или црвенило, земете коцка мраз и ставете ја во таа регија. Со тоа ќе ја спречите појавата на херпес.

Домашен рецепт со шеќер против стрии

strii.jpg500

За да се ослободите од стриите овој едноставен и евтин рецепт, кој се подготвува за неколку минути, а може и тоа како да ви помогне.

Потребни состојки:

1 лажица шеќер

1 лажица рицинусово или маслиново масло

Сок од половина лимон

1 капсула витамин Е

Подготовка:

Измешајте ги сите состојки додека не се соединат, па со кружни движења нанесувајте ја смесата на местото со стрии додека не се впие.

Најдобро е да ја нанесете со четка, бидејќи така ќе се поттикне циркулацијата на деловите од телото каде ви се појавуваат стриите.

Повторувајте ја постапката секој ден, 2-3 минути. Смесата може да стои во фрижидер и до 3 недели.

Емилија Розман македонска претставничка за Мис на светот 2015

mis.jpg-500

Емилија Розман, 23-годишна студентка од Скопје, ќе ја претставува Македонија на изборот за Мис на светот што од 21 ноември до 19 декември ќе се одржи во Саниа, на кинескиот остров Хајнан.

Розман за учество на престижната манифестација ја делегира Агенцијата Мисс М, како овластен организатор на изборот на Мис на Македонија за Мис на светот.

Според Агенцијата, со своите квалитети како апсолвент на Дефектологија, а воедно студент и на катедрата за шпански јазик и литература при Филолошкиот факултет во Скопје, модел, крводарител и активист на Црвениот крст, таа вистински претставува голема надеж за висок пласман меѓу 130-те кандидатки кои ќе се натпреваруваат во новоизградениот хотелски комплекс „Beauty Crown Grand Tree“ со7+ ѕвездички.

222

Организаторите на Мис на Светот и кинеските домаќини ветуваат една од досега најгламурозните финални вечери на овој избор, која ќе имаат можност директно да ја следат и нашите гледачи.

– Цврсто веруваме дека сите граѓани на Македонија подеднакво ја чувствуваат важноста за учеството на оваа реномирана светска манифестација, која ја гледа и пренесува целиот свет и каде ќе не претставува вистинскиот амбасадор, кој со својата убавина на најубав начин ќе го претстави својот народ, нашата култура и нашата држава. Искрено се надеваме и на сестраната поддршка на својата сограѓанка во периодот на нејзините подготовки до 20. ноември, бидејќи овојпат и тоа ќе биде повод за специјално жирирање и награда во финалето на Мис на светот, велат од Агенцијата Мисс М.Ова е 14. учество на Република Македонија на изборот на Мис на светот.