дома блог страница 5026

КОЈ ПРОЕКТ СПОРЕД ВАС Е НАЈБИТЕН ВО МОМЕНТОВ

[democracy id=”4″]

Голем интерес за “ПРВИОТ ПОШТЕНСКИ МАРАТОН” во Прилеп

1

Целодневната програма започна со детскиот маратон од 1 км. И студеното време не беше пречка огромен број на дечиња да бидат барем еднаш во животот маратонци. Секој учесник од организаторот “МАКЕДОНСКИ ПОШТИ”, “АГЕНЦИЈА ЗА ПОШТИ” и ЛОКАЛНА САМОУПРАВА ПРИЛЕП доби блуза, капа и пропратни реквизити. Одличен настан и уште подобра организација. Маратонци-среќно!

2

3

4

 

Лута пиперка против главоболка

pip500

Ако имате чести главоболки за кои не ви помагаат таблети, еве еден необичен третман на кој истражувачите му посветиле доста време и за кои тврдат дека би можел да биде делотворен. Лечење со луто пиперче!

Лутиот црвен пипер е дефинитивно еден од ретките зачини кои се мултифункционални, па ако сте љубители на пикантно лута храна ова е една добра вест за вас.

Покрај тоа што лутиот црвен пипер дава добар и специфичен вкус на храната, тој помага и за инстант-отстранување на главоболките. Затоа, доколку ве боли глава, не мислете се и ставете повеќе пипер во храната и пијалакот што ги консумирате. Вашите главоболки ќе исчезнат за миг.

Вечерен поздрав од Прилеп

12212121

Кружен тек “КАРПАЛАК” посветен на десетмината загинати припадници на АРМ во конфликтот во 2001година.

Саботно Кафе – 31.10.2015

[Best_Wordpress_Gallery id=”65″ gal_title=”Саботно Кафе 31.10.2015″]

ПОСЕТА НА ДРУШТВОТО ЗА СЛЕПИ И СЛАБОВИДНИ ЛИЦА

2015-10-30-12-15-33

По повод Месецот на книгата, учениците од ООУ „Климент Охридски“, членови на додатната настава по македонски и англиски јазик и членовите од литературната секција од училиштето, заедно со дефектологот Светлана Миоковиќ –Томеска, наставничките Весна Јонзоска, Билјана Наумоска-Шукуроска и Јулијана Талеска го посетија Друштвото за слепи и слабовидни лица.

2015-10-30-12-26-05

Ќе зборувам во прво лице, бидејќи сум полна со емоции. Очекував една обична средба на која ќе видиме книги со браева азбука, ќе се сликаме и ќе си одиме… ама видов и доживеав и јас и учениците и наставничките, работи кои вреди да се споделат:

Средбата со Благоја Мисовски, Љубен Спиркоски и особено со Марија Арсова беше несекојдевен настан. На почетокот бевме топло примени во една скромна и мала соба во Центарот за социјални грижи. Домаќините беа многу радосни на гостите, беа гостопримливи и отворено одговараа на сите прашања. Ни ги претставија предметите кои им го олеснуваат животот и помагаат да се интегрираат во општеството. Видовме топки за фудбал, часовник, шах, прибор за геометрија, браева машина за пишување, книги на браево писмо и слушнавме аудио книги. Марија ни демонстрираше како се пишува на машината, ни кажа за буквата А, ни нацрта тријаголник, поигравме шах…

2015-10-30-11-55-30

Од нејзината отвореност, искреност и леснотија на презентирање на нештата, сите ние увидовме дека тие луѓе се исти како нас, единствено имаат поинаков пристап кон нештата. Допирот е нивното сетило. Гледајќи ја Марија како демонстрира, на моменти не бев сигурна дали навистина е слепа или така ми се чини. Таа толку успеала да се носи со слепилото што и на дело покажа дека нема никаква разлика со нас – кои гледаме. Оваа средба и разговорот со неа покажа дека не гледаме доволно, не ги гледаме квалитетите на луѓето… имаме предрасуди и секогаш сме со резерва кои оние кои имаат различни пристапи кон светот. Оваа посета растреси многу работи кај нас: кај мене, кај децата…

2015-10-30-12-30-39

2015-10-30-12-39-21

2015-10-30-12-45-32

Им благодарам за приемот. Им ветуваме дека ќе направиме напори со учениците да снимиме неколку песни и текстови и ќе ги донираме во нивната звучна библиотека и ќе ги посетуваме почесто.

Јулијана Талеска

наставничка по македонски јазик

 

Младински Совет одржа локална дискусија со средношколци

DSC_0028

На 29 октомври 2015 година, во просториите на кариерниот центар во СОЕПТУ Кузман Јосифоски Питу се одржа локална дискусија со 25 ученици од сите средни општински училишта од Прилеп. Присутните ученици кои се активни во младинските организации во нивните училишта дискутураа и ги кажаа своите мислења за потребата и важноста за регулирање на правото на младинско учество во средното образование.

DSC_0057

Локални дискусии со млади се одржуваат во 10 градови низ цела Македонија, со цел да се соберат препораки кои понатаму ќе се разгледуваат од повеќе институции како дополнение на законот за средно образование во делот на младиснко учество и организирање.

DSC_0027

Овој настан е дел од проектот „Имплементација на Конвенцијата за правата на детето во Македонија“ кој го спроведуваат Коалиција на младински организации СЕГА и Младински Совет Прилеп во соработка со Младински Образовен Форум и Детска амбасада Меѓаши со поддршка на Националната Агенција за Европски Образовни Програми и Мобилност како и од Детската Фондација Песталоци.

Хуманитарен настан од Комфи Ангел

1

Компанијата Комфи Ангел денеска на градскиот плоштад „Методија Андонов – Ченто“ организираше хуманитарна акција. Преку продажба на асортиманот по симболична цена беа обезбедени средства кои хуманитарно беа донирани на здружението „Епилепсија Македонија“.
Градоначалникот Марјан Ристески посочи дека овој настан е од исклучителна важност и треба да послужи како пример на сите општествени компании .

2

3

4

5

6

7

8

9

10

11

12

Земјотрес ја стресе Македонија

zemjotres11

Земјотрес ги вознемири жителите на дебраскиот регион претпладнево во 10 часот и 20 минути. Потресот траеше 10-13 секунди.

Како што информираат алабанските медиуми, епицентарот бил 18 километри југоисточно од албанското рударско гратче Булќиза, кое е на петнаесеттина километри оддалечено од Дебар.

Земјотресот со јачина од 4,6 степени според Рихтер, се почувствувал и во Тирана. Нема информации за поголема материјална штета или повредени.

Во септември 2009 година земјотрес со слична јачина го погоди истото подрачје при што беа оштетени голем број куќи, посебно во областа Голо Брдо.

Јогуртот помага при алергии од полен

jogurt.jpg-500

Пробиотиците од јогуртот го намалува дејството на алергиите, посебно на полен, открија американските научници.

Биле тестирани 1900 луѓе со што се потврди теорија, дека пиењето на јогурт ги намалува симптомите од алергија на полен.

Јогуртот го зајакнува имунитетот, го подобрува метаболизмот и го намалува србежот и кивањето кај луѓето што се алергични на полен.

Секоја петта личност што страда од алергија на полен може да си помогне со јогурт