дома блог страница 5024

Тикет на денот – 03.11.2015

Манчестер Јунјтед – ЦСКА 1

Севиља – Манчестер Сити 3+

ПСВ – Волзбург 3+

Менхегладбах – Јувентус 0-2 г.

Момче и девојка пронајдени мртви во мотел во Битола

111

Две починати лица вчера се пронајдени во мотел во Битола. Според првичните информации на полицијата тие пред неколку дена ја изнајмиле собата, јавува битолската телевизија„Тера“.

Станува збор за лица од Битола, машкото родено 1982 година, а женското лице родено 1988 година.

Безживотните тела ги прнашле врабоени во мотелот. Лекар од итната медицинска служба констарирал смрт, а јавен обвинител наредил обдукција.

Одбележан 3-ти Ноември – Ден на ослободувањето на Прилеп

1

По повод одбележувањето 3-ти Ноември „Денот на ослободувањето на Прилеп“, делегации од Локалната самоуправа на Општина Прилеп, Советот, АРМ и Сојузот на борци од Прилеп положија свежо цвеќе пред споменикот на првиот претседател на АСНОМ, Методија Андонов-Ченто, Кузман Јосифовски – Питу, на Могилата на непобедените и пред споменикот кај Песјобрдце. На истите локации по повод 3-ти Ноември свежо цвеќе положија и претсавници од останатите политички структури и група граѓани. Во рамки на одбележувањето на празникот, Патеката на славните е збогатена со имињата на Благоја Спиркоски – Џумерко и Илија Јанчулески.
Во галеријата на ЦК „Марко Цепенков“ вечерва ќе биде отворена и изложбата на Боро Митриќески. На изложбата ќе бидат поставени 10 скулптури во дрво, со кои ќе биде опфатен поголем дел од творештвото на авторот. Изложбата е во рамките на прославата на 3-ти Ноември – денот на ослободувањето на Прилеп.

2

3

4

5

6

7

8

10

11

12

KРАЛОТ MAРКО СЕ ВРАТИ ВО СВОЈАТА ПРЕСТОЛНИНА, ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ПРИЛЕП

12204896_10205621370629184_46657963_n

Многу легенди, многу преданија се сведоштва за Кралот Марко и неговото владеење. Симболот на Прилеп живее со генерации, неговата легенда се пренесува од колено на колено. Кралот Марко едноставно е главно обележје на Прилеп, а Прилепчани се горди на неговото владеење, неговата спремност и тактичност. Конечно градот го дочека и овој ден кога Кралот гордо ќе се исправи и ќе се надополни таа симболика што го отсликува градот. Кралот Марко се враќа во својата престолнина.

12188636_10205621370789188_524065423_n

Скоро десетметарското спомен обележје кое од денес ќе го краси градскиот плоштад Методија Андонов Ченто одлично ќе се вклопи во туристичката понуда на Прилеп и со својата грандиозност и величенствена изработка ќе сведочи за големината на Крал Марко и неговото значење за македонската историја, тогаш и сега.

12208017_10205621430790688_1599811839_n

12200596_10205621430070670_1780342634_n

12188339_10205621436710836_851620885_n

Крал Марко (роден околу 1335 – 17мај 1395) е последниот крал што владеел со поголемиот дел на Македонија пред освојувањето на земјата од Османлиите. Кралството на Марко се простирало во средишниот дел на Македонија, каде главен град бил Прилеп.
Тој е еден од четирите синови на кралот Волкашин и неговата сопруга Евросима (Елена). Марко имал две сопруги, Елена и Теодора, но не е познато дали имал наследник на престолот.
За потеклото на неговата фамилија не постојат многу пишани извори. За најверодостојно се смета тврдењето дека нивното потекло е од Ливно во Босна и Херцеговина, од сиромашниот владетел Мрњава, кого царот Душан го повикал на својот двор и виско го издигнал. Врз основа на ова за семејството на крал Марко е прифатено презимето Мрњавчевиќ и како такво одамна е воспоставено во пишаната литература.
За време на владеењето на таткото на Марко, тој ја имал титулата “млад крал” односно престолонаследник. Во Маричката битка во 1371 год, Марко не учествувал во битката, туку остнал да управува со територијата на земјите на неговиот татко и неговиот чичко. Како што е познато во таа битка, македонската војска на свиреп начин е поразена од Османлиите, а Марко станува крал.
Сепак и неговото владеење било под постојани притисоци од една страна од српските големци, а од друга страна од Турците. Кулите кои се издигаат над Прилеп и се именувани по крал Марко (Маркови кули) биле неговото главно упориште . Според некои исоториски извори се верува дека истите биле бранети од 40 војници се до втората половина на XIII век.
И покрај упрноста да ја сочува својата територија, силата на Османлиите била голема и набрзо му биле одземени некои територии. Тоа било време кога многу владетели склучувале договори за мир со Османлиите, станувајќи нивни вазали. Така и Марко ја признал врховната власт на Султанот Мурат I, се обврзал да плаќа данок и да служи на турската војска во нејзините воени походи, се со цел да го зачува своето население од османлискиот терор.
Околу годината кога кралот Марко станал турски вазал постојат два извори. Имено едните тврдат дека тоа се случило во 1371 год. Или веднаш после Маричката битка, но постојат и извори кои ова го демантираат и сметаат дека неговото кралство опстоило како независно се до 1385 год., односно дека постоеле опсади на Прилеп и Битола се до таа година.
Интересно е да се напомене дека и покрај турското вазалство, кралот Марко се издигнал на ниво на легендарен национален херој, под чие владеење народот се чувствувал заштитен и поспокоен во однос на соседните народи. Тоа го постигнал како резултат на својата тактичност, државничка мудрост и подготвеност за осојузување, со што успеал најдолго ја сочува автномноста и независноста на кралството, дури и по цена на саможртва, се со цел да се опстане подолго.
На 17 мај 1395 год. во битката кај Ровине, застанувајќи на страната на турскиот султан Бајазит I и борејќи се против влашкиот војвода Јован Мирче, кралот Марко загинал, оставајќи зад себе мистерија како тоа се случило и каде е погребано неговото тело. Според Мавро Орбини, Крале Марко ја загубил битката против Мирче крај Кралево, а потоа побегнал во некоја шума каде, по грешка, бил убиен од некој Влав кој мислел дека се работи за ѕвер. Неговото тело било закопано во близина на Скопје, во манастирот Блачани. Други научници веруваат дека мермерната плоча од ѕидот на трпезаријата во Марков манастир зборува дека неговиот гроб се наоѓа токму на ова место. Ниту една од овие теории не е потврдена од науката. Преданието вели дека непосредно пред битката, на деспотот на кумановско-кратовската област Константин Дејанов (Константин Драгаш), кој исто така се борел на страната на Османлиите и загинал во битката, Марко му ги кажал следниве зборови: „Го молам Бога да им помогне на христијаните, а јас прв да загинам во таа борба“.

12212529_10205621430190673_1964108794_n

Подготви : Александар Георгиоски

 

ФОТО – Вечерен поздрав од Прилеп

5489-hram-sv.petka-vo-naselbata-tocila-960x600-1

5489-hram-sv.petka-vo-naselbata-tocila-960x600-35489-hram-sv.petka-vo-naselbata-tocila-960x600-2

Новата црква Св. Петка населба Точила – Прилеп

И малите нозе брзо трчаат, успеси за Мелани Бошeска од ООУ Блаже Конески Прилеп

12115621_1223496420998894_647861398262136904_n

На првиот Поштенски маратон што се одржа во организација на Македонски пошти и Локалната Самоуправа на Oпштина Прилеп на чело со Градоначалникот  Марјан Ристески, ученичката од 8/5 одд. Мелани Бошеска од О.О.У Блаже Конески- Прилеп го освои второто место. Ова не е само една награда од ваков тип за неа, затоа што таа и нејзината сестра Ема Бошеска се маратонки и вистински спортисти во подем .
Мелани Бошеска е дел од најспорстското училиште Блаже Конески од Прилеп, каде спортската балон сала е во завршна фаза и сето тоа е прекрасна можност учениците од населбата Точила да го развиваат спортскиот дух и нормално и здраво да спортуваат и се развиваат.

1622116_1223496514332218_3053342897416040645_n

11666271_1223496720998864_8966611833082358322_n

12063531_1223496760998860_8467091275160548397_n

11214100_515936878581281_1877126805511493347_n

drugite dve devojcinja

12191996_1223496487665554_5277140830756304226_n

Џудо Клубот СЕИШИН, уште еден Прилепски спортски амбасадор

piedestal mioki 2015

На 31.10.2015 година во Скопје спорткса сала Борис Трајковски се одржа 6-ти Меѓународен Турнир во џудо „Миоки-Опен“ Меморијал „Панче Момировски“. Турнирот беше во организација на ЏК Миоки Скопје и беше за возрасните категории Пионери-ки, Кадети-ки и Сениори-ки, каде учество зедоа над 20 клубови од Македонија, Грција, Бугарија, Србија, Црна Гора, Косово, Албанија, Хрватска и Турција.
Џудо Клубот СЕИШИН Прилеп зеде учество со 7 натпреварувачи а освоени се 4 бронзени медали.
Кај Пионерките Теодора Тасеска кат. -32 кг. 3-то место, Пионери- Никола Магдески кат. -30 кг. 3-то место, Марко Тодорчески кат. -34 кг. 3-то место, Кадети-Диме Ивчески кат. -60 кг. 3-то место. Одлични борби прикажаа и Георгиј Магдески -42 кг, Марио Цинцароски +73 кг. кај Пионерите и Мартин Тодорчески -60 кг. кај Кадетите кој остварија по една победа и еден пораз и не успеаја да се пласираат во понатамошниот дел од натпреварите за бораби за места на пиедесталот.

piedestal 2 mioki 2015

Grupna Mioki Open 2015

Џудо Клубот СЕИШИН – Прилеп продолжува со припреми за наредното Државно Првенство за Помлади Пионери-ки и Млади Сениори до 23 г. кое треба да се одржина 08.11.2015 во Скопје.

 

Пронајдено е телото на најважниот патник на рускиот Ербас

1

Пронајдено е телото на најважниот патник на рускиот Ербас. Фотографијата на 10-месечната Дарија стана симбол на трагичната авионска несреќа во Египет.

Дарија (10 месеци) е најмалата жртва која го загуби животот во падот на рускиот авион во Синај, а како што пренесуваат руските медиуми, нејзиното безживотно тело вчера било пронајдено помеѓу остатоците од авионот. Исто така, биле пронајдени и телата на нејзините родители Алексеј и Татјана Громов.

2

Потресната фотографијата која нејзината мајка ја прикачила на социјалната мрежа Инстаграм пред полетувањето на авионот од рускиот аеродром стана симбол за несреќата.

На фотографијата Дарија гледа во авионот, потпрена со рачињата на стаклото. По падот на авионот, преку таа фотографија Дарија беше дефинирана како „најважниот патник“.

Бабата на девојчето вели дека била многу загрижена како малата ќе го преживее летот и им предложила на нејзините родители Дарија да остане кај неа.

Тие сепак откажале. Жената вели дека нејзиниот сопруг и дедото на девојчето бил воен пилот, кој се пензионирал со чин полковник. Нејзиниот син Алекс исто сакал да стане пилот, но таа не му дозволила.

За потсетување, рускиот Ербас кој летал од Шарм ел Шеик до Санкт Петербург, се урна на 31-ви октомври. Загинаа 224 луѓе, 29 од нив се деца. Преживеани нема.

Жетвата на медали за Џудо клуб Пролетер не запира

12201017_479564232204992_985573356_n

Жетвата на медали продолжи на Меѓународниот турнирот “MIOKI OPEN 2015.” во Скопје.Четири златни медали: Мартин Петрески, Марко Кироваков, Јордан Ѓеоѓиоски, Никола Велески. Сребро за Петар Самарџиоски, Мето Лашкоски и бронза за Тадеј Галески, Цаневски Владимир, Михаил Стојаноски, Ристеска Христина, Петрески Димитар. Посебно одлични беа пионерите кои што се закитија со приматот севкупен победник во пионерска конкуренција на турнирот.
Во прилог на одлични спортски резултати, одлична атмосфера и незаборавното дружење им честитаме на сите натпреварувачи за извонредно прикажаните борби.

12188634_479564488871633_639380315_n

12200597_479564218871660_945771936_n

12200837_479564225538326_1986421488_n

12201052_479564245538324_1692940047_n

12202441_479564162204999_139036652_n

12204572_479564215538327_1078440307_n

12204890_479564198871662_579060236_n

12205075_479564142205001_1791559149_n

12208014_479564212204994_843677066_n

ФОТО: Ова е дефинитивно најголемиот сељак во Скопје

1

На социјалните мрежи кружи фотографија на која може да се види човек како фрла вреќи со отпад во Вардар и тоа во центарот на Скопје кај мостот Гоце Делчев.
Авторот на фотографијата тврди дека фрлил 7 ил 8 вреќи во реката.

2

Контејнерот, можеби е далеку но ова…