дома блог страница 5022

ФОТО: После бурна ноќ се разбудил утрото со тетоважа

Да се разбудите со тетоважа на лицето и да не знаете кога и каде сте ја направиле е многу непријатно.

1

Тоа му се случило на овој човек. Откако се разбудил утрото помислил дека некој му нацртал очила со фломастер, но подоцна сфатил дека не е така.

2

-Си помислив фломастер е и ќе го извадам лесно, но подоцна сфатив дека е трајна тетоважа. На почетокот трпев многу шеги на моја сметка и се лутев поради тоа, но подоцна се навикнав на тетоважата и не ми сметаше, изјавил тој.

3

Но после две години се решил да ја отстрани тетоважата. Тој бил подложен на шест третмани со ласер, за целосно да ја отстрани.

ФОТО: Морско чудовиште уловено во Грција

morskocudoo

Оваа фотографија ја направи Харви Робертсон, а на неа се гледа нешто што претставува мешавина од делфин и нилски коњ.

Тоа предизвика расправа меѓу експертите. Едни тврдат дека фотографијата може да биде лажна, други пак дека при фотографирањето може да дошло до оптичка измама.

Вечерен поздрав од Прилеп, да се потсетиме како Маркови внуци прославија 25год постоење

676-spektakularno-odbelezani-25-godini-od-postoenje-na-markovite-vnuci-1

Еве како пред четири години навивачката група Маркови внуци од Прилеп го прославија своето 25 годишно постоење.

Спектакуларно во секој случај. Тие се дел од Прилеп. Прилеп е секогаш со нив. Маркукуле.мк им ја дава целосната поддршка и посакуваме ваков спектакл да се повтори за нивната 30 годишнина.

676-spektakularno-odbelezani-25-godini-od-postoenje-na-markovite-vnuci-3

676-spektakularno-odbelezani-25-godini-od-postoenje-na-markovite-vnuci-4

676-spektakularno-odbelezani-25-godini-od-postoenje-na-markovite-vnuci-6

676-spektakularno-odbelezani-25-godini-od-postoenje-na-markovite-vnuci-10

676-spektakularno-odbelezani-25-godini-od-postoenje-na-markovite-vnuci-300x225

Уапсен Бензема, му се закануваат 5 години затвор

karim-benzema500

Фудбалерот на Реал Мадрид, Карим Бензема денеска е притворен во Париз поради учество во аферата уцена на репрезентативниот колега Матју Валбуена со секс-снимка“.

Во овој случај беше обвинет и Жибрил Сисе, но тој е пуштен на слобода, а по скандалот објави крај на својата кариера.

Обвинителството во Франција постапува по случајот откако полицијата добило пријава од Валбуена дека неколку лица му побарале откуп од 150.000 евра за секс-снимка да не излезе во јавност.

Од тамошното обвинителство го потврдија притворот на Бензема и соопштија дека голгетерот на Реал се соочува со казна од една до пет години затвор ако биде прогласен за виновен.

ПРОСЛАВЕН ПРВИОТ РОДЕНДЕН НА ДЕТСКАТА ГРАДИНКА ВЕСЕЛО ШТРКЧЕ ВО КРИВОГАШТАНИ

RODENDEN-GRADINKA-702x336

4-ти Ноември 2014 година во Општина Кривогаштани за прв пат од своето постоење започна со работа првата детска градинка ,,ВЕСЕЛО ШТРКЧЕ’’ во населено место Кривогаштани. По тој повод денес беше прославен првиот роденден на градинската каде што присуствуваа голем број на гости, родители и градоначалникот на Општина Кривогаштани Тони Заткоски. Една година успешно постоење на градинката веќе дава резултати во стекнатото знаење кај најмалите како и задоволството на родителите што ја имаат честа своите дечиња да се дружат и образоваат уште од најрана возраст. Општината покрај оваа градинка веќе е длабоко навлезена во реализација на прокет за отворање на дневен центар за деца од предшколска возраст во населеното место Обршани, каде што ќе се адаптира простор за благодетот да го почувствуваат и дечињата кои не беа во можност да се запишат во веќе постоечката градинка. Општината и понатаму продолжува несебично да вложува во најмладите и својата иднина со реализација на уште повеќе проекти во сверата на образованието.

СОЕПТУ„Кузман Јосифоски-Питу“ се закити со плакета 3ти Ноември

5858-dodeleni-3-to-noemvriskite-nagradi-960x600-10

По повод празникот 3ти Ноември – „Денот на ослободувањето на град Прилеп“ во Домот на културата „Марко Цепенков“ се одржа Свечена академија за доделување на плакети и други награди. Комисијата за одбележување значајни настани и датуми при Советот на општината, ја донесе одлуката за доделување на најзначајните награди што ги дава градот на заслужни поединци и организации. Покрај многубројните имиња кои се запишаа во историјата на град Прилеп се вброи и нашето училиште СОЕПТУ„Кузман Јосифоски-Питу“заради достигнувањата и прикажаните резултати од инфраструктурен, организациски и воспитно – образовен карактер.

5858-dodeleni-3-to-noemvriskite-nagradi-960x600-6

Проект на МОН и агенцијата за млади и спорт и Владата на Република Македонија е спортска сала од мал тип. Старата училишна зграда е влезена во програмата за изградба и реконструкција на средни училишта на Влада и МОН. Градоначалникот Maрјан Ристески, советот на општина Прилеп и локалната самоуправа ја поддржуваат нашата визијата за едно современо, европско училиште. Има нова котлара и котел за спортската сала, нов семафор за спортската сала, бекатонска патека и мермерни плочки, како и хортикултурно уредување на три паркови површини. Паралелно се работи на нова пристапна рампа, медиотека со сопствен санитарен јазол, нови надворешни скали, реконструкција на санитарните јазли во старото крило и се разбира проектот за енергетска ефикасност на општина Прилеп од ИПА програмата со кој училиштето добива нова термоизолациона фасада, нов покрив и громобранска инсталација и нова надворешна столарија.

5858-dodeleni-3-to-noemvriskite-nagradi-960x600-18

Признанието беше доделено од страна на градоначалникот на град Прилеп, Г-дин Марјан Ристески и претседателот на советот на општина Прилеп. Директорката Спасија Нешкоска –Цуцулеска се обрати до присутните:
„Почитувани,
За нас оваа награда е големо признание за трудот и заложбите на учениците и вработените во СОУ Кузман Јосифоски – Питу, на нашиот совет на родители и на училишниот одбор.
Се разбира, позади нашите успеси стојат многу добронамерници кои помагаат во реализацијата на нашата развојна програма, Градоначалникот, г-дин Марјан Ристески, советот на општина Прилеп и претседателот г-дин Никола Димески, секторот за финансии и буџет, одделението за јавни дејности и останатите сектори при локалната самоуправа, ЈП Комуналец, ЈП за просторни и урбанистички планови, ЈП Водовод и многу други пријатели кои знаат дека инвестирањето во образованието е инвестиција во нашата иднина.
Од свое име и од името на сите ученици и вработени во нашето училиште Ви го честитам празникот. Голема благодарност на Општина Прилеп за укажаната чест“

 

 

Го оставате полначот уклучен во струја? Правите голема грешка!

mobilen

Колку полначите за мобилен, лаптоп или таблет трошат струја? Дали ќе заштедиме електрична енергија и пари ако ги исклучуваме по употребата? Еден од странските ИТ портали се позанимава со оваа тема и со помош на струен мерач доби конкретни резултати.

Поеднинечни полначи речиси и да не трошат струја. Се разбира, кога не ја извршуваат својата функција. Но, кога уклучиле неколку полначи одеднаш регистрирана е потрошувачка од 0,3 вати. Според оваа пресметка, седум полначи оставени уклучени по полнењето за година дена трошат 2,628 киловати струја.

Секако, без оглед дека не трошат многу струја, би било добро да ги исклучувате полначите по полнењето и поради безбедносни причини и поради заштеда на струја.

Некои претходни истражувања покажале дека град од 100.000 луѓе може месец дена да се напојува со струја кога сите полначи би се исклучиле по полнењето.

Тикет на денот – 04.11.2015

Рома – Леверкузен 1

Олимпијакос – Динамо Загреб 1 и Т1 2+

Челзи – Динамо Киев 1

Баерн Минхен – Арсенал 3+

Амбасадорката на Босна и Херцеговина Лепа Бабиќ денеска ја посети општина Прилеп

1

Градоначалникот Марјан Ристески, денеска се сретна со новоименуваната амбасадорка на Босна и Херцеговина, Лепа Бабиќ.

Градоначалникот Ристески и Бабиќ, разговараа за актуелните состојби во двете држави, а посебно внимание беше посветено на економската соработка. Двајцата се согласија  дека од особена важност е да се развива економската соработка поинтензивно и да се постигне ново повисоко ниво. Ова е нивна прва посета на општината и градот. На денешната средба стана збор и за тековните проекти, активности и настани, а гостите беа запознаени и со проектите кои треба да бидат реализирани во иднина.

2

Чак Норис доби наследник: 17 месечно момче со гризнување уби отровна змија (ФОТО)

maj500

Мајката на 17 месечно момче од Бразил била во шок откако нејзиниот син влегол во куќата со крв на устата, носејќи во рацете отровна змија.

Момчето ја убило смртоносната змија така што ја гризнал во градина пред нивната куќа.

Жаин Фереира Фигуера кажала дека нејзиниот син Лоренцо бил многу тивок додека бил во дворот со нивното куче и дека тргнала да види што прави, кога тој влетал во соба.

1maj500

Жаин и нејзиниот сопруг Лусијер веднаш го однеле момчето во болница и со себе ја земале и мртвата змија во тегла. Стручњаците утврдиле дека се работи за исклучително отровна „јамичарка“ која живее во Бразил, Аргентина и Парагвај. Нејзното каснување може да биде фатално доколку веднаш не се даде противотров, а симптомите вклучуваат силно крварење и откажување на работата на бубрезите.

2maj500