дома блог страница 5016

Ѕвездите велат: Доколку на овој знак му позајмите пари, веројатно никогаш нема да ви ги врати

Заборавеност или безобразлук проценете сами. Кога ќе му позајмите пари, секогаш постои можност да останете без нив, особено ако сте премногу фини за да си го вратите долгот.

horoskop500

Сепак, ЈАРЕЦОТ е тој со кој имате најголеми шанси да останете со куси ракави. Овој знак и така сака да критикува сè околу себе, додека кон себе е мошне благ, бидејќи, се разбира, тој е најдобар.

Многу ги сака парите, а со оглед на тоа дека сите мора да живеат според неговите прописи, се подразбира дека и парите може да се врата кога тој ќе процени дека е време за тоа. Тврдоглави се и подготвени да се бранат себе си дури и кога најмногу грешат, или можеби ќе ве направат луди, само за да го истераат своето.

Значи, ако на својот пријател Јарец му позајмите пари, бидете упорни.

За сите стомачни инфекции, чудесен лек од кора од калинка

Овој лек помага при дизентарија, дијареа и ќе ве ослободи од цревни нарушувања, стомачни вируси, сламонелоза, чир на желудник и дисбактериоза на цревата.

kalinak-650x396

Не ја фрлајте кората од калинка. Исушете ја и чувајте ја. Ова е неверојатно средство кое ќе ви помогне од сите стомачни инфекци. Овој лек помага при дизентарија, дијареа и ќе ве ослободи од цревни нарушувања, стомачни вируси, сламонелоза, чир на желудник и дисбактериоза на цревата.

Чудотворен рецепт на рускиот исцелител Г.И. Глобоког:
Однос на суви кори од калинка и зовриена вода е 1:20. Во претходно загреана топла шолја или чаша ставете 10-12 грама суви кори и прелије ги со 200 мл. зовриена вода. Покријте ја чашата со ттацна и оставете да отстои 25-30 минути. После тоа може да се пие. Корите не ги фрлајте.Подготовка: За секоја болест е различна.
За излекување за пет часа од: дизентерија, дијареа, салмонелоза, туфус, колара, воспаление на слепо црево, консумирајте на следниов начин:

Откако чајот ќе отстои 25-30 минути, треба да се испие половина чаша. Не треба да се процедува. Повторно поклопете со тацна. Ако после 10 миути почувствувате олеснување и ви е поодбро, чнаачи дека во прашње е обичен пролив и негоовот лекување е завршено. Ако полсе 10 минути не почувствувате олеснување, значи кај вас е или дизентерија, или дијареа, или тифус, или салмонелоза, или колера. Треба да останете дома и по три часа да ја испиете преостаната половина чаша со чај. Процесот на лекување профолжете го и во следните три часа. А оздравувањето доаѓа по пет часа од почетокот на лекувањето. 

За седумдневно лекување од: Чир на желудник, чир на тенко црево, воспалување на дебелото црево (колитис), дисбактериоза на цревата, консумирајте го чајот на следниот начин:

Откако ќе отстои 25-30 минути, почнете да го пиете чајот. Во текот на денот испијте половина доза, не одеднаш, во четири наврати, на приближно еднакви временски растојанија, по 20-25 мл. Почнете да го пиете чајот наутро, на празен стомак, а полседната четврта доза пред спиење. Чајот не треба да се пие секој ден, туку секој втор ден, за време од седум дена. Тоа е доволно за комплетно лекување. За сигурно излекување на чир во желудник, се прави пауза од седу дена и се повторува лекувањето.

Запомнете, во процесот на лекување, чајот се пие непроцеден. За време на лекувањето не смеете да консумирате алкохол. Односот на кората од калинка и зовриената вода е 1:20.

Какво време не очекува викендов?

fall-weather

Времето утре во Македонија ќе биде сончево наместа со слаб ветер од променлив правец.

Во утринските часови во одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла. Утринската температура ќе се движи од нула до девет, а дневната од 17 до 25 степени.

Во Скопје сончево наместа со слаб ветер од променлив правец. Утринската температура ќе се спушти до шест, а дневната ќе искачи до 23 степени.

Во сабота попладне ќе има зголемување на облачноста и ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец што ќе предизвика опаѓање на дневните температури во недела така што тогаш се очекува да бидат во интервал од 12 до 19 степени.

Дунавка Трифуновска до Џамбазов: „Јас мис во Кралството Тајланд, ти ништо во Слепче“

dunavka

Дунавка Трифуновска ја претставуваше Македонија на Miss Grand International 2015 кој се одржа во Бангкок, Тајланд.

Видеото од нејзиното претставување го преплави интернетот. Игор Џамбазов го сподели на својот Фејсбук профил, а веднаш потоа имаше реакција од Дунавка со огромен статус против нашиот најпознат шоумен.

1

2

3

5

 

ФОТО ГАЛЕРИЈА: Новиот скејт парк во Прилеп

Новиот скејт парк сместен до Паркот на револуцијата ги има сите потребни услови за љубителите на скејтборди. Паркот е изграден  неодамна и е одлично надополнување на би рекле комплексот паркова површина во овој дел на градот. Се надеваме дека ваквите позитивни изненадувања за младата популација ќе продолжат и во иднина.

[Best_Wordpress_Gallery id=”74″ gal_title=”Skejt park Prilep”]

Од недела стапува на сила обврската за зимска опрема

zimskaopremasrednja

Од недела стапува на сила задолжителната обврска за носење зимска опрема.

Од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата препорачуваат возачите да ги подготват возилата за безбедно движење во зимски услови и посочуваат на обврската за носење на зимска опрема во возилата за која доколку не се почитува се предвидуваат казни од 45 евра во денарска противредност, односно на возачот ќе му се регистрираат 25 негативни бодови.

Под зимска опрема за моторни возила со најголема дозволена маса која не надминува 3.500 кг, се подразбира зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарите на слојот што гази, по обем и широчина од четири милиметри, пневматици со летен профил на сите тркала со длабочина на шарите на слојот што гази, по обем и широчина, со минимум од четири милиметри и синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.

Зимска опрема за моторни возила со погон на четири тркала (4 х 4), подразбира зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарите на слојот што гази, по обем и широчина од шест милиметри, пневматици со летен профил на сите тркала со длабочина на шарите на слојот што гази, по обем и широчина од најмалку четири милиметри.

Синџири за снег потребно е да поседува секое возило со пневматици со летен профил, и притоа, во случај кога возилото е во постојан погон, синџири за снег треба да има најмалку за задната осовина, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да има најмалку на постојано вклучената осовина.

Зимска опрема за моторни возила со најголема дозволена маса која надминува 3.500 кг, подразбира зимски пневматици на погонските тркала со минимална длабочина на шарите на слојот што гази, по обем и широчина од шест милиметри, пневматици со летен профил на сите тркала со длабочина на шарите на слојот што гази, по обем и широчина, со минимум од четири милиметри и синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала, автобуси и товарни моторни возила кои поради технички причини не можат да постават синџири за снег на погонските тркала, треба да имаат зимски пневматици на погонските тркала, и прирачен алат, лопата.

Пензиониран полковник на АРМ фатен во криминал тежок 935.000 евра (ВИДЕО)

Шест осомничени фирми преку нивните сопственици и управители во изминатите неколку години најголем дел од нивното деловно работење го вршеле незаконски, односно прозводите кои ги произведувале или увезувале од странство, ги продавале за готови пари, на црно, информираат од Финансиската полиција.

finansiska

Во акција на Управата за финансиска полиција откриен е нов, голем случај на добро организиран финансиски криминал во кој како главен актер и органзатор се јавува, лицето С.С од Штип, инаку пензионираниот полковник на АРМ.

-Финансиската полиција спроведе предистражна постапка кај фирмите Стар Груп од Скопје, Витамин Ага од Гостивар, Ванекс од Тетово, Златен Клас ДООЕЛ Куманово, Златен Клас Род Куманово и Златен Клас Џуна исто така од Куманово при што откри постоење на основано сомневање за сторен финансиски криминал тежок 935.000 евра. Според податоците од предистражната постапка, шесте осомничени фирми преку нивните сопственици и управители во изминатите неколку години најголем дел од нивното деловно работење го вршеле незаконски, односно прозводите кои ги произведувале или увезувале од странство, ги продавале за готови пари, на црно без притоа да ги пресметаат и да ги платат даночните обврски кон државата, информираат од Финансиската полиција.

До основното јавно обвинителство во Скопје поднесена е кривична пријава против лицата Х.Д сопственик и управител на правниот субјект Стар Груп ДОО Скопје и С.С од Штип. Првопријавениот Х.Д во својство на сопственик и овластен потписник на правниот субјект Стар Груп ДОО, во период од 2011 до 2014 година, свесно и со однапред утврдена намера, со цел да се стекне со противправна имотна корист, набавената трговската стока евидентирана на залиха во вкупна вредност од 428.000 евра, ја продал за готовински парични средства без притоа да изготви соодветна документација за продажбата и да ја евидентира во своето сметководство.

-Со ваквата постапка сопственикот на Стар Груп ДОО од Скопје се стекнал со противправна имотна корист во иснос од 163.000 евра на име затаен данок.За да го прикрие кривичното дело, на почетокот на 2014 година првопријавениот Х.Д се сретнал со штипјанецот С.С инаку пензиониран полковник на АРМ, при што договориле за одреден паричен надоместок С.С со помош на лицето Р.Т истотака од Штип да организира фиктивна продажба на правниот субјект Стар Груп ДОО Скопје на странскиот државјанин Кирил Рајчов Николов од Ќустендил-Република Бугарија. Бугарскиот државјанин најверојатно не свесен што потпишува, за сума од 50 лева, на нотар во Република Бугарија го ополномоштил лицето Р.Т во негово име и за негова сметка во Република Македонија поточно на нотар во Штип да ја превземе сопственоста и управувањето со Стар Груп ДОО Скопје со сите права и обврски. По потпишувањето на договорот за пренос на удел кај нотарот во Штип, Р.Т како награда од својот партнер С.С добил паричен надоместок од 500,00 денари а тој пак од првопријавениот Х.Д, наплатил сума од 1.200 евра. Истата шема била употребена и при фиктивната продажба на Витамин ага ДОО од Гостивар која е во сопственост на пријавениот А.Ш од Гостивар, кој во периодот од 2011 до 2013 година свесно и со однапред утврдена намера со цел да се стекне со противправна имотна корист, набавената трговската стока евидентирана на залиха во вкупен износ од 649.000 евра ја продал за готовински парични средства без притоа да изготви соодветна документација за продажбата и да ја евидентира во своето сметководство со што на име неплатени даноци од државната каса си заработил 182.000 евра. За да го прикрие криминалот и да се ослободи од фирмата, пријавениот А.Ш го ангажирал С.С од Штип кој заедно со Р.Т истотака од Штип заминале во Република Бугарија поточно во Ќустендил за да најдат лице кое ќе ја превземе фирмата. За таа цел, на почетокот на 2014 година во Ќустендил, С.С и Р.Т се сретнале со лицето Рачо Борисов Рачев кој го измамиле да потпише полномошно на нотар за лицето Р.Т, за наводно да му најдат работа во Германија. За потписот на полномошното на Рачев му била платена награда од 50 лева. Врз основа на уредно завереното полномошно, Р.Т кај нотар во Штип во име и за сметка на бугарскиот државјанин, склучил договор за пренос на сопственоста на правниот субјект Витамин Ага ДОО од Гостивар со сите права и обврски. Пензионираниот полковник С.С истата шема за превземање на криминално задолжена фирма ја употребил и за правниот субјект Ванекс експорт-импорт од Тетово, фирма која е во сопственост на лицето В.Т од Тетово. Според податоците до кои дојде Финансиската полиција, оваа фирма во периодот 2009-2014 година залихата на трговска стока во вредност од 410.000 евра ја продала за готовински парични средства без притоа да изготви соодветна документација за продажбата и да ја евидентира во своето сметководство при што државата е оштетена на име даноци за вкупно 115.000 евра.Најголем финансиски криминал сепак е откриен во кумановските фирми Златен Клас ДООЕЛ, Златен Клас Род и Златен Клас Џуна. И овде организатор е истиот С.С од Штип заедно со неговиот партнер Р.Т исто така од Штип, стои во соопштнието.

Првопријавен за овој случај е М.П сопственик и управител на правниот субјект Златен Клас ДООЕЛ Куманово кој се сомничи дека во периодот 2011-2013 година, со цел да се стекне со противправна имотна корист на штета на државниот буџет, набавената трговската стока евидентирана на залиха во вкупен износ од 415.000 евра ја продал за готовински парични средства без притоа да изготви соодветна документација за продажбата и да плати данок во износ од 116.000 евра.

-Првопријавениот М.П со својот поход за неосновано богатење на сметка на Република Македонија и други коминтенти со кои имал деловна соработка, не запрел тука. Имено, свесен дека има заостанати обврски по основ на закупнина за користење на државно земјоделско земјиште за тековните години 2010, 2011, 2012 и 2013 година за што на Министерство за Земјоделство, шумарство и водостопанство му должел вкупно 132.000 евра и свесен дека на Фабриката за квасец и алкохол АД Битола по основ на набавена стока и должи сума од 122.000 евра, решил во целост да го обезвредни правниот субјект Златен Клас ДООЕЛ Куманово на начин што целокупниот имот на фирмата во текот на 2014 година наводно го продал на фирмата Златен Клас РОД – фирма во сопственост на неговата сопруга Р.П. Доказ дека продажбата на имотот е фиктивна говори и фактот дека купувачот не извршил плаќање за купениот имот. И во оваа фингирана трансакција М.П сторил финансиски криминал бидејќи при наводната продажба не е пресметано и платено ДДВ во износ од 105.000 евра. За да се прикријат кривичните дела сторени со правниот субјект Златен Клас ДООЕЛ Куманово, првопријавениот М.П ги ангажирал штипјаните С.С и А.Д кои на 05.05.2014 година успеале правниот субјект фиктивно без надомест да го префрлат со сите права и обврски на бугарскиот државјанин Асенова Сашева Џуна од Ќустендил. За добро завршената работа, С.С од газдата на Златен Клас ДООЕЛ си наплатил награда од 500 евра а на бугарската државјанка кој не била свесна дека е измамена и платил сума од 50 евра. По претходно добиена Наредба за претрес на дом и помошни простории издадена од Основен суд Штип, извршен е претрес во домот на главниот организатор на криманалните активности С.С од Штип, при што е пронајдена документација која се однесува на правните субјекти кои со неговиот ангажман се пренесени на државјани на Република Бугарија.
При претресот кај пријавениот пронајдени се и два преносни компјутери (лаптопи), во кои од извршениот увид од страна на овластено службено лице на Управата за финансиска полиција, утврдено е дека истите се користени за креирање на документација за превземање односно фиктивна продажба на фирмите кои се осомничени за финансиски криинал. Компјутерите и целокупната пронајдена документација се одземени и ќе бидат предмет на натамошно вештачење, соопштуваат од Финансиската полиција.

Во истражувањето на случаите, активно се вклучи и ИНТЕРПОЛ Бугарија кој ги обезбеди сите инволвирани бугарски државјани кои станале сопственици на македонските фирми осомничени за финансиски криминал тежок 935.000 евра при што од истите се обезбедени изјави со кои детално ги потврдуваат наодите од пријавите на Финансиската полиција. Со четирите поднесени кривични пријави до Основните јавни обинителства во Скопје, Гостивар, Тетово и Куманово за кривичните дела „Даночно затајување“, „Фалсификување или уништување на деловни книги“, и „Помагање на сторител по извршено кривично дело“, пријавени односно осомничени се вкупно 8 физички и 6 правни лица за вкупна штета од 935.000 евра.

ИНТЕРНЕТ ХИТ: Она што го направи македонската мисица вечно ќе се памети (ВИДЕО)

Untitled

Дунавка Трифуновска и нејзиниот „Catwalk” вечно ќе се паметат. Ова видео е новиот хит…

Прием на нашите ученици кај претседателот Иванов

На ден 10.11.2015 год, во народната канцеларија на претседателот на државата Г-дин Ѓорге Иванов во Скопје беше одбележан ,,СВЕТСКИОТ ДЕН НА НАУКАТА’’ под организација на Сојузот на здруженијата на техничка култура на Младите техничари и природници од Македонија.
Учениците Давид Лазароски, Виктор Лазароски и Владимир Лазароски ученици од О.О.У,,Блаже Конески”-Прилеп, заедно со нивниот ментор Бранко Бабаноски – Наставник по Техничко образование, Андоноски Петар – наставник по Техничко образование , и секретарот на народна техника-Прилеп Димитар Мендизовски, присуствуваа на овој настан и ги презентираа проектите од роботика и автоматика пред претседателот на Р.Македонија Г-дин Д-р Ѓорѓе Иванов.

image03 image06

 

 

 

 

 

 

image05 image08

 

 

 

 

 

 

 

image07

 

image10 image09

 

 

 

 

 

 

 

image13 image11

 

 

 

 

 

 

 

 

image12

image14 image15

 

 

 

 

 

 

 

 

image16

Роналдо и дефинитивно е во конфликт со соиграчите – никој не му се појави на премиерата од филмот

Кристијано Роналдо е најдобар фудбалер на Реал Мадрид, но сигурно не е најомилен во редовите на “кралскиот клуб” кога станува збор за односите меѓу самите играчи на мадридскиот гигант.

Ronaldo3-470x396

Доказ за тоа беше и премиерата за документарниот филм на Португалецот што се одржа во Лондон, а на која не присуствуваа ниту еден негов соиграч од Реал Мадрид, ниту пак член на стручниот штаб на “кралевите”.

Очигледно е дека нешто не е во ред со односот на Роналдо кон соиграчите, како поинаку би објасниле ниту еден од нив да не дојде на премиерата на неговиот филм. Тука беа Алекс Фергусон, Гери Невил, Луис Саха, но немаше ниту еден член на Реал, пишуваат шпанските медиуми.

Роналдо нема високо мислење за тренерот Рафа Бенитез, чии дефанзивни тактики го фрустрираат најдобриот стрелец на Реал. Тој веќе подолго време е во конфликт и со Герет Бејл, претходно не се “мирисаше” ниту со Икер Касилјас, па јасно е дека голем дел од вината сигурно е и кај Кристијано.

Ronaldo2

Тој сигурно нема да биде среќен поради најновиот развој на настаните, а кога Роналдо не е среќен, веднаш се појавуваат и шпекулациите за негово заминување од “Сантијаго Бернабеу”.