дома блог страница 5009

Викенд временска: Оваа вест нема да ви се допадне

esen.jpg-500

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и слаб, но попладне во западните делови ќе дува умерен на моменти и засилен ветер од западен и југозападен правец кој ќе биде повеќе изразен во планинските делови.

Утринската температура ќе се движи од минус два до седум, а дневната од 17 до 22 степена.

За време на викендот ќе дува умерен до засилен јужен ветер кој на моменти ќе достигнува брзина од 50 до 70 километри на час. Утре кон крајот на денот во западните делови ќе има повремени врнежи од дожд кои во текот на ноќта кон недела ќе се прошират насекаде. В недела претпладне во западните делови се очекуваат нешто пообилни врнежи од дожд, а попладне на повисоките планини ќе има услови за повремени врнежи од снег.

Во понеделник и вторник ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремени локални врнежи од дожд.

Државен натпревар на трактористи

Под покровителство на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска во Карбинци ќе се одржи Државен натпревар на трактористи.

traktortrka

Ќе учествуваат најдобрите орачи од натпреварите одржани на општинско ниво, Здружението на средните земјоделски училишта во Македонија и други земјоделски училишта, трактористи од разни земјоделски стопанства,…

Натпреварите се во четири категории: тешка, лесна, лесна младинци и ученици од средните земјоделски училишта, како и младинки и жени.

Вредните раце на семејството Илиоски од Прилеп, создаваат ремек дела

1

Семејството Илиоски од Прилеп се вистински мајстори во својата дејност. Занаетчискиот дух во нивниот дом живее и денес, а вредните раце создаваат вистински ремек дела. Го посетивме нивниот дуќан во старата чаршија во Прилеп и разговаравме колку време го негуваат тишлерскиот занает и што се изработуваат. Дуќанот на прв поглед изгледа како шарена разгледница и привлекува сечие око. Разговаравме со најмладиот член на семејството Кристијан Илиоски и ни ги даде следните одговори :

Kога за прв пат започнавте да се занимавате со изработка на овие ракотворби и кој прв го започна занаетот во вашето семејство?

Многу одамна, од дедо прадедо, тишлерскиот занает сe пренесува во нашата фамилија. Така и ние се стремиме да го негуваме и зачуваме  овој занает како еден од ретките кои веќе изумираат со давање душа и дух на секое парче дрво, парче бакар, слика, се добива финален производ кој секогаш ќе го чека својот купувач, дали порано или покасно да го усреќи својот пријател, другар, познаник.

Какви се изработки можат да се најдат во вашата сувенирница, од што подетално се состои вашата работа?

Во нашата сувенирница има доста уникатни производи кои ги нема секаде, како што се изработки од дрво, бакарни икони, слики, грнчарија, производи од кожа, стакло, порцелан,  па и предмети кои што останале традиција во прилепскиот регион, кои се ретки и доста автентични.

Што е најбарано?

Најбарани се производите за домашна употреба кои што од колено на колено секое семејство во Прилеп како по традиција треба да ги има, а тоа се: дрвените авани, поскурникот, иконите.

Ве посетуваат ли туристите кои доаѓаат во нашиот град?

Да не посетуваат туристи, групи, индивидуални лица и случајни минувачи.

Дали добро се живее од овој занает, колку Прилепчани имаат навика да купуваат вакви вредни украси и употребливи  предмети?

Значи за скромен живот може да се заработи доколку доволно се трудиме. Продажбата не е масовна и не очекуваме такво нешто, затоа што производите, сувенирите што ги продаваме се трајни произведени за да користат долго, со тоа што навиката за купување украси не е секојдневна потреба, туку најчесто за некој повод, годишнина, пензионирајне, слава, и.т.н.

 

Колку луѓе во вашето семејство се ангажирани при изработката ?

Четворица од нашето семејство се ангажирани за изработка на производите, како и  други соработници.

Кои се вашите планови во иднина, дали можеби планирате проширување на бизнисот во и надвор од нашиот град?

За сега не планираме да се прошируваме, можеби во иднина кога би биле помоќни во финансиска смисла и самоуверени дека е вистински момент за проширување .

[Best_Wordpress_Gallery id=”79″ gal_title=”Вредните раце на семејството Илиоски од Прилеп, создаваат ремек дела”]

 

Скопјани вечерва не излегувајте од дома – надвор е опасно по живот

zagadenoee

Мерните станици на Министерството за животна средина и просторно планирање највисоки концентрации на ПМ10 измерија во Гази Баба 270 микрограми на метар кубен, Тетово 197, Битола 169, Центар 159, Карпош 147, Лисиче 135, Ректорат 113 и во Велес 96 микрограми на метар кубен.

Над дозволените концентрации ПМ10 честички има и во Кавадарци, каде се регистрирани 43 микрограми на метар кубен.

Најголема концентрација на загаден воздух обично има навечер и тоа во Скопје и Тетово. Во Скопје најкритчни се населбите Лисиче и Центар.

АНКЕТА НА ИРИ: Расте довербата во премиерот Груевски

Расте довербата кај граѓаните во премиерот Груевски. Според последната анкета на ИРИ 35% од граѓаните веруваат дека премиерот Груевски треба да биде реизбран. Во споредба со анкетата од јуни, кога 32% од анкетираните сметаа дека Груевски заслужува да биде резибран, во последната анкета на ИРИ, поддршка за реизбор на премиерот даваат 35% граѓани. Се намалува за 3% и бројот на оние кои сметаат дека Груевски не треба да добие нов мандат.

iri

Оваа анкета најавува и потврдување на убедливата разлика во рејтинзите и поддршката меѓу граѓаните што беше измерена при последната анкета на ИРИ во јуни кога ВМРО-ДПМНЕ е со убедливо водство од 23 отсто доверба меѓу граѓаните, наспроти политичкиот опонент СДСМ во кого веруваа само 11 отсто од анкетираните.Тогаш меѓу лидерите на политичките партии премиерот Груевски беше со убедливо најголема доверба. Во него веруваат 18 проценти од анкетираните граѓани, што е за 2,5 пати поголема поддршка во однос на Зоран Заев кој има доверба кај само 7 отсто од народот.

Во најновата анкета на ИРИ се покажува и менување на перцепцијата на граѓаните за квалитетот на животот во. 14% од анкетираните граѓани сметаат дека кавлитетот на животот во земјава се подобрува. Во споредба со последната анкета од јуни годинава, перцепцијата на граѓаните за квалитетот на животот пораснала за 3 процентни поени. Во споредба со анкетите од минатите години, последната анкета на ИРИ покажува дека позитивно на прашањето дали се подобрува квалитетот на живот одговориле најголем број граѓани во последните 5 испитувања на јавното мислење.

Рекордно високо мислење на граѓаните и за намaлувањето на невработеноста. Дури 45% од анкетираните сметаат дека во последната година се намалила невработеноста. Во споредба со минатите анкети, ова е историски највисок процент на граѓани кои сметаат дека невработеноста се намалила во последната година.

Забележан е раст на евроскептицизмот. Речиси секој четврти граѓанин на Македонија е против влез на земјата во ЕУ.72% од анкетираните поддржуваат влез на Македонија во ЕУ што е најниското ниво кое го измерила ИРИ од 2006 година и идентично со анкетите во 2014 година.

Анкетата покажува значително подобрување на општата и генерална слика за државата. Инаку при презентација на бројките и рејтинзите за поддршка на партиите се очекува да се потврди убедливата разлика на поддршката на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ во однос на СДСМ.

Оваа анкета на ИРИ се спроведе преку интервјуа лице в лице од 29 септември до 5 октомври 2015, на примерок од 1 106 македонски граѓан. Инаку сите анкети објавени во последните неколку месеци покажуваат раст на довербата во премиерот Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

Разбојништво во маркет во Прилеп

razbojnistvo-630x396

Разбојништво се случило вчера вечер во маркет на улица „Ваљевска“ во Пеилеп.

Две маскирани момчиња влегле во маркетот и со закана со пиштол извршиле разбојништво во обид врз вработените.

Едно од лицата, соопшти денеска МВР, било совладано од вработените и присутните граѓани и приведено во Полициската станица во Прилеп за понатамошна постапка. Се работи за лицето С.С.(27) од Прилеп.

По кратко време од страна на полицијата приведено е и второто лице Д.Д.(26) од Прилеп.

Извршен е разговор со двајцата и по целосно расчистување на случајот ќе следи соодветен поднесок.

ФОТО: Марјана Станојковска во најсекси поза досега

1227458111109057022540405912717632857501486n-520x650trh45y45y4

Атрактивната русокоса водителка Марјана Станојковска е посебно самоуверена кога станува збор за нејзиниот изглед о постојано објавува секси фотки од себе. Еве со што ги израдува фановите овој пат.

ВИДЕО: Украсете го домот пред нова година – уникатен трик кој ќе ве освои

Доаѓаат новогодишните празници, а кој не сака домот да му биде празнично украсен?

trikbow

Ова интересно видео ќе ве научи како да направите неодоливи минијатурни машнички.

Нив може да ги закачите на елката, да направите украс за рачно изработена честитка и многу други интересни идеи.

Погледнете го видеото.

Овој рецепт од старите ги лечи сите болести

borovnice-foto-profimedija-1428157058-634283yjytjyt

Овој рецепт според старите ги лечи сите болести од лоша крвна слика, до спречување најтешки заболувања. Потребни се:

* Еден килограм свежи боровинки и бобинки * 1 литар добро црвено вино * Пола литар силна домашна ракија * 3 лажици мед * 3 лажици шеќер .

Боровинки се ставаат во голем сад, па се истура виното и бобинките. Оставете го да отстои во фрижидер за 48 часа. Потоа восмесата, додадете половина литар ракија , мед и шеќер. Сите добро промешајте ги за да се раствори шеќерот, па оставете ја смесата да отстои. Лекот се користи така што се земаат по четири лижица наутро и навечер. Во секоја доза се неколку плодови боровинки. Вино се користи три дена наутро и навечер по пауза од два дена.

Не очекува топол и сончев ден

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб јужен ветер. По одделни котлини ќе има појава на слаба утринска магла.

soncevo.jpg-500

Температурата ќе се движи од 17 до 24 степени.

До петок ќе преовладува релативно топло и стабилно време, по одделни котлини со слаба утринска магла. Во сабота и недела ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Во недела ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено повеќе ќе бидат застапени во северозападните и западните делови, каде на повисоките планини ќе има услови за повреемени врнежи од снег.