дома блог страница 5007

Првото видео од свадбата на Северина и Игор

Балони, пешкири, цвеќиња во сите бои ставени на бела застава 101… Првото видео од свадбата на Севе и Игор…

111sverina-520x291_thumb_medium500_280

Пелагониското ракометно дерби за Прилепчани, Пелистер – Прилеп 26-28

12115635_10205145300048181_8924318579687089273_n

Прилепчани по втор пат оваа година му одржаа ракометна лекција на Пелистер. Овој пат на гостински терен, ракометарите на РК Прилеп славеја во Битола со резултат   26-28 , на полувремето беше 10-14. Со оваа победа од 10тото коло на Супер лигата за мажи, Прилепчани се искачија на четвртото место на табелата и го очекуваат следниот натпревар против Борец на домашен терен идното коло.

ТАБЕЛА
Металург 27
Охрид 24
Работнички 21
Прилеп 18
Вардар ј 15
Радовиш 15
Пелистер 9
Пролет 9
Борец 7
Металург ј 1
ИДНО 11 КОЛО
ПРИЛЕП – БОРЕЦ

 

Роналдо со ултиматум до Перез

Ѕвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо по синоќешниот дебакл од Барселона, на претседателот Флорентино Перез му рекол дека не може да остани уште долго во клубот доколку тренер биде Рафаeл Бенитез.

Ronaldo-Benitez_thumb_medium500_333

– Или јас, или Бенитез, се претпоставува дека рекол португалецот, пренесува Фокс.

КИНЕСКИОТ ЗМЕЈ ВЛЕТУВА ВО СИРИЈА: Кина и официјално влегува во борба против терористите!

putin_kinez

Си Џинпинг, претседателот на Кина, изјави дека неговата држава ќе ја засили соработката со светот во решителната борба против тероризмот, по новото убиство на кинески државјани, јавуваат британските медиуми.

Кинескиот лидер силно го осуди нападот на џихадистите во хотелот Радисон блу во Мали, во кој меѓу загинатите се и тројца директори на државна кинеска корпорација за изградба на железници.

„Кина ќе ја засили соработката со меѓународната заедница во решителната борба против терористичкото насилство во кое страдаат невини луѓе. Тука станува збор за одржување на мирот и стабилноста“, истакнал Си во соопштението постирано на официјалната интернет страница на кинеското министерство за надворешни работи.

Убиените директори биле на преговори за соработка со владата на Мали, и иамле состанок во хотелот во моментот на нападот. Спасени се други четворица кинески државјани.
Овој напад следи само неколку дена откако припадници на Исламска држава во Ирак го убија кинескиот заложник Фанг Џингхуи, заедно со Норвежанецот Јохан Гримсгард.

Пекинг го лоцирал Фанг во ирачката покраина Анбар и напредувал во преговорите за негов откуп, но засилувањето на руските и француските воздушни напади предизвикало хаос во организациската структура на исламистите. Каналите за преговори биле пресечени и бидејќи на исламистите итно им биле потребни пари, а не ги добиле, го убиле Кинезот.
Кинеските медиуми веднаш потоа пишуваа дека убиството на заложниците за време на самитот Г20 е објавување на војна кон целиот свет.

Вонредна состојба на Крим

krim

Вонредна состојба е воведена на Крим поради недостиг од електрична енергија со која Крим се снабдува од Украина.

Сите служби за вонредни ситуации се ангажирани во врска со тоа, јави Тасс.

Руското Министерство за вонредни ситуации исто така потврди дека на Крим нема струја. Засега нема објаснување за причините за таа ситуација, наведува Тасс.

Во Прилеп по третпат се оддржа „Motocross Prilep Open – 2015“

1

Денеска на патеката кај прилепското село Лагово се оддржа меѓународната мото-трка „Motocross Prilep Open – 2015“.
На трката учествуваа околу 40-тина мотокрос возачи од земјава и од странство кои се натпреваруваа во пет категории.

3

4

5

Според Ѓорѓи Манчески од клубот „Скај рајдер“ , мотокрос арената во Лагово ги исполнува сите предвидени услови за оддржување на вакви трки.
„И оваа година, ја организираме оваа Меѓународна мото-крос трка. Над 30 мотокрос возачи од земјава и странство земаа учество на првенството. Во иднина сакаме да организираме европска мото-крос трка, а Прилеп да стане лидер во мотокрос трките на Балканот, посочи Манчески.
Според градоначалникот Марјан Ристески, Прилеп станува центар на екстремните спортови:
„Традиционално ја организираме веќе трета година по ред оваа трка заедно со клубот „Скај рајдер“. Патеката се надградува според европските стандарди, а за догодина ќе се потрудиме, Прилеп да биде конкурентен за организирање европски мото-трки“, рече градоначалникот Марјан Ристески.
„Motocross Prilep Open – 2015“ внесе неверојатна доза на адреналин како кај присутните така и кај натпреварувачите.

6

7

8

9

Art Caffe Aporea & Virus – 21.11.2015

[Best_Wordpress_Gallery id=”82″ gal_title=”Art Caffe Aporea & Virus – 21.11.2015″]

ФОТО: Првиот снег го побеле Балканот

По невобичаеното топло време во ноември на Балканот, во Хрватска, во Словенија и во Босна и Херцеговина, вчера значително се намалија температурите и падна првиот снег.

bih-prvi-sneg-1448116892-788923-520x351

Температурите на воздухот во Хрватска се двжеа од два до седум, а снег падна на Сљемен, во Горски Котор, како и во Карловац и Дуга Реса.

„Јутарњи лист“ објави дека снегот и силниот ветер предизвикале сообраќаен хаос на автопатот Загреб­-Риека.

sneg-hrv-520x392

Во Словенија вчера утрото врнело дожд, а потоа снег.

Бране Грегорчич од словенечката Метеоролошка служба изјави дека во пониските предели се очекува снежната покривка да достигне од пет до десет сантиметри, а на планините од 20 до 40 сантиметри.

rs-sneg_620x0_620x0-520x347

Во северозападниот дел на Босна и Херцеговина вчера вечерта почна да паѓа слаб снег, кој не се задржува на патиштата.

Саботно кафе – 21.11.2015

[Best_Wordpress_Gallery id=”81″ gal_title=”21.11.2015 – Sabotno kafe”]

Врачени нови 60 решенија за легализација

IMG_4668

Доделувањето решенија за веќе легализираните дивоградби продолжува да се реализира согласно претходно проектираната динамика. Денеска беа доделени 60 нови решенија за легализација, со кои досега се легализирани околу 8.500 дивоградби, од вкупно поднесените 15.367 барања за добивање на правен статус на објектот.
Градоначалникот Марјан Ристески, истакна дека доста значајно за општината е спроведувањето на Законот за легализација на дивоградбите, преку кој Владата на РМ, на сите граѓани им овозможи историска шанса за стекнување на правна и легална сопственост на нивните домови.
Прилепчани покажаа голем интерес за оваа владина социјална мерка за докажување на сопственоста за нивните дивоизградени објекти.

IMG_4672

IMG_4652

IMG_4654

IMG_4655

IMG_4657

IMG_4658

IMG_4660

IMG_4661

IMG_4663

IMG_4665

IMG_4667

IMG_4670