дома блог страница 5001

(Ексклузивна снимка)ЕВЕ КАКО МИГРАНТИТЕ ЈА НАПАДНАА ПОЛИЦИЈАТА: Ќе даде ли државата слобода за користење на одбрамбено оружје!

migranti_tepacka-30dmn0d2r62y1fnezz3ls0

Осумнаесет полициски службеници се повредени откако биле каменувани од економските мигранти на македонско-грчката граница. Двајца полицајци имаат тешки во преди на главата, а еден имал потрес на мозокот.
Демолирани се возила, скршени се штитови на полицијата и на армијата од страна на мигрантите кои денеска во 13.30 часот на граничната линија кај кота 59 на границата со Грција фрлаа камења кон полицијата и армијата, објави Телма. Сето ова се случи кога армијата почна да поставува жица од котата 59 долж границата со Грција.Полицијата информира дека состојбата на котатата 59 е нормализирана. Армијата на Република Македонија изутринава започна со поставување на ѕид на границата со Грција. Камионите и багерите забрзано закопуваат бетонски и метални столбови високи 3 метри.

Обелоденето масонско писмо во кое тие ја најавуваат Третата светска војна

masoni_thumb_medium500_375

Не станува збор за никако пророштво ниту предвидување. Станува збор за глобален план на масонска елита, за мрежа која се плете над нашите глави без оглед на тоа што светот го сака, бидејќи се она што масонскиот врв го замислил тоа и се спроведува.

Луѓето наивно се надеваат дека може да ја спречат војната и дека со светото ќе завладее мир. Меѓутоа тоа е голема заблуда во која не вовлекуваат манипулативните поединци кои со изјавите „Мир и стабилност“ убиваат милиони луѓе во овој момент.

Тоа го докажува и писмото на еден од најголемите масони во поновата историја Алберт Пике, врвниот командант на Шкотскиот ред на слободните ѕидари во Америка, кое го испратил на Џузепе Мацини италијанскиот илуминатски „револуционер“ уште во дамнешната 1871 година.

Имено, Пике не бил никаков пророк и немал некој надреални способности, туку во писмото го зборувал тоа што одамна го зацртале масоните за овој свет. Тоа е еита која владее зад кулисите, елита жедна по човечка крв, а човечка крв најлесно ја добива преку глобални војни. Пик е во писмото до Мацани појаснил како според нивните замисли ќе потече крв во трите светски војни. Се што е напишано во писмото се случило, а на прагот сме и на Третата светска војна.

Ви пренесуваме делови од писмото

-Првата светска војна мора да биде остварена за да им се овозможи на илуминатите да ги тргнат од положба моќните руски цареви и со тоа Русија ја направат тврдина на атеистичкиот комунизам. Разликите и неслагањата помеѓу британското и германското царство, предизвикано преку агентите на илуминатите, ќе биде земено како причина за таа војна. На крајот на војната ќе се воспостави комунизмот преку кој е се уништат и другите влади и ќе се намали влијанието на религијата.

-Втората светска војна ќе биде поттикната од искористување на разликите помеѓу фашистите и политичките ционисти. Таа војна треба за последица да го има уништувањето на нацизмот и јакнењето на ционизмот во таа мерка да се овозможи воспоставување на суверената држава Израел во Палестина. За време на втората светска војна меѓународниот комунизам мора да стане толку силен што ќе стане противтежа на христијанството, кој ќе биде ставено во позадина се до моментот кога ќе се употреби за конечната социјална катаклизма.

-Третата светска војна мора да биде поттикната со искористување на различностите, предизвикана од агентите на илуминатите, помеѓу политичките ционисти и лидерите на исламскиот свет. Војната треба да биде водена на таков начин што Исламот (муслиманскиот арапски свет) и политичкит Ционизам (државата Израел) меѓусебно се уништат.

Во меѓувреме останатите нации, уште еднаш ќе се поделат по тоа прашање, ќе бидат присилени да се борат до точката на целосната физичка, морална и економска исцрпеност. Ќе ги спротивставиме нихилистите и атеистите, ќе предизвикаме огромна социјална катаклизма која со своите стравотии на народите јасно ќе им го покаже учинокот на потполниот атеизмот, извор на дивјаштво и најкрвавото превирање.

Тогаш ширум светот граѓаните ќе бидат принудени да се бранат од револуционерните светски малцинства, ќе ги истребат уништувачите на цивилизацијата и милиони разочарани од христијанството кои во тој момент ќе бидат без насока и цел, копнејќи по идеал, но не знаејќи на што да го насочат своето обожување, ќе го примат вистинското светло преку објавата на учението на Луцифер кој конечно ќе биде изнесен пред јавноста. Таа објава ќе резултира со општо реакционо движење кое ќе следи по уништувањето и на христијанството и на атеизмот, двата во исто време победени и искоренети – стои во писмото.

„Војната се состои во тоа да луѓето, иако едни со други не се познаваат, меѓусебно се убиваат на команда на луѓе кои одлично се познаваат, но меѓусебно не се убиваат“, кажал Алберт Ајнштајн кој во оваа реченица ја појасни целата завера која надвиснала над човештвото.

Прилепчани му се реваншираја на Борец , резултат 28:24 (14:12)

DSC02005

Во натпреварот од 11то коло во Супер лигата за мажи, екипата на РК Прилеп стигна до победа прорив ГРК Борец од Велес и им се раздолжи за неочекуваниот пораз од 2то коло.

Прилепчани ја диктираја играта во целиот меч, со 2, 3 гола разлика, па на полувремето се отиде со резултат 14:12. Во второто полувреме таквата игра продолжи до 56та минута, кога ракометарите на Борец стегнаја заби и стигнаја до израмнување на резултатот и напад за водство. Меѓутоа токму тогаш се разбуди одново екипата на РК Прилеп и во четири контри ја направи крајната разлика од четири гола.

Со оваа победа РК Прилеп стигна во третата победа во серија и се зацврстија на четвртото место на табелата со 20 бода.

DSC02015

DSC02017

DSC01989

DSC01992

DSC01999

DSC02000

DSC02003

DSC02013

Саботно кафе – 28.11.2015

[Best_Wordpress_Gallery id=”85″ gal_title=”Саботно кафе – 28.11.2015″]

Македонската полиција под удар на економските имигранти за кои европските земји не дозволуваат транзит и влез

migranti-policija500

Група на лица кои се водат како економски мигранти, односно мигранти кои согласно одлуките на европските земји и земјите од балканската рута не се пропуштаат за влез во Македонија, денес со употреба на насилство се однесува кон македонската полиција која физички согласно уставот и законите ја обезбедува јужната државна граница.

Овие насилници кои доаѓаат од и се наоѓаат на грчка територија, фрлале со камења врз македонските полицајци и се обиделе директно и одблиску да ја нападнат полицијата со употреба на разни предмети.

Според првичните информации од теренот, при овој облик на насилство од страна на лица од другата страна на границата, полесно се повредени неколку македонски полицајци. Од страна на лекарски екипи на Министерството за здравство е укажана прва помош на тројца припадници на безбедносните сили.

-Зачудени сме од овој изблик на насилство, имајќи во предвид дека границата е отворена. Повторуваме дека нашите одлуки за динамиката на протокот, при што се пропуштаат за транзит само лица кои доаѓаат од регионите кои се зафатени со воени конфликти, се условени од одлуките на другите земји на рутата кои ја пропуштаат само ова категорија на мигранти. Нема никаква причина за насилно однесување. Повторуваме дека оградата служи како дел од техничко-тактичките мерки за насочување на лицата кон контролните пунктови заради регистрација и хуман третман, за да не се случат пропусти заради несоодветно регистрирање кои може да водат кон несакани безбедносни последици, вели висок извор од Владата.

-Акцентираме дека наше право и должност е да ги заштитиме државните интереси и интересите на граѓаните на Република Македонија, но и да помогнеме на нашите пријатели од Европската Унија. Хуманоста и безбедноста не може да се попречуваат една со друга, туку одат заедно. Ние сме и за хуманост и за безбедност и така ќе продолжиме да се однесуваме , додаваат од Владата.

Експерти од областа на безбедноста кои што ги контактираше нашиот медиум не исклучуваат дека овие облици на насилство можат да бидат мотивирани од провокатори помеѓу мигрантите кои имаат скриена и сомнителна агенда.

ВИДЕО: Жешкиот спот на Розга ќе ви ги крене температурата и притисокот

Јелена Розга денес го претстави спотот за песната „Отров“, а нејзините фанови веќе коментираат дека таа никогаш не изгледала подобро.

Jelena-Rozga500

-Оваа песна е порака до сите жени секогаш да бидат свои и никогаш во живото т да не го простат неверството – изјавила Розга.

Ноќен Живот Вирус – 27.11.2015

[Best_Wordpress_Gallery id=”84″ gal_title=”Ноќен Живот 27.11.2015″]

Во последните 2 години , нови 3 случаи заболени од ХИВ/СИДА во Прилеп

12305614_10206695208273268_356614005_n

Три нови случаи на ХИВ/СИДА во претходните 2 години се забележани во Прилеп. Ова во изминатиот ден на прескомференција го изјави директорот на Центарот за јавно здравје Прилеп, Гоце Ингилизов.
Со посета на сите училишта во градот, прилепскиот центар ќе укажува на последиците и начините на заболување од оваа болест. Кампањата ја започнуваат од 1ви декември. Инаку во Прилеп првиот случај на заболен е регистриран во 1987г. , а вкупно има 11 случаи регистрирани до сега.

Научници тврдат: Од љубов навистина може да се умре!

Најновите истражувања спроведени во САД покажале дека навистина може да се умре од скршено срце.

Амеркански научници следеле повеќе од 370.000 брачни двојки во период од 9 години, во САД.

Заклучиле дек по смртта на еден од партнерите, особено ако таа настапи изненадувачки, и ако брачните партнери поминале заедно 10 или повеќе години, нагло растат изгледите дека партнерот кој останал жив – набргу ќе умре!

– Сега знаеме дека срцето и мозокот бурно реагираат на изненадувачко и стресно случување, велат истражувачите.

Научниците истакнуваат дека се потребни дополнителни истражувања, но уште сега можат да кажат дека на срцето најмногу влијае наглото зголемено производство на хормонот на стресот, што предизвикува болки во градите и затајување на срцето.

Тематска средба “Можности за кариера” пред учениците на СОЕПТУ „Кузман Јосифоски–Питу

IMG_0075

СОЕПТУ „Кузман Јосифоски–Питу, во рамките на проектот „Вешти и компетентни“, кој Министерството за образование и наука на Република Македонија го спроведува во средните училишта во земјава, оствари тематска средба со реномиран гостин од бизнис секторот.

IMG_0076

IMG_0073

Преку непосредна средба, со Г-ѓица Ирена Јакимоска , Директор на ДОО „Комфи Ангел„ од Прилеп, на учениците им се даде можност да креираат вистинска слика за кариерните можности и иновативното работење во компаниите. Учениците стекнаа искуство дека токму тие се идниот потенцијален кадар, инпут за работењето на оваа компанија, која од искуство потврдува дека најголем број од вработените во администрацијата -осумдесетина, се квалитетен кадар кој средношколските денови ги поминале, токму во Економското училиште.
Тематска средба, концепирана како интерактивен настан, на 26 ноември 2015 год. (четврток), на 40-тина ученици им овозможи да се запознаат со добрите практики и вистински искуства од областа на бизнисот, претприемништвото и иновациите. На средбата со учениците се дискутираше на тема „Можности за кариера“ .

IMG_0083