дома блог страница 4991

Изложба на Данчо Ордев

Tvorestvoto na Danco Ordev pred prilepcani

Во петок, 11 декември 2015  година, во 18.30 часот во галеријата од ЦК,,Марко Цепенков,, во  Прилеп, ќе биде отворена изложбата  ,, Енергија,, од уметникот Данчо Ордев. Академискиот сликар Ордев пред прилепчани ќе се претстави со 30 творби – апстракции, кои се пресек на неговото творештво од последните три години:

Циклусот со кој Ордев се претставува во Прилеп го започнал уште од 1995 година и оттогаш го надополнувал , развивал и прочистувал.

– Творбите се едноставен израз во кој ја пренесувам енергијата на гестот, потегот и внатрешната енергија. Создадени се без приказна и мотив, туку со чиста ликовност во бојата и потегот – вели уметникот.

,,201012'',2012,mnpl,91x73 cm-----03

7.41012.2012g.maslo na pl.91x73cm-----010

Биографија

 

Данчо Ордев е роден  на 7.5.1945 година во Скопје. Училиште за применета уметност завршил во Скопје. Дипломирал на  Академијата за ликовна уметност (отсек сликарство) во Загреб во 1969 година. Член е на ДЛУМ од 1973 година. Работел како  редовен професор на Педагошкиот факултет ,,Св. Климент Охридски,, во Скопје.

Има реализирано самостојни изложби во Загреб, Скопје, Битола, Струга, Прилеп, Велес, Осијек, Гостивар, Кичево, Струмица, Хелсинки, Брисел.

Учествувал  во повеќе групни изложби, меѓу кои во  Загреб, Белград, Скопје, Бања Лука, Струмица, Куманово, Струга, Марибор, Чачак, Зрењанин, Задар, Сараево, Љубљана, Нови Сад, Дорјан, Битола, Гостивар, Гевгелија, Кавадарци, Њујорк и др.

Има повеќе награди  за ликовно творештво и е учесник на повеќе ликовни колонии во Р. Македонија и во  странство.

pokana

ВИДЕО: Љубоморен Црногорец стана хит во Регионот!

ljubomoren-crnogorec-640x396

Овој љубоморен Црногорец и неговата изјава станаа хит во Регионот. Ова видео што се појави на социјалните мрежи ја покажува анкетата на една телевизија во која налетуваат на еден Црногорец и неговата девојка и ги прашуваат каде ќе одат за Нова година.

Сепак, неговиот одговор во кој вели дека тој ја слави само Стара Нова Година не беше толку интересен. Интересно стана кога новинарката истото прашање го постави на неговата девојка па овој Црногорец стана љубоморен и рече:

Таа нема да оди никаде!

Девојката, што да прави се сложи со ставот на нејзиното момче и тргна по него.

Нов божиќен подарок за саканото лице: Коктел од солзи

koktel-od-solzi

Британската компанија „Бомбас енд Пар“ дојде на оригинална идеја за „најличен божиќен и новогодишен подарок“ за саканите личности.

Оваа компанија со седиште во Лондон на 15 декември ќе оддржи работилница на која учесници ќе плачат и од своите солзи ќе прават коктели.

За полесно плачење ќе добиваат специјални масажи и цело време ќе слушаат сериозна музика. Како последно средство, на учесниците на работлницата располагање ќе биде ставен и ментол.

Иницијаторите на оваа необична манифестација тврдат дека постојат три видови солзи: базични, рефлексни и психички.

Еднаш собрани, солзите ќе бидат пастеризирани и измешани со алкохол и екстракт од ароматични билки.

Учесниците по излегување од работилницата ќе добијат две шишиња со „драгоцената“ течност и три рецепти за коктели.

Цената на овој кус курс за правење коктел од солзи, за кој веќе нема слободни места, е 25 фунти (34 евра).

Имајќи го предвид огромниот интерес за работилницата, „Бомпас анд Пар“ најави дека наскоро ќе оддржи уште неколку курсеви.

УРНЕБЕСНО ВИДЕО: Претседателот на Хелсиншки остана без панталони додека се сликаше со Хрватската претседателка!

cicak_hrvatska_pantaloni-

Во националната универзитетска библиотека каде што се одржувало свечено доделување на награди на Хрватскиот Хелсиншки комитет по повод на Меѓународниот ден на човековите права, се случи урнебесен инцидент.

По доделувањето на наградите следуваше традиционално заедничко фотографирање со главните гости и добитниците на наградите, а во таа прилика се случи урнебесен инцидент.

Имено, претседателот на Хелсиншкиот комитет Иван Звонимир Чичак остана без панталоните, кои најверојатно не му беа доволно стегнати и тоа пред Хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ, но и пред целата јавност.
Најсмешен е моментот кога тој дознава што му се случило, откако неколку моменти воопшто не беше свесен зошто луѓето му се смеат.

Погледнете го урнебесното видео:

Осум непријатели на рамниот стомак

ramen-stomak-111-650x396

Сакате новата сезона да ја дочекате во топ форма? Посебно со рамен, затегнат стомак? Тогаш треба овие осум непријатели да ги држите што е можно подалеку. И секако, без интензивно вежбање овој режим на исхрана нема да има никакво дејство…

Засладувачи

Позната замена за шеќерот по хемиски состав е алкохолот, но е изведена од молекулата на шеќерот. Во засладувачи спаѓаат сорбитол, манитол и други, што често може да ги најдете во голем број колачи, посебно во мафини. Со оглед на тоа што вашиот дигестивен тракт неможе да ги апсорбира тие не ви се најдобри пријатели и може да предизвикаат гасови, подуеност и дијареја.

Газирани пијалаци

Газираните пијалаци миже да го наполнат вашиот стомак со воздух па ќе се чувствувате подуено. Наместо газирани пијалаци, пијте вода или пијалаци без калории што се богати со антиоксиданси.

Свежа храна

Одредена свежа храна можа да биде прилично тешка за варење затоа што може да доведе до дување на стомакот. Три варени моркови имаат еднаква доза хранливи состојки како три свежи, но мошне побрзо и подобро се варат. Затоа добро е да конзумирате варена храна или мала доза свежа.

Лута храна

Храната зачинета со црн бибер, чили, лук, сенф, рен и каранфил може да стимулира ослободување кислеини во стомакот што доведува често до иритација.

Претерано внесување на јаглен –хидрати

Белото брашно, бананите и тестенините се полни гликогени и не се најдобри пријатели на вашиот стомак затоа што еден грам гликогени таложи 3 грама вода. Доколку утре не трчате маратон немате потреба да внесувате толку многу јаглен – хидрати. Умерено.

Гуми за џвакање

Можеби се добри за здивот, но зарем незнаете дека гумите за џвакање може да предизвикаат повраќање? Кога џвакате вие голтате воздух, а тој воздух се гуши во дигестивниот тракт што може да предизвика повраќање.

Пржена храна

Обожавате помфрит, а и крофни? Епа сега е крајно време да им кажете „Збогум“. Пржената храна потешко се вари и предизвикува да се чувствувате тромаво и подуено. Време е да се соочите со вистината: пржената храна е храна убиец.

Производи што предизвикуваат гасови

Некои производи просто предизвикуваат повеќе гасови од другите и го иритираат вашиот дигестивен тракт. Меѓу нив се пиперките, зелката, лукот, брокулата, карфиолот и цитрусното овошје.

ФОТО: Дали е ова српската Анџелина Џоли?

marijalazic-625x396

Атрактивната ТВ водителка од Србија, Марија Лазиќ, не ретко ја споредуваат со холивудската актерка Анџелина Џоли.

Секси водителката веќе некое време е мета на медиумите и обожавателите, а на својот Инстаграм профил споделива фотографии на кои неодоливо потсетува на славната Џоли во младите денови – особено поради темната коса, големите усни и виткото тело.

Се шушка дека српската водителка ги зголемила градите и усните, но таа се уште не го потврдила тоа. Има бројни машки обожаватели, но таа веќе седум години е со истото момче.

Марија е прогласена за една од најзгодните ТВ водителки во регионот, води забавна емисија, а исто таа работи и како новинарка во магазинот „Свет“.

marija1

marija2

marija3

marija5

Од први јануари, канцеларии на МЗШВ во Кривогаштани

Од први јануари 2016 година ќе профукнкционира канцеларијата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Кривогаштани за земјоделците од овој крај побрзо да ги решаваат проблемите, најави заменик-министерот Ванчо Костадиновски на попладневната средба со земјоделците во Кривогаштани.

vane-kostadinovski-press

– На барање на земјоделците, од 1-ви јануари ќе биде отворена Подрачната единица на Министерството за земјоделство во Кривогаштани. Целта е побрзо да им се излезе во пресрет, за издавање евидентни листови за тутунарите, но и за другите потреби, порача Костадиновски.
Информира и дека откупот на тутунот се одвива во најдобар ред, а проценката е реална.
– Почнатиот откуп на тутунот ни дава за право да сметаме дека има реална процена на тутунот и од Владата останува ветената субвенција. Во изминатите години за тутунарите од Кривогаштанско се исплатени преку 3,5 милиони евра, а годинава ќе бидат исплатени околу 50 милиони евра. На ниво на Македонија за сите тутунари има субвенции од 23 милиони евра зашто реколтата се проценува на околу 23 000 тони, рече Костадиновски.
На барање на земјоделците од селото Славеј за користење под закуп државно земјоделско земјиште, од ова село досега до Министерството аплицирале 90 земјоделци кои ќе склучат и договори. – Јавниот повик е во завршна фаза. Апликантите ќе склучат договори за користење земјоделското земјиште и ќе може да бидат корисници на Програмата за рурален развој, истакна Костадиновски.
– Во речиси 10 години откако е ВМРО-ДПМНЕ на власт, за македонските земјоделци се исплатени околу 700 милиони евра субвенции. Државата ги поддржува земјоделците и во инфраструктурата, за предавање на родот во преработувачките капацитети и во подобрувањето на нивниот животен стандард, подвлече заменик-министерот.

За успех во животот ви е потребна само една особина

Ако тежнеете за успех во животот, било на професионален или приватен план, доволно е да поседувате само една особина – совесност. Доколку веќе ја имате, тогаш само потрудете се и избрусете ја до крај.

Со совесноста психолозите не поврзале ниту една негативна лична карактеристика, додека позитивните особини кои ги опфаќа се организираност, посветенот, уредност и систематичност.

Со други зборови, да се биде совесен значи да се биде темелен и внимателен, а истовремено да се вклучува и желбата за завршување на задачите.

Ова е се манифестира низ веќе споменатите карактеристики, а подразбира дисциплина, внимателност, промисленост, способност за организирање и амбиција.

Психолозите велат дека баш кај совесните луѓе најдобро може да се предвиде деловниот успех. Но, не се работи само за работата – децата кои се совесни имаат подобри оцени на училиште и фаултет, помалку се иновативни кога е криминалот во прашање и подолго се во брак. Освен тоа, живеат подолго, имаат понизок крвен притисок и помала веројатност да се разболат од Алцхајмерова болест.

ФОТО: Добила отказ дека е „предебела“, па слатко се одмаздила!

Контроверзната балерина Анастасија Воичкова, последните години медиумското внимание го привлекува со скандали, наместо со уметничкото достигнување.

Балерината е активна на Инстаграм каде ја следат голем број фанови, но изгледа дека сите немаат убаво мислење за неа, особено кога некои од нив сметаат дека нејзината глава изгледа двојно помала во однос на големите гради.

Анастасија пред две години го обвини директорот Анатолиј Иксанов дека Бољшој театарот го претворил во бордел, каде балерините се под постојана закана дека ќе добијат отказ, ако не спијат со богати клиенти.

Во 2003 година, таа доби отказ со објаснување дека е предебела, а минатата година беше повторно актуелна во медиумите, откако нејзиниот 7 години постар сопруг заврши во болница, по жешкиот секс со неа.

Балерината поведе судски спор против театарот, кој го доби откако докажа дека додека била вработена во театарот тежела само 47, 5 килограми. И не само тоа, Воичкова се врати на старото работно место и повторно започнаа шпекулации дека првично добила отказ, поради нејзината висина од 170 сантиметри.

Откако се вратила на работното место таа истанала дека често пати морала да оди на вечери со богати мажи, но дека не прифатила да има сексуални односи со нив, па поради тоа и не била дел од турнеите на Бољшој театарот.

Тикет на денот – 09.12.2015

Tiket_09122015

Рома – Бате Борисов 1

Олимпијакос – Арсенал 2

Валенсија – Лион 1

Динамо Киев – Макаби Тел Авив 1

Динамо Загреб – Баерн Минген 2