дома блог страница 4988

ФОТО – Рајски мир и божја убавина, манастир Св. Илија во с. Дрен

DSC_0082

На околу 30 км од Прилеп, движејќи се по патот Прилеп-Градско, се скршнува кај с. Беловодица и преку селата Царевиќ и Смолани, се пристигнува во една волшебна рајска убавина, до манастирот посветен на Св. Илија во с. Дрен.

DSC_0034

DSC_0026

DSC_0033

Низ предели исполнети со зеленило, шаренило, мир и тишина, низ прегратки на дебела дабова шума, се доаѓа до ова здание кое ни имагинација и магија не би го создале сами од себе.

DSC_0118

DSC_0089

DSC_0099

А таму ќе ве пречекаат шарени пауни, рајски птици, носители на мир, бели гулаби, многу цвеќе и одлична уреденост и чистота.

DSC_0124

DSC_0121

DSC_0122

Она што оди во прилог на целосно опуштање и заборав на сите проблеми, е тоа што нема мобилна мрежа, но има повеќе од доволно што да се види и доживее.
Љубовта кон бога и веројатно силата која им ја подарил светиот пророк Илија, се нештата кои помогнале на сите добронамерници да го изградат ова што постои и плени сечие око.
Водата од манастирската чешма е мевлем и лек за душа, силна, бистра и студена.

DSC_0125

DSC_0127

DSC_0131

Манастирските конаци се опремени со нови постелнини, собите редовно се одржуваат, чистат и средуваат.

DSC_0137

DSC_0138

DSC_0146

DSC_0152

Природата е голем инспиратор на ова место и секоја година собира уметници од сите краеви на светот, кои на платно ги изработуваат своите дела, пренесуваат дел од оваа убавина, носат дел од овој спокој вечно во себе, спокој кој вечно ќе ги тера повторно да се вратат. Дренската уметничка колонија се одржува секоја година во јули месец, под покровителство на центарот за култура Марко Цепенков од Прилеп.

DSC_0151

DSC_0172

DSC_0173

Oваа малку позната бајка се потрудивме да ви ја доловиме на што поавтентичен начин и веруваме дека ќе натераме многумина од вас да го посетат ова рајско гнездо, да пренесат емоции и воздишки.

Фото – Даниел Бошкоски

Подготви: Александар Георгиоски

Светиниколски турнир во мал фудбал, распоред за денес 14.12.2015г.

1

РАСПОРЕД ЗА ПОНЕДЕЛНИК 14.12.2015
17.00 ТЕА АНДРЕА-МАКЕДОНСКА ФАЛАНГА
17.50 МИТЕ ТРАНС-МЕРМЕРЕН КОМБИНАТ
18.40 ЗОРО КОМПАНИ-ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ
19.30 ЦРНА РЕКА-НВО РОМСКА СОЛЗА
20.20 ЦРНА РЕКА-ПЕРПЕТУМ МОБИЛЕ
21.10 КАБЕЛНЕТ-ИНФИНИТИ

РЕЗУЛТАТИ ОД НЕДЕЛА 13.12.2015

ТОБАКО ДИСКОНТ-ОРАНЈЕ ГРОЕП 4-1
КОМФИ АНГЕЛ-НВО РОМСКА СОЛЗА 9-0
КОМФИ АНГЕЛ-БУЧИН 5-3
ЗЛАТНО ЗРНО-БОЕМИ КРУМЧЕ 1-3
ЗЛАТНО ЗРНО-ЛАСТРАДА 1-2
СТП АВТОКОНТРОЛ-ПИТУ ГУЛИ 2-1
МИСТЕР АЈ-НАЈС ТЕКСТИЛ МАТАДОР 1-1(2-3пенали)
МИТЕ ТРАНС-ГАШТАН СИТИ 5-2
МАЈМУНИ-ДУКАТ 2-2(3-2 пенали)

ВИДЕО: Еве како да ја одмрзнете шофершајбната за само 60 секунди

Доколку некој најмногу ја мрази зимата и снегот, тоа се возачите, особено оние кои во раните утрински часови пред да одат на работа мораат да го одмрзнуваат ветробранското стакло и да го чистат од снег.

staklo-640x320

Доколку досега ја гребевте шофершајбната или ја полевавте со топла вода, не мора повеќе тоа да го правите. Постои поедноставен трик за да се ослободите од ледот, без да фрлате пари за скапи спрејови.

Сé што ви треба е кујнска сол, вода и стар пешкир, кој ќе го натопите во смесата и ќе постелете преку ветробранското стакло да стои преку ноќ.

Од друга страна, наутро можете само да помешате сол и вода и да ја ставите течноста во распрскувач, така нанесувајќи ја на стаклото. Но при користење на овие варијанти внимавајте бидејќи солта може да го надразни и металот на автомобилот.

Покорисна и попрепорачана варијанта е смеса од три капачиња оцет и едно капаче вода. Исто така се нанесува со распрскувач, превентивно, пред утрото.

Бонус: Земете прскалка во која ќе има 2/3 алкохол, 1/3 вода и една лажичка сјај за садови. Погледнете го видеото и научете како да го решите овој проблем во една минута.

Прсти да излижете: Тестенини во сос од маслинки

spageti

Ако сте љубител на тестенините ова е вистинскиот избор за вас. Денес подгответе нешто вкусно, лесно и едноставно…

За ова јадење ви се потребни 500 грама фусили (макарони, шпагети), 200-300 грама маслинки (исечкани), 1-2 главици кромид, 3-4 чешниња лук, 1-2 лаврови ливчиња, 500 мл доматен сос, малку свеж магдонос (ситно исечкан), 1/2 кафена лажичка нане, малку морско оревче, 1/2 супена лажица шеќер, 50-70 мл масло за готвење, малку сол (по вкус) и малку црн пипер (по вкус).

Начин на подготовка

Едно пакување шарени, а може и обични макарони се варат според упатството што е дадено на нив и се оставаат уште 10 минути во истата вода за убаво да набабрат. Потоа се цедат. На маслото се пржи сечканиот кромид и се додава лукот. Кога е убаво стаклено испржен, се додаваат сечканите маслинки и пак на умерен оган се пропржува. Се додаваат доматното пире, магдоносот, нането, црниот пипер, морското оревче, лавровите ливчиња и сѐ убаво се запржува. На крајот се додава шеќерот, се промешува и се трга од оган. На исцедените макарони полеваме од сосот и послужуваме. Може над нив да се изренда и сирење.

ФОТО: Руски ловец ја застрелал најголемата дива свиња на светот!

Пред само неколку дена, 36-годишниот Русин Петер Максимов го доживеал најсреќниот ден во својата ловечка кариера.

diva-svinja-640x291

Имено, во ледените шуми на Урал, Петер поставил стапица за дива свиња, но не ни сонувал дека ќе намами вистински ѕвер тежок повеќе од половина тон!

Иако ја застрелал свињата неколку пати, тоа не било доволно, бидејќи побегнала длабоко во шума. Сепак, следејќи ја крвавата трага, Петер неколку километри подалеку го нашол ранетото животно и имал што да види…

Руски воен брод пратил предупредувачки истрели кон турски во Егејот

rusija-1-650x310

Руски воен брод испукал предупредувачки истрели кон еден турски рибарски брод во Егејското море, во обид да се избегне судар меѓу двата брода, потврди денеска официјална Москва.

Во соопштението на руското Министерство за одбрана се вели дека турскиот брод се приближил на само 600 метри до рускиот брод, пред да бидат испукани предупредувачки истрели по што рибарскиот брод почнал забрзано да се одалечува.

Воениот претставник на Турција во Москва, бил повикан во руското Министерзтво за надворешни работи, за да му се изрази протест поради инцидентот.

Односоте меѓу Русија и Турција продолжуваат да бидат тензични, по соборувањето на рускиот „Сухој-24“ од турски воен авион, во пограничната зона на сириско-турската граница.

Москва тврди дека авионот бил соборен над сириската територија и бараат извинување од Анкара, додека турската страна одбива да го стори тоа, затоа што инсистира дека рускиот авион бил 17 секунди над турската територија.

НЕ ПРОПУШТАЈТЕ: На небото вечерва преубав метеорски дожд

Вечерва еден од најубавите метеорски дождови годинава ќе го достигне својот примат, а за посматрање на овој спектакл е потребно само ведро небо и нешто помало светлосно загадување.

 

meteorski-dozd640-640x358

Геминиди се познати по исклучително сјајни метеори, а би требало да осветлувата и во понеделник.

Стрпливите набљудувачи може да очекуваат до 100 метеори на час, според досеганшните прогнози.

 

Светиниколски турнир, распоред на натпревари и резултати

1

Денес ќе се одиграат следините натпревари :

2

Резултати од вчерашниот ден:

12 13 14 15 16 17

 

Ноќен живот Прилеп : Virus & Take Five – 12.12.2015

[Best_Wordpress_Gallery id=”96″ gal_title=”Ноќен Живот – Virus & Take Five – 12.12.2015″]

ЗАПОЧНА НОВОГОДИШНОТО УКРАСУВАЊЕ НА ОПШТИНАТА

krivogastani

Општина Кривогаштани ја зафати новогодишната еуфорија со што започна украсувањето на централните подрачја во општината. Ќе се постават новогодишни елки на повеќе локации, различни украси и светилки на најфреквентните места. Оваа година општина Кривогаштани повторно работи на организиран дочек на новата година во центарот на Кривогаштани, каде граѓаните ќе ги забавува Спасен Силјаноски и Некст Тајм а со свои точки ќе се претстават и најмладите од двете основни училишта во општината.