дома блог страница 4984

Албанија им забранува на луѓето со криминални досиеја да заземаат државни функции

Албанскиот Парламент едногласно го одобри законот, со кој на лица со криминални досиеја им се забранува да заземаат државни функции или други должности во владините служби.

albanski-parlament

Сите 131 пратеник, кои вчера присуствуваа на гласањето, го поддржаа проектот, а деветмина беа отсутни.

Новиот закон на лицата, кои имаат криминални досиеја, а кои заземаат такви функции им дава рок од три месеци да ја напуштат работата.

Со законот се вклучени вработените во полицијата и тајните служби, но не и воениот персонал и службениците со понизок ранг.

 

СООПШТЕНИЕ

Avtobus

Јавниот Градски Превоз при ЈП за ПУП на сите граѓани од православна вероисповед им го честита верскиот празник “Св.Никола”, патрон на град Прилеп.

Воедно ги информираме граѓаните дека:
Автобусите на Јавниот Градски Превоз на ден 19.12.2015г (Сабота) ќе сообрајќаат по вонредната неделна линија.

Од 06:30 од х.Салида,
До 14:30 од Нови Гробишта.
Со зголемен број на автобуси.

Со почит

Јавeн Градски Превоз – Прилеп

6-та победа во низа за РК Прилеп

1

И на четири кола пред крајот на основниот дел од сезоната, целта е остварена, обезбеден е плејоф. Повторно во Прилеп на пролет ќе ги гледаме големите Вардар и Металург.

4

3

2

Проверете дали ќе ве прогласеле за вештерка во 1692.

3333333

Во седумнаесетиот век не било потребно многу за некој да биде обвинет за „соработка со ѓаволот“, особено ако тоа била жена.

Во 1692. година во американската сојузна држава Масачусетс, дваесет и пет лица биле осудени и погубени поради вештерство, додека стотина биле фрлени во самица, каде и умреле.

Францускиот магазин „Терафемин“ објави десет критериуми според кои судиите од тоа доба раководеле и некого прогласувале за вештер и соработник на сатаната.

Доволно било да сте жена и веќе сте сомнителни. Меѓу обвинетите во Салем, Масачусетс имало и мажи, но далеку побројни биле жените.

На удар биле како младите девојки, така и стариците. Најмладата личност обвинета дека е вештерка имала само четири години, а најстарата, 71.

Не чинело да сте премногу сиромашни, односно да не можете самите да се издржувате, но ниту да сте богати.

Сара Гуд, мајката на четиригодишнто девојче била пријавена од страна на нејзините соседи бидејќи често тропала на нивната врата, молејќи за храна. Таа во 1692. година е обесена под обвинение дека е вештерка.

Финансиски независните жени исто така биле сомнителни.

За вештерки ги прогласувале и тврдоглавите жени „без влакна на јазикот“, кои сами носеле одлука без да се консултираат со мажот.

Ако жената има многу деца, се зборувало дека не е нормално да се биде толку плоден, а ако не можела да има деца, тоа било знак дека станува збор за вештерка.

Група жени без придружба на маж веднаш би била осомничена дека склопува пакт со ѓаволот, како и лошите домаќинки во чиј дом би се пронашле расипани млечни производи.

 

ШОКАНТНО ВИДЕО: Полицаец во Хрватска апси бабичка која поминала на црвено

1111

Ова видео ја потресе Хрватска, но и целиот Балкан, коментарите на социјалните мрежи се негативни и со осуда кон полицаецот, а и го поставуваат прашањето дали ова го пропагира полицијата во ЕУ?

Полицаецот со употреба на прекумерна сила апси постарата жена како да е најголем криминалец.

Оваа женичка преминала на црвено на пешачки, а откако одбила да застане на повикот од полицаецот, тој ја вклучува камерата и го снима целото апсење.

Видеото е со вознемирувачка содржина:

Прилепскиот тенор Илија Белистојаноски одново се закити со прва награда

12321146_1678342172438124_8744387648300352592_n

На натпреварот “Лазар Јовановиќ “, кој се одржа во Белград за оперски изведувачи, нашиот Илија повторно не израдува со прва награда од стручно жири. Битно е да се напомени тоа дека во тоа жири беше и Дуња Симиќ, позната оперска дива која има настапувано на сцените во Франкфуст, Дортмунд, Бремен, Базел, Линц и во други познати оперски куќи. Настапите на Илија на 12ти и 13ти декември во категорија на професионалци, одново ја потврдија врвноста на неговиот глас и можноста за уште поголеми успеси во иднина. Инаку малдиот тенот имаше успешни настапи на концертите за студенти од факултетите за музичка уметност во Скопје и Штип, поточно на концертот “Коста Трпков” заедно со оркестарот на МОБ. Надареноста и техниката на изведувањето на тенорот Белистојаноски не остана незабележана од страна на дирекцијата на МОБ, која во мај 2015 г., уште како студент, го повика да настапи на отворањето на “Мајските Оперски Вечери” 2015 во улогата на Малколм во „Макбет“.

Претходно Илија Белистојаноски се врати и со прва награда од Софија, Бугарија, каде на натпреварот “Руска романсијада” исто така ги освои симпатиите на тамошното стручно жири.

Му посакуваме уште многу вакви успеси во иднина !

 

Сјаен викенд за Џудо Клуб Прoлeтер – Прилеп

10653998_10208524383656727_668021806_n

На 13.12.15 (недела) во Прилеп се одржа Државното eкипно pрвенство во Џудо. Екипата на Пролетер совладуваќи ги Миоки од Скопје и Сеишен од Прилеп, стана Екипен шампион во Р. Македонија во сениорска конкуренција за 2015 година. Екипата беше составена само од членови на матичниот клуб, додека во другите екипи имаше и членови од Бугарската џудо рептрезентација, кои беа земени на позајмица за ова натпреварување. На сметка на тоа џудистите на Пролетер одлично си ја обработија својата работа и го оставија срцето на татамите. За приматот екипни прваци заслужни беа: Велески Никола 60кг, Ангелов Борче 66кг, Крагуески Бојан 66кг, Паноски Марко 73кг, Илиоски Младен 81кг, Стојаноски Владимир 81кг, Димитријоски Александар 90 кг.

12367078_10208524412657452_2100370591_n

12380011_10208524416377545_808163485_n

12395366_10208524390256892_1175843313_n

Истиот викенд додека сениорите се натпреваруваа во Прилеп, под раководство на искусниот селектор и тренер на Пролетер Димитријоски Славе во Софија, на меѓународниот турнир Олимпиа, можност имааа да настапат и најмладите џудисти кои во силната конкуренција од 400 натпреварувачи се вратија со 8 медали. Најуспешни беа Петрески Мартин до 27 кг и Кироваков Марко 30кг, при што во финалето ги совладаа противниците од Грција и Бугарија. Сребрени медали освоија Павлоски Михаил 30кг и Димеска Теодора до 44кг. За трето место (бронзен медал) најдобри беа Галески Тадеј 27кг, Самарџиоска Марио 48кг, Спиркоски Давид 42кг, Георгиоски Јордан 50 кг.

6

1

2

3

4

5

ПРИСЛУШУВАН РАЗГОВОР НА АРКАН И ЛЕГИЈА: Слушнете за што разговараат Аркан и Легија за време на најкрвавата војна на овие простори!

 

На интернет осамна аудио запис за кој се тврди дека е еден од пресретнатите разговори помеѓу Легија и Аркан. На снимката се слуша како Легија од Аркан бара хеликоптер за да може со својата единица да се врати во Белград, но Аркан не може, како што вели да ги лоцира “гадовите”. Потоа, Легија се жали како во Босна сите биле “воени профитери” и дека ништо не можат да направат.

Слушнете:

 

Прилеп се подготвува за одбележување на празникот Св. Никола

1

Општина Прилеп и Тутунскиот комбинат се подготвуваат, по 10 јубилеен пат, на 19 декември да го одбележат патрониот празник на градот, „Свети Никола“.

2

4

На прес-конференција, градоначалникот Марјан Ристески и домаќините најавија дека на плоштадот „Александрија“ односно на булеварот „Гоце Делчев“ оваа сабота ќе бидат поставени масите и пунктовите со богатата посна светиниколска храна која веќе ја подготвуваат традиционално женските здруженија и организации од невладиниот сектор, а присутните ќе можат да уживаат и во убавата културно-забавна програма која ќе се одвива на камената бина.

3

Гостите и добронамерниците ќе можат да вкусат 60.000 посни сарми, 300 килограми грав, 300 килограми риби и да се напијат вино, ракија и други пијалоци подготвени од страна на домакините – Тутунскиот комбинат.

5

Програмата за Свети Никола ќе започне со литургија во црквата „Св.Благовештение“, а потоа следи литија каде сите верници заедно со градоначалникот и домаќините ќе се упатат до центарот на градот пред параклисот на „Св. Никола“, потоа следи водоосветување и прережување на празничниот колач пред Параклисот на „Св. Никола“ во центарот на градот и крајот е предвиден за Празничен ручек со културно-уметничка програма на плоштад „Александрија“.

6

Во чест на празникот започна и турнир во мал фудбал, а ќе биде отворена и изложбата „Уметниците во чест на Св.Никола“. Се очекува и оваа година убавата празнична прослава на денот на светецот Св. Никола кој воедно е и светец заштиник на градот Прилеп да донесе голема посетеност на патници добронамерници од целиот регион.

Светиниколски турнир во мал фудбал, распоред на натпревари Четврток 17.12.2015г.

 

РАСПОРЕД ЗА ЧЕТВРТОК 17.12.2015

  • 17.00 ПЕРПЕТУМ МОБИЛЕ-НВО РОМСКА СОЛЗА
  • 17.50 ДЕНИ МЕБЕЛ-МАКЕДОНСКА ФАЛАНГА
  • 18.40 ЗОРО КОМПАНИ-МАЈМУНИ
  • 19.30 МИСТЕР АЈ-ФОНДАЦИЈА Г.А.
  • 20.20 МИСТЕР АЈ-БУТИК ЕМПАЕР СЛАТКАРНИЦА ШАР КАСНИ ПОРАСН
  • 21.10 СТП АВТОКОНТРОЛ-ПЕКАРА АНТОМОС

РЕЗУЛТАТИ ОД СРЕДА 16.12.2015

  • ПИТУ ГУЛИ-ПЕКАРА АНТОМОС 2-1
  • ТОБАКО ДИСКОНТ-МАКЕДОНСКА ФАЛАНГА 6-0
  • ОРАНЈЕ ГРОЕП-ТЕА АНДРЕА 0-3
  • ЦРНА РЕКА-БУЧИН 4-0
  • ЦРНА РЕКА-КОМФИ АНГЕЛ 2-3
  • КОМФИ АНГЕЛ-ПЕРПЕТУМ МОБИЛЕ 5-0