дома блог страница 4983

Турнирот за Св. Никола во полн ек

1

Со слоганот „Сите зедно во борба против аутизмот“ во полн ек, се одвива Светиниколскиот турнир во мал фудбал. Трибините се полни од страна на навивачите кои храбро ги бодрат своите екипи. Денеска на распоред се екипите на :
16.30 ЛАСТРАДА-БОЕМИ КРУМЧЕ
17.20 АИРКОН-ПИТУ ГУЛИ
18.10 ТОБАКО ДИСКОНТ-ТЕА АНДРЕА
РЕЗУЛТАТИ ОД СРЕДА 16.12.2015

ПИТУ ГУЛИ-ПЕКАРА АНТОМОС 2-1
ТОБАКО ДИСКОНТ-МАКЕДОНСКА ФАЛАНГА 6-0
ОРАНЈЕ ГРОЕП-ТЕА АНДРЕА 0-3
ЦРНА РЕКА-БУЧИН 4-0
ЦРНА РЕКА-КОМФИ АНГЕЛ 2-3
КОМФИ АНГЕЛ-ПЕРПЕТУМ МОБИЛЕ 5-0

2

НАСА предвидува: Ни доаѓа астероид, многу поголем отколку што очекувавме

Астероидот „SD220 2003“ претставува потенцијална опасност за нашата планета, јави НАСА.

asteroid-zemja

Астероидот ќе помине на оддалеченост од 10,7 милиони километри од Земјата.

Директен судир на џиновскиот астероид би бил доволен да уништи цел континент на Земјата.

Астероидот има дијаметар од два и пол километра, што е многу повеќе од тоа што се претпоставуваше.

Овој монструм ако удри во Земјата, ќе го избрише животот на неа.

Но без паника, ова е еден од седумнаесетте астероиди кои НАСА веќе подолго време ги набљудува.

Како што пренесе Експрес, астероидот ќе прелета на Божиќ 25 декември.

Ноќен живот Прилеп : Virus – 18.12.2015

[Best_Wordpress_Gallery id=”99″ gal_title=”Virus 18.12.2015″]

Среќен именден Никола, Коле, Нина, Николина

Денеска е Св. Николај Чудотворец архиепископ Мирликиски.

sveti-nikola1

Именден празнуваат: Никола, Нино, Николина, Коле, Кула, Нина…

Свети Никола се роди во Патара, во малоазиската област Ликија, во третиот век. Уште од малечок се одликуваше со посебна чистота на душата и предаденост на Бога. Подоцна, во зрелата возраст, посака да стане монах, но Бог самиот, во едно видение, го упати да се врати во светот и така да им служи на луѓето. На чудесен начин беше избран за архиепископ на главниот град на Ликија, Мира. За време на гонењето на христијаните при Диоклецијан, беше ставен во затвор. Подоцна учествуваше на Првиот вселенски собор, во 325 година. Блажено се упокои во 342 година, во длабока старост. Беше најблаг пастир, голем чудотворец и помошник во секакви неволји. Неговите нетлени мошти беа пренесени од Мира во Бари во единаесеттиот век. Таму се наоѓаат до денес.

(ВИДЕО) Невестава распали со пиштолите на свадбата

61472_mlada_iff-1

Чудниот обичај кој никогаш не умира во српската традиција е пукањето од пиштол на свадба. Сепак, оваа веселба на некој начин е сосема нетипична, затоа што на неа на свадбата главен револвераш е младата.

За пукање од пиштол или евентуално гаѓање на јаболко обично е задолжен младоженецот.
Но, сепак пред два дена на YouTube е објавен видео клип од чудна свадба, што се одржа во Србија.

Научете да сакате, дарувате, помагате. Маркукуле.мк ви посакува честит и вековит празник Св. Никола

12121

Свети Никола или Свети Николај Чудотворец, архиепископ Мирликиски, е еден од најголемите христијански празници, кој се празнува секоја година на 19ти декември, според новиот календар. Од неговиот живот и дело учиме да бидеме дарежливи, да помагаме, да почитуваме и сакаме. Љубовта кон Бог, исцелителната моќ која ја поседувал, како и чудата кои ги правел во името на Бога, го издигнуваат неговото дело како најпочитуван светец од Православната христијанска црква, но е почитуван и од Католичката црква, како и од муслиманите.
Свети Никола е најчестата слава во Република Македонија, илјадници домови оваа вечер со вкусна посна трпеза, ќе пречекаат многу гости, ќе се помолат, ќе побараат негова наклонетост и заштита, за нив и најблиските.
Неговото име посебно се почитува од Прилепчани. Прилеп го има Св. Никола како заштитник на градот. Секоја година градот прима илјадници гости за овој ден, а традиционално во центарот на градот на 19ти декември се послужуваат вкусни посни сармички, грав, риба, вино и ракија.
Нашиот портал маркукуле.мк, на сите православни христијани, пред се на оние кои го имаат Св. Никола како свој куќен заштитник им посакува прекрасно помината вечер, многу љубов, добро расположение, бериќет и благодет. На сите оние пак кои го носат името Никола, Коле, Нина…., им посакуваме честито и вековито име.
Нека Светецот Никола биде со сите нас, да се наслониме и помолиме за неговата љубов, да побараме благослов, вечно да го славиме неговото име, неговото дело и да научиме да се сакаме, почитуваме и помагаме.
НЕКА Е ЗА МНОГУ ГОДИНИ И НАПОМОШ !

ФОТО – Прилеп изгледа прекрасно во ноќтта

IMG_8401

Општина Прилеп го украси градот поставувајќи одреден број на украси на плоштадот и на Булеварот. Украсено е централното градско подрачје односно плоштадот „Mетодија Aндонов – Ченто“, Булеварот „Гоце Делчев“, плоштадот „Aлександрија“, општинската зграда и фонтаните. Тука е новогодишната елка и различен број на светлечки украси како порти, бастунчина, мразулци, елки, банери со апликации и слично. Од украсите можe да се споменат кочијата со коњите , санката со елените, ѕвончината, шаторчината, мечето, Дедо Мраз…

IMG_8427

IMG_8409

IMG_8416

IMG_8419

IMG_8423

Украсите кои се поставуваат се осмислени и изработени од локалната самоуправа со што се има поголема заштеда на средства од причина што готовите изработени украси се десеткратно поскапи од оние кои сами ги изработуваме. Исто така при набавката на новите материјали се водеше сметка да истите бидат енергетски штедливи и новите светлечки црева и ламбички кое се набавени се со лед диоди и трошат малку електрична енергија.

IMG_8522

IMG_8431

IMG_8433

IMG_8442

IMG_8454

IMG_8470

IMG_8478

IMG_8491 IMG_8496

IMG_8502

 

Градоначалникот Ристески го честита празникот “Св. Никола”

Повеќе граѓани, почитувачи на традицијата, денеска го посетија параклисот на „Св. Никола“ во населбата Жабино Маало по повод празникот Св. Никола. Градоначалникот Ристески на овој собир, го честита празникот:

На сите православни верници им упатувам искрени честитки по повод празникот „Св. Никола“,  посакувам  мигови на разбирање, љубов, надеж  и бериќет во секој дом. Господ да не поведе во радоста на празникот и во љубовта кон верата, посочи градоначалникот Ристески во својата изјава.

Нека е за многу години големиот празник !

Градоначалникот Ристески по повод празникот беше присутен и на Светата Божествена литургија во храмот „Св.Благовештение“. 

[Best_Wordpress_Gallery id=”98″ gal_title=”Sv.Nikola 2015″]

Светиниколски турнир во мал фудбал, распоред на натпревари Петок 18.12.2015г.

 

 

РАСПОРЕД ЗА ПЕТОК 18.12.2015

  • 16.30 ЛАСТРАДА-БОЕМИ КРУМЧЕ
  • 17.20 АИРКОН-ПИТУ ГУЛИ
  • 18.10 ТОБАКО ДИСКОНТ-ТЕА АНДРЕА

РЕЗУЛТАТИ ОД ЧЕТВРТОК 17.12.2015

  • ПЕРПЕТУМ МОБИЛЕ-НВО РОМСКА СОЛЗА 5-4
  • ДЕНИ МЕБЕЛ-МАКЕДОНСКА ФАЛАНГА 7-0
  • ЗОРО КОМПАНИ-МАЈМУНИ 2-2
  • МИСТЕР АЈ-ФОНДАЦИЈА Г.А. 5-0
  • МИСТЕР АЈ-БУТИК ЕМОАЕР СЛАТКАРНИЦА ШАР 2-2(5-3 пенали)
  • СТП АВТОКОНТРОЛ-ПЕКАРА АНТОМОС 3-0
  • САБОТА 19.12.2015 Е СЛОБОДЕН ДЕН НА ТУРНИРОТ

НАТПРЕВАРИТЕ ПРОДОЛЖУВААТ ВО НЕДЕЛА 20.12.2015 СО ПОЧЕТОК ВО 16.00ч.

Чека сами да сфатите: Нeколку знаци што покажуваат дека тој не е среќен

nesrekjen-vrska-1-650x396

Конечно сте стасале дома по напорниот работен ден, но наместо да разговарате за тоа како сте го поминале денот, во вашиот дом владее молк?

Никој не сака да се кара, но расправата често и не е потребна за да сфатите дека нешто меѓу вас не е во ред. Ако не се карате со вашиот партнер, но и понатаму неможете да се решите од чувствата дека нешто не е во ред, обрнете внимание, овие четири знаци се најверодостојни показатели дека вашиот партнер не е среќен, но не сака да ви каже.

Предмети

Луѓето што придаваат поголема важност на предметите што ги поседуваат, помалку се сигурни во сопствените односи, а со такво однесување на некој начин се обидуваат да ја намалат осаменоста. Со други зборови, телевизорот може да ви послужи да откриете многу повеќе работи отколку што мислите!

Не ве слуша

Никој не сака да се расправа, затоа што има толку забавни работи што можете да ги правите заедно наместо тоа. Но, ниту една врска не е поштедена од тоа. Во здравата врска, тој ќе барем ќе сослуша што имате да му кажете и нема да ја изговори реченицата од типот: „Веќе разговаравме за тоа…“ Можеби ќе помислите дека така сака само да го скрати времето на расправијата, но најверојатно не го интересира што ве вознемирило.

Тишина

Конечно ста стигнале дома по напорниот работен ден, но наместо да поразговарате за тоа како сте го поминале денот, во вашиот дом завладеал молк. Прв пат кога тоа ќе се случи ќе мислите дека тишината е пријатна, но откако тоа ќе почне да се повторува неколку пати, повеќе нема да мислите така.

Не сака да проба нето ново со вас

Кога сте заедно, се правите по одреден шаблон: секогаш нарачувате храна, секогаш одите на исти места, разговарате за исти работи… Но, кога станува збор за неговите колеги и пријатели отворен е за нови опции. Иако има многу убави нешта и во познатите работи во врската во секоја врска треба да има место и за онаа добра стара реченица: „Ова можеби ќе ти звучи лудо, но можеби би можеле…“