дома блог страница 4982

Нов Универзитет ќе се отвора во Скопје

gruevski-medicinar-poseta64-640x549

Премиерот Никола Груевски денес најави отворање на нов државен универзитет „Мајка Тереза“ кој што ќе работи на три јазици и тоа на македонски, албански и англиски.

Универзитетот „Мајка Тереза“ ќе има 14 студиски програми и тоа за прв и втор циклус на студии, а предвидено е да започне да функционира од следната академска година.

-Денеска донесовме одлука да се отвори уште еден универзитет во Скопје кој ќе се вика „Мајка Тереза“ . Исиот ќе биде на три јазици, македонски, албански и на англиски јазик и ќе има сериозна интернационална димензија бидејќи ќе има и професори и студенти и Македонци и Албанци но и странци, изјави Груевски.

Премиерот истакна дека овој универзитет покрај интернационалноста и мутинационалноста ќе внесе еден нов квалитет во високото образование во Македонија.

Универзитетот ќе има 5 единици од кои најголем дел за технички науки. Станува збор за следните единици: факултет за градежништво и архитектура, факултет за технички и технолошки науки, факултет за информатички и факултет за социјални науки.

Министерството за образование и наука исто така предвидува да објави тендер за главен објект за новиот универзитет кој ќе биде лоциран во поранешната касарна Илинден.

ХАОС ВО ТЕТОВО: Летале молотови коктели, камења и јајца кон објектот на општината!

molotov_koktel-30ig2l777xa9ex3944zg1s

Група од 200 до 300 лица, претежно малолетници, по вчерашниот протест во Тетово, организиран од Здружението на граѓани „Еко герила“ под мотото „За почист воздух“, се собрале пред објектот на тетовската локална самоуправа и извикувајќи разни пароли, почнале да фрлаат јајца и помали камења, а во два наврата и запалени молотови коктели.

МВР информира дека молотовите коктели паднале на асфалтната површина пред општинскиот објект и оти нема повредени лица и не е предизвикана материјална штета. По половина час групата се разотишла.

По кратко време, во присуство на родител и претставник од Центарот за социјални работи, бил извршен разговор со 13-годишен малолетник поради постоење основи на сомнение дека учествувал во фрлањето на молотовите коктели и по разговорот бил пушен.

Синоќа околу 19,00 часот бил приведен М.Е.(33) од Тетово поради постоење основи на сомнение дека протестирајќи пред општинскиот објект во Тетово спречувал полициски службеник во вршење на службено дејствие, односно се обидел да му ја одземе камерата и му ја оштетил, а потоа го навредувал и му се заканувал. Со него е извршен разговор и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок, соопшти МВР.

Светиниколски турнир во мал фудбал, распоред на натпревари недела 20.12.2015г.

12366423_111077309264589_2071195705432030060_n

РАСПОРЕД ЗА НЕДЕЛА 20.12.2015
16.00 ГАШТАН СИТИ-МЕРМЕРЕН КОМБИНАТ
16.50 ДЕНИ МЕБЕЛ-ТОБАКО ДИСКОНТ
17.40 БУЧИН-НВО ,,РОМСКА СОЛЗА,,
18.30 ИНФИНИТИ-АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ
19.20 РЕВИЈАЛЕН НАТПРЕВАР
20.10 МИТЕ ТРАНС-ПОРТАЛ БИТОЛА
21.00 НАЈС ТЕКСТИЛ МАТАДОР-БУТИК ЕМПАЕР СЛАТКАРНИЦА ШАР

РЕЗУЛТАТИ ОД ПЕТОК 18.12.2015
ЛАСТРАДА-БОЕМИ КРУМЧЕ 3-2
АИРКОН -ПИТУ ГУЛИ 2-6
ТОБАКО ДИСКОНТ-ТЕА АНДРЕА 1-3

333333333

СИЛИКОНСКА УБАВИЦА СЕ МИЛУВАШЕ СО ЗМИЈА: Одеднаш питонот ја „зграпчил“! (ВИДЕО)

silikonska2

Оваа силиконска убавица посака да си поигра со питонот, но по се изгледа и животното не успеа да и одолее па и се „нафрли“.

Имено, станува збор за израелска старлета, која се милувала со змијата и се обидувала со јазикот да и го допре јазикот на змијата.

222

Во еден момент питонот и се „нафрли“ на нејзината града, но не е познато дали змијата била гладна за млеко или не можела да и одолее на нејзините тврди гради.

Бујната русокоса панично изреагирала и почнала да го влече питонот, а да не бил присутен сопственикот на змијата кој знае како ќе завршеше сето ова.

33333

Погледнете го видеото:

Ноќен живот Прилеп : Calypso – 19.12.2015

[Best_Wordpress_Gallery id=”101″ gal_title=”Calypso – 19.12.2015″]

Пресметајте: Уште колку време ќе живеете

Тимот на статичари и науници од Универзитетот во Пенсилванија по долги испитувања, создадоа 14 прашања чии одговори ќе ви откријат која доба од животот имате 75 отсот шанси да ја доживеете.

test-zivot6-640x480

Резултатите се темелат на податоци собирани од повеќе од 500.000 примероци во период од 10 години, а калкулаторот е дизајниран во соработка со Американското здружение на пензионери.

Прашањата може да ги одговорите овде.

Зимата официјално пристигнува во вторник, првот снег во средината на јануари

studen-bran-sneg

Зимата кај нас официјално почнува во вторник, на 22 декември, во 5 часот и 48 минути. Истиот ден на северната полутопка ќе биде најкраток за 2015 година, а на јужната полутопка пак, ќе биде најдолгиот ден и воедно прв летен ден, бидејќи таму започнува летото.

Во Македонија, првиот зимски ден ќе трае само 9 часа и 7 минути. Ноќта пак (22.12-23.12), ќе биде најдолга за 2015 година и ќе трае цели 14 часа и 53 минути. Веќе од средата (23.12), денот ќе почне да се зголемува за 2-3 минути дневно, се до 22 јуни 2016 година, кога ќе биде најдолг.
Зимата на северната полутопка е најкратко годишно време и трае околу 88 дена, 2-3 дена пократко од другите годишни времиња.

Според светските метеоролошки агенции се очекува оваа зима на Балканот и во Македонија да биде потопла од вообичаеното, со умерени врнежи кои ќе бидат помалку од снег, а повеќе од дожд.

Вистински снег во Македонија треба да се очекува кон средината на јануари и во февруари. Сепак, снежните врнежи нема да бидат обилни, а снежната покривка ќе биде краткотрајна, посебно во пониските предели. Во февруари и март можни се појави на силно невреме поради нагли промени на воздушната циркулација.

Зимата ќе заврши на 20 март 2016 година.

Хит видео: Баба пушела марихуана, не знаејќи дека е дрога

Баба Бејза Сулиќ 10 години одгледувала марихуана во село кај Брчко не знаејќи дека е дрога.

babica

Баба Бејза почнала да сади марихуана за време на војната мислејќи дека е домат. Имено, неа војниците на армијата на БиХ ја замолиле да им го наводнува „доматот“ кои тие го посадиле на дел од земјата околу артилерските позиции.

Секако, во прашање бил канабил кој бабата грижливо го одгледувала, но и пушела, наводно не знаејќи дека станува збор за растение кое официјално важи за наркотик.

-Јас го полевав, Не ни знаев што е. Ние жените страдавме, беше војна, секаде се пукаше. Потоа дојде милицијата, се искорна и запали, објаснува Бејза која ни тогаш не сфатила дека расте вид на наркотик.

Таа вели дека првпат запалила кога на војниците им го носела „доматот“.

-Така беше. Не би го уживала јас тоа да знаев дека е дрога. Не знаевме, друго време беше, вели бабата која не крие дека убаво си поминувала со војниците додека пушеле џоинти, но вели дека најпрво си обезбедувала залихи за себе, па дури потоа им носела на војниците.

-Јас си оставав за себе, па и ним им носев. Тие пушеа и ме прашуваа дали ќе им се придружам. Мене тоа не ми штетеше.. Убаво беште, но кој знаеше што е во прашање, раскажува Бејза и додава дека тоа време и останало во убаво сеќавање.

-Пролета..Само се смеевме и пеевме. Ете така беше. Добро што останав при памет…10 години беа така, пеев, се смеев и играв со нив, се исто како и тие. Добро е што останав жива, раскажува оваа Босанка.

Прошетка низ Прилеп за време на патронот на градот Св. Никола – 19.12.2015

[Best_Wordpress_Gallery id=”100″ gal_title=”SvNikola_19122015″]

Прилеп го слави празникот „Св. Никола“

1

Со повеќе активности денеска во Прилеп се прославува празникот Свети Никола, светецот заштитник на градот. Јубилејната десетта прослава почна изутрината со света божествена литургија во црквата „Свето Благовештение“, а во центарот на градот пред параклисот се осветуваше славскиот колач.

2

3

На булеварот „Гоце Дечлев“ за сите прилепчани и за гостите беше поставена традиционална посна трпеза. Годинашен домаќин на прославата е Прилепскиот тутунски комбинат кој на гостите им понуди трпеза со 70.000 посни сарми, по 350 килограми грав и риба и по 1.000 литри вино, ракија и други пијалаци.

6

7

Прилепчани се радосни, упатуваат благослови и велат, многу им значи прославата. Владиката Петар преку МПЦ упати и порака да се зближуваат луѓето.
„Пораката наша, пред се, е љубовта да завладее меѓу луѓето, и љубовта кон бога, верата да ја запазиме како што ја запазил и Свети Николај и добри дела да правиме, како што правел тој, порача владиката Петар.

4

Според прилепскиот градоначалник Марјан Ристески, Прилеп не случајно го избра Свети Никола за заштитник зашто повеќе од половината прилепчани го празнуваат како куќна слава. Откако Прилеп стави заштитник пред 10 години, оваа е јубилејна 10-та година, градот тргна напред, во секој поглед, вели Ристески.

5

Прилеп веќе го избра и новиот домаќин- грчката конфекција „Васидора“.
По 15 години постоење и придонесување во Прилеп, ова претставува голема чест да бидеме домаќини, за мене, мојата фамилија и мојата фирма, рече Јорго Василопулос, сопственик на „Васидора“.

Како дел од прославата на празникот Свети Никола синоќа во Центарот за култура „Марко Цепенков“ беа отворени изложби на икони и на ексклузивни експонати од Музејот за тутун.

8

9

10

11

12