дома блог страница 4978

Moто клубот “Sons of Thunder MC” организира настан, дружење со граѓаните

1212121

Sons of Thunder MC, моторџискиот клуб од Прилеп, во сабота 26.12.2015г., на плоштадот Александрија во центарот на градот, ќе одржат настан во форма на дружење со граѓаните и презентирање на мото културата пред нив.

Ќе има поставено штанд на кој ќе има топол чај за секој кој ќе присуствува и ќе се дружи со членовите на клубот, а на  најмладите посетители, членовите на клубот ќе им поделат подароци.

Ова е одлична можност за дружење со овие култни личности, луѓе кои уживаат во возењето и на кои виорот по асфалтот им е опсесија. Секако посетителите ќе имаат можност и да се фотографираат и да однесат вреден спомен со себе.

Инаку за оние кои не се запознати, клубот е формиран во октомври 2012 година, одделувајќи се од друг веќе постоечки клуб МC, во кој членуваа како огранок.

Бидете таму !

ВИДЕО: Како изгледа Дамаск по четири години војна?

damask-1-650x396

Населбата Џобар во Дамаск е еспицентар на најсилните воени дејствија во Сирија, а исламските бунтовници одбиваат да се откажат од контролата врз областа. Областа што некогаш била мошне густо населена сега е напуштена во целост, јавува „Раша Тудеј“.

Најголемиот дел од населението избегало од населбата што е под контрола на бунтовниците во источното предградие Гоута во Дамаск, а бробените дејствија речиси во целост ја разрушија населбата.

Пред конфликтот во Сирија што започна во 2011-тата, населбата имала околу 300.000 жители, а најголем дел од нив биле Сунити. Во предградието имало голем број културни одбележја, меѓу кои и Зелената Синагога, најстарата еврејска синагога во светот. Исто така, тука се наоѓа и Големата Џамија во Џобар, заедно со гробот на пророкот Елија. Во Џобар исто така има и повеќе стари бањи изградени во времето на Отоманите.

Сега ова предградие е само уште еден од спомениците за моменталните разорувања и страдањето на цивилното население за време на војната. Погледнете ја видео снимката.

ТWO OF A KIND, со прв музички сингл

12366367_531714990327561_8103031238282352644_n

Младата музичка група Two of a Kind, се наши дечки од Прилеп, кои функционираат од 2013 година заедно. Интересниот состав кој го имаат создадено Марио Ангелески (вокал) и Давид Јакимов (пијано), до сега изработуваше и изведуваше преработки на песни. Веќе излезе нивниот прв сингл насловен како Going crazy, чиј текст и музика се нивен личен производ, а продукцијата е на RickBeatZ од раперското дуо Tha Titanium. Се работи за интересна композиција која веруваме дека ќе ви се допадне и ќе ги привлече вашите симпатии за оваа музичка група. Ни кажаа уште, дека имаат напишано уште неколку песни, кои со нетрпение ќе ги очекуваме во блиска иднина.

2

Од нашиот веб портал ја имаат целосната поддршка во иднина, веруваме дека ќе прераснат во врвни музичари и дека ќе претставуваат одлично освежување на музичката сцена.

Сончево и релативно топло време

На повисоките места и во јужните делови од земјава сончево и релативно топло за овој период. По одделни котлини ќе биде магливо и претежно тивко со променлива видливост и посвежо. Кон крајот на денот ќе има појава на локална облачност и слаб ветер од северен правец.

soncevo-10-17068

Температурата ќе се движи од пет до 18 степени.

Во Скопје ќе биде сончево. Кон крајот на денот ќе има појава на локална облачност и слаб ветер од северен правец.

Температурата ќе достигне до шест степени.

Продолжува периодот на стабилно и суво време со појава на магла по котлините, особено во утринските и ноќните часови. Во петок ќе дува слаб, повремено умерен северен ветер.

На Игор Џамбазов му се слошило, заврши во болница

222222222

Поради влошена здравствена состојба одложен е концертот на Игор Џамбазов, соопшти на социјалните мрежи неговата пријателка и колешка Весна Петрушевска. Џамбазов, ккао што пишува Петрушевска, утрово повторно бил хоспитализран во клиниката „Филип Втори“.

Концертот кој требаше да се одржи на 26 декември е презакажан за 14 февруари.

„Тој инсистираше да ја тера приказната до крај, но ние како негови другари и семејство (Тони Михајловски,Тамара Тодевска, Александра Јоревска, Аце Трендафил, Ботиљка, маестро тато Александар Џамбазов , сестра мила од Америка Тања Џамбазова, едвај го убедивме да се одложи концертот упорно повторувајќи дека младите бендови многу вежбале и ќе се разочарале …..за оние кои купиле карти ќе важат за наредниот датум (14.02.2016),како и тоа дека сите купени билети може да се вратат онлајн или во Југотон со фискална сметка во следните 10 дена .

ЏАМБО ФЕСТИВАЛ ќе се одржи ,битката против турбофолкот продолжува .Само Игор да ни е жив и здрав. Ве поздравува, живее за аплаузот кој вие му го давате безрезервно. Ви благодарам на разбирањето. Од името на Игор и неговото семејство, пријателите“ напиша Петрушевска.

ВИДЕО: Овој тест секој мора да го знае – може да спасите живот!

Овој тест е во три фази и секој би требал да го знае, бидејќи можете некому да спасите живот благодарение на овој тест за мозочен удар.

Мозочен удар е нешто што им се случува на старите луѓе, но заради стресниот начин на живот и лошата исхрана, се почесто и млади луѓе стануваат жртви на мозочен удар.

Мозочниот удар настанува заради пореметување на циркулацијата во мозокот, заради што негови поединечни делови се недоволно снабдени со кислород и хранливи материи, па доаѓа до оштетување и изумирање на нервните клетки.

Пред да добиете мозочен удар немате предупредување.Но, понекогаш се јавуваат одредени пореметувања пред тој да се случи како отежнување на говорот, моториката на една рака или нога, пореметување на видот на едното око.

Ако постои сомневање дека може да се работи за мозочен удар, треба да повикате Брза помош, за да го упатат на соодветно лечење.

Тест во 3 фази кој го спасува животот:

Лице – Погледнете дали лицето му е симетрично. Ако едната страна му виси, натерајте го да се насмевне – ако не може да ги подигне усните, нешто не е во ред.

Раце – Нека се обиде да ги крене рацете. Ако едната рака е послаба и паѓа, тоа дефинитивно е знак за паника.

Говор – Ако има тешкотии во говорот, повторува зборови или фрази. Обидете се да ја повтори реченицата и вашето внимание насочете го кон изговорот.

Концерт “Вечер со пијано и глас” , петок 25.12.2015г.

Biljana Stojkoska

Во петок 25.12. 2015 во 20 часот во големата сала од ЦК,,Марко Цепенков,, ќе се одржи Концерт со глас и пијано, на кој ќе настапат Билјана Стојкоска и Христина Никоска.
Концертот “Вечер со пијано и глас”, опфаќа програма од различни временски периоди. На програмата се дела од следниве композитори: G.F Handel, W.A.Mozart, V.Bellini, G.Puccini, G.Gershwin,L.Berstain.
Идејата, велат двете уметници е да оствари патување со слушателот низ различните временски периоди од областа на операта, и истакнување на карактеристичноста во различното фразирање во секој стил поединечно. Со тоа сакаме да ја нагласиме убавината што секој стил си ја носи во однос на времето во кое припаѓа.

Kратка биографија

Солистката Стојкоска Билјана е родена на 09.10 1990 год. Во Прилеп . По завршувањето на нижото музичко училиште во Прилеп, се здобива со диплома за четири годишно образование по инструмент флејта, во класата на професор Илија Неданоски. Од 2006 година започнува професионално да ја гради својата кариера, преку соработка со проф.М-р. Леонарда Богданоска, од која што ја зема основата во областа на сериозната музика. Целосната професионална ориентација кон класичната музика се случува откако во 2009 година е примена како студент на Факултетот за музичка уметност и од овој момент ја започнува долгогодишната соработка со проф.М-р Марија Муратовска-Наумовска, каде покрај редовните часови на факултетот, посетува регионални и интернационални семинари надвор од оваа институција. Искуство во хорската музика стекнува како долгогодишен член во хоровите Св. Злата Мегленска и професионалниот хор Про Арс. Со тоа остварува бројни настапи на многу истакнати фестивали, како Охридско Лето, Денови на македонска музика, Битолско културно лето, каде покрај како хорист се појавува и како солист. Во изминатаве две години, по дипломирањето, остварува две резиденции во Париз, Франција и Фиренца, Италија каде што ја промовира македонската музичка сцена како млад македонски изведувач. Со овие резиденции таа остварува успешни контакти со оперскиот пејач Michel d’Ottaviani и оперската пејачка Natalie Cevallos Morales од Париз, со што отвара простор за понатамошна соработка. Во Фиренца таа се претставува себе си преку солистички концерт. Паралелно со дејствувањето во сериозната музика, таа реализира повеќе проекти во алтернативната театарска сцена, а исто така нејзиниот интерес вклучува истражување во џезот, филмската, современата и експерименталната музика.

Hristina Nikoska

Пијанистката Христина Никоска е родена 1989 година во Прилеп, каде го започнува своето музичко образование во музичкото училиште во класата на проф. Виолета Кочоска. Во текот на своето музичко образование посетува часови кај повеќе истакнати пијанистички педагози, меѓу кои: проф. Мери Кавкалевска- Стоилкова, проф. Надежда Пејсахова, проф. Глигор Гелебешев. Средното музичко образование го завршува во Скопје, а дипломира на Факултетот за музички уметности во Скопје, во класата на проф. Марија Гошевска.

Учевствува на повеќе државни и меѓународни пијанистички натпревари, од кои издвојуваме позначајни награди и признанија: прва награда на државниот натпревар по пијано во Скопје, 2010, прва награда на државниот натпревар по камерна музика во Скопје,2008, втора награда на државниот натпревар по пијано во Скопје, 2006, трета награда на меѓународниот натпревар Моцартијана во Скопје,2006, како и втора и трета награда на полифониот конкурс на ФМУ.

Изложба “Емоционални записи” oд Силвана Атанасовска

DSC_3632 - Copy

Во петок 25.12.2015 во 19.00 часот во галеријата од ЦК,,Марко Цепенков,, ќе биде отворена изложбата на слики ,,Емоционални записи,, од уметницата Силвана Атанасовска, со што Центарот ќе ја заокружи програмата на ликовен план за 2015 година.

Самостојната изложба на сликарката Силвана Атанасовска насловена “Емоционални записи” нуди десет слики работени со масло на платно, а се создадени последнава година. Инспирација за создавање на делата, авторката ги наоѓа во внатрешниот космос на човекот, најмногу во емоциите кои луѓето ги доживуваат и искажуваат во денешново, модерно време.

Биографија:
Силвана Атанасовска
Родена е во 1980 годи, во Скопје. Дипломира 2007 г., на Факултето за ликовни уметности при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, отсек сликарство со насока графички дизајн, во класата на проф. Вело Ташовски. Во 2010г. има завршено педагошка доквалификација. Член е на ДЛУМ од 2010г.

Самостојни изложби
Скопје – 2015година

Групни изложби:
2010 – Годишна изложба на ДЛУМ , Скопје – Музеј на град Скопје
2011 – Мал формат изложба на ДЛУМ, Скопје Културно информативен центар
– Годишна изложба на ДЛУМ, Скопје – Музеј на град Скопје
2012 – Минијатура изложба на ДЛУМ, Скопје Безистен Кафе Галерија 8
2013 – Експериментален цртеж изложба на ДЛУМ, Скопје Дома на АРМ

Англиски медиуми: Гвардиола доаѓа во Сити и носи пеколен план

pep-guardiola-640x360

Пеп Гвардиола веќе соопшти дека следната сезона сигурно нема да го води Баерн Минхен, а според дел од англиските медиуми шпанскиот тренер со сигурност ќе го преземе Манчестер Сити.

Се шпекулира дека Гвардиола има план во Сити да го доведе напаѓачот на Барселона, Луис Суарез. Како олеснителна околност за овој трансфер се наведува фактот дека маркетинг-агент на Уругваецот е братот на Пеп, Пере Гвардиола.

Наводно, Пеп е одушевен од Суарез и ќе стори се да го доведе на „Етихад“.

Останува да се види реакцијата на Каталонците, бидејќи Суарез е дел од фантастичното напаѓачко трио Меси-Суарез-Нејмар.

Гвардиола кога го презема Баерн направи сличен потег, доведувајќи го во Минехн од Барселона Тиаго Алкантара.

За Гвардиола интерес покажува и сопственикот на Челзи Роман Абрамовиќ.

Новогодишни пакетчиња за децата

1

Градоначалникот на општина Прилеп г-дин Марјан Ристески им подели пакетчиња на најмладите ученици во населените мста и тоа во : ОУ „Страшо Пинџур“ во Мало Коњари, ОУ „Круме Волнароски“ и градинката во н.м Тополчани, ОУ „Кирил и Методиј“ во н.м Канатларци, а беа поделени и пакетчињата за децата во ОУ „Климент Охридски“.
„Денеска дојдовме да им ја честитаме Новата година на дечињата, да им посакаме многу здравје, среќа и успех во учењето, посочи градоначалникот.
Градоначалникот Ристески исто така им ја честита Новата Година и ги повика децата со своите родители да бидат присутни на градскиот плоштад и сите заедно да ја дочекаме Новата 2016-та.
Денеска во просториите на локалната самоуправа градоначалникот Марјан Ристески заедно со Дедо Мраз, поделија и новогодишни пакетчиња за децата на прилепските бранители.

2

3

4

5

6