дома блог страница 4971

Најнов начин на кражба: Внимавајте, ви земаат пари од картички без да забележите

Во трговски центри и на железничките станици во последно време се појави нов вид на кражба на пари од банковните картички.

 

bankomat-650x396-640x390

Крадците запознаени со новата технологија без многу мака може да ви ги украдат вашите податоци од платежните и кредитни картички, без воопшто да ги допрат.

Се што е потребно е крадецот кој има РФИД читач, кој открива радиофрекфенција, да биде оддалечен од вас 15 сантиметри. Тоа му овозможува „симнување“ на податоци од вашата картичка додека е таа во вашите раце и мислите дека е безбедна.

АБЦ7 И-Тим открил дека овој начин на дигитална измама најлесно се применува на таканаречени „вејв анд пеј“ картички.

-Потребните апарати за спроведување на оваа измам не се скапи и можат лесно да се најдат на интернетот- нагласил Дејвид Брајан, експерт за безбедност на компанијата „Траствејв“, јавува Дејли мејл.

Ако читачот се наоѓа во границите на дометот за време на плаќањето на „вејв анд пеј“, тој автоматски ќе фати сигнал кој го емитува картичката за само неколку секунди. Информациите кои читачот ќе ги „собере“ може да се користат со помош на уреди кои чинат околу 300 и 400 долари, а кој ги копираат и прават идентични реплики на кредитните картички.

Компанијата „Нортон“ истакнува дека оваа година дури 70 отсто од кредитните картички ќе бидат подложни на овој начин на дигитална кражба.

Брадестите мажи се насилни, неверни и нечесни

maz-so-brada

Истражувањето на социјалната мрежа „Ева“, спроведено на повеќе од 2.000 Британци, открива дека брадестите мажи имаат контроверзен карактер.

Дури 62 проценти од испитаничките сметаат дека брадата не го прави посилниот пол привлечен и вели дека никогаш не би биле во љубовна врска во брадест маж.

Меѓутоа испитаничките на кои брадата кај момците им се допаѓа, 35 проценти од нив рекле дека најмногу сакаат проседа брада.

Од друга страна пак, 45 проценти од брадестите мажи признале дека имаат малку насилничко однесување, додека тој процент кај избричените мажи изнесува 29 проценти.

Исто така, 47 проценти од мажите со брада признале дека ги изневеруваат своите партнерки, за разлика од мажите без брада од кои се неверни се само 20 проценити.

Дека извршиле кражба потврдиле 40 проценти од оние со брада, и само 17 проценти од избричените.

Македонец и го спасува животот на тешко болна Американка

111111

Македонец спасува Американка. Матичните клетки од 44 годишниот Александар Сотировски треба да помогнат во лекувањето на тешко болната жена, пишува Здравство24.

Типизацијата покажала дека само тој може да биде дарител од илјадници кандидати од целиот свет. За хуманиот македонец немало дилема. Не му беше тешко ниту 5 часа да биде врзан за оваа машина, само важно му беше да помогне.
-Не воопшто не е тешко, важно е само да се помогне нa некого, изјави Александар Сотировски.
Сотировски пред три недели потпишал писмена изјава дека сака да донира матични клетки откако пред година дена при случајна контрола на крвта му понудиле да го заведат во регистарот. Овој негов хуман чест за надлежните значи голем чекор за македонската медицина.
Со ова земјава и официјално стана дел од меѓународниот регистар. И во иднина тешко болни пациенти од Македонија ќе бидат лекувани на истиот начин. И странци ќе им помагаат на наши граѓани.
-Ова е за прв пат во Македонија и голем чекор за нас, изјави д-р Емилија Велкова, директор на институтот за трансфузиологија.
Матичните клетки од Сотировски уште денеска во специјални контејнери ќе бидат испратени во странската болница каде е хоспитализирана Американката.
Заради заштита, нема да се обелоди нејзиниот идентитет , болеста од која страда ниту во која држава во моментот е на лекување. Ова не го знае ниту хуманиот Македонец , кој само има желба да и биде продолжен животот на непознатата жена.

Кривична пријава за прилепчанец за разбојништво и за тешка кражба

Секторот за внатрешни работи-Скопје до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Т.М.(28) од Прилеп, поради основи на сомневање дека од март до декември годинава сторил четири кривични дела „разбојништво“ и едно кривично дело „тешка кражба на особено дрзок начин“. Притоа противпрано се стекнал со имотна корист од околу 14.000 денари.

policija-111

Како што информира денеска МВР, Т.М., кој досега не е кривично пријавуван, од крајот на март до 17-ти овој месец сторил четири кривични дела „разбојништво“, во кои објект на напад му биле таксисти со кои се возел на релација населба Гази Баба-Бутел-Радишани.

Откако ќе бил донесен до посочената адреса, со закани по животот и сигурноста на таксистите (во два случаи со употреба на нож, во еден случај со употреба на огнено оружје и во еден случај со употреба на физичка сила, во што му помогнале две засега непознати машки лица) се стекнал со противправна имотна корист од околу 11.000 денари.

Кривичното дело „тешка кражба на особено дрзок начин“ го извршил на 17ти овој месец, исто така над таксист. Тој побарал такси превоз од хотел лоциран на булеварот „Партизански одреди“ до казино на Бит Пазар и кога стигнале на Бит Пазар пријавениот побарал од таксистот да му позајми 900 денари и да го причека пред казиното, по што ќе продолжи со превозот. За кусо време се вратил и побарал да продолжат кон населба Автокоманда и побарал уште 2.100 денари, со ветување дека кога ќе го однесе на посочената адреса ќе му врати 50 евра.

Кога стигнале на улицата „Ташко Караџа“, Т.М. излегол од возилото и се упатил кон еден од влезовите на зградата, по што таксистот се посомневал дека ќе биде измамен и тргнал по него. Во моментот кога пријавениот го видел таксистот, почнал да му се заканува дека ќе извади нож и ќе го прободе и се дал во бегство, но бил стигнат од таксистот. Т.М. со употреба на физичка сила, удар со рака во пределот на вратот, го совладал таксистот, кој од ударот паднал на земја.

Пријавениот се сокрил во една од околните згради, а нападнатиот таксист телефонски го пријавил случајот во Центарот за информирање и команда на СВР Скопје, по што за кратко време пристигнале полициски службеници од ЕПОИ АЛФА, кои го пронашле и лишиле од слобода Т.М.

ВИДЕО: Го спасиле Дедо Мраз кој се заглавил во снегот

33333333

Повикани да му помогнат на возач кој останал заглавен во снегот, пожарникарите се изненадиле кога всушност на местото го нашле Дедо Мраз.

-Со години спасувам луѓе во неволји, но никогаш досега не сум го спасил Дедо Мраз, вели низ шега Џозеф Мекри шеф на противпожарната служба во Лоун Пик, во американската држава Јута.

Настанот се случил на 25 декември, на Божиќ по грегоријанскиот календар. Пожарникарската служба добила повик од човек кој останал блокиран во снегот откако моторот на автомобилот се запалил. На лице место дознале дека всушност станува збор за Дедо Мраз односно на 66 годишниот Стивен Мејси кој секој Божиќ како Дедо Мраз им дели подароци на сиромашните во овој реон.

Со оглед на тоа дека неговиот автомобил бил неупотреблив, пожарникарите се понудиле да го однесат Дедо Мраз со нивното возило за да може да ги подели подароците.

Еве што не очекува следната година според најпознатиот британски јасновидец

Kreg-Hamilton-Parker-e1451334684703-600x364

Ако пророштвата се нешто што ве интересира и сакате да слушнете што зборуваат тие кои наводно можат да гледаат во иднината, еве ви можност да дознаете како ќе изгледа 2016. година споре британскиот јасновидец Крег Хамилтон Паркер.

Тој, меѓу другото, навел дека ќе биде откриено кој често користен адитив во храната предизвикува рак. Тоа што најмногу привлекло внимание е предвидувањето дека следната година ќе се случи обид за убиство на германската канцеларка Ангела Меркел.

Исто така, Крег навел дека ќе дојде до јакнење на десницата во Шпанија, Италија и Франција, а као последица на тоа ќе има големи нереди на улиците во тие држави, како и палење на џамии.

Крег на својот блог признава дека понекогаш греши и дека неговите порроштва не треба да се прифатат како нешто неизбежно.

Вака Крег Хамилтон Паркер ја гледа 2016. година:

  • Меѓународната ќелија на ИСИС во Германија ќе се обиде да изврши атентат врз Ангела Меркел
  • Успонот на десницата во Шпанија, Италија и Франција, ќе доведе до големи нереди на улиците во тие држави, што ќе предизвикаат палење на џамии.
  • Ќе се докаже дека еден адитив што често се користи во храната предизвикува рак.
  • Комета или астероид, за кој повеќето астрономи нема да имаат поим дека стигнува, ќе и’ се приближи многу на Земјата.
  • Индиската економија ќе продолжи да расте, но затоа ќе дојде до распад на кинеската валута.
  • Ќе се случи политички скандал откако ќе се појават фотографии на кои севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун e нaводно гол.
  • Турција ќе ги нападне Курдите на подрачјето на Сирија.
  • Ќе има нов бран бегалци од Украина и Грузија, бидејќи Русите ќе ги „притегнат“ дисидентите.
  • Голем земјотрес на подрачјето на Хималаите ќе предизвика пукање на брани.
  • Ќе има референдум поврзан за Европската Унија и излегување на некои земји од оваа заедница.
  • Голем пожар ќе ја зафати еден историски холандски објект и некои ремек дела ќе бидат целосно уништени.
  • Во борбата против терористите, ќе почне да се применува нов облик на нанотехнологија.
  • Принцот Филип од Единбург, тешко ќе се разболи и при операција лекарите ќе се борат за неговиот живот.
  • Еден јапонски остров ќе го „проголта“ морето.
  • Доналд Трамп ќе се повлече од трката за Белата куќа, а битката ќе ја продолжат Џеб Буш и Хилари Клинтон. На крајот ќе слават републиканците, но дури ког во последен момент ќе го сменат кандидатот.

САНИРАЊЕ НА ОШТЕТЕНИТЕ УЛИЦИ

krivogastani

Денес на повеќе улици низ општината се извршија санации на оштетените делови со бетон и тампон со што општината му овозможи непречено функционирање на своите жители. Општина Кривогаштани има своја стратегија според која се ориентира кон асфалтирање на улиците зато што со тоа се решава долгорочно проблемот на населнието, додека со тампонирањето улиците имаат краткорочна односно привремена трајност поради временските влијанија. Според тоа општина Кривогаштани досега успеа да асфалтира добар дел од проблематичните улици низ општината додека за краток рок ќе се асфалтираат улици во повеќе населние места за кои веќе се обезбедени финансиски средства. И понатаму ќе се продолжи со исцрпување на средства од сите расположливи извори со цел асфалтирање на што повеќе улици низ општината !

krivogastani1

krivogastani2

krivogastani3

Предновогодишен клубски турнир на џудо клуб СЕИШИН

Grupna 2

На 28.12.2015 во спортската сала на ОУ Кочо Рацин Прилеп, каде што се одвива тренажниот процес на Џудо Клуб СЕИШИН – Прилеп, се одржа Предновогодишен клубски турнир за возрасните категории Полетарци, Помлади Пионери и Пионерки.

borbi 2

borbi 1

На овој Турнир освоени се следните резултати:
Категорија -28 кг.
1. Матеј Миленкоски 1-во место
2. Борис Џагадуроски 2-ро место
3. Леонид Митрески 3-то место
Категорија -31 кг.
1. Даријан Мицкоски 1-во место
2. Ангел Ржаникоски 2-ро место
3. Михаил Ристески 3-то место
Категорија -38 кг.
1. Георгиј Магдески 1-во место
2. Никола Магдески 2-ро место
Категорија -42 кг.
1. Валентин Димитриоски 1-во место
2. Марко Тодорчески 2-ро место
Категорија -46 кг.
1. Андреј Сотироски 1-во место
2. Александар Николоски 2-ро место
3. Димитри Џокоски 3-то место
Категорија -66 кг.
1. Кристијан Тошески 1-во место
2. Антонио Ковилоски 2-ро место
Девојки категорија -44 кг.
1. Михаела Пешталеска 1-во место
2. Михаела Ржаникоска 2-ро место
3. Теодора Тасеска 3-то место

На овој Турнир се одржаа и промотивни џудо борби вонконкуренција, т.е. помладите членови на клубот со ветераните во џудо спортот (сите над 65 годишна возраст), кои од неодамна се приклучија во тренажниот процес на клубот СЕИШИН, при што овие натпреварувачи се здобија со дипломи за освоено :
1. Маке Спиркоски 1-во место вонконуренција (Ветерани)
2. Киро Здравески 1-во место вонконуренција (Ветерани)
3. Лазо Цветкоски 1-во место вонконуренција (Ветерани)

Исто така беа прогласени и се здобија со соодветни награди и најдобрите натпреварувачи на ниво на џудо клуб Сеишин за 2015 година, а тоа се следните:
Полетарци:
1.Никола Магдески
2. Теодора Тасеска
Помлади Пионери:
Давид Везенкоски
Георгиј Магдески
Пионери:
Марко Тодорчески
Бојан Пашоски
Михаела Пешталеска
Кадети:
Мартин Тодорчески
Диме Ивчески
Александра Најдоска
Јуниори:
Александар Апостолоски
Александар Петрески
Сениори:
Христијан Ѓураков
Владимир Талески

За најредовен и најупорен во тренажниот процес Марио Тошески.
Ова дружење на членовите на СЕИШИН заврши со посетата на Дедо Мраз кој на најмладите им подели пакетчиња, а се круниса со заедничко фотографирање.

Pozdrav grupna

Опожарени две возила во Прилеп

kola1До нашата редакција пристигна информација дека денеска 29.12.2015г., околу 3:30 часот после полноќ, на улицата Кеј 19ти септември, биле опожарени две возила во сопственост на Златко Ангелески.

Полицијата излезе на лице место, извршени се снимања и претграги и се работи на откривање на сторителот.

Од сопственикот на возилата дознаваме дека се сомнева во одредени лица, со кои во изминатиот период имал недоразбирања.

Истрагата е во тек.

kola4

kola2

kola3

(Фото) НОВОГОДИШНИТЕ ЕЛКИ ПО СВЕТСКИТЕ ПЛОШТАДИ

Новогодишната елка пред Историскиот музеј во Монтереј во Мексико е направена од пластични канти за ѓубре и корпи.

Новогодишна елка на Староградскиот плоштад во Прага.

Новогодишна елка пред катедралата во Милано.

Новогодишна елка пред зградата на градската влада во Токио.

Новогодишна елка на Дворскиот плоштад во Санкт Петербург.

Инсталација со светилки обликувани како новогодишна елка на плоштадот Кастело во Торино, Италија.


Новогодишна елка во лагуна Родриго де Фрејтас во Рио де Жанеиро, во Бразил.


Голема новогодишна елка во трговскиот центар во малезиската престолнина Куала Лумпур.

Новогодишна елка од стари прозорски рамки во естонскиот град Раквере.


Новогодишна елка, пред џамијата Ел Амин во Бејрут.

Осветлено дрво во Градината на утринскиот мир во Јужна Кореа.

Новогодишна елка пред лизгалиштето на Црвениот плоштад во Москва.

Новогодишна елка во трговскиот центар во Манила, престолнината на Филипини.


Елка на главниот влез во Централниот парк на културата и одморот,,Горки“ во Москва.