дома блог страница 4969

Страшна сообраќајка во Прилеп: Загубил контрола и излетал од пат (ФОТО)

Страшна сообраќајка и во Прилеп на новогодишната ноќ. Возачот загубил контрола и со возилото марка Сеат излетал од пат и паднал во канал. Засега не е познато дали има повредени лица и колкава е материјалната штета.

sobbbbbb

 

Народни верувања за први јануари: Внимавајте кого ќе бакнете и кого ќе пуштите дома

Новата година се сведува на средување на сметки, креирање на планови за следната година и уште една цела низа од различни суеверија. За вашата среќа да биде поблиску, а неубавите нешта подалеку од вас, многу луѓе посегнуваат по овие мали ритуали.

 

New-Years-Eve6

Внимавајте кого бакнувате за Нова година

Дочекајте ја полноќта покрај драгите луѓе и нека првите бакнежи во 2016-тата година бидат токму со нив. Тоа е добар знак дека добрите односи ќе траат и во следната година. Ако токму ова не го сторите, ќе нарушите значајни врски во вашиот живот. Најдобро е Новата година најпрво да ви ја честита личност од спротивниот пол, бидејќи со тоа предизвикувате среќа во љубовта.

Вратете ги долговите и платете ги сметките

Дочекајте го први јануари “чисти” и без било какви долгови. Се верува дека плаќањето на сите долгови и следната година ќе ви ја направи финансиски успешна.

Отворете ги прозорците

Нека старата година замине полесно, а новата со убави промени нека влезе во вашиот дом.

Дочекајте ја новата година во нова облека и црвена долна облека

Црвеното и новото донесуваат среќа, па токму затоа повикајте ја среќата токму на новогодишната ноќ.

На првиот ден од Новата година работете минимално

Се верува дека со ова повикувате многу работа во Новата година. Постои суеверие кое кажува дека не треба да работите многу токму на првиот ден во Новата година бидејќи се верува дека токму тоа донесува голем неуспех во Новата година.

Не изнесувајте ништо од домот

Не фрлајте ништо од домот, ниту пак изнесувајте нешто бидејќи со тоа се предизвикува одлив на пари од вашиот дом, а тоа секако и не го посакувате.

Првата личност во Новата година нека биде маж

После полноќ, ако веќе некој влегува во вашиот дом, тоа нека биде личност од машки пол. Мажите во оваа приказна донесуваат многу среќа.

Внимавајте нешто да не скршите

Скршената чаша или чинија, може да предизвика несреќа, па токму поради тоа бидете внимателни.

Не мијте садови ниту облека токму на први јануари

Верувањата велат дека прекршувањето на ова правило може да доведе до тоа некој од вашиот дом да “исчезне” во претстојната година.

На први јануари се раѓаат среќни деца

Бебињата кои се раѓаат на првиот ден во Новата година, се верува дека ги следи голема среќа во животот.

Мислеле дека е мртов: Пијан Русин се освестил во мртовечница, па се вратил на забавата!

Пред да изгуби свест, Русинот присуствувал на забава каде што пиел вотка со своите другари.

rusi-pijat-640x361

Откако бил пренесен во болница докторите констатирале смрт по што бил пренесен во мртовечница.

Сепак докторите згрешиле, бидејќи неколку часа подоцна, на човекот му се вратила свеста и се нашол во замрзнувач.

Таа ноќ капацитетот на локалната мртовечница бил исполнет до крај, па телата на мртвите биле оставани дури и на подот.

Во текот на ноќта, Русинот се разбудил и не можел да сфати каде се наоѓа. Било многу мрачно и студено, а неговиот ум бил заматен поради огромната количина на алкохол во крвта. Во темнината, почувствувал туѓо тело во негова близина. Тогаш сфатил дека нешто не е во ред, па панично дотрчал до вратата која што била заклучена.
Откако чуварите слушнале дека има некој во мртовечницата, ја повикале полицијата. Кога полицијата дошла, го отворила замрзнувачот и го пронашла човекот, а откако бил испрашан, бил пуштен да си оди.

Сепак, пијаниот Русин наместо да замине дома, се вратил на местото каде што претходно се забавувал. Ги пронашол неговите пријатели како пијат, но овој пат во негово сеќавање.

Еден од неговите другари кога го здогледал својот “мртов” другар паднал во несвест.

За на карај се да заврши комично и неверојатно како што била целата случка, набрзо била организирана журка за „Новото раѓање“.

Три деца се првородени во годнинава – две близначиња

Две машки и едно женско бебе се првите родени бебиња во оваа година на територијата на градот Скопје. Бебињата се родените на Клиниката за гинекологија во Скопје во една минута по полноќ.

bebinja6-640x377

Едното бебе е машко и е трето дете во семејството, а другите се близначиња и се први деца.

Машкото бебе е тешко 3 килограми и 700 грама и долго 52 сантиметри од мајка Јована Андоновска Буриловска, родена 1978 година од Скопје, општина Карпош, додека другата родилка е Александра Андонова родена 1982 година која родила близнаци и тоа женско кое е тешко 2 килограми и 290 грама и долго 47 сантиметри, а другото машко тешко 2 килограми и 250 грама и долго 48 сантиметри.

ПРОЧИТАЈТЕ: Годишен хороскоп за 2016 година

2016 година ќе донесе среќа за многу хороскопски знаци.

horskopski-znaci-640x320

Прочитајте што велат ѕвездите за секој хороскопски знак.

 Овен
Јануари е одличен месец за напредување на работа, но Овните во врски ќе мораат да донесат многу важна одлука. Ќе бидете финансиски многу стабилни во февруари додека љубовниот живот ќе ви биде возбудлив, но комплициран. Обрнете внимание на болката во нозете и коленото. Март ќе биде месец на промени па поради зголемениот стрес обрнете повеќе внимание на вашето здравје и повеќе консумирајте храна за детоксикација. Во април ќе балансирате меѓу работата и љубовта. Доколку ви тргне, ова ќе биде одличен период за вас. Мај ќе биде месец на просперитет, па би било одлично доколку одите на кратко патување со семејството. Ќе има големи застои поради Меркур. Во текот на јули ќе бидете методични во комуникацијата со партнерите на работа. Август ќе бидете исполнети – и пари и љубовниот живот ќе ви биде одличен. Септември ќе внесе многу драма во вашиот живот и ќе мора да направите големи промени кога станува збор за вашето здравје. Вашите вештини ќе бидат ставени на тест во текот на октомври, додека ноември ќе биде месец на трансформирање и подмладување. Ќе бидете на врвот кога станува збор за работата во декември, а истото се однесува и за љубовните односи.

Бик

Јануари е одличен месец да се фокусирате на вашата кариера, а во љубовните односи ќе владее целосно блаженство. Во февруари ќе планирате важен проект на работа, додека март е месец на пријателството и дружењето, но можно е да ве преокупираат и решавање на одредени проблеми и прашања. Вашиот љубовен живот во април би можел да биде на удар, па затоа внимавајте. Во мај ќе бидете преокупирани со вашата здравствена состојба бидејќи можно е да имате проблеми со нозете. Во јуни немојте да донесувате поголеми одлуки што се однесува до работата. Во јули ќе се појават нови можности за нова љубов. Не претерувајте со трошењето на пари. Во текот на август ќе се посветите на преуредување на просторот во кој живеете, но можеби нема да оди се` по планот бидејќи можно е да имате проблеми со стомакот. Вашиот начин на живот во септември би можел да претрпи драстични промени. Во текот на октомври ќе запознаете нов партнер – и на љубовен план и на професионален. Обрнете внимание во текот на ноември, особено ако сакате да се ослободите од вишокот килограми. Во декември доаѓа до ваша целосна трансформација и напредок.

Близнаци

Неверојатен напредок на полето на кариерата во јануари, но поради тоа семејниот живот би можел да страда. Во февруари ќе ви се отвори нова можност за работа и патување. Март ќе биде прилично тежок на полето на емотивни односи, па ѕвездите ви препорачуваат добро да размислите пред да се впуштите во нова врска. Во април се` ќе биде во знакот на семејството и подобрените односи меѓу вас, додека мај ви подготвува нови флертови и врски, а потенцијалните партнери ќе ги барате исклучиво на работа. Во јуни приходите ќе ви бидат прилично стабилни, а тогаш одите на годишен одмор. Ќе уживате во пари, добра работа и среќни моменти со семејството во текот на јули, додека август треба да бидете подготвени за работни и лични конфликти. Многу возбудувања ви донесува септември, а финансиите ќе се стабилизираат веднаш штом ќе се промени фазата на месечината. Во октомври обрнете внимание на вашето здравје, одберете диета и режим на вежбање. Ова е одличен месец доколку сакате да стапите во брак или доколку сакате да го проширите семејството. Ретроградниот Меркур пристигнува во ноември, па затоа бидете трпеливи и подгответе се за возбудувањата кои следуваат. Во декември ќе бидете преокупирани со социјалните случувања, а многу парови кои веќе биле верени ќе се решат да се венчаат.

Рак

Поради недостаток на пари во јануари ќе бидете малку под стрес, но ова ќе биде одличен период за работа. Не влегувајте во нови врски во текот на февруари, но тогаш ќе успеете да се изборите со уморот. Во март повеќе ќе се занимавате со кариерата отколку со семејството, додека во април доаѓа до зголемување на платата или преминување на подобро работно место. Поради присуството на Марс, мај ќе биде доста динамичен и можни се недоразбирања со партнерот. Во јуни треба повеќе внимание да обрнете на себеси, но и да го разгалите партнерот со романтични подароци. Јули е месец на целосен хедонизам во сите сфери на животот, додека август би бил идеален за одмор со вашиот партнер. Во септември ќе се посветите на семејството, родителите, децата и пријателите. Особено мајките родени во знакот на Рак ќе реализираат прекрасен однос со своите деца. Во октомври финансиите ќе бидат нестабилни но тоа нема да ве спречи да сакате да имате дете. Во ноември ќе бидете особени продуктивни на работа, но обрнете внимание на вашето здравје. Декември целосно ќе го посветите на вашата кариера, но треба да се занимавате со алтернативни начини на лекување за да го зајакнете вашето здравје.

Лав

Најветувачкиот месец од сите за љубовта, работата и здравјето е токму јануари. Во февруари обрнете внимание на вашето здравје, бидејќи за брзо време ќе го занемарите. Во март решете ги сите конфликти, бидејќи ова е одличен момент за целосен почеток. Без разлика дали сте на работа или дома, во април ќе мора да се фокусирате на донесување на многу вистински одлуки. Мај за вас ќе биде тежок, бидејќи ќе дојде до одредени несогласувања и на професионално поле и на љубовно поле, а во јуни ќе мора да бидете доста внимателни и да повлечете што помалку потези. Иако во јули ќе има многу одложувања, се` ќе оди според планот. Бидете смирени и не донесувајте брзи одлуки, бидејќи иако август е месец полн со среќа, ќе мора да бидете подготвени на расправии со партнерот во врска со финансиите. Во септември ќе дојде до драматична промена во животот, многу бракови ќе поминат низ голема криза, но затоа барем слободните Лавови ќе уживаат во новите врски. Обрнете внимание на вашето семејство во текот на октомври, а ова е одличен месец доколку сакате да имате дете. Во неомвери повеќе внимание обрнете на вашето здравје, а алтернативните методи на лекување можат одлично да делуваат. Декември ќе биде исполнет со забава и возбудување, па потрудете се се` околу вас да биде максимално позитивно.

Девица

Ќе го поминете јануари во правење планови за иднината, додека февруари ќе се обидете да пронајдете начин како да избалансирате во професионалниот и приватниот живот. Во март потрудете се да не станете жртва на преголем стрес и подгответе се за големи промени. Во април ќе напредувате и на професионален и на љубовен план, а наскоро ќе се зголемат и вашите финансии. Многу можности ќе ви се отворат во текот на мај, што е одлично за напредување во кариерата. Во јуни сите проблеми ќе се решаваат на начин на кој вие сте замислиле, љубовта ќе биде малку во криза, но затоа планирајте бизнис патување. Јули е одличен за напредување во кариерата и образованието, но ретроградниот Меркур може да остави трага врз вашето здравје. Во август ќе се појават одредени семејни проблеми, но не дозволувајте да ви го рушат фокусот. Голема е веројатноста во септември да ја запознаете вашата вистинска љубов. Научете да се опуштите, па финансиите ќе цветаат. Во октомври ќе бидете финансиски стабилни бидејќи ве очекува одлична заработка. Ова е момент кога треба да се поврзете со роднините и пријатели со кои одамна не сте се виделе. Во ноември ретроградниот Меркур ќе влијае врз вашите комуникации со околината, но ова е одличен период доколку сакате да започнете нов бизнис. Во декември ќе мора да се сконцентрирате на сопственото здравје, а одредени случувања во семејството ќе ви одземаат многу време.

Вага

Во текот на јануари ќе ги усовршите вашите вештини и ќе уживате во она што го работите. Февруари ќе биде најдобар месеци кога станува збор за кариерата, а односите со родителите ќе ви бидат одлични. Во март започнувате да медитирате, бидејќи ќе започнат проблемите на секое поле. Во април ќе се обидете да ги смирите обврските и на работа и дома, а добро размислете кога ќе сакате да ги потрошите парите на скапи работи. Работата во мај бара да се посветите доста многу, а можно е бизнис патување. Сега е време да започнете да се одвикнувате од цигарите и останатите зависности. Во јуни ќе напредувате на работа во таа мерка што дел од парите кои сега ги заработувате ќе можете да ги заштедите за иднината. Во јули ќе размислувате за вашите обврски на работа, а слободните Ваги ќе имаат можност да пронајдат нова љубов. Бидејќи Меркур е ретрограден, не е добро време за брак. Во септември ќе им се посветите на родителите и децата. За вас октомври доаѓа со изненадувачки околности поради кои ќе го зголемите имотот. Доколку играте игри на среќа, загарантирана ви е добивка во ноември, а ова е одличен период за купување на автомобил или куќа. Немојте да бидете зачудени ако во декември изненадно се заљубите.

Скорпија

Од самиот почеток ве очекуваат потешкотии, бидејќи во јануари ќе се помачите со барањата од шефот, болните деца и презафатениот/та сопруг/а. Во февруари ќе мора да вложите повеќе напор за да успеете. Иако ви се чини дека нема никаков ефект, на крајот ќе се уверите во спротивното. Ќе дојде до промена на работен план во текот на мар, па веројатно ќе дојде и до намалување на платата. на емотивен план нема да биде подобра ситуација. Во април ќе бидете фокусирани на семејството и љубовните врски. Хранете се здраво и вежбајте редовно. Во мај ќе мора да бидете психички и емоционално силни. Финансиите ќе бидат добри, но жените мораат да обрнат внимание на здравјето. Во јуни ќе почувствувате позитивни турбуленции на работен план. Во јули дефинитивно ќе мора да се подготвите и да бидете трпеливи бидејќи ве очекува одлична зделка. Август е одличен за донесување на професионално одлуки, додека септември ќе имате драматични промени во вашиот живот. Немојте да бидете прекритични во се` што ве опкружува, обидете се да го прифатите животот онаков каков што е. Октомври ќе биде одличен за Шкорпиите – и со пари и со љубовни авантури. Во ноември ќе бидете задоволни со случувањата и ќе бидете емотивно исполнети. Во декември ќе дојде до ситни семејни расправии, но љубовта, здравјето и парите ќе бидат на доста задоволително ниво.

Стрелец

Самиот почеток на годината ќе ви падне тешко, бидејќи во јануари ќе мора да се потрудите повеќе отколку останатите за да го реализирате она што сте го замислиле. Во февруари ќе правите планови за иднината, но не губете надеж и не престанувајте да сонувате. Март ќе биде резервиран за семејството и не треба да донесувате никакви професионални одлуки. Април ќе биде тежок месец во сите сфери на животот, но барем ќе ги имате парите што сте ги очекувале. Обрнете внимание на рацете и нозете. Во мај ќе имате доста самодоверба, па искористете го сето тоа. Опуштете се и уживајте во животот. Нова љубов ве очекува во јуни, а ова е добар месец да се сконцентрирате на работата. Во јули ќе ви се чини се` дека е забавено, а причината за тоа е што повеќето планети се ретроградни. Во август ќе морате да се одлучите дали сакате да се посветите на работата или семејството. Во септември ве очекува семејна драма, па многу бракови ќе бидат во голема криза. Посетете кардиолог. Во октомври ќе бидете опкружени со пријатели и вашата физичка состојба ќе биде подобра. Работата и љубовта во ноември ќе стагнираат, но во декември ќе се случи нешто неочекувано и ќе бидете премногу задоволни.

Јарец

Јануари не е вистинско време за донесување на одлуки од животно значење, но затоа ќе уживате во среќата на личен план и ќе се чувствувате подмладено. Во февруари ќе мечтаете за плановите за иднината, а помалку ќе реализирате. Во март во никој случај немојте да ризикувате, додека во април треба да се опуштите и да започнете да вежбате. Во мај ќе ви излезат некои семејни проблеми кои ќе мора под итно да ги решите, додека јуни е добар месец да се обидете да ослабите и да направите една детоксикација на организмот. Во јули ќе ви бидат неопходни финансиски инекции, додека во август се` ќе биде насочено кон љубовта. Одлично време за започнување на нова работа ви нуди септември, а ќе просперирате на сите полиња во октомври. Не смеете да дозволите егото да биде поголемо од вас во ноември. Декември дефинитивно е ваш месец, бидејќи ништо нема да ви стои на патот до успехот.

Водолија

Ќе имате среќа кога станува збор за парите, но многу лошо ќе се чувствувате поради љубовните односи во текот на јануари. Во февруари ќе искусите неверојатна страст и сензуалност во врска во која досега не сте биле. Во март ќе освојувате со вашиот изглед и шарм, но односите со некои членови на семејството ќе бидат малку пореметени. Ќе се трудите да постигнете успех на работа, но затоа ќе бидат почести болките во мускулите во текот на април, па тоа е предупредување дека треба работите да ги забавите. Мај ви донесува финансиска нестабилност, но за среќа ќе имате некои работи настрана кои ќе ви донесат пари. Јуни треба да поработите на вашите вештини кои би можеле да ви бидат од корист во односите со другите луѓе. Јули е месец за одмор па искористете го до максимум за да ги наполните батериите. Август ќе работите многу, но ќе успеете да издвоите доволно време и за семејството. Септември е месец на големи проблеми. Многу бизнис патувања ќе бидат одложени, а поради ретроградниот Меркур се` ќе ви оди забавено. Во септември ќе се докажете на работа, па очекувајте зголемување на платата или унапредување. Ќе бидете друштвено активни во октомври, а ноември е одличен месец за стапување во брак. Во декември доаѓа реализирање на сите ваши соништа, кога ќе сфатите дека парите не се најважни во животот, туку личната среќа.

Риби

Уживајте во текот на јануари со семејството, бидејќи ова освежување ви е и повеќе од потребно, како и полнење на батериите поради активностите кои ве очекуваат во наредните месеци. Правите планови за февруари и за наредниот период, меѓутоа очекувајте промена на работа. Ретроградниот Меркур влијае врз вашиот љубовен живот, а ќе бидете прилично збунети во текот на март. Венера во текот на април ќе влијае врз вашите финасии и љубовен статус, па затоа обрнете внимание на емоциите и менталното здравје. мај е одличен период за напредување во работата и заработување на пари, додека осамените Риби би можеле да најдат нова љубов за забава. Во јуни ќе побарате помош од другите во врска со вашата кариера. Во текот на јули се` ќе биде во знакот на комуникациите, а вашата напорна работа конечно ќе се исплати. Исто така, можни се дополнителни приходи. Акцентот е на романтичните врски во август, но никој не споменува брак. Обрнете внимание на правилното движење на телото за да не дојде до проблеми во иднина. Во септември доаѓа до возбудливи промени, а вие храбро чекорите кон реализирање на вашите цели. Новата фаза во кариерата започнува во октомври, а вие добро пресметајте ги постоечките финансии. Ноември е одличен за бизнис патување во странство, но и за меден месец. Ќе имате голем извор на енергија и здравје во декември, а ве очекува и нова емотивна врска.

Гимназискиот календар за 2016 год.

Неколку од учениците од трета и четврта година кои постигнаа видни резултати по различни наставни предмети и области во минатата учебна година се најдоа на страниците на училишниот календар за 2016 година.
Тоа се: Доротеа Дамјаноска, Елена Спиркоска, Теодора Тасеска, Теодора Петкоска, Јована Бошкоска, Костоска Јована, Елена Ѓорѓиовска, Маријана Димоска, Мишела Димоска, Петар Цветаноски, Роберта Ацеска, Марко Маркоски, Константина Јованоска и Стефан Неделкоски.

Идејното решение, дизајнот и подготовката на календарот беше на професторите Елена Стојаноска, Марта Макеска, Гордица Димитриевска Груеска, Александар Џинго и Николче Богданоски.

mart

april

maj

juni

juli

avgust

septemvri

oktomvri

noemvri

dekemvri

Еве што треба да направите за да имате богата година

disco_ball_champagne_640

Богатството и здравјето за наредната година можете сами да ги повикате, а еве што се верува дека треба да направите на новогодишната ноќ.

Воглавно се се сведува на црвената боја, која претставува огнен елемент во фенг шуи и силен симбол на богатство и напредок.

Црвен паричник

Новиот паричник симболизира дека сте подготвени да примате ново богатство при влегувањето во Новата година (како материјално, така и духовно), а црвената боја ќе ви помогне да привлечете добри вибрации.

Црвена облека

Привлечете среќа во Новата година така што ќе носите гардероба во оваа боја. Фенг шуи учителите советуваат токму во црвено да ја поминете новогодишната ноќ. Не е важно дали се работи за дискретни обетки или некое парче облека.

Црвени чевли

Чевлите секогаш се поврзани со одење во подобри ситуации, години, време… затоа црвените чевли ќе бидат симбол на тоа дека сте подготвени да газите напред во подобро утре.

Златен накит

Дискретен златен накит ќе привлече изобилство и повеќе пари во Новата година за вас и вашите најблиски.

Нов часовник

Часовникот симболизира движење напред, затоа купувањето нов часовник ќе ви донесе позитивна чи енергија.

Голема торба

Овој детал симболизира очекување на доста добри работи, па затоа ви е потребна голема торба за во неа да ги сместите сите благодети од овој свет.

Навивачката група МАЈМУНИ ПРИЛЕП со предлог за издигнување на прилепскиот бренд Победа

Заради стабилизација на ФК Победа и заради подобрување на имиџот на клубот, како и за добивање на што поголема масовност при игрите на нашиот најпрепознатлив бренд, предлагаме колективно учевство на сите жители на Општина Прилеп, во финансирањето и управувањето на клубот. Навивачката група Мајмуни, предлага секое семејство во Прилеп, да има удел во ФК Победа, преку плаќање на симболична месечна надохнада за финансирање на клубот, а за возврат граѓаните да имаат слободен пристап на градскиот стадион, при одигрување на мечеви на домашен терен. Ако овој наш предлог, наиде на широка поддршка, ќе го предложиме до градоначалникот и советот на Општина Прилеп, како и до сите релевантни институции, вклучително и до политичките партии. Да дадеме по едно евро месечно, од секоја фамилија, би се обезбедило долгорочна стабилност на клубот и во тој случај би можел да се бори за повисоки дострели. Од друга страна, секој љубител на фудбалот слободно и безплатно ќе може да ги следи натпреварите на прилепскиот бренд. Плус на ова ќе се обезбедат и безплатни школи за сите категории на млади фудбалери, за да добиеме академија од која ќе произлезат репрезентативци на Македонија.

Околу 3.000 килограми тутун и 15.000 килограми жито изгореа синоќа во прилепско

Околу 3.000 килограми тутун и 15.000 килограми жито изгореа синоќа откако пожар избувна во куќа и помошен објект, сопственост на А.Ш. од прилепското село Црнилиште.

pozarnikar-360x228

Како што соопшти полицијата, пожарот е изгаснат од дежурните противпожарни екипи, но се уште не се знае од кои причини настанал. Се преземаат мерки за нивно утврдување.

Пожар синоќа избувнал и во село Тркање, кочанско, во куќа сопственост на Б.К. и С.К., при што е опожарена покривната конструкција и покуќнината од катот.

Пожарот е изгаснат, а се преземаат мерки за утврдување на причините за негово настанување.

Пожар е пријавен и во Берово, на улицата „Страшо Пинџур“, исто така синоќа, во помошна просторија која ја користел В.Ф. од каде пожарот се проширил и во куќа во која биле зафатени подрумските простории, катот и покривната конструкција. Пожарот е изгаснат. Се преземаат мерки за утврдување на причините.