дома блог страница 4966

Златното откритие на Гранд Продукција, интервју со Ален Хасанович

За себе вели дека не се чувствува како ѕвезда, иако настапува рамо до рамо со сите познати музички балкански имиња. Скоро и да нема слободно време, настапува ширум државата, Швајцарија, Италија, или како што вели – “Живеам во автомобил”. Aлен Хасанович, е златното откритие на Гранд продукција, а и свежа музичка енергија, која за среќа потекнва од нашите простори. Сите бевме со него за време на минатогодишните Ѕвезди на Гранд, го бодревме и ни возврати со прекрасни настапи. Со Ален разговаравме во ресторанот Гарден Лимитлес во Прилеп, прочитајте повеќе за неговите планови, желби, успеси.

Здраво Ален, добредојде на маркукуле.мк !

Како започна интересот за музиката, дали тоа се случи од мали нозе ?

Интересот за музика започна од кога бев мало дете. Тоа го наследив од мојот татко, кој е музичар и кој имал свој сон, но ете немал доволно услови и не успеал целосно да го оствари тоа што го замислил. Па ете јас со божја помош стигнав до таму каде што стигнав и се надевам дека ќе му го остварам неговиот сон.

Додека растеше, дали имаше други интереси или едноставно од секогаш целосно си и бил посветен на музиката?

До дека растев цело време ја сакав музиката, цело време слушав и свирев музика, од секогаш сум се гледал себеси како музичар, па ете полека го остварувам својот сон. Умеам исто така да музицирам на клавиатури, тоа го стекнав преку моето образование на Музичката академија во Скопје.

Од кого Ален добивал најмногу поддршка низ годините, кој е твојата најголема потпора, нешто што те турка напред?

Моја најголема потпора, се моето семејство, моите родители, посебно татко ми кој цело време е со мене, вложува во мене и му благодарам за тоа. Се надевам дека еден ден ќе му возвратам за тоа.

Кој ти беше првиот посериозен настап, првиот посериозен успех на сцената?

Сум настапувал на многу шоуа низ Македонија, првото такво беше Мојата Ѕвезда на Сител телевизија, потоа Македонски Идол, меѓутоа за Ѕвездите на Гранд не ни планирав да се пријавам, но по иницијатива на блиски пријатели и мојот татко, прифатив. Со тоа видов дека никогаш не треба да се откажувам.

Дали пријавувањето на Ѕвездите на Гранд се должи на немањето на перспектива во нашата држава, како што и се жалат многу естрадни уметници, или се работеше за нов предизвик?

За жал јас имав многу настапи низ нашата држава, но сето беше без поголем успех. Кај нас е тоа така, мораш да заминеш од дома, прво другите да те ценат и видат, па потоа и овде да го увидат истото. Но можам целосно да си ја објаснам причината за тоа, веројатно се работи за менталитет.

Беше ли разочаран поради тоа што не победи?

Не бев разочаран, сметам дека направив голем успех. Првичниот план ми беше да поминам барем еден круг, но како што поминуваше времето истото си го викав и за наредниот и за наредниот круг, и така стигнав до високото четврто место на крајот.

Имаме ли ние како држава потенцијал да изградиме една таква продукција како Гранд, постојат ли квалитетни музичари и луѓе кои би вложиле во нешто такво, грандиозно?

Сметам дека секоја држава, секоја нација може и има сила и квалитет да направи нешто такво од рангот на Гранд продукција, но мислам дека македонските музичари, посебно македонските продукциски куќи не се залагаат доволно. Јас не сакав да чекам повеќе нешто да се промени тука, не сакав да тапкам во место и затоа заминав, и верувам дека не згрешив.

Што доби и што добиваш до ден денес после настапите на Ѕвездите на Гранд, се исплатеше ли?

Се исплатеше во секој случај, добив пред се многу пријателства, ги запознав сите големи музички имиња, за кои сонував од мал некогаш да ги сретнам.

Патуваш многу често, настапуваш во последно време низ многу држави, каков е фидбекот на твоите настапи таму, каква публика оставаш и кои ти се најчестите дестинации?

Патувам често токму така, кога ќе ме прашаат каде живееш јас велам, живеам во автомобилот. Буквално се ми е во автомобилот, облека, обувки …. Најчести дестинации ми се секако Белград, каде ги снимаме емисиите на Гранд, Швајцарија, Италија, ќе се организира најверојатно и турнеја во Австралија, тука се и настапите ширум државата, така да сега за сега сум презадоволен.

Што има Ален сработено зад себе на музички план до сега?

Пред да се пријавам на Ѕвездите на Гранд, имав една песна која се вика “Kад си рекла мене иди”, македонската верзија е “Кога сфатив”, после тоа добив песна и од Гранд која се вика “Ајде ломи” која има многу добра гледаност. Во јануари ќе биде промовирана мојата нова песна, која е мое лично дело и се вика “Продала си љубав” , за која исто така се надевам дека ќе има добар одзив од публиката.

Што подготвуваш наредно во блиска иднина, албум, концерт можеби?

Како што кажав за сега чекам новата песна да излезе, спотот е веќе при крај за истата, за концерт е сеуште рано, бидејќи не се сметам за ѕвезда од тој калибар и сметам дека треба да помине време за такво нешто. Инаку како мои идоли и ѕвезди би ги издвоил Дино Мерлин, Здравко Чолиќ и Жељко Јоксимовиќ, ѕвезди во вистинска смисла на зборот, изведувачи од кои учам. Сепак најголем музички идол ми е Тоше Проески и се трудам да го следам неговиот пат и да постигнам барем половина од неговото дело.

Како си задоволен од домашната публика, домашната поддршка овде во Македонија и поконкретно како си задоволен од твоите Прилепчани?

Задоволен сум, секогаш ми ја даваат својата поддршка, сепак не знам зошто но ретко настапувам во Прилеп. Се надевав дека повеќе ќе настапувам тука, но ете за сега е така, ќе видиме во иднина

Умееме ли да цениме талент за музика, знаеме ли да ги цениме туѓите успеси?

До некаде да, но можеби не доволно. Овде ќе се надоврзам на тоа дали треба да се отвори продукција како Гранд во Македонија, и со тоа да се промовираат уште повеќе музичарите како мене, да се издигнат нашите имиња и настапи на едно повисоко ниво.

Aлен кој е патот до успехот?

Тежок е патот до успехот, треба многу да се работи. За себе не сметам дека сум достигнал голем успех, но да сум здрав и жив, да се здрави и живи луѓето што се покрај мене, со божја помош се надевам дека ќе го остварам својот успех, својот сон, а тоа е да направам некогаш концерт пред 100 000 публика.

Порака до читателите на маркукуле.мк

Читајте го порталот, затоа што се најдобри, благодарам за интервјуто, за пројавениот интерес и ветувам понатамошна соработка со вас.

Подготви: Александар Георгиоски

Откупени 8.000 тони тутун, просечнатa цeна 185 денари

11

Од почетокот на откупот до денеска се преземени 8.000 тонитутун со просечна цена од 185 денари за килограм.

Производителите соопштија дека откупот тече без проблеми и веројатно ќе заврши до 20 февруари. Се очекува и натамошно зголемување на просечната цена зашто високите берби се уште не се преземени.

– Тутунарите се задоволни, достигнуваме добра цена што не значи дека не може да биде повисока и очекуваме барем за два-три денари да порасне, рече претседателот на Сојузот тутунските здруженија на Македонија Данчо Милески.

Годинава, додаде Милески, има помалку тутун. Барањето на откупувачите  од 25.700 тони не може да се постигне. До крајот на откупот може да се очекуваат уште 12.000 до 13.000 тони.

И во општина Крушево откупот е согласно предвидената динамика, а просечната цена 186 денари.

– До второстепената комисија засега нема приговори. Тутунарите очекуваат и натаму да расте просечната откупна цена зашто високоите берби се уште не се преземени. Општината произведува околу 1.650 тони тутун, а се откупени околу 40 отсто, истакна Илија Тодески, секретар на тутунското здружение „Братство“ од Крушево.

Во битолскиот регион досега се откупени половината од количествата тутун, а производителите се задоволни. 

– Откупот е 50 проценти завршен. Тутунарите се задоволни од просечната цена, 180 до 190 денари за килограм. Нема гужви и чекање и навреме се предава тутунот, нагласи Перо Ничевски, претседател на тутунското здружение „Тутуноберачите“ од општина Могила.

Во Битпазар убиен син на познат македонски новинар

policijalenta

Деветнаесет годишниот Леард А. Вчера бил донесен мртов во Градската општа болница Св. Наум Охридски. Тој бил прободен со нож во пределот на срцето. Во болницата на раце го донел неговиот другар кој исто така имал повреди од остар предмет.
Докторите не можеле да сторат многу. Се обиделе да го реанимираат но Леард веќе бил починат.
За инцидентот во Бит Пазар е приведено едно лице кое полицијата го сомничи за нападот.
Неофицијалните информации велат дека убиениот Леард е син на познат македонски новинар кој работел во спортското новинарство

Специјална јавна обвинителка завршила во провалија со својот автомобил

11111

Специјалната обвинителка и нејзиниот неколку години помлад совозач, за среќа минале без телесни повреди во сообраќајката. Значителни оштетувања имало на нејзиниот автомобил марка „рено каптур“ со скопски регистерски ознаки.

Специјална јавна обвинителка завршила во провалија со својот автомобил во сообраќајна несреќа која се случила попладнето на 27 декември, 2015 година, во близина на Македонски брод, дознава Нетпрес од полициски извори.

Нашите информации велат дека таа, и нејзиниот неколку години помлад совозач, за среќа минале без телесни повреди во сообраќајката. Значителни оштетувања имало на нејзиниот автомобил марка „рено каптур“ со скопски регистерски ознаки.

Интересен е податокот, што во документацијата која ја сочинила увидната полициска екипа, наводно совозачот бил заведен како „нејзин пријател“, без име и презиме. Сепак Нетпрес успеа да дојде до идентитетот на совозачот, но нема да го објави.

Ленче Ристоска, обвинител во Специјалното јавно обвинителство, имала сообраќајна несреќа со својот автомобил марка „рено каптур“, на 27 декември во околу 15.50 часот, кај влезот во село Требовље, во близина на Македонски брод.

Полициска екипа која извршила увид на местото на несреќата, констатирала дека до немилиот настан дошло поради неприлагодена брзина кон условите на патот. Полицајците утврдиле дека Ристовска возела со голема брзина на лизгав и подмрзнат тесен пат. Во еден момент таа изгубила контрола врз автомобилот и излетала од патот. Возилото завршило во плитка провалија. При падот автомобилот дури и неколкупати се превртел.

12121212121

Зачудени од тоа како возач би можел да управува автомобил со толкава брзина по толку тесен, подмрзнат и лизгав пат, полицајците во првите моменти помислиле дека Ристоска е под дејство на алкохол. Веднаш и направиле алко-тест, но останале зачудени кога виделе дека во нејзината крв немало воопшто алкохол.

Полициската екипа, поради прекршокот, и пишала платен налог за глоба во висина од 50 евра, во денарска противвредност, на Ристоска, кој што таа го потпишала без никаков приговор.

Полициски извори за Нетпрес велат дека со неа било дваесет и осумгодишно момче од Велес, наводно близок пријател на неколку години повозрасната Ристоска. Но, нема информација за целта на патувањето на Ристоска, односно дали станува збор за службено, или пак за приватно патување.

Ќе се реши проблемот на околу 400 земјоделци за остварување на пензија

12121

Законското решение беше предложено од владата во август минатата година, по што влезе во собраниска процедура и беше поддржано од пратениците.

Околу четиристотини индивидуални земјоделци кои не можеле да остварат право на старосна пензија, од годинава ќе можат да го докупат стажот што им недостига.

Според новите законски решенија, ќе им се пресметува и старосното осигурување од 1978 до 1988 година, а бенифицирано ќе можат да ги откупат годините по 1989 за да го исполнат минимумот од 15 години за право на старосна пензија.
Законското решение беше предложено од владата во август минатата година, по што влезе во собраниска процедура и беше поддржано од пратениците.

Со законот им се излегува во пресрет на барањата на здруженијата на земјоделците, синдикатите и голем број граѓани, кои се соочувале со проблемот да остварат старосна пензија.
За оваа мерка владата на годишно ниво ќе издвои околу 34 милиони денари. ­

Смеа до солзи: Сашко Коцев и Славиша Кајевски во Eден на Еден (ВИДЕО)

Жаре и екипата од шоуто Еден на Еден секоја година успеваат да направат интересна новогодишна емисија која совршено се вклопува во релаксираниот празничен дух.

eden-na-eden6

Во топлиот амбиент на “Мекиците од Стража” на Жаре му се придружија актерите Сашко Коцев и Славиша Кајевски кои разговараа на секакви теми.

Како Жаре, Сашко и Славиша ја прославуваат новогодишната вечер и кои се најсмешните настани кои им се случиле во последно време, дознајте во четириесетината минути исполнети со забава и добар хумор.

Обичаи за Бадник и Божиќ: Еве што МОРА да направите!

Бадник се прославува ден пред Божик и претставува последен и најстрог ден на божикниот пост, како и голема среќа, бидејќи претходи на денот на Исусовото раѓање. Еве какви се обичаите на Бадник и Божик.

Бадник

Бадник името го добил по гранка од даб – бадник која се сече на тој ден, се внесува дома и се пали. Постојат разни обичаи кои се поврзуваат за овој ден, малку од нив се одржале до денес.

Можеби во некои зафрлени делови на Србија, домаќините се уште во рана зора и со пушки одат да сечат бадник, кој потоа до вечерта го чуваат покрај куќата, пред да го внесат и стават на огништето. Денес обичаите се прилагодени на времето во кое живееме, па бадникот најчесто се купува на пазар навечер или на самото утро на Божик, се носи дома и се става покрај икона.

Трпезата на Бадник е исклучиво посна и најчесто се подготвуваат риба, подварок или грав, со салата од зелка или компир. Во некои краеви на Србија, за ручек се пие и чаша црно вино со семе од дрен, за среќа и радост во текот на цела година.

Средината на масата, традиционално се украсува со плетена кошница полна со житарици и сушено овошје. Обичајот за сечењето на бадното лепче се поврзува со витлеемските пастири. Тие, на знакот на Ѕвездата дека се родил Исус Христос Спасителот, насекле гранки од бадник и ги однеле во пештерата да запалат оган и да го стоплат бебето Исус и неговата мајка.

Вечерта на Бадник

123123 (1)

Вечерта на Бадник, домаќинот на куќата со синовите ги внесува бадникот, сламата и печеницата. Сламата се посипува низ цела куќа, а посебно таму каде што се служи вечера. Бадникот се поставува на огништето и се пали, потоа се пали и свеќа и домашните едни на други си го честитаат празникот, читаат молитва, а потоа се почнува со вечерата која е посна и се ужива во семејниот мир. Се верува дека на овој ден или оваа вечер треба да се врати се што е позајмено и да се смириме со сите со кои сме се расправале, за целата наредна година да помине во мир и слога. Во градовите обичајот е изменет, па така не е необично да се видат многу луѓе собрани крај црквените порти како заеднички палат бадник, се веселат и пеат православни песни.

Божик

Божик е највесел православен празник со кој се слави раѓањето на Исус Христос и се слави три дена. Божикното утро почнува така што во рана зора се слушаат ѕвона од сите православни цркви и храмови; во некои делови на Србија домаќините пукаат од пушки и пиштоли; се облекува свечена облека и се оди во црква на Божикна литургија; луѓето се поздравуваат и отпоздравуваат со зборовите Христос се роди и Вајстина се роди. Меѓутоа, во градовите, состојбата е малку поинаква и многу граѓани литургијата ја гледаат на ТВ екраните.

Обичај е првиот човек што ќе ни влезе дома на Божик да е положајник, пријател на куќата кој треба на домот и домашните да донесе здравје, среќа, благосостојба и мир. Симболично, положајникот ги претставува тројцата мудреци кои ја следеле ѕвездата од Исток и кој родениот Исус го дарувале со темјан, злато и мириси. По тој повод, постојат многу ритуали кои положајникот ги прави – ја отвора вратата од печката или шпоретот, го распалува огнот изговорувајќи ја бројаницата: – Колку искри толку среќа, колку искри толку пари… привикувајќи така благосостојба за домот во кој дошол. Потоа, домаќинката на куќата го дарува со соодветен подарок.

Во раното божикно утро, домаќинката меси погача, во која става паричка, од озгора се боцка со гранче од бадник и се пече. Порано во погачите се ставало и семе од дрен, за здравје, семе од грав, пченка, пченица и делови од бадникот. Погачата претставува дел од прославата на Божик и кога е печена се поставува на трпезата, се врти како колач, се полива со вино и на крај се крши на толку делови колку што има членови дома. Се верува дека на тој што ќе му падне паричката ќе биде среќен во текот на целата година. По кршењето, следува честитање на празникот и ручек, кој е прв мрсен оброк по долгиот пост.

Слетуваме на среќа па што биде, нека биде! (ВИДЕО)

22222

Пилотот ги воодушеви патниците кога безбедно го спушти авионот на сараевскиот аеродром и покрај густата магла што го покривала градот.
Поради густата магла што во целост го прекри Сараево, само малкумина пилоти можеле да слетаат на аеродромот во овој град.

Еден од нив е и пилотот на авион на Луфтханза, кој полетал од Минхен на 22. декември.

Тој кажал дека за Сараево лета „на среќа, па што биде, нека биде“, велат патниците. Меѓутоа авионот безбедно слетал и патниците го поздравиле пилотот со громогласен аплауз.

Пилотите кои не се осудувале да слетаат на сараевскиот, слетувале на белградскиот аеродром, јавува Радио Сараево.

ФОТО ГАЛЕРИЈА: Ова се фотографии направени утрото после Нова Година (16+)

12

Ова се фотографии направени утрото после Нова Година и после испиено многу алкохол. Полицијата имала полни раце работа.

Погледнете како изгледа утрото после прославата на Нова Година во Велика Британија.

britnaija-ng-11

13

1515

15123

142151

1412412

britanija-ng1

britanija-ng4

Новогодишен календар на учениците од СОУ “Ѓорче Петров” Прилеп

121212121

Учениците и професорите при СОУ „Ѓорче Петров“- Прилеп и оваа година го изработија својот новогодишен календар.Во него се претставени струките кои се изучуваат, а според сликите станува збор за убави струки, кои секоја година се се поатрактивни. Во него се преставени Здравствената струка, Личните услуги, Текстилно-кожарската , Дрво-преработувачката и Геолошко-рударската струка. Помошта за финансирањето и изработката дојде од конфекцијата „Мартекс“ и студиото „Фото зрак“, на кои од училиштето им изразуваат огромна благодарност. Ова е 5 ти календар кој се изработува во континуитет во последните години, а благодарение на погоре спомнатите прилепски фирми, традицијата продолжи и оваа година. Изгледот и реализацијата е на професорката по ликовна уметност Марта Макеска.

1

2

3

4

5

6

11212