дома блог страница 4963

ВИДЕО: Билдер ја фати девојката како го изневерува со друг маж – и се одмазди вака!

bilder (1)

Прељубата никогаш не е добар избор. Како и да свртите, доаѓа време кога ќе се дознае за тоа, а тој што е крив ќе ги сноси последиците. Во последно време прељубата, за жал, е се почеста појава…

Дечкото во наредното видео „почуствува“ дека врската со неговата девојка ослабела и дека главен виновник за тоа веројатно е друг маж.

Побарал помош од својот пријател кој ја собрал својата ТВ екипа и одлучил со камера да го забележи неверството на девојката.

Ве советуваме да изгледате целото видео:

19 ГОДИНИ ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ

DSCN9222-702x336

Oпштина Кривогаштани одбележа 19 години од своето успешно постоење во присуство на голем број на гости, пријатели и луѓе кои безрезервно ја даваат својата поддршка за развојот на општината. Се разбира најзаслужниот за она што денес претставува општината, актуелниот Градоначалник на општина Кривогаштани Г-дин Тони Заткоски го отвори настанот, се заблагодари на присутните за своето залагање и поддршка и додели Благодарници и ваучери на истакнати поддржувачи и амбасадори на општината од областа на образованието, спортот, културата, бизнисот и другите свери на општественото живеење.

Општината  ги награди своите истакнати наставници од двете основни училишта во општина Кривогаштани, Сотир Нешкоски и Злата Стефаноска и постхумно се заблагодари на еден од најдобрите наставници кој ја имал привилегијата да биди дел од колегиумот при ОУ Манчу Матак и ОУ Јонче Смугрески, човекот кој никој ученик нема да го заборави Драги -Дади Петрески. Благодарници за својата дејност добија фудбалските клубови Младост и Партизан кои години наназад ја претставуваа општината на регионално ниво како и КУД Илинден кој секоја година е амбасадор на општината на меѓународно ниво.

Градоначалникот од свое лично име и името на општината се заблагодари на претпријатијата кои се подкрепа на општината и секогаш тука за нејзините потреби. Исто така денес советот на општина Кривогаштани одржа свечена седница на која присуствуваа сите советници како и градоначалникот и членови на администрацијата од општина Кривогаштани на која се заокружи уште една успешна измината година со желби за уште поуспешна јубилејна дваесетта.

DSCN9321-300x225 DSCN9232-300x225 DSCN9289-300x225 DSCN9294-300x225

Еве што ќе ви донесе љубов и пари , а што денеска не смеете да правите

bozik (1)

Божиќ е празник полн со симболика. Без разлика дали во вашиот дом Божиќ е традиција или сега ја учите симболиката што треба да биде почитувана, немојте да заборавите дека суштината на Божиќ е во љубовта, простувањето и милосрдието, а не во формата, која секако е одраз на суштината, но која ништо не значи доколку не го шири духот на љубовта и милосрдието.

На Божиќ се верува дека момчето треба да и подари јаболко на девојката која му се допаѓа. Ако девојката го прифати јаболкото се верува дека ќе биде негова во текот на наредната година. На божиќната трпеза обиочно се подготвува месна трепеза и се одбира најубавото прасе или јагне.

Се верува дека бадниковата вечера не смее да се раскрене три дена и во тој период куќата не се чисти.

Христовото раѓање одбележано со Божиќен ручек од 500 деца во Прилеп

По десетти пат во Прилеп се организираше Божиќниот ручек од страна на Детската Амбасада за сите деца во светот. Овој јубилеен ручек повторно на едно место собра 500 дечиња од целата држава, од различна вероисповед, деца со посебни потреби, деца без родители, деца на загинати бранители, како и истакнати деца- членови на Детската Амбасада. Христовото раѓање беше одбележано со богата програма и со искрени, топли, детски насмевки. Со песната “Вечниот Бог” и со одлична кореографија, децата предизвикаја воздишки кај сите присутни и на најубав начин го доловија раѓањето на спасителот и неговото пристигнување на земјата.

Од Детската Амбасада за сите деца во светот беше доделено престижното признание за општествена одговорност Орденот за носител на мирот, на А.Д. “Фершпед” од Скопје.

На децата им беа доделени пакетчиња за слатки сеќавања на Божиќниот ручек, за кои се погрижи Градоначалникот на Општина Прилеп г-дин Марјан Ристески.

Божиќниот Ручек го благослови неговото Високо Преоствештенство, Митрополитот Преспанско-Пелагониски Администратор Австралиски и Новозелански Господин Петар.

Свеченоста ја збогатија со свој настап и Градскиот детски хор “Мали Ангели” од Прилеп, а за културно-забавниот дел се погрижија наградените деца од Интернационалниот детски музички фестивал “Ѕвездички” oд Прилеп.

Имаше присутни и гости од естрадата, и тоа македонскиот идол Христијан Тодороски, како и Ален Хасановиќ, ѕвездата од минатогодишните Ѕвезди на Гранд.

Покрај Орденот за носител на мирот, се доделија и плакети Плакета ЗА ПРИЈАТЕЛ НА ДЕЦАТА, за кои Детската Амбасада за сите деца од светот, одлучи со тоа да ги награди најзаслужните, а тоа се: Неговото Високо Преоствештенство, Митрополитот Преспанско-Пелагониски Администратор Австралиски и Новозелански Господин Петар, ИМБ Млекара А.Д. од Битола, Ротари клуб од Битола и Интернационален Детски Музички Фестивал „Ѕвездички“ од Прилеп, .

Организацијата на овој јубилеен 10ти Божиќен Ручек за 500 деца успешно се реализира благодарение на пријателите на децата и Детската Амбасада, покровителството на градоначалникот на Општина Прилеп, Г-дин Марјан Ристески, Алкалоид А.Д. од Скопје, Охридска банка од Скопје, Дојран Стил од Дојран, Жикол од Струмица, Прилепска Пивара од Прилеп, ИМБ Млекара А.Д. Битола, Маркоски 93 од Струга  и Медиа Принт Македонија од Скопје. Медиумски покровители на овој настан се: Канал 5 Телевизија, Алфа Телевизија, Македонската Радио Телевизија, Наша ТВ Телевизија, Тера Телевизија, Канал Визија, Сити медиа, Акцент медиа, дневните весници Дневник, Утрински Весник и Вест, веб порталите Маркукуле, Плус Инфо, Репортер, Револуционер, 10без10 и Шеталиште.

[Best_Wordpress_Gallery id=”116″ gal_title=”BozikenRucek”]

Полицаецот кој си пукаше во глава оставил проштални писма – ова е причината

policaec (1)

Полицаецот В.С (44) кој вчера си пукал во главата во својот стан во Белград, оставил две проштални писма. За среќа, полицаецот останал жив и моментално се наоѓа на интензивна нега во болницата во Србија.

ранетиот полицаец го пронашол својот сосед во локви крв

– Вратата беше подотворена и слушнав тешко дишење и во 18 часот решив да влезам внатре со уште еден сосед, за да провериме дали е се во ред, но таму затекнавме ужасна глетка. Имаше голема рана на слепочницата, но беше жив, ракажува соседот кој во истиот момент повикал Итна помош.

Според информациите на полицијата причината за самоубиството била поради несреќа љубов.

Промовиран хорот при црквата Св. Петка

Во Православната Црква, музиката, т.е. црковното пеење, отсекогаш, уште од самите почетоци на христијанството, завзема посебно место и значење во богослужбениот живот. Како една од литургиските уметности, музиката го надокнадува она што човекот не може со зборови да го искаже, а е најдлабок порив на човековата душа и мисла. Од нашиот македонски род, како дел од православната екумена, низ богатата духовна историја на овие простори, произлегле многу истакнати, знајни и незнајни, музикословни химнографи, композитори, дидаскали на псалтикијната уметност.
Нашиот град – херој и првоборец, својот епитет како првенец во народните борби за духовна и национална слобода го заслужил многу порано од официјалното прогласување пред седумдесетина години. Токму од Прилеп, ќе происходат едни од најзначајните духовни и национални дејци, вклучително и од поновата музичка историја на македонскиот народ. Такви се нашите сограѓани Георги Смичков и Атанас Бадев, од кои последниот се смета за прв професионален композитор на Македонија, со оглед на неговото високо музичко образование во Петроград, кај познатите руски и светски композитори Н.Римски-Корсаков и М.Балакирјев. Надоврзувајќи се на оваа прилепска и македонска хорска традиција, Иницијативниот одбор за изградба на храмот Света Петка, стана и иницијатор за основање на нов прилепски хорски ансамбл, кој ќе биде наменет исклучиво за потребите на новоизградениот Божји дом во населбата Точила. Фактот што во Прилеп повторно се гради храм после околу 100 години, коинцидира со основањето на професионален хорски ансамбл после исто толкав временски период. За оваа цел беше дадена согласност и благослов од надлежниот архиереј, Митрополитот Преспанско-Пелагониски и администратор Австралиско-Новозеландски г.Петар. Веќе уште летото 2015 година започнаа консултациите помеѓу членовите на Иницијативниот одбор и маестро Гоце Секулоски, кој е истакнат деец во областа на црковната музика во Македонија.
Хорот одржува интензивни проби за спремање и изучување на музичкиот материјал од Божествената Литургија на Атанас Бадев, што е предуслов за нивната духовна дејност во рамките на храмот на Св.Параскева. Чувстуваме одговорност тука да спомнеме дека во периодот што следи, хорот при Света Петка, ќе треба да ја има поддршката од сите наши сограѓани, од свештенослужителите, од локалните власти, бизнис секторот, како и од верниот народ, зашто големото дело кое се соврши со изградбата и осветувањето, т.е., пуштањето во употреба на храмот, станува дотолку повеќе видливо и благословено, ако за своја кулминација постојано, сега и во веки, ја има Светата Литургија, благолепно отпеана од достоен македонски и православен хорски ансамбл. Ова се имињата на сегашниот состав на хорот: Диригентот м-р Гоце Секулоски, сопраните – Андријана Дукоска, Валерија Николовска, Маја Црвенкоска, Ана Митоска, Жане Илиеска, Наташа Седлоска, Маја Ристеска, Ана Спиркоска; алтите – Ангелка Поповска, Јулија Златеска, Катерина Попоска, Анкица Митреска; тенорите – Денис Најдоски, Марјан Златески, Бане Мицески, Леонардо Ковилоски и басите – Никола Илиески, Мартин Тренески и Ѓорѓи Костоски.

[Best_Wordpress_Gallery id=”115″ gal_title=”SvPetkaHor”]

Сам за Божиќ: Марко остана без своето семејство, но и покрај тоа не дозволува неговото огниште да се изгасне

marko (1)

Бадник и Божиќ оваа година ќе ги прослави 13-годишниот Марко од Косово и Метохија без неговото семејство. Малиот Марко семејството го изгубил но не го напушта својот семеен дом. Ова момче своите родители и својата сестра ги изгубил во сообраќајна несреќа на 11 април 2014 година. Од тогаш Марко продолжува со живото сам, но сигурен дена од Косово и Метохија нема да си замине.

– Сакав да останам тука. Овде е мојот дом, моето училиште, другарите, фамилијата, набројува Марко

– Убаво ми е, сите се грижат за мене, седмо одделение сум, сакам математика и одлично момче сум, имам многу другари со кои најмногу сакам да играм фудбал и да навивам за Ѕвезда, рекол Марко.

Празниците ги поминува заедно со неговата тетка

Традиционален Божиќен ручек за 500 деца во Прилеп

Во прилепскиот хотел „Кристал Палас“ денеска по 10 пат на големиот празник Христовото раѓање, Божик, ќе се одржи традиционалниот Божикен ручек за деца од цела Македонија, во организација на Детската амбасада за сите деца во светот.

prilep-bozik-rucek

Околу 500 деца без родители, децата со посебни потреби, децата на загинатите бранители, деца на членови на невладината организација, денеска ќе бидат на заедничка празнична трпеза, ќе празнуваат и ќе се дружат, пишува МИА.

На заедничката трпеза со децата од Скопје, Прилеп, Охрид, Ресен, Тетово, Битола, од Струмица, се поканети и деца од другите верски заедници во земјава.

Божикниот ручек ќе го благослови владиката Петар, а прилепскиот градоначалник Марјан Ристески на децата ќе им подели подароци. Со своите песнички ќе ги забавуваат децата-учесници на меѓународниот фестивал „Ѕвездички“.

По седми пат, Детската амбасада за сите деца во светот ќе го додели и Орденот носител на мирот. Годинава, информираат од оваа невладина организација, признанието ќе го понесе компанијата АД „Фершпед“.

Гимназијата Мирче Ацев го одбележа својот патрон

1091

Учениците и вработените во гимназијата „Мирче Ацев“ Прилеп, со низа активности го одбележаа патрониот празник на училиштето. Во чест на патронот организирани беа: Ликовна изложба, поетска вечер „Времеплов“, спортски натпревари во одбојка, кошарка и пинг-понг, натпревари во шах, положено беше цвеќе пред бистите на херојот во нашиот град и одржана беше свечена академија.

1101

958

959

970

972

Свечената академија се одржа во народниот театар „Војдан Чернодрински“, вечерта на 04.јануари. На почетокот на Академијата пред присутните се обрати градоначалникот г-дин Марјан Ристески кој зборуваше за инвестициите на Локалната самоуправа во образованието и Гимназијата и за успесите на учениците од ова училиште на државните и меѓународни натпревари.
Во чест на народниот херој Мирче Ацев ученичката Милена Трајкоска го прочита првонаградениот есеј на конкурсот по повод 100 г. од раѓањето на херојот.

1059

997

1009

1010 1019

1022

Гимназискиот хор, најнаградуваниот хор на државните натпревари, се претстави со три композиции под диригенство на проф.Татјана Иваноска.
На Академијата со пригодни стихови се претставија и рецитаторите: Трајче Маџоски, Елеонора Михаиловска, Цвете Јанеска, Виктор Николоски, Александра Илиеска, Давид Гагалески, Сања Котеска, Деспина Сиљаноска и Стефанија Стефаноска кои работеа под менторство на проф.Ленка Јованоска и проф.Весна Михаиловска.
За убавото расположение на присутните се погрижија вокалните солисти: Михаил Милошески, Анастазија Христоска, Магдалена Кузманоска, Бистра Петреска, Марко Маркоски, Ивана Кормушоска, Ивана Илиоска, Меланија Тодороска и Наташа Ристеска кои беа придружувани на хармоника од Гоце Илиески и на гитара од Стефан Костоски, Андреј Танески и Марко Цветаноски. Ментор на овие ученици им е професорката по музичка култура Татјана Ивановска.

1085

1066

1067

1082

За успешната реализација на свечената академија се погрижија професорите: Димче Настоски, Марта Макеска, Александар Џинго, Гордица Грујоска, Орде Цветаноски и Николче Богданоски.

Еве што не треба да правите на Бадник

badnikkkk

Бадник го најавува најголемиот христијански празник Божиќ.

На овој ден семејството се собира на посна трпеза. Оние кои во текот на годината биде скарани, на Бадник си простуваат и се смируваат.

Многу обичаи кои врзани за Бадник се пагански, но црквата подоцна им дала христијанско значење. На овој ден не се оди на гости, и не позајмуваат пари