дома блог страница 4959

ФОТО: Како изгледа денес Лазар Бараков од македонските народни приказни?

lazar-barakov-640x362

Сигурно и вие го помните актерот Лазар Бараков од македонските народни приказни. Во нив тој секогаш имаше интересни улоги, па од ѓавол до слуга и будала сме го виделе во секакво издание.

lazar

Во голем дел од приказните тој беше слуга на најголемиот македонски цар од народните приказни – Ѓорги Колозов.

lazar2

Потекнува од струмичкото село Мокрино. Еве како изгледа денес 61-годишниот Лазар!

lazar3 lazar4 lazar5

(Галерија+Видео)ЗАВРШИ СРЕДБАТА ГРУЕВСКИ-БАЈДЕН: Еве што изјави Премиерот по завршувањето на средбата!

gruevski_bajden_sredba2-30nv9czaeoezu903uuwsu8

Во рамки на посетата на Соединетите Американски Држави, премиерот Никола Груевски оствари средба и со потпретседателот на САД, Џо Бајден. На средбата, како што информира претседателот на македонската Влада се зборувало за повеќе теми, меѓу кои и политичкиот дијалог, реформите, економијата и економската соработка, како и за членството на Македонија во ЕУ и НАТО.

-Со Бајден имавме одлична и пријателска средба. Од последното наше гледање до сега се имаат случено многу добри работи, но и многу предизвици. Зборувавме и за добрите работи и за предизвиците. Америка е наш партнер, ние имаме потпишано декларација за стратешко партнерство во 2008 година и во многу работи имаме сериозна поддршка од САД во овој изминат период. На средбата зборувавме за повеќе теми. Зборувавме за политичкиот договор, за реформите во повеќе сфери, за економијата и економскта соработка, за безбедносните предизвици, но зборувавме и за членството на Македонија во НАТО и во Европската Унија. Ние ќе продолжиме да соработуваме и во иднина со Америка, особено на полето на влезот на Македонија во НАТО и ЕУ и нивната поддршка во тој правец ќе биде многу значајна за нас во иднина, истакна Груевски.

gruevski_bajden_sredba7 gruevski_bajden_sredba2-30nv9czaeoezu903uuwsu8 gruevski_bajden_sredba3 gruevski_bajden_sredba4 gruevski_bajden_sredba5 gruevski_bajden_sredba6

ОГРОМНА ГРИЗЛИ МЕЧКА САКА ГУШКАЊЕ: Погледнете го човекот кој си игра со огромната мечка!

Mecka_guskanje-30n5qarfazj2zx5971uha8

Овој човек игра со огромна гризли мечка како да е мало домашно слатко милениче. Иако е неверојатно страшна и голема, големата мечка изгледа дека сака големи прегратки!

Добитниците на 73. по ред „Златни глобуси“

„Повратник“ на Алехандро Гонсалес Инариту е филм на годината според холивудското Здружение на странски новинари, како и најдобра режија на синоќешните 73. по ред филмски награди „Златни глобуси“. Златна статуетка за главната улога во филмот понесе Леонардо ди Каприо.

zlaten-globus-film6-640x353

За мјузикл или комедија награден беше „Марсовецот“ на Ридли Скот, а Мет Дејмон го доби признанието за актер во оваа категорија.

За најдобро претставување во драма златен глобус доби Бри Ларсон, а во категоријата мјузикл или комедија очекувано доминираше Џенифер Лоренс, која доби признание за улогата во филмот „Џој“, инспириран од вистинска приказна, со кој се продолжува силната кампања на женското холивудското лоби за еднакви плати меѓу актерите и жените во САД воопшто.

Најдобра серија во категоријата драма доби новиот хит „Мр. Робот“, за која награда за спореда улога доби и Кристијан Слејтер. Статуетка доби и Џон Хем, најмногу поради тоа што за последен пат е номиниран за серијата „Луѓето од Менхетен“.

Очекувано, за најдобар анимиран филм е прогласен „Опаку Наопаку“, а Сем Смит доби признание за „Writings on the wall“, носечката нумера на последниот филм за Џејмс Бонд.

ЖЕНИ ВНИМАВАЈТЕ: Еве од што се добива рак на дојка

zeni (1)

Шеќерот кој е составен дел на газираните пијалоци, кечапот, стапчињата од житарки и бисквитите поттикнуваат појава на рак на дојка кај жените, предупредуваат научниците.

Исхранaта која е богата со шеќер го зголемува ризикот од рак на дојка и метастазирање на плуќата, се наведува во студијата.

Истражувачи од Универзитетот во Тексас утврија дека, дури во 58 проценти од случаите, кога на глувците им давале храна богата со сахароза се зголемувала опасноста од раст на тумор.

Иселеници го снимиле пристигнувањето на Груевски во Вашингтон: „Гордост е да си Македонец“ (ВИДЕО)

grujo-1-650x396

Македонските иселеници го снимиле пристигнувањето на премиерот Груевски во Вашингтон и истото го објавија на Фејсбук страницата „Macedonian American Weekly“.

Видеото од пристигнувањето на македонскиот премиер е објавено со наслов и коментар „Како што доликува на државник. Гордост е да си Македонец“

Вознемирувачко видео: Силуваните жени од Келн врескаат и молат за помош

Ноќта меѓу 31 декември и 1 јануари, во близина на главната железничка станица во Келн стотици жени биле ограбени, тепани и сексуално злоупотребувани од мигранти, кои биле под дејство на алкохол.

keln-voznemiruvacko-video-640x374

На интернет се појави видео на кое може да се забележи како група мажи сексуално малтретираат девојка.

Шефот на полицијата во Келн истакна дека сторителите се од арапско или северноафриканско потекло.

Финската полиција соопштила дека во текот на новогодишната ноќ биле забележани невообичаено голем број на сексуални напади врз жени. Истите се случиле околу и на главниот плоштад во Хелсинки. Инаку таму има околу илјада баратели на азил и тоа повеќето од Ирак.

Пријави за сексуални напади на жени се забележани и во Салцбург и Цирих.

Дочекајте ја СТАРА НОВА ГОДИНА во пица ресторан Garden Limitless

12072624_188304901506974_4457218802590685266_n

Прославете ја Стара Нова Година во пица ресторанот Garden Limitless, затоа што тие знаат што е најдобро за своите гости. Ќе имате можност да уживате во добро познатиот топол амбиент, вкусна храна и одлична забава.

Домаќините имаат приготвено примамлива понуда, која нема да ве остави рамнодушни, а за забавата ќе се погрижи музичката група Classic Band.

12540863_215349355469195_1284043620728604351_n

12510333_215349378802526_662064672039008441_n

За оние пак кои сеуште не се информирале, од ресторанот нудат дневни менија по супер привлечни цени, за секој ден од неделата. Верувајте количински ќе се нагостите. Проверете и уверете се.

ПОНЕДЕЛНИК

== ДНЕВНО МЕНИ до 18 часот ==
-ШОПСКА САЛАТА
-БОЛОЊЕЗЕ
-БЛАГА ПАЛАЧИНКА (ПО ИЗБОР)
-КАФЕ
==200 МКД==

ВТОРНИК

== ДНЕВНО МЕНИ до 18 часот ==
– МЕШАНА САЛАТА
– КАРИ СТЕК
– БЛАГА ПАЛАЧИНКА
– МАКЕДОНСКО КАФЕ
== 200 ден. ==

СРЕДА

== ДНЕВНО МЕНИ до 18 часот ==
– ШОПСКА САЛАТА
– ПИЛЕШКИ РАЖНИЧ СО ЗЕЛЕНЧУК
– БЛАГА ПАЛАЧИНКА
– КАФЕ
== 200 ден. ==

ЧЕТВРТОК

== ДНЕВНО МЕНИ до 18 часот ==
– ШОПСКА САЛАТА
– ПЕЧЕН СЕНДВИЧ СО ШУНКА
– БЛАГА ПАЛАЧИНКА
– МАКЕДОНСКО КАФЕ
== 200 ден. ==

ПЕТОК

== ДНЕВНО МЕНИ до 18 часот ==

–  МЕШАНА САЛАТА
– РИЖОТО СО ЗЕЛЕНЧУК
– ПАЛАЧИНКА (мед и ореви)
– МАКЕДОНСКО КАФЕ
== 200 ден. ==

САБОТА

== ДНЕВНО МЕНИ до 18 часот ==

– МЕШАНА САЛАТА
– КАРБОНАРА
– ПАЛАЧИНКА ПО ИЗБОР
– МАКЕДОНСКО КАФЕ
== 200 ден. ==

НЕДЕЛА

== ДНЕВНО МЕНИ до 18 часот ==

– ШОПСКА САЛАТА
– ПИЦА МАРГАРИТА
– БЛАГА ПАЛАЧИНКА
– МАКЕДОНСКО КАФЕ
== 200 ден. ==

Изненадување: Регулаторна ги објави новите цени на горивата во Македонија

benzin-1.jpg6_

Бензините поевтинуваат за половина денар, дизелот за еден денар. Регулаторната комисија за енергетика ги утврди новите малопродажни цени на нафтените деривати
Од полноќ ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе чини 61 денар а литар ЕУРОСУПЕР БС-98, 63 денари.

ЕУРОДИЗЕЛ-от ќе се точи по цена од 42,5 денари по литар.

Незначителното намалување на цените на нафтените деривати е вистинско непријатно изненадување особено ако се има предвид дека немаше поголеми промени на курсот на денарот во однос на доларот а цената на суровата нафта пред две недели според Регулаторната комисија за енергетика изнесуваше околу 40 долари, а во денешниот извештај е спуштена за скоро 4 долари по барел и изнесува 36,7 долари.
На намалување од околу 4 долари на еден барел, бензинот поевтинува само половина денар, а дизелот само еден денар.

Зошто не се одбива кумство?

kumstvo

Секој од нас барем еднаш во животот слушнал дека понуденото кумство не се одбива, но дали знаете зошто е тоа така?

Кога велиме кум првата асоцијација која ни паѓа на памет е пријател за цел живот, кој никогаш нема да ве предаде и секогаш ќе биде покрај вас како дел од вашето семејство и на него може во секое време да се потпрете.

Кумството спаѓа во духовно сродство и може да биде во форма на кум на крштевка и кум на венчавка.

Кумот има посебно место на свадбата како и на сите прослави. А денес ќе се свртиме кон изреката зошто кумството не се одбива и што може да се случи ако се одбие кумството.

Едно од верувањата е дека ако одбиете да бидете кум на венчавка во текот на целиот живот ќе ве следи несреќа и никогаш нема да ја најдете својата сродна душа, затоа што пред Бог сте одбиле да сведочите.

Некои веруваат дека покрај несреќата во љубовта, одбивањето на кумството носи и осаменост до крајот на животот, односно покрај себе нема да имате вистински пријател. Друго верување е дека кога ќе се одбие да се крсти дете вие никогаш нема да имате деца.

Притоа кумот е личност од доверба. Но сега кумството е поинакво. Старите кумства биле одржувани многу долго, а денес се набљудуваат низ материјалната призма. Но ни венчавањето ни крштевањето не можат без него.

Исто така кумот при крштевањето се колне пред Бог дека ќе се грижи за тоа мало дете, што значи дека тој ќе преземе одговорност за тоа дете, ако на родителите нешто им се случи.

Тоа е морална одговорност на кумот. Доколку нешто се случи, тој станува старател на детето.

Кумот е важен дел од секое семејство и самата традиција на нашиот народ, па така советуваме внимателно да го бирате, а кога ќе го изберете ценете го и почитувајте го.