дома блог страница 4954

Што жените кријат од мажите дури 19 месеци?

izgled-zena

Речиси сите жени се понекогаш незадоволни и несигурни за својот изглед.

Тие се разубавуваат за да бидат најубави од сите. За некои жени разубавувањето е строга тајна операција што ја кријат од партнерот дури една година и седум месеци.

Замислете, 19 месеци им се потребни на жените за да се опуштат и да го покажат вистинското лице пред партнерот, покажало најновото истражување.

Ова го докажува една студија, која открива дека на жените им е потребно подолго време пред да може да се опуштат пред партнерот и да не чувствуваат комплекси во врска со своето тело.

Ако пушите цигари: Домашен лек за чистење на белите дробови

cigari-11-

Чадот од тутунот можат да нанесе сериозна штета на општото здравје, особено за здравјето на белите дробови. Затоа, ви претставуваме еден рецепт за домашен лек кој ефикасно ги чисти белите дробови и го подобрува здравјето.

Состојки:

  • 400 грама лук, излупете ги чешнињата или исечете ги на четвртини
  • парче ѓумбир
  • 2 лажички куркума
  • 400 гр кафеав шеќер
  • 1 литар вода

Ставете ја водата во тенџере, додадете шеќер и ставете да се загрее. Кога ќе почне да врие, додадете рендан ѓумбир, лук и куркума и варете додека смесата не проврие.

21212121212121

Тргнете го тенџерето од оган и оставете да се излади до собна температура. Лековитата смеса би требало да се чува во фрижидер.

Земете 2 лажици од оваа мешавина секое утро на празен стомак и уште 2 во вечерните часови по последниот оброк.

Пред употреба на природни лекови не заборавајте да се консултирате со вашиот лекар.

Мистериозна дама: Сега таа е најбараниот нарко-бос во светот

Сега кога озлогласениот нарко-бос Ел Чапо е зад решетки, на листата најбарани криминалци од американската управа за борба со дрога – “DEA”, првото место го заземала една дама.

На потерницата се наоѓа мистериозната Марија Тереса Осорио де Серна, Колумбијка барана поради перење на пари и трговија со дрога.

Малку се знае за Осорио де Серно, а не се знае ни кога е точно родена – датумите варираат од 1950. до 1945. година. Всушност, толку малку се знае за неа, што се опишува како дух, пренесува BBC.

Во родната Колумбија против неа не е отворено никакво обвинение, но САД ја бара поради поврзаност со познатиот Меделин картел. Се верува дека за нив Марија Тереса испрала милиони долари, пренесува Russia Today.

Картелот се “прославил” за време на владеењето на познатиот нарко-бос Пабло Ескобар, кој контролирал кокаинска империја во Колумбија, шверцувајќи дрога во САД додека не бил убиен во 1993. година.

DEA има потешкотии во лоцирањето на Осорио де Серна, а нејзината последна позната адреса била на Флорида. Користела лажни имиња – Марија Тереса Кореа, Глорија Бедоја и Ирис Конде.

ФОТО – Започна снежното невреме во Прилеп

12516242_10206989234823748_1698819062_n

Вистинска зима конечно. Иако мислевме дека скоро ја поминавме зимата, со топло и сончево време, денеска зимата не потсети дека штотуку започна. Надвор е студено, со засилен ветер, со снежни врнежи, целосно спротивно на тоа што го имавме како временски благодет во изминатите денови. Уживајте во снежната покривка која се најавува за секаде во нашата земја.

12583863_10206989236263784_966476316_n

12540151_10206989233903725_741777827_n

12570906_10206989234303735_534670397_n

Ноќен живот Прилеп : The Gallery House Pub & Virus – 15.01.2016

[Best_Wordpress_Gallery id=”122″ gal_title=”NokenZivot_15012016″]

Во кои земји бурмата се носи на десна, а во кои на лева рака и зошто?

Многу земји имаат различни адети за тоа на која рака се носи венчалниот прстен. Во Македонија бурмата најчесто стои на десната рака, но тоа не е строг обичај.

Според старото верување, прстенот се става на домалиот прст од левата рака затоа што тој е директно поврзан со главната срцева вена, која на латински се вика vena amoris.

На лева рака прстенот се носи главно во западните земји, меѓу кои Словенија, САД, Канада, Франција, Ирска, Италија и Мексико, како и во Австралија, Египет, Романија и Шведска.

Постојат неколку причини зошто прстенот се носи на десната рака, пред сè, затоа што не постои пишано правило на која рака треба да стои, па тоа се смета за слобода на избор.

Многу научници сметаат дека носењето на прстенот на левата рака е лошо за здравјето на луѓето што страат од ревма или од болести од кои потекуваат зглобовите.

Главната причина, сепак, се културата и традицијата. Освен во Македонија, на десна рака прстенот го носат и во Србија, Грција, Бугарија, Германија, Русија, Украина…

ВИДЕО: Доказ дека за мајчинската љубов нема граници

majka (1)

Погледнете го овој краток видео запис снимен според вистинска приказна, а во него ќе видите мајка која, за да помогне на својот болен син се одлучила да си го промени целиот живот.

Нејзиниот син со месеци чекал на листата за трансплантација на бубрези, а мајката одлучила да ослабе 20 килограми за да се најде на листата ако донатор.

Оваа мајка секој ден трчала, ја променила својата исхрана, а сето тоа за да помогне на својот син.

 

Заев под притисок на меѓународниот фактор панично ја напушти средбата

Преговорите во резиденцијата на ЕУ завршија неуспешно доцна вечерва, откако лидерот на СДСМ Зоран Заев под притисок на меѓународниот фактор панично ја напушти средбата која траеше повеќе од осум часа.

zaev-napusti-640x331

Противењето на опозициската СДСМ ги одведе во ќорсокак последните преговори кои требаше да го одржат во живот договорот од Пржино, односно да се одржат избори на 24 април годинава.

-Преговорите пропаднаа. Ако изборите се одржат на 24 април, СДСМ нема да учествува Ние ќе продолжиме да се бориме за демократијата во Македонија, изјави панично Заев и си замина.

Курир веќе објави дека ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА се за избори на договорениот датум и трите партии предложиле уште многу предлози кои треба да обезбедат дополнителна сигурност во изборите, но Заев се плаши од народот и бега од изборно соочување.

Заев отишол дотаму што почнал да поставува и нови услови само за да ги избегне изборите. Лидерот на СДСМ измислувал и тотално нелогични изговори зошто не би можеле да се одржат избори. На тоа присутните почнале да му се смеат и да се шегуваат, а странците остро коментирале, свесни дека лидерот на СДСМ е нестабилна личност.

ВМРО-ДПМНЕ како партија ги исполни во целост своите обврски од договорот во Пржино. СДСМ доби двајца министри со ресор и три дополнителни заменици-министри, се одбра Специјален јавен обвинител со целосни услови за работа, беше одбран составот на ДИК каде опозицијата има доминација, секретар и претседател од своите редови. Изборниот законик е променет согласно барањата на опозицијата….

-Изборите треба да се закажат за 24-ти април. Сега е време да се исполни оваа обврска. За жал, неодамнешните изјави од страна на СДСМ фрлаат сенка врз овој дел од договорот. Ова е јасна замка за да се држи нашата земја во заложништво, да се држи во криза, конфликтност и да се оспори правото на народот да ги одбира луѓето кои мисли дека треба да ја предводат државата. Јас сум против ова кочење и против ваквото држење на државата во заложништво, рече вчера премиерот.

Во оваа насока на исполнување на сите обврски од договорот, Груевски утрово го достави своето времено повлекување до претседателот на Собранието на Република Македонија, а за технички премиер кој ќе ги организира изборите беше предложен Емил Димитриев.

 

ЕМОТИВНО ВИДЕО: Војници “се топат“ во прегратка на своите бебиња

vojnik-tatko-bebe

Улогата на таткото за време на растењето на детето е исклучително важна, така што ништо не може да ја замени.

Но, некои татковци ја немаат таа среќа да се постојано со своите деца.

Некои деца, пак, имаат недостаток целиот свој живот без татковска фигура во семејството.

Ова видео носи бура од емоции. Татковците од оваа приказна се војници кои со месеци се далеку од дома. Сета болка, притисок, решка работа, тага исчезнуваат по првата прегратка на нивното дете.

РУСКИТЕ СПЕЦИЈАЛНИ СИЛИ ВО АНТИТЕРОРИСТИЧКА ОПЕРАЦИЈА: Снимка од анти-терористичка операција на ФСБ во Кавказ! Страшно!

FSB_Akcija-30ornsla18ab6vqiowdce8

Федералната Служба за Безбедносте редовно е вклучена во сите врсти на анти-терористички операции, вооружени судири и борба против криминал, а се одликуваат со врвно вооружување и обука.

Припадниците на специјалните единици секојдневно учествуваат во откривање и совладување на терористи во Руската Федерација, а според потребите може да бидат ангажирани и на други територии.

Неодамна овие специјални сили беа ангажирани во анти-терористички дејствија во Сирија.

Задачите кои ги обавуваат припадниците на вакви формации не се ниту малку лесни, борбите и операциите кои ги изведуваат носат стотици животи годишно. Она што има дава предност и поголем авторитет во однос на другите е и фактот дека Претседателот на Русија Владимир Путин некогаш бил дел од оваа служба.

ФСБ е наследник на некогашната КГБ, а на чело на ФСБ своевремено се наоѓал и Владимир Путин.

Како дејствуваат припадниците на оваа единица и со кои методи се служат, како и поради што уживаат огромна почит, најдобро се гледа од вакви примери.