дома блог страница 4953

Ноќен живот Прилеп : Art Caffe Aporea – 16.01.2016

[Best_Wordpress_Gallery id=”124″ gal_title=”NokenZivot_16012016″]

Со неверојатни 51 минута игра против Франција, можеме ли да се надеваме против Полска?

kire-lazarov-768x529-650x396

Македонија стартуваше со пораз на Европското првенство во Полска, но нашите лавови покажаја дека не за џабе го носат приматот нај искусна репрезентација на ова Европско, и не за џабе се асови на клубовите во кои настапуваат.

Секогаш расположениот Кире Лазаров, неговата мотивација и глад за победа, ги прави сите играчи во репрезентацијата да играат 2 до 3 пати подобро, од тоа што го знаат да го одиграат.

Следен противник е Полска, бронзената на Светското првенство во Катар, суперквалитетната и исто како нас борбена репрезентација. Меѓутоа и покрај тоа што на првиот натпревар против Србија имаа ветер во грб од 15 000 своја публика, Пољаците не беа ни малку супериорни и не ја оправдаја фаворитската улога. Напротив се мачеа се до последниот свиреж и на крајот стигнаја до пирова победа со гол разлика (29-28).

Имајќи го во предвид притисокот со кој се соочуваат репрезентативците на Полска, и играта со Србија, а тука би го вклучиле и негативниот биланс со нас на големите натпреварувања, Македонија може да се надева на позитивен биланс од овој натпревар.

Оваа репрезентација ќе направи нешто на ова натпреварување, бидете сигурни во тоа. Секој кој го познава ракометот може да воочи дека имаме страшна репрезентација, и дека не треба да не плаши ама баш никој противник.

СО ЦЕЛО СРЦЕ ВЕЧЕРВА, НАВИВАМЕ ЗА МАКЕДОНИЈА !

Денеска е Собор на 70 Апостоли

70-apostoli

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 4 јануари. Денеска е Собор на 70 Апостоли.

Покрај 12-те апостоли, Христос избрал уште 70 други, ги вооружил со сила да чудотворат и да изгонуваат духови и ги испратил по градовите и селата да ги повикуваат луѓето кон вечен живот.

Нивната проповед се состоела, како што вели апостол Павле, не во убедливи зборови на човечката мудрост, туку во пројава на дух и сила.

По слегувањето на Светиот Дух тие се распрснаа по целата Римска империја и на својот пат претрпеа многу гонења, маки и незгоди, а многу од нив и пострадаа за Христа.

Црквата го определи овој ден за да ги слави сите нив заедно.

Пријателите ќе се соберат, ама без Чендлер

chendler-prijateli-590x396

Пријателите ќе се соберат, ама без Чендлер. Информацијата дека актерската екипа на „Пријатели“ повторно ќе се собере заедно пред камерите изненади голем број фанови низ целиот свет, но еден од актерите од познатата шесторка најави дека нема да учествува на собирот.

Актерот Метју Пери, кој го играше Чендлер Бинг, објави дека нема време за „Пријатели“.

Претходно телевизиската куќа Ен-Би-Си најави дека Метју Пери, заедно со Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Лиза Кудроу, Мет Лебланк и Дејвид Швимер ќе учествуваат во двочасовна специјална епизода посветена на режисерот Џејмс Бароус.

– Метју нема да биде дел од собирот, бидејќи се наоѓа во Лондон на проба за својата претстава „The end of Longing“, изјави портпаролката на актерот, додавајќи дека Ен-Би-Си знаеле за тоа, но сепак го најавиле неговото присуство.

Специјалната епизода од „Пријатели“ е најавена за 21 февруари.

ВИДЕО: Со овој изум ќе нема веќе загинати во авионски несреќи

aaaaaaaaaaa

Смислен е нов начин за евакуација на патниците во авионите, во случај на евентуална авионска несреќа.

Со новиот изум би можеле да се спасуваат по стотици илјади човечки животи.

Станува збор за кабина, односно капсула, во која би биле сместени патниците како и досега, со тоа што таа во случај на несреќа би можела да се одвои од остатокот на авионот и со падобрани безбедно да се спушти на земјата.

Во случај да се спушти на вода, капсулата ќе има душеци, кои автоматски се дуваат за да не потоне.

Пиете кафе на празен стомак – веднаш престанете!

pie-kafe

Нема сомнеж дека кафето е добро за нашиот организам, но сепак не би требало да се пие на празен стомак, особено не наутро.

Доколку испиете една шолја црно кафе на празен стомак тоа доведува до отпуштање на хидрохлоричната киселина внатре во нашиот дигестивен систем. Ако веќе боледувате од гастритис, тогаш тоа сигурно сте го почувствувале.

Киселината има улога на разбирање на храната во нашиот стомак. Кога ќе изедете нешто “тешко”, тоа може да предизвика проблеми со варењето, бидејќи ќе дојде до тешкотии при разложувањето на протеините.

Кога протеините не се потполно разложени, тоа може да доведе и до други проблеми како што е воспаление на цревата, надуеност, иритација, па дури и рак на дебелото црево.

Од тие причини експертите предупредуваат дека кафето никогаш не би требало да се пие наутро веднаш откако ќе се разбудите. Причината е таа што тоа ќе го подигне нивото на кортизол многу брзо и на телото ќе му биде потребно многу време за да се врати во нормала. Овој хормон го контролира нашиот биолошки часовник и способноста да останеме будни.

Исто така, консумирањето на кафе на празен стомак ќе го подигне нивото на киселини во желудникот, што може да доведе до надуеност и повраќање.

Па така, кафето треба да се пие час време после будењето. Тоа подразбира и дека нешто морате да изедете нешто пред тоа, па макар и едно парче леб.

Доколку сте тип на личност која не може да го започне својот ден без шолја кафе, има уште еден трик кој можете да го искористите за да ги намалите штетните ефекти – додајте малку млеко или путер во кафето.

Ноќеска доаѓа нов снежен бран – се будиме на половина метар снег

Во моментов низ целава земја има врнежи од снег со променлив интензитет, освен во Гевгелија каде се уште врнежите се од дожд со умерен интензитет. Поинтензивни врнежи има во западните делови и Пелагонија. Долж Повардарието и на запад, особено на планините дува умерен ветер од северен правец кој на моменти засилува.

Во вечерните и ноќните часови ќе се задржи облачно време со врнежи од снег со променлив интензитет. Се очекува насекаде да се формира снежна покривка. Поинтензивни врнежи и понатаму ќе има во западните делови каде локално ќе наврнат повеќе од 50 см снег.

До утре наутро на повеќето пониски места снежната покривка ќе изнесува од 10 до 20 см. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, што локално ќе предизвика создавање на снежни наноси, особено на планините.

Времето утре претежно облачно, ветровито и студено со повремени врнежи од снег со послаб интензитет. Попладне врнежите ќе престануваат. Ќе дува засилен северен ветер, повремено на места со брзина до 80 км/час. Т-мин. од -4 до 2 а дневната нема да се менува односно од -5 до 2 степена. Скопје: Слично со Тмин= -1, а дневна -2 степена.

Саботно Снежно Кафе – 16.01.2016

[Best_Wordpress_Gallery id=”123″ gal_title=”SabotboKafe_160120126″]

Андреј Ристески и Сара Симоноска, наградени со плакети од Карате федерација на Македонија

12509654_1122732744433965_9118017990394147566_n

Андреј Ристески и Сара Симоноска од Карате Клуб Спорт 94 од Прилеп, се млади каратисти, кои се иднината на овој спорт во градот под Марковите Кули. Карате федерацијата на Македонија, за нивните резултати во изминатата 2015 година, ги награди со плакети за второ место (Андреј) и трето место (Сара), најуспешни јуниори за изминатата година.

12399287_1122731547767418_2064506194_n

На свеченоста која се организира на почетокот на годината во Скопје, присуствуваат најдобрите каратисти од Македонија, кои се номинирани за наградите, при што се избираат по тројца најдобри од секоја категорија.

12571022_1122731551100751_1995624843_n

12539919_1122045011169405_1422934380_n

Имено Андреј, оваа награда ја доби за освоеното второ место на Државното првенство, учевство на Светски куп и освоеното седмо место на Европското првенство во Цирих, минатата година.

Сара Симоноска пак може да се пофали со прво место на Државното првенство за 2015 година.

12571418_1122731834434056_1127470370_n

 

ЕХФ ги казни македонските ракометари- причината бизарна!

rakometari-1-640x433

Дисциплинската комисија на ЕХФ на Европското првенство ги изрече и првите парични казни и тоа за селекциите на Македонија и на Франција.

Франција ќе треба да плати вкупно 1.500 евра поради тоа што играчите го немаат логото на шампионатот на ракавот на својот дрес (1.000 евра), како и тоа дека играчите немаат истообразна опрема (различни чорапи) за време на натпреварот.

За Македонија казната е 500 евра поради тоа што играчите носат различни видови и бои чорапи.