дома блог страница 47

Eмотивна преработка на „НЕМИР“ од Тоше и Каролина во изведба на малата Ива и нејзиниот професор од Прилеп, Денис Димоски (ВИДЕО)

Песната „Немир“ – еден од најемотивните дуети на македонската музичка сцена, оригинално изведена од Тоше Проески и Каролина Гочева, доби нова, свежа верзија.

Овојпат во изведба на пејачот Денис Димоски и малата Ива Пауновиќ, која со својот детски шарм и чист глас внесе посебна топлина во песната.

Ива Пауновиќ има 7 години и започнала да учи пеење под менторство на Денис на 6-годишна возраст. Како што ни открива нејзиниот ментор – таа многу ги сака песните на Тоше, Каролина и ДНК.

Полициски службеници спасија 34-годишник при обид за самоубиство (ФОТО)

Денеска (21.10.2025) во 10:40 часот, по претходна пријава за лице кое сака да се самоубие, полициски службеници од СВР Куманово заедно со екипа од Територијалната противпожарна единица Куманово спасија 34-годишно лице од кумановско, кое се обидело да се фрли од „Искрин мост“ во Куманово.

По преземени мерки, лицето е убедено да се откаже од намерата, по што е пренесено во Општа болница Куманово за укажување лекарска помош.

Уапсен лихвар од Прилеп

-ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Г.Б.(51) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лихварство“. Пријавениот со закана наплатил три пати поголем износ од сумата која ја позајмил на едно лице, при што се стекнал со противправна имотна корист од 430.000 денари – стои во полицискиот билтен на МВР.

Викенд за уживање во ресторан “ПОРТА” – Не дозволувајте друг да ви прераскажува, резервирајте навреме!

Тимот на “РЕСТОРАН ПОРТА” ви закажува две нови средби со два добро проверени музички состави, за ново гурманско викенд уживање.

Во петок, 24.10. со почеток од 20:00 часот, ќе ве пречекаат неповторливите ““АКУСТИКО ЛАЈТ БЕНД”. Kвартетот од Кавадарци како и секогаш ќе понуди музика за уживање за сите вистински гурмани и вљубеници во староградските звуци.

Саботата викендов (25.10.) пак е резервирана за “ТРИО МАЊИФИКО”, уште еден добро познат состав од Тиквешијата, чиј настап не смее да се пропушти.

Дојдете и уживајте и овој викенд во срцето на Старата прилепска чаршија, во ресторанот кој создава една поинаква гастрономска приказна во која секој има своја улога и остава свој белег.

Резервирајте навреме на 078 368 111. Тимот на Ресторан “ПОРТА” ве очекува! Да градиме спомени полни со љубов и уживање, затоа што еднаш се живее!

(ВИДЕО) Секој жетон вреди повеќе – откриј зошто сите одат во GALA WASH!

Лоцирана покрај Градската река, на улица “Кеј 1-ви Мај”, веќе добро знаете дека GALA WASH е местото каде можете да му пружите најдобра нега на вашето возило, и сето тоа без чекање, сами и по најниски цени во целиот град.

Сега НАЈНОВО во најсовремената АВТО ПЕРАЛНА и услуги кои единствено можете да ги добиете тука:

-Перење на патосници
-Антибактериски мирис
-Црнило за гуми

Важно!

Перењето на патосниците се прави со држење на истите, а не го пуштање во машината! Цената на еден жетон е само 25ден, за црнила на гуми времетраењето кое го добивате е 80секунди, додека за нанесување на антибактерски мирис 40 секунди.

Она што мора да се потенцира е тоа дека автопералната користи исклучиво докажан бренд на хемиски средства, од реномираниот белгиски производител NERTA.

Цената на еден жетон за перење е само 25 денари, а со тоа добивате 90 секунди. Она што е особено важно во овие зимски денови, е што само тука вашето возило можете да го перете со топла вода (55 Степени помешана со шампон), а ако сакате вашиот миленик на четири тркала навистина да заблеска, тогаш на располагање ви е и опцијата за нанесување восок со ладен воден млаз.

На вас останува после дождливото време, да ги посетите и да се уверите во пишаниот збор одблиску.

ВИДЕО: “ИНФО КОМПАС”

 

Нормализиран сообраќајот на патот Прилеп – Градско

Сообраќајот на патот А1 Прилеп-Градско кај „Заполошки мост“ е нормализиран откако беше во прекин од синиќа во 22:40 чсот поради сообраќајна несреќа, информира АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Вечер со руска и македонска поезија во Прилеп (Фото галерија)

На 24.09.2025 година во градот Прилеп, во свечената сала на Градската библиотека се одржа манифестација „Вечер со руска и македонска поезија“ по повод на донација на книги од страна на Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија за во фондот на ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“-Прилеп.

Списокот на донираните книги го сочинуваа над 55 печатени книги, како и аудио книги, меѓу кои имаше книги на руски, на македонски, а имаше и двојазични, руско-македонски, книги.

Настанот го организираа директорката на Градската библиотека, поетеса госпоѓа Андриана Ристеска, којашто беше домаќин на овој настан, заедно со претставничка на руската дијаспора во Македонија, македонистка Дариа Красник (Шафрина), којашто воедно беше и водител на настанот. Оваа манифестација никогаш немаше да се овоплоти без бескрајна поддршка на Амбасадорот на Руската Федерација, Неговата Екселенција господин Сергеј Александрович Баздникин и Конзулот на Руската Федерација, втор секретар господин Константин Иванович Чеботарев.
На сцената со свечени говори настапија домаќинот, директорката на Градската библиотека госпоѓа Андриана Ристеска, градоначалникот на Општина Прилеп господин Борче Јовчески, Амбасадорот на Руската Федерација, Неговата Екселенција господин Сергеј Александрович Баздникин, потцртувајќи дека руската и македонската култури се словенски, блиски и дека соработката помеѓу двете држави на ниво на култура има големо значење затоа што Културата е поим којшто го обединува човештвото и нема граници.

За историско-цивилизацискиот континуитет на градот Прилеп, како и на цела Македонија, и за историјата на руско-македонските односи кажуваа познати професори по историја од Прилеп Горјан Василевски и Ѓорѓи Костоски. После нивниот интересен и длабокомислен историски осврт се започна и концертниот дел на настанот. Во рамките на концертот настапи новинар, поет и преведувач од Прилеп Филип Димкоски со песните од рускиот поет Алексеј Решетов, од македонскиот поет Ѓеорѓи Сталев и, се разбира, од легендарниот Блаже Конски. Дариа Красник (Шафрина) ги рецитираше песните од руските поети Сергеј Есенин, Марина Цветаева и Афанасиј Фет на руски јазик. Музичката нумера од Антонио Петкоски, ученик во прва година во средното музичко училиште во Битола, а по потекло од Прилеп, односно неговата музичка изведба на „Полонеза“ од Михаил Огински ги фасцинира сите присутни, а како завршна точка на концертот со познатата руска песна „Очи черные“ настапи македонски оперски пејач, добитник на многубројни меѓународни награди и учесник на концертот во Кремљ во Москва Илија Белистојаноски.

Меѓу гостите на манифестацијата присуствуваа: Руската Амбасада на чело со Амбасадорот на Руската Федерација, Неговата Екселенција господин Сергеј Александрович Баздникин заедно со Конзулот на Руската Федерација, втор секретар господин Константин Иванович Чеботарев, трет секретар И.Н. Чернишев и аташе С.В. Иванова; високите претставници на македонското духовенство Митрополит Преспанско-пелагониски Петар, Епископ Велички Владика Николај, Архијерејски намесник во градот Прилеп протојереј Влатко; градоначалникот на Општината Прилеп господин Борче Јовчески, претседателката на Советот на Општината Прилеп Ирена Стерјовска-Локвенец, раководството и тимот на Градската библиотека; претставници од руско-македонските друштва од Прилеп, Ресен и Битола, претставници на различни фели како од Прилеп, така и од други градови, како и руски сонародници. Вкупниот број на гостите на овој настан изнесуваше сто души.

После концертот следуваше разгледување на изложбата на книгите отворена во салата на библиотеката по повод на донацијата, кадешто донираните книги го завзедоа централното место покрај книгите од руски класици од фондот на библиотеката. Изложбата беше украсена со големи портрети од руските класици (на пример, од Ф. Достоевски, од А. Пушкин и др.). Настанот се заврши со прекрасен коктел со дружење во убава, топла и позитивна атмосфера.

Се надеваме дека овој настан е само почеток на нова културна руско-македонска соработка во градот Прилеп!

Автор: Дариа Красник (Шафрина)

Нова радост на Клиниката за детски болести – Малиот Амир го чукна среќното ѕвоно откако ја доби тешката битка (ВИДЕО)

Нова радосна вест од Клиника за детски болести во Скопје.

-Победничкото ѕвонче повторно силно ѕвонеше за да слушнат сите дека нашиот јунак Амир храбро ја помина и ја освои тешката битка. На Амир му посакуваме многу здравје и среќно и безгрижно детство, велат од Клиниката.

Игор Каравилоски е нов градоначалник на Кривогаштани – Во изедначена битка победи со 211 гласови разлика

Игор Каравилоски е избран за нов градоначалник на општина Кривогаштани по првиот круг од локалните избори. Каравилоски кој беше кандидат на СДСМ, во битката за оваа пелагониска општина победи над кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Граороски.

Резултатот во гласови изнесува 211 гласови во корист на Каравилоски.

1. ИГОР КАРАВИЛОСКИ – Коалиција за локални избори 2025 година предводена од СДСМ – 1.473

2. САШО ГРАОРОСКИ Коалиција „ТВОЈА МАКЕДОНИЈА“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ (ВМРО – Демократска партија за македонско национално единство) – 1.262

Во советот одлуките ќе ги носат 11 советници, по 5 од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и 1 од ЛЕВИЦА:

1. ГОРАН НОВАКОСКИ (5. Коал. СДСМ)
2. АНТОНИО СИМОНОСКИ (5. Коал. СДСМ)
3. ЈУЛИЈАНА НИКОЛОСКА (5. Коал. СДСМ)
4. ВЕСЕЛИН ШАРКОСКИ (5. Коал. СДСМ)
5. АНТОНИО МИЦАКОСКИ (5. Коал. СДСМ)
6. ДИЈАНА ДУРТАНОСКА (9. Коал. ВМРО – ДПМНЕ)
7. КЛИМЕНТ МАНЕСКИ (9. Коал. ВМРО – ДПМНЕ)
8. СВЕТЛАНА АЏИОСКА (9. Коал. ВМРО – ДПМНЕ)
9. ДИМИТАР МАЏАРОСКИ (9. Коал. ВМРО – ДПМНЕ)
10. ВЛАТКО ГРАШКОСКИ (9. Коал. ВМРО – ДПМНЕ)
11. АНДРЕЈ АЦЕСКИ (6. ЛЕВИЦА)

Отворена нова детска градинка за 76 дечиња во Битола (ФОТО)

Со адаптација на дел од поранешниот „Дом за доенчиња и мали деца“, Битола добива уште еден објект во рамките на ЈОУДГ „Мајски Цвет“, градинката „Пчеличка“. Новата градинка, која ќе се користи за згрижување и воспитување на децата од предучилишна возраст до 6 години, ќе биде со капацитет за згрижување на 76 деца.

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, заедно со директорката на „Мајски Цвет“ Кристина Лајмановска, го означија свеченото отворање, на кое беа промовирани новите простории и условите за престој на дечињата.

„Со отворањето на оваа детска градинка, очекуваме да се релаксира во еден дел потребата од згрижување на дечињата во градинките. Наскоро очекуваме отворање на уште една детска градинка, со која ќе ја ублажиме состојбата со огромната листа на чекање за упис во градинките“, истакна градоначалникот Коњановски.

Директорката Лајманосвка истакна дека во градинката „Пчеличка“, дечињата ќе бидат опфатени во 4 групи. Објектот ги опфаќа сите потребни занимални и дополнителни простории за квалитетни услови за престој на дечињата, а за негова работа е донесена и одлука од страна на Советот на општина Битола.

Градинката „Пчеличка“ е реконструирана, адаптирана и опремена со средства од Министерството за социјална политика, демографија и млади и со средства на Општина Битола. Според Договорот склучен помеѓу министерството и општината во 2022 година, средствата во износ од 10.273.344,81 денари за реконструкција на градинката се во сооднос од 70% од министерството и 30% од страна на општината.