дома блог страница 37

Чонески во интервју за “Курир”: Чонески: Да ставиме крај на недомаќинското работење на актуелната локална власт во Крушево

Нико Чонески во вториот круг на локалните избори ќе се бори за градоначалничкото место во Крушево. За градот кој го нарекува гордоста на Македонија, тој понуди програма богата со низа проекти за подобар живот на сограѓаните.

Во интервју за “КУРИР”, Чонески зборува за состојбата во која се наоѓа општината во моментов, проблемите со кои крушевчани се соочуваат, но и неговата програма која нуди решение на тие проблеми.

КУРИР: Голем број на крушевчани Ви дадоа поддршка во првиот круг на локалните избори. Во пресрет на гласањето во недела какви резултати очекувате?

-Сакам да се заблагодарам на сите жители на Општина Крушево што ми дадоа доверба во првиот круг. Нивната поддршка ми дава сила да продолжам со истото темпо и ентузијазам, заедно да изградиме подобро Крушево и просперитетна иднина за нашите деца. Сега, во вториот круг, потребна е уште поголема мобилизација односно секој глас е клучен за да се постигнат сите наши цели. Сакам да повикам да останеме единствени и решителни во борбата за поубаво утре. Се разбира дека очекувам позитивен резултат и голема победа во вториот круг.

КУРИР: Кога зборуваме за Крушево, градот кој за Вас претставува гордост на Македонија, оценувате дека се потребни промени и јасен план бидејќи општината во моментов функционира без насока и визија? Кои се најголемите проблеми на Вашите сограѓани?

-Точно, кога станува збор за Крушево, еден од најубавите и најисториски значајни градови во Македонија, има огромен потенцијал, но исто така е важно да се признае дека без јасна стратегија и план, неговото развивање и напредок може да биде забавено.

Во однос на вашето прашање, ако говориме за моменталните проблеми со кои се соочуваат сограѓаните, може да се фокусирате на неколку области:

– Недостаток на инфраструктура и инвестиции. Крушево, како мал град, има потреба од модернизација на инфраструктурата, особено во делот на патната мрежа.

-Проблем со водоснабдување. Општина Крушево се соочува со голем проблем во водоснабдување, особено во летниот период кога градот е полн со туристи.

-Немање канализација претставува сериозен проблем во населените места.

– Недостиг на работни места и економски развој. Многу млади луѓе одат во поголемите градови или странство во потрага по работа. Треба да се создадат услови за инвестирање во локален развој, што ќе донесе нови работни места и ќе ја зајакне локалната економија.

-Недоволно развиен туризам. Иако Крушево има огромен туристички потенцијал, на пример, преку своето историско значење, алтернативен туризам и екстремни спортови, убавината на природата и зимските спортови, многу од овие можности не се во целост искористени. Потребни се инвестиции во туризам и промоција на Крушево во земјата и светот.

-Млади луѓе и нивната перспектива. Многу млади луѓе не гледаат перспектива во Крушево и се одлучуваат да го напуштат градот. Потребна е политика за поддршка на младите, развој на образовни програми и иницијативи за самовработување.

-Социјални и здравствени услуги. Иако Крушево има малку поинаква динамика од поголемите градови, и тука има потреба од подобрување на здравствените и социјалните услуги.

-Постојната депонија, која често гори во летен период и предизвикува загадување и непријатните миризби.

КУРИР: Тоа што се наталожиле долгови и нерешени проблеми може да биде резултат на недомаќинско работење. Може така да се оцени дека досега функционирала општината водена од актуелниот градоначалник-недомаќински?

-Апсолутно може да се каже дека општина Крушево водена од актуелниот градоначалник покажува негативни резултати во финансиското работење. Моменталниот долг на општината изнесува 1.200.000 евра што е доволен показател на погоре наведеното. Општината нема план и стратегија со што долгот е во постојан пораст. Сите економски параметри покажуваат финансиска нестабилност особено за една мала општина како Крушево.

Целото интервју прочитајте го ТУКА

Дарија, Марко и Филип ќе бидат новите херои – На МРТ доаѓа новата македонска анимирана серија “БУКВОЖДЕР” (ВИДЕО)

На 8 ноември на МРТ и на јутјуб каналот на Бушава азбука ќе почне да се емитува „Буквождер“, нова македонска анимирирана серија за деца која ја слави магијата на јазикот, пријателството и заедништвото.

Малите херои, Дарија, Марко и Филип заедно со нивниот чудесен сојузник бувчето Ѕе, тргнуваат во авантури полни со хумор, музика и корисни знаења за јазикот и секојдневниот живот.

Првата сезона од „Буквождер“ има 10 епизоди и е планирано покрај нив да се појават и дополнителни содржина како песни, едукативни видеа, сликовници, игри за развој на креативноста и слично.

„Буквождер“ е новото официјално поглавје од проектот „Бушав свет“, токму во годината кога се одбележуваат 40 години од првото емитување на „Бушава азбука“, копродукција на 2БА Продукција, Види Вака раскажувачко студио и МРТВ.

– Многу сум среќен дека конечно „Буквождер“ ќе ја доживее својата премиера. Проект кој е работен со многу љубов и феноменална екипа на која сум многу горд. Носиме свежа и многу потребна забавно-образовна содржина за деца, вели Георги М. Унковски, режисер и продуцент.

Гласовите на Дарија, Марко и Филип ги позајмуваат Ивана Павлаковиќ, Дамјан Цветановски и Ангела-Александра Ивановиќ, а сценариото е на Калија Киселичка.

Томи Џуровски е уметнички директор, дизајнот на звук е на Сашко Поттер Мицевски, ко-дизајн на звук Марко Наумовски. Тимот аниматори е составен од Горан Менков, Никола Димов и Дамјан Михаилов, а монтажата е на Марјан Николовски. Композитор на музиката е Георги Шарески. Продуценти на серијата се Горан Игиќ и Мите Кузевски.

– Ова е едукативна авантура има за цел да поттикне љубопитност кај децата и кај возрасните, но и да ги поврзе световите на „Бушава азбука“ и „Буквождер“, да си ги вратиме бушавите букви дома преку една нераскажана приказна за нив што ќе пополни една голема празнина од 40 години и ќе нè одведе поблиску до реализација на „Бушав буквар“, последното дело на Горан Стефановски и играно продолжение на „Бушава азбука“. Со емитување на МРТ и паралелна дистрибуција на нашите социјални мрежи, ја правиме серијата достапна, бесплатна и блиска до семејствата, вели Горан Игиќ, продуцент на Буквождер и ко-основач на Види Вака раскажувачко студио.

(ФОТО) Се асфалтира патот до битолско Буково

Во битолско Буково се извршува асфалтирање со должина од 600 м на завршниот асфалтен слој на левиот дел од коловозот, а со тоа проектот ,, Доградба на коловоз на локален пат за село Буково Општина Битола “, е во завршна фаза – информираат од општина Битола.

Како што и предходно е напоменато, извршена е стабилизација на банкината, за одводнување на коловозот се вградени префабрикувани бетонски каналети. Со извршеното асфалтирање се реализира проектната ширина на асфалтниот дел од коловозот кој изнесува 5,50 м.

Со ова се исполнува барањето на жителите на село Буково за побезбедно одвивање на сообраќајот.

МИЦКОСКИ СО МОЌНА ПОРАКА ПРЕД ВТОРИОТ КРУГ Ова ќе биде победа на народот и на иднината на Скопје

Вториот круг нека биде нашата јасна победа. Не само во бројки, туку победа во свеста. Македонија ќе оди напред. Скопје ќе биде гордост на сите. И победата ќе биде победа на народот, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на завршниот митинг во центарот на Скопје пред гласањето в недела на вториот круг од локалните избори.

Тој порача дека граѓаните не гласаат само за градоначалник или советник, туку гласаат „за ред, за достоинство, за иднина“.

За кандидатот за главниот град, Орце Ѓорѓиевски, Мицкоски рече дека со него „Скопје добива градоначалник кој ќе работи неуморно, вреден борец, посветен, човечен, личност која ќе направи да се гордееме сите, но и кој е свесен дека резултатите и испорачаните проекти се обврска исто како и довербата“.

– Орце Ѓорѓиевски е доказ дека можат да се направат промени кога некој работи со срце. Човек што не ветува без да е сигурен дека може да исполни, и кој испорачува за граѓаните. И кога гледам што Орце направил за Кисела Вода, знам дека истиот дух, истата енергија и истата совесност ќе ја донесе во Скопје. И Скопје ќе влезе во една нова фаза на предвидливост и извршување на обврските. Орце е сериозен, присебен, прилично методичен карактер. Тој ќе го направи Скопје повторно да живее слободно и да дише слободно. Град каде што јавниот превоз нема да е изговор и да се прекршува врз суети и изговори, туку систем; каде што пешачките премини значат безбедност, а не се руски рулет; каде што отпадот е ресурс, а не срам и загаденост. Скопје бара управување, не експеримент. За Орце, Скопје е мрежа на животи. И сега му треба вашиот јасен мандат за Скопје да стане град на ред, чистота, култура, лесно движење, рамно развиени општини и чесна локална економија – истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски повика да се гласа и за нивните кандидати во скопските општини Карпош, Аеродром, Шуто Оризари и Центар, како и во блиската општина Чучер Сандево, затоа што тоа е, рече, вистинскиот избор.

Нагласи и дека на овие избори постои историска шанса за Кичево, каде што, рече, „дваесет години таму немало градоначалник што ја носи нашата програма, нашите вредности, немало човек кој гледа за сите, туку гледал само за себеси“.

– Дваесет години градот беше под управување кое често ги делеше луѓето по вера, народност или партија. Вечерва испраќам порака од овде, од Скопје, до сите кичевчани, и Македонци, и Албанци, и Турци, и Власи, и Роми, Срби, Бошњаци: во недела да гласате за човекот што ќе биде градоначалник на сите. Да се обединиме околу идејата дека Кичево може да биде симбол на соживот, а не на поделби. Да ја направиме историјата вистина: првпат по две децении, Кичево да има градоначалник кој не прашува „чиј си?“, туку „што можеме да направиме заедно?“ Тоа ќе е заедничка историска победа на сите граѓани на Кичево, а ние како влада ќе го помагаме Кичево максимално во свои напори да го подобри животот на сите негови граѓани – порача Мицкоски.

Како што рече, „тука нема етничка приказна, туку сосема човечка димензија“.

– Ова не е повик за етничко гласање, туку за гласање за човек, за човек Македонец со сопруга Албанка, кои се пример за вредности и сила, човек кој ќе работи за сите, за своите кичевчани, ќе биде градоначалник буквално за сите, за Македонците, Албанците, ќе работи и за Турците, Ромите, Власите, Бошњаците, за сите кои таму живеат, без разлика на партија, етникум и верска определба. Тој е човек и ќе работи за Кичево – додаде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Честит именден! Денес е Светиот апостол и евангелист Лука

Роден е во Антиохија. Во младоста добро ја изучи грчката философија, медицината и иконописот. Во времето на делото на Господ Исус на земјата Свети Лука дојде во Ерусалим и таму Го виде Спасителот лице в лице, ја чу Неговата спасоносна наука и стана сведок на Неговите чудесни дела. Откако поверува во Господ, Св. Лука беше вбројан меѓу Седумдесеттемина апостоли и пратен на проповед. Заедно со Клеопа Го виде воскреснат Господ на патот за Емаус (Лука 24).

По слегувањето на Светиот Дух на апостолите, Лука се врати во Антиохија и таму му стана сотрудник на Св. апостол Павле со когошто патуваше во Рим, обраќајќи ги во Христовата вера Евреите и незнабожците. „Ве поздравува Лука, лекарот љубезен“, им пишува на колосјаните Св. апостол Павле (Колосјани 4, 14).

На молба на христијаните го напиша Евангелието, околу 60 година. После мачениката смрт на Св. апостол Павле Свети Лука го проповедаше Евангелието по Италија, Далмација, Македонија и на други места. Ја иконописаше Пресвета Богородица – и тоа не една туку три икони – а исто така Светите апостоли Петар и Павле. Оттука Свети Лука се смета за основач на христијанскиот иконопис. На старост го посети и Горен Мисир. Од Мисир се врати во Грција, каде што со голема ревност продолжи да проповеда и да ги обраќа луѓето кон Христа, не обѕирајќи се на својата длабока старост.

Свети Лука ги напиша Евангелието и Делата Апостолски, обете посветувајќи му ги на Теофил, кнезот на Ахаја. Имаше осумдесет и четири години кога злобните идолопоклоници го подложија на маки заради Христа и го обесија на една маслина во градот Тива (Теба) Беотиска. Чудотворните мошти на овој прекрасен светител во времето на Константиновиот син, царот Констанциј, беа пренесени во Цариград.

Тешка сообраќајка во Прилеп – Три лица завршија во болница по судар на две возила

-На 29.10.2025 во 11:10 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на крстосницата од бул. „Гоце Делчев” и ул. „Архиепископ Доситеј” во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода“ со битолски регистарски ознаки, управувано од П.А.(58) од Битола и патничко возило „сеат“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Б.Ѓ.(71) од Прилеп. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Б.Ѓ., додека со телесни повреди се здобиле П.А. и неговата сопатничка К.П.(38) од Прилеп, констатирани во Општата болница во Прилеп. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Прилеп, информираат од МВР.

СЕКОЈА ЧЕСТ! Македонски ученици освоија сребро и бронза на Олимпијадата по информатика што се одржа во Кипар

Младите македонски ученици – информатичари Марко Кренков и Владимир Грчев, освоија сребрен, односно бронзен медал на 18. Јуниорска балканска олимпијада по информатика (ЈБОИ 2025), која од 24 до 30 октомври се одржува во Ларнака, Кипар. Зоран Илијоски и Јаков Грујовски од олимпијадата се враќаат со олимписка пофалба.

Македонскиот тим на овој престижен меѓународен натпревар во програмирање за ученици на возраст до 15,5 години е составен од Владимир Грчев од Кочани, Марко Кренков од Струмица, Зоран Илијоски од Кичево и Јаков Грујовски од Скопје, предводени од лидерите, д-р Миле Јованов и д-р Емил Станков од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ).

-Ново одлично претставување на младите македонски ученици – информатичари, како заокружување на уште една, исклучително успешна година за Македонија на олимпијадите по информатика. На 18-тата Јуниорска балканска олимпијада по информатика (ЈБОИ 2025), која од 24 до 30 октомври се одржува во Ларнака, Кипар, нашите ученици остварија значаен резултат. Македонскиот тим на овој престижен меѓународен натпревар во програмирање за ученици на возраст до 15,5 години, составен од Владимир Грчев од Кочани, Марко Кренков од Струмица, Зоран Илијоски од Кичево и Јаков Грујовски од Скопје, предводени од лидерите, д-р Миле Јованов и д-р Емил Станков од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), освои еден сребрен и еден бронзен медал. Со овие два медали, вкупниот биланс на македонските ученици на меѓународните информатички олимпијади во текот на 2025 година изнесува два златни, три сребрени, пет бронзени медали и шест олимписки пофалници, остварување што е достојно за почит, дури и за многу поголеми држави, соопшти Здружението на информатичарите на Македонија (ЗИМ).

Членовите на македонскиот тим за ЈБОИ 2025 биле избрани преку целогодишен циклус на натпревари, кој континуирано го организира ЗИМ, годинава по 36-ти пат. Натпреварите се одвиваат преку системот mendo.mk, достапен во текот на целата година за сите заинтересирани натпреварувачи. И оваа година циклусот натпревари бил реализиран со поддршка на ФИНКИ, „Бистри умови“, како и неколку општествено одговорни компании: „Сорсикс“, „Семос Едукација“ и „Винчини“.

Јуниорската балканска олимпијада по информатика е натпревар во програмирање за ученици на возраст до 15,5 години од земјите на Балканскиот регион. Секоја земја учествува со тим од најмногу четворица натпреварувачи, тим-лидер и заменик лидер, а натпреварувачите решаваат алгоритамски проблеми во текот на два натпреварувачки дена.

Официјален домаќин на ЈБОИ 2025 е Република Кипар, а главен организатор е Здружението на информатичарите на Кипар, заедно со Министерството за образование, спорт и младина на Кипар. На олимпијадата учествуваат вкупно 33 натпреварувачи од Босна и Херцеговина, Бугарија, Кипар, Грција, Македонија, Молдавија, Романија, Србија и Словенија.

-Во ваква исклучително силна конкуренција, сребрениот медал за Македонија го освои Марко Кренков, а бронзениот – Владимир Грчев, додека Зоран Илијоски и Јаков Грујовски се враќаат со олимписка пофалба, нагласуваат од ЗИМ.

Претседателот на ЗИМ, д-р Миле Јованов истакнал дека нашите млади информатичари покажуваат континуитет на врвни достигнувања и силен потенцијал за идни меѓународни успеси.

-Горди сме на секој од нашите натпреварувачи, не само поради освоените медали, туку и поради сериозноста, посветеноста и професионалниот настап што го покажаа во текот на целата година и на самото натпреварување. Нивниот резултат не се само моментален успех туку е знак дека во следните години ќе имаме силни тимови и на сениорските натпревари како Интернационалната и Балканската олимпијада, нагласил Јованов.

Тој, како што се нагласува во соопштението, додаде дека подготовките за следниот циклус натпревари започнуваат веднаш по завршувањето на оваа олимпијада, со цел да се задржи и унапреди високото ниво на резултати кое Македонија го постигнува во последните години и ги повика сите заинтересирано ученици да се вклучат во натпреварите.

-Ние неуморно продолжуваме да работиме со младите таленти. Нашата цел не е само освојување на медали, туку создавање генерации кои ќе продолжат да го развиваат дигиталниот и технолошкиот екосистем на земјата, нагласил тој.

Следната, 19-та по ред, Јуниорска балканска олимпијада по информатика (ЈБОИ 2026) ќе се одржи идната година во Сараево, Босна и Херцеговина.

Новоизбран Градоначалник првата плата ја донираше на највредниот комунален работник (ВИДЕО)

На својот прв работен ден, градоначалникот на Општина Делчево Иван Гоцевски од ВМРО-ДПМНЕ го започна мандатот со симболичен гест на благодарност кон еден од најпосветените вработени во комуналното претпријатие – Горан Узунски.

Како признание за неговата работа, градоначалникот му врачи благодарница за неговата посветеност и труд и најави дека целата своја прва плата ќе му ја донира токму нему.

Крушевчани пред историска одлука – Следува ренесанса на овој преубав град

-Граѓаните на Крушево заслужуваат вистински промени и одговорно раководство. Во недела да излеземе и да го заокружиме бројот 9! Нико Чонески за Еснафско Крушево! Голема ќе биде победата – порачуваат на социјалните мрежи од тимот на кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ.

Во недела на вториот круг од локалните избори, крушевчани ќе одлучуваат помеѓу актуелниот градоначалник Томе Христоски, кој се бори за трет мандат и Нико Чонески – стопанственик, хуманист и човек од народот.

Витаминка и Флип донесоа радост за дечињата во СОС Детско село (ФОТО)

На Меѓународниот ден на грижа и поддршка Витаминка и Флип го поминаа во најдоброто друштво – заедно со дечињата од СОС Детско село.

-Со игра, дружба и многу радост, го исполнивме дворот на СОС Детско село со смеа и љубов. Оваа посета е дел од заедничката кампања на Стоби Флипс и СОС Детско село, чија мисија е да им подари на децата без родителска грижа среќно и безгрижно детство исполнето со топлина, грижа и внимание. Со секое купено специјално пакување на Стоби Флипс, и ти можеш да бидеш дел од оваа приказна. Приклучи се! Заедно за топол дом, љубов и грижа за секое дете – напишаа од Витаминка на социјалните мрежи.