дома блог страница 3636

Претседателката е мега ѕвезда на СП- сите се воодушевени од скромноста на Колинда, а овој детаљ ќе ве остави без зборови (ФОТО)

Руските медиуми веќе со денови на големо се заинтересирани за претседателката на Хрватска која од први јули е на гости во нивната земја и ги поддржува своите фудбалери на СП.

Медиумите наведуваат како Колинда Грабар Китаровиќ пристигнала во Русија со авион во економска класа и се фотографирала со многубројните патници кои патувале на истиот лет.

-Претседателката пристигна точно навреме за мечот Хрватска- Данска, а мечот наместо од ВИП ложата го гледала од трибините заедно со обичните љубители на фудбалот, наведуваат руските медиуми.

Според нив поради овие детали таа станала вистинска ѕвезда во Русија, а тие ја пренесоа и нејзината изјава во која вели дека таа со тоа сакала да покаже дека го сака фудбалот.

-Го сакам фудбалот како и сите останати, сакав да им дадам поддршка на фудбалерите заедно со другите фанови. Облеков дрес со националните симболи што веројатно не ќе можев да го облечам во ВИП ложата која обично има свои правила, пишува во медиумите.

А тие со големо внимание ја пренесоа и веста дека по победата над Данска таа директно влезе во соблекувалната каде им честиташе на фудбалерите со топла прегратка.

 

Видео: Се топи земјата – асфалтот голта возила, не се очекува промена наскоро

Велика Британија наскоро би можела да достигне нов температурен рекорд, бидејќи денеска се забележани 32 степени Целзиусови, што е доволно асфалтот да почне да голта возила.

Ако живата достигне 33 степени Целзиусови тоа ќе го премине моменталниот рекорд за најтопол ден во 2018 година, кој е поставен на 28 јуни во северен Велс.

Колку се високи температурите покажува примерот од западен Беркшир кога камион од комунална хигиена пропадна во асфалтот.

Работниците биле исфрлени напред, а камионот изненадно застанал и пропаднал.

(ВИДЕО) СОВЕТНИКОТ НА ЗАЕВ „ГРМИ“: Бубо „Цацко“ Каров на сиот глас ја пееше „Едно име имаме!

Бубо Каров, советникот на Заев, кај јавноста познат како Цацко Конопишки дел од триото К-15, очигледно не се согласува со неговиот работодавач кога станува збор за промената на уставното име на Р.Македонија.

Како што може да се забележи од снимката, Бубо Каров на сиот глас „грми“ со песната „Едно име имаме“ повикувајќи ги и присутните да пеат заедно со него.

Извор: “Инфомакс”

Како Виктор Орбан создаде економско чудо од Унгарија: Ги затвори ММФ и СОРОС, забрани ГМО и ги натера банките и богатите да плаќаат (ВИДЕО)

Борис Малагурски преку последното видео ја доловува успешната приказна на унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој од Унгарија создаде вистинско економско чудо.

Тој е премиерот кој им отвори војна на Меѓународниот монетарен фонд, Фондацијата СОРОС, на банките и богатите, забрани производство на генетски модифицирана храна и забрани продажба на државно земјиште на странци.

Погледнете ја целата строија:

Свадбено видео за малку ќе се претвореше во трагедија – за влакно спасија жива глава (ВИДЕО)

Младенци се фотографираа и снимаа за својата свадба, кога одеднаш се случи нешто што за малку ќе ги кошташе живот.

Погледнете:

Милошоски открива како ќе гласи референдумското прашање за промена на државното име

(Фејсбук статус на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски)

“Заев имал прашање со кое многу луѓе, со потценувањето на нивната интелегенција, ќе ги мотивира да го бојкотираат наместениот референдум:

Дали се согласувате Република Северна Македонија да си го измени својот Устав, согласно договорот потпишан со Грција, а како услов за сојуз во НАТО и ЕУ, со што се отвараат перспективите за загарантирана стабилност, силен економски развој, праведно судство, кариерни перспективи во приватниот сектор, високи плати за лекарите, силно образование, зелена нафта на земјоделците и чиста животна средина?

© ЗА / ПРОТИВ / БОЈКОТИРАМ!!!

– нема ни 450.000 гласачи да му излезат без притисоци врз администрацијата, полицијата и школството!”

Руската амбасада во Македонија го објави својот “најдобар” службеник – ќе ве освои на прв поглед! (ФОТО)

Руската амбасада во Македонија преку социјалните мрежи им посака убав и мирен викенд на сите, а од тешката работна недела на нивниот омилен службеник издвоија:

 

ФОТО:”Еве го ваучерот од 25.000 евра што усреќи прилепчанец вечерва”

Како да стана навика големите суми на добивки да бидат редовно во Прилеп.Оваа вечер нови 25.000 евра се слеаа во нечиј прилепски џеб.

 

ВИДЕО: Силно невреме на Баканот – доаѓа и кон Македонија

Невреме вчера во доцните попладневни часови погоди делови од Хрватска, Словенија и Италија, а се очекува уште да се засиили.

Силното невреме во попладневните часови зафати делови од северозападот на Хрватска, вклучувајќи го и подрачјето на Загреб.

Невремето проследено со бура направи проблеми и делови од соседна Словенија, покрај границата со Хрватска како и делови од Корушка. Прогласен е жолт метео аларм на ниво на целата земја.

На одредени места паѓаше и град, а пожарникарите поради поплавените 20-тина објекти и улици, како што се наведува, имаат полни раце работа.

Големи проблеми по силната бура се забележани и на североистокот од Италија.

Метеролозите во Хрватска најавуваат дека локалната нестабилност може да се интензивира во доцните вечерни и ноќни часови, а кулминацијата на неповолни услови ќе следува денеска кога во повеќето краеви добар дел од денот ќе преовладува променливо и нестабилно време, со локални врнежи и грмежи.

Невремето во текот на утрешниот ден се очекува да помине и низ Македонија. И во Македонија за во сабота е издадено метео предупредување од жолта фаза

 

Женскиот фудбал се враќа во Прилеп – градот ќе има свој прволигаш

Фото/Oldprilep.com

Град Прилеп наскоро се очекува да добие женски фудбалски клуб кој ќе се натпреварува во Првата женска фудбалска лига – oбјави “Гол.мк”.

Најавите велат дека екипата на ЖФК Прилеп в година ќе игра во елитата. Градот под Марковите Кули така ќе добие стабилен прволигашки женски фудбалски центар, каде девојките кои го сакаат фудбалот ќе може да ги покажат своите можности – дознаваат од порталот.

Прилеп е познат фудбалски град, затоа што во минатото има дадено многу машки и женски фудбалски репрезентативки. Вклучувањето на ЖФК Прилеп во првата лига може да биде од голема корист како за градот, така и за женските фудбалски репрезентации во сите конкуренции.

Во минатото претставник од Прилеп во женскиот фудбалски шампионат беше ЖФК Победа, кој важеше за најстар клуб во нашето првенство, но прекина со натпревари во Првата лига во 2014 година – велат од “Гол.мк”.