дома блог страница 3278

Пола Македонија слави, пола оди на слава: За многу години Свети Никола

Свети Никола е голем празник кој го чествуваме денеска, а како слава го има речиси секое трето македонско семејство. Трпезата е посна, а Свети Никола се смета за заштитник на морињата.

Христијаните веруваат дека Свети Никола Чудотворец на многу пати ги спасувал изгубените бродови и поради тоа тој е заштитник на морепловците, рибарите, бродовите.

Во христијанскиот календар, Свети Никола се слави на 6 декември според стариот Јулијански календар т.е. на 19 декември, според новиот Грегоријански календар.

И во прозните народни умотворби еднаш се раскажува како Св. Никола ги помага сиромасите, друг пат како добил два празника во годината.

Така на пример во една приказна запишана од ѓаконот Јосиф, од манастирот Пречиста Кичевска, објавена во цариградскиот весник “Новини” кон крајот на минатиот век, се раскажува дека едно време другите светци му завиделе на Св. Никола, затоа што многу бил почитуван и се поплакале на Бога.

Бог ја примил поплаката и веднаш испратил два ангела да го повикаат Св. Никола. Тие откако не го нашле по небото и по земјата го здогледале стреде море како крепи една гемија готова да потоне.

Му ја пренесле заповедта, а тој ги замолил да му помогнат да ја извадат ѓемијата на суво.

Виделе-не виделе ангелите му помогнале, а потоа така накиснат и со искинати алишта го одвеле пред Господа.

Тука во тој момент биле собрани и сите светци што се оплакувале на него. Господ само ги погледнал и ништо не рекол, а тие од погледот разбрале дека ако сакаат да бидат почитувани како Свети Никола треба да прават добри дела како што правел тој.

Тогаш, се вели во оваа приказна, Господ заповедал за сите светци да има по еден ден во годината, за Свети Никола два, а за преподобниот Касијан кој најмногу го кодошел на четири години еднаш да му се празнува денот на 29 февруари.

Tрадиција која започна пред 13 години и прерасна во бренд на градот: Прилепчани одново се поклонуваат и го слават големиот Светец (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Градот под “Марковите Кули” уште еднаш го прославува својот заштитник Св. Никола. Големиот христијански празник, кој за своја куќна слава го празнуваат во речиси секоја трета куќа во Прилеп, и оваа година со богат празничен ручек ќе биде одбележан во центарот на градот.

Традицијата на одбележување на празникот започна пред 13 години, па досега повеќе компании од градот приредија богати посни трпези во центарот на градот, а гости секоја година им се илјадници прилепчани и посетители.

Традицијата на празнување во централното градско подрачје ја започна претходниот градоначалник на општината, Марјан Ристески, кој заедно со локалната самоуправа направија бренд од оваа манифестација.

Од 2006 година со акт на локалната самоуправа Св. Никола е прогласен за заштитник на Прилеп, а во центарот на градот беше подигнат и параклис во негова чест.

Вештите раце на прилепските домаќинки одново завиткаа илјадници мали, вкусни, посни сармички, воздухот ќе замириса на вкусно приготвена риба и гравче, а апетитот ќе се разгоре со вино и добра ракија.

Токму посните сармички го внесоа Прилеп за прв пат во Гинисовата книга на рекорди. Во 2008 година во очи на празникот прилепчанки завиткаа 80.000 посни сарми, доволно за Прилеп да биде запишан и запознаен од светот.

Илјадници граѓани одново ќе се соберат во центарот на градот, во храмовите и домовите, со молитва за добро здравје, ќе се поклонат на големиот светец и ќе вкусат од посните специјалитети.

На 10 дена до празникот граѓаните кои слават друга слава веќе кројат планови каде ќе поседат повеќе, а каде помалку оваа година.

За Св. Никола се поврзани голем број верувања и обичаи, па на трпезите ќе се спомне и за големите чуда и добри дела на заштитникот на морнарите, како што се нарекува светецот.

Постои верување дека на тој ден никој не треба да го потсетувате на долг, ниту додатно да му ја отежнувате положбата затоа што е должник.

Треба да се носат подароци за оние кои го слават Свети Никола. Меѓутоа и оние кои го слават празникот по некои обичаи на некои места во земјава своите гости не треба да ги пуштат со празни раце, туку мора да им дадат дарови пред да си одат дома.

Според преданието, Свети Никола бил роден во градот Патара, Ликија (на јужниот брег од Мала Азија), како дете на богатите и угледни родители Теофан и Нина. Уште со самото негово раѓање му се припишуваат чуда.

Неговата мајка, Нона, чудесно се излечила од болестите откако го родила. На денот на неговото крштевање, без човечка помош стоел на своите нозе три часа, за што подостојно да ја прослави пресветата троица.

Уште од најрана возраст, го почитувал и се придржувал на постот, во среда и петок. Како дете, со голем восхит пристапувал кон проучувањето на Светото Писмо, преку ден не го напуштал храмот.

По смртта на родителите Никола им го раздал наследениот имот на сиромасите и ништо не задржал за себе. Додека бил свештеник во Патара, тој многу се прочул со делата на својата милостиња, иако ги криел грижливо, за да го исполни зборот Господов: „Да не знае твојата лева рака што прави твојата десна рака“ (Матеј 6, 3).

Во тоа време имало еден богат човек во Патара, кој изгубил сè и не можел да го прехрани своето семејство. Бидејќи имал три ќерки стасани за мажење, а за нив немал приготвено мираз, му дошла погубна мисла – да почне да ги продава телата на неговите ќерки, за да спечали некој денар и да може да се прехранат.

Дознавајќи за неговата крајно погубна намера, свети Николај тајно го посетил и му фрлил кесичка со пари преку прозорецот, вардејќи да не го види случајно некој. Со тие пари, кој таткото ги нашол, ја омажил првата ќерка. Истото овој светител го стори и за другите две негови ќерки, на тој начин спасувајќи го сето семејство од духовна смрт.

Чувар на Божествената вистина, овој чудесен Божји светител бил и одважен заштитник на правдата меѓу луѓето, насекаде сеејќи мир и благодат.

Двапати спасил по тројца луѓе од незаслужена смртна казна. Милостив, вистинољубив и праведен, уште за време на животот луѓето го сметле за светител и го повикувале на помош во маки и неволји; им се јавувал во сон и на јаве на тие што го повикувале, еднакво лесно дали се блиску или далеку и им помагал. Многу пати им помагал и на давениците, затворениците и ги избавувал од неволји морепловците.

Доживеал длабока старост и умрел во 342 година, откако скоро шест децении му служел на својот народ и на својот Господ.

Бил погребан во соборната црква во Мир, а подоцна кога пред налетот на Исламот биле прогонувани христијаните, кога многу цркви настрадале и кога биле уништувани гробовите на светителите, св. Никола му  се јавил во сонот на некој свештеник од Бари (Италија) и го замолил моштите да му ги пренесат во Италија.

Во тоа време црквите во јужна Италија и’ припаѓале на цариградската патријаршија. Потоа со многу свечености неговите мошти биле пренесени од Мир (Ликија) во Бари (Италија) во 1087 година, поради што и овој датум (22/9 мај) се смета за празник на Св. Никола.(св. Николај – летен).

Преданието раскажува дека светите мошти во Бари биле пречекани од мноштво народ меѓу кои имало и многу болни, слепи, глуви, сакати, душевно болни и сл. коишто доживеале исцелување.

Неговите мошти се сè уште мироточиви и многу луѓе и до ден денес имаат најдено спас преку нив.

Древност и мистичност на секој чекор: Манастирот Св. Никола во с. Манастир прилепско е едно од најстарите светилишта (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Сместено на околу 40 километри од Прилеп, во прегратките на вечниот рај Мариово, блеска со својата убавина, историја и автентичност, манастирот посветен на Св. Никола во с. Манастир.

received_10207965642953341

Ова светилиште кое потекнува од најраниот византиски период, е значаен споменик на културата, кој изобилува со извонредни фрески, древна архитектура и духовност која одзема здив.

received_10207957228582987

Од вредните фрески се издвојуваат: “Св. Богородица со ангелите” и фреската на  “Св. Никола”, изработени во многу редок стил на сликање, кој е уште застапен само во црквата во Курбиново и во Св. Софија во Охрид.

received_10207965642593332

received_10207957229863019

received_10207965642473329

Манастирот датира од 11 век, или поточно од 1095 година. Притоа многу пати бил рушен и возобновуван, па така од написот на еден од црковните кораби се дознава дека сегашната црква е подигната во 1266 година.

received_10207957228462984

received_10207957228902995

Аршеолошките истражувања покажуваат дека во средниот век манастирот бил центар за целата област. Тоа го докажуваат многубројните пронајдени артефакти и коски на монаси откриени во дворот на манастирот.

received_10207957229463009

received_10207957229263004

received_10207957229303005

Куќите во селото иако оставени на работ на заборав, ги задржале својот украсен колорит и ја надополнуваат оваа божја сеприсутност.

Овој мал духовен рај е вистинска реткост во овие краеви, не само по долгата историја, туку и по мирот, тишината, раскошната природна убавина и жуборот на Црна Река, која го надополнува целиот живопис на единствено со Божја рака допрениот предел.

received_10207957228822993

received_10207965642873339

received_10207965643033343

Присуството на ова место ќе ви даде духовен мир, благодет на душата, ќе ви го врати спокојот и ќе ве обземе со прекрасните пејсажи.

Ова е едно од ретките места што одзема здив, место каде таинственоста и мистичноста, кои растеле низ вековите, создале еден бескраен бунар кој прелева од тајни и богатства.

Мариовската дивина е еден широк мозаик со неверојатни предели, а манастирот Св. Никола во с. Манастир е најсjaјниот дијамант, кој сеуште треба да се истражува.

received_10207965642233323

received_10207957228742991

Александар Георгиоски

Прилепчаните растураат насекаде! Даноски одигра меч за секоја пофалба во Србија (ВИДЕО)

Натпреварот помеѓу Радник Сурдулица и ОФК Бачка беше најинтересен во изминатото 21 коло од српската фудбалска Супер лига.

Дуелот во Сурдулица заврши со резултат 3:2, а главен актер во победата на тимот од средината на табелата беше прилепчанецот Зоран Даноски, кој го постигна одлучувачкиот погодок и забележа уште две асистенции.

На веб сајтот www.superliga.rs пишува дека Даноски бил незапирлив во продорите по левата страна, и тоа дека двата слободни удари за екипата на Радник биле досудени после фаул над него.

Поради сето тоа, прилепчанецот е избран за играч на колото во оваа натпреварувачка рунда.

Даноски во Сурудулица пристигна во летниот преоден рок од Победа, а досега има забележано 7 настапи за српскиот тим и има постигнато еден гол.

Тој веќе започнува да го наметнува својот квалитет, по кој беше препознатлив речиси секаде каде што настапуваше.

Внимавајте кај “Табана”: Билбордот се ниша и е готов да падне (ВИДЕО)

Прилепчанец преку својот Фејсбук профил упати апел до своите сограѓани да внимаваат кај мостот “Taбана”.

Eден од билбордите е во лоша состојба и целиот синоќа се нишал.

Пешаците и возачите да бидат доста внимателни.

ВИДЕО: Кире Лазаров откри кога ќе се пензионира!

Македонскиот капитен Кире Лазаров неодамна потпиша договор со екипата на Нант до 2021 година, но тој ќе биде последен во кариерата на легендарниот ракометар.

Лазаров во специјално интервју за „Балкан Хендбол“ вели дека по овој договор ќе стави крај на неговата кариера.

„Ќе се обидам луѓето да ме паметат по добро. Мислам дека овие две години се последни во мојата кариера. А, така се договоривме и со управата кога имавме преговори за новата соработка“, кажа Лазаров.

Исто така, Лазаров кажа дека македонската репрезентација ќе биде силна и по неговото заминување.

Изложбата богата: Путин ги разгледуваше трофеите на вој ската (ВИДЕО)

Претседателот на Русија, Владимир Путин во зградата на Министерството за одбрана ја погледнал новата изложба со реквизити од воената опрема на терористите од Сирија. На изложбата биле прикажани речиси сите типови на оружје.

Помеѓу експонатите можат да се видат легендарните автомати кои ги користела Црвената армија во Втората светска војна, како и џихад-автомобилите.

Милитантите во борбите користеле и автомобили со оклоп.

Помеѓу останатите експонати има и бомби во форма на играчки, во форма на камен и конзерви, како и хаубици кои можат да гаѓаат со балони полни со хемикалии.

Претседателот на САД до Тачи: “Ќе ве дочекам во Белата куќа да го прославиме историскиот договор”

Претседателот на САД Доналд Трамп во писмото испратено до претседателот на Косово, Хашим Тачи, вели дека Вашингтон е подготвен да му пружи помош на Тачи во напорите да постигне договор кој би ги исполнувал интересите на Косово и Србија.

Трамп во писмото изразил задоволство од разговорот со Таи на прославата на Денот на мирот во Париз, истакнувајќи дека Косово е клучен партнер на Вашингтон за зачувување на мирот и стабилноста во Европа, пренесува “N1”.

Претседателот на САД ги поздравил напорите на Тачи за помирување со Србија.

“Доколку не се искористи оваа единствена прилика, тоа би било трагичен чекор наназад, имајќи во предвид дека шансата за постигнување на севкупен мир веројатно нема да се повтори за скоро време”, вели Трамп.

“Ве повикувам вас и останатите косовски лидери да ја зграбите оваа единствена прилика, да бидете обединети за време на мировните преговори и да се воздржите од потези кои би го отежнале постигнувањето на договор”, порачува Трамп.

Тој во писмото потсетува и дека САД интервенирале многу во успехот на Косово како независна и суеверена држава.

“Сакаме вашата земја да продолжи да се развива”, додава американскиот претседател.

“Подготвени сме да ви помогнеме во напорите да постигнете договор кој би ги исполнил интересите на Косово и Србија. Таков договор е на дофат. Ќе ми биде драго да ве угостам вас и претседателот Александар Вучиќ во Белата куќа да го прославиме она што би претставувало историски договор”, истакнува Трамп во писмото до Тачи.

ШУМИ СТАНА ОД КРЕВЕТ: „Црвениот барон“ почнал да оди, но се уште е под интензивна терапија

Седумкратниот „Формула 1“ шампион Михаел Шумахер продолжува да се опоравува по тешката нecpe ќа во која се здоби со тешки п oвpeди од кои падна во кoмa. Во моментов популарниот Формула 1 пилот е на добар пат кон целосно закрепнување откако успеал да застане на нозе

Сепак, „Црвениот барон“ се уште има потреба од скапи третмани и терапии, пишува порталот „Чемпионшип.ком“, пренесува „Дејл Мејл“. Од достапните информации на медиумите, третманот на Шуми чини повеќе до 50.000 фунти дневно.

Во моментот се наоѓа на рехабилитација но во неговиот дом во Швајцарија. Претходно, беше ставен во болнички кревет во дел од неговата куќа, која се користеше како болница.

Постои можност Шумахер да биде транспортиран во Далас, САД, во клиника специјализирана за мозочни пoвpeди.

Ова е Предлог Законот за Амнестија

Собранието на Република Македонија денеска во 16 часот ja започна седницата на која единствена точка е Предлог законот за амнестија, за случувањата на 27 април, по скратена постапка.

Предлогот е поднесен од пратениците Емилија Александрова, Фросина Ташевска Ременски, Зеќир Рамчиловиќ, Мухамед Зеќири, Горан Мисовски, Весел Мемеди, Соња Мираковска, Снежана Калеска Ванчева, Нола Исмајлоска, Јован Митрески, Владанка Авировиќ, Артан Груби, Бранко Маноиловски, Агим Шаќири, Павле Богоевски, Ирена Стефоска, Чедомир Саздовски, Далибор Богдановски, Костадин Ацевски, Елизабета Канческа Милевска, Мерал Узеири Ферати, откако денеска беше соопштено дека Интерпартиската парламентарна група за реформи, помирување и интеграција постигнала согласност за законското решение.

Согласно Предлогот, амнестијата не ги опфаќа организаторите и подготвувачите на настанот, лицата кои извршиле физичко насилство, кои носеле оружје и експлозивни направи, како и службените лица кои ги пречекориле службените овластувања. Од амнестија ќе бидат изземени и лицата кои се обвинети за здружување заради непријателска дејност согласно чл. 324 од КЗ.

Сите обвинети за насилствата во македонското Собрание од 27 април имаат право во рок од пет дена по донесувањето на законот да поднесат индивидуални барања за амнестија, а судот ќе донесе решение по мислење на ЈО, а врз основа на докази со кои располага.

-Ние се движевме во рамки на тоа што не може да биде опфатено со законот за амнестија. Тоа ни беше појдовна основа. Целта на дебатата по овој Пределог-закон не се однесуваше на номинирање конкретни кривични дела, не се водевме персонално кон никого, туку дававме опис на дела – дејствија за кои лицата не можат да бидат амнестирани, рече денеска копретседавачот со Интерпартиската група Фросина Ташевска Ременски.

Таа потенцира дека секој обвинет индивидуално ќе може да поднесе барање до надлежниот обвинител и суд, а оти судот ќе донесе решение по претходно мислење на Јавното обвинителство кое ќе го темели врз основа на докази со кои располага.

Не сакаше да коментира како ќе бидат квалификувани делата на пратениците кои ги отворија вратите од Собранието на 27 април. Тоа, потенцира Ташевска Ременски, ќе го цени Јавното обвинителство и судот.

Предлог Законот можете да го погледнете на следниот ЛИНК