дома блог страница 3223

„ЛИДЕР“: Од Диво Насеље до советник во Владата?

Беким Алиу од Куманово – кој за време на нападот во Диво Насеље (2015) на те рористите преку фејсбук им ги откриваше позициите на полицијата а во исто време е ветеран тер орист на ОНА од војната во 2001 – бил поставен на советничка позиција во владата, се сомневаат во изјава за „Лидер“ луѓе од владејачката СДСМ.

Изворот на порталот е незадоволен од тоа што Алиу, кој тој го нарекува „Терорист“, гордо се шета во зградата на владата, додека голем дел од активистите на СДСМ и покрај далеку повисокото обрзование седеле невработени.

-Терористов којзнае дали има завршено и средно, а гордо облечен во одело се шета во владата. Се сомневаме дека е вработен како советник во владата на Република Македонија за што се фали на Фејсбук, вели изворот на „Лидер“.

На неговиот Фејсбук профил тој јавно се пофалил за неговото вработување како „Советник во Владата на Република Македонија“.

Целата вест, прочитајте ја на ЛИДЕР.

Запалено возило и мотор синоќа во Прилеп? Безбедноста на нула, градот живее во страв?

Синоќа на улица “Самоилова”, непознат стотител насилно откорнал дел од ламатината на гаражата во населбата “Точила” и ги опожарил двата моторни објекти.

Ова е трет ваков случај оваа година. Огромен број на разбојништва, грабежи во “Макпетрол”, спектакуларен грабеж во Старата чаршија се само дел од причините за загриженост и страв кај прилепчани.

На кое “дереџе” падна Барселона: Ангажираа фудбалер на Сасуоло, а тој вели ќе постигнел погодок против Реал Мадрид

Поранешниот репрезентативец на Гана, Кевин Принц Боатенг ќе се пресели во Барселона, објави “Скај Спорт” во текот на вчерашниот ден.

Боатенг во Барса пристигнува на позајмица, а клубот ќе има можност да го откупи неговиот договор за 8 милиони евра на крајот од сезоната.

Познатиот новинар Фабрицио Романо на Твитер ја објави првата изјава на Боатенг, кој пред доаѓањето на Камп Ноу изјавил:

“Барса доаѓам! Тажен сум што го напуштам Сасуоло, но ова е одлична шанса. Не ме прашувајте за Реал Мадид…тоа е минато! Сакам само да се фокусирам на Барселона и се надевам дека ќе постигнам погодок на следното Ел Класико”.

Боатенг во својата кариера настапуваше за Херта, Тотенхем, Дортмунд, Портсмут, Милан, Шалке, Лас Палмас, Франкфурт и Сасуоло.

Тој во март ќе наполни 32 години, а најдобрите денови од кариерата ги имаше во АЦ Милан.

Врнежливи денови до крајот на неделата: Еве како ќе се движат температурите

Времето денеска ќе биде променливо облачно со појава на магла по одделни котлини, и со повремени локални врнежи од дожд и снег.

Максималните дневни температури ќе се движат од 1 во Берово, 2 во Маврово, 5 во Скопје, 6 во Охрид И Прилеп до 8 степени во Дојран.

Во наредните денови се очекува променливо облачно време со поверемни локални врнежи од дожд на пониските места и снег на повисоките места и планините.

Во втората половина од неделата врнежите се очекува да бидат пообилни.

Еве какво време ги очекува прилепчани:

Лек кој го користиме сите, а не сме свесни за неговите штетни последици врз здравјето

Некои истражувања од порано покажуваат дека аспиринот може потенцијално да го намали ризикот од срцеви напади и рак, а некои пак укажуваат на тоа дека евентуалните непосакувани ефекти од аспиринот, како крварење и чир, ги ставаат во сенка неговите добри страни.

Сега, ново истражување објавено во магазинот „New England Journal of Medicine“, тврди дека секојдневното земање на аспирин може да понуди некои здравствени предности за постарите лица, но воедно им носи и потенцијални ризици.

Според конечните заклучоци од ова најново истражување, се чини дека константното користење на аспирин не придонесува во голема мерка за зачувување на здравјето кај постарите лица, како и тоа дека не го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести.

Имено, навиката за редовно земање аспирин е поврзана со поголем ризик од обилно крварење и зголемување на стапката на смртност.

Во период од пет години, колку што и траеше ова истражување, научниците не открија значајни здравствени предности кај луѓето кои користат аспирин, а на поединечни испитаници им даваа и плацебо таблети за да ја тестираат и можноста за лажно чувство.

Помеѓу 920 лица кои редовно земале аспирин, голем број од нив умреле, односно станале инвалиди или развиле деменција, во споредба со 914 испитаници кои примале плацебо таблети.

Во споредба со плацебо групата, оние кои во ова истражување земале аспирин, заклучено е дека имаат поголем ризик од големо крварење и чести непосакувани ефекти од овој лек.

На крај, начуниците предупредуваат дека нивното истражување не се занимавало директно со тоа дали постарите лица кои се здрави, а кои користат аспирин за примарна превенција треба да продолжат или да прекинат со неговата употреба.

Вработени Тајландци кај македонски газда во Сиднеј пеат: “Ти, ти, ти само ти, ти ми лежиш на срце” (Хит Видео)

Кога Македонец ти е газда, работата може да лета како песна, барем така е во ресторанот на битолчанецот Иле Моша во Сиднеј.

Во овој македонско-тајландски ресторан се служи македонска скара, но и тајландски специјалитети.

Токму куварите кои се задолжени за таи храната направиле атмосфера која како “зараза” се шири по социјалните мрежи.

Додека ги приготвувале порциите тие ја пееле песната “Tи само ти” од Марјан Коцев, а нивната изведба ќе ве насмее до солзи.

Погледнете:

Шешељ дехидрирал за да се сретне со Путин: Еве каде се криел и како ги изненадил сите присутни кога се појавил

Лидерот на радикалите Војислав Шешељ откри како успеал да го прејде обезбедувањето и да се сретне со претседателот на Русија Владимир Путин.

Тој по секоја цена сакал да се ракува со Путин и затоа уште во утринските часови се скрил во магацинот на црквата Св.Сава во Белград.

Во црквата стигнав пет часа порано.Беше загушливо во магацинот од вентилацијата.Седев на столица и дехидрирав.Устата ми се исуши, но не смеев да излезам надвор бидејќи имаше многу полиција.Однеднаш им се појавив на претседателите.Сите беа изненадени. Му се претставив на Путин а тој знаеше за мојот престој во Хаг-раскажа Путин.

Бербер за кој не постојат граници: Без мака ја црта Тајната вечера на глава и прави мал милион други чуда (Видео)

Што се’ се подготвени луѓето да направат од својот изглед за да бидат уникатни и да привлечат внимание.

Различните желби и апетити не се проблем за овој фризер, кој прави вистински чуда и може да нацрта се’ што би замислиле, притоа користејќи машинка и жилет.

Од холивуд, до Таџ Махал, па дури и Тајната вечера…. замислете го сето тоа на вашата глава…

Погледнете:

Ретко кој знае дека овој актер е Македонец: Играл во “Пријатели”, “Изгубени”, “Волшебнички”….

Џорџ Ален (46) е роден во Детроит, Мичиген, по потекло е Македонец. Неговите родители од Македонија се преселиле во САД, но не ги заборавиле своите корени. А, за Македонија се интересира и нивниот син Џорџ.

Алан е познат модел и актер и иако има 45 години, се уште важи за еден од најфотогеничните машки модели. Од актерската кариера најпознати се неговите епизодни улоги во „Lost”, „Criminal Minds”, „24“, „Friends“, „Castle“, „Entourage“, „Charmed“, a моментално кај нас е актуелен со серијата која се дава на „Фокс“ каналот- „Grandfathered” каде што го глуми двојникот на Џон Стамос.

На 16 години додека шетал во еден трговски центар, бил забележан од моден скаут кој му ги отворил портите кон светот на модата. Почнува да работи во Мајами, Њујорк, Милано, Азија, Чикаго, Париз. Покрај моделството, работи и како фотограф за списанието „Елите“ и за неколку модни агенции.

Пред две години Џорџ вплови и во режисерските води, со комедијата – „My big fat fake Hollywood life”. Покрај тоа што е режисер, Алан ја игра и главна улога во филмот.

Актерот со македонско потекло вели дека никогаш нема да му прости на Оливер Стоун што во филмот за Александар Македонски, режисерот го престави големиот војсководец како момче со руса коса.

Извор: “Инфомакс”

Момчето кое го фати Светиот крст во Кавадарци и Лозари собраа 80.000 денари за Драгана

Дарко Недев, момчето кое го фати крстот во Кавадарци заедно со навивачката група Лозари Исток успеаа да соберат нешто повеќе од 81.000 денари кои ќе бидат донирани за 15-годишната Драгана Малкиќ, која има потреба од операција на окото.

“Ви благодариме на сите кои денес се вклучивте во хуманитарната акција за помош на Драгана Малкиќ. Собрани се повеќе од 81 000 денари кои Дарко Недев и членовите на навивачката група Лозари им ги предадоа на семејството Малкиќ.

Сепак, нашата акција не застанува. На семејството им се потребни уште 5000 евра за итната операција. Затоа, сите кои сте во можност донирајте на следната жиро сметка 280109104095596”, напишаа Лозари на Фејсбук.

Дарко го фати крстот, а неговиот гест ќе допре до секој од вас: Секоја чест!