
(Фејсбук статус Ирена Ристиќ – актерка и граѓански активист)


(Фејсбук статус Ирена Ристиќ – актерка и граѓански активист)


Уште во далечната 1922 година, Македонците во САД демонстрирале за независна Македонија. Демонстрациите снимени на видео клипот (на крајот од статијата) се организирани од македонски иселеници кои повикаа на обединета Македонија и дека окупаторите Грција, Бугарија и Србија треба да се повлечат од Македонија.
Поделбата на Македонија е резултат на Балканските војни во 1912 година, оваа поделба е легитимирана со “мировните преговори во Букурешт” во 1913 година од страна на големите сили.
Емиграцијата се организирала во т.н. Македонска политичка организација (МПО), македонска политичка организација на македонската дијаспора во САД. Оваа организација е основана во 1922 година во Форд Вејн.
Во 1926 година бугарските шпиони како Шартов се инфилтрирале директно од Софија за да ја уништат македонската политичка организација. До 1927 година тие ја постигнаа својата цел, а Македонската политичка организација стана Македонска патриотска организација, која од тоа време работеше против Македонците за интересите на Бугарија.

Извор: “Инфомакс”

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во своето гостување во „Отвореното студио“ на МТВ истакна дека власта на пензионерите со најновите законски измени директно им ги скрати пензиите за околу 500-тини денари секој месец.
Тој напомена дека 300 илјади пензионери во Македонија останаа со пензии пониски за три проценти, сума која како што вели тој можеби не значи многу за функционерите на власта, но значи многу за македонските пензионери.
– Интевенционистичко, рестриктивно наметнато решение од страна на Владата па ги плаќаат тие минимални плати, доведе до зголемен пораст на просечната плата.
И сега во моментот кога вие од истото ова чекмеџе ќе треба да земете и дадете за пензиите и тогаш немате. И тогаш што правите, ајде ќе ги кратиме пензиите.
Да точно е на неколку илјади вработени им се зголеми минималната плата, но 300 илјади пензионери останаа со скратени најмалку три проценти пензија, а три проценти е 500-тини, 600-тини денари секој месец.
За пензионерите тоа значи, можеби за политичката елита во државава од СДСМ тоа не значи, но за многу пензионери тоа значи, вели Мицкоски.

ТИ објави годишен извештај за Индексот на перцепција на корупцијата во светот за 2018 година, кој го мери нивото на корупција во јавната администрација во 180 земји и територии низ светот. Индексот е создаден врз основа на 13 истражувања во деловниот сектор, како и стручни проценки

Најкорумпирани земји во Западен Балкан, според истражувањето на Транспаренси Интернешнл (ТИ), се Албанија, Македонија и Косово, кои се наоѓаат на 99-то, односно 93. место според Индексот на корупција. По нив следуваат БиХ и Србија на 89., односно на 87. место, додека Црна Гора е на 67., а Хрватска на 60. место.
ТИ објави годишен извештај за Индексот на перцепција на корупцијата во светот за 2018 година, кој го мери нивото на корупција во јавната администрација во 180 земји и територии низ светот. Индексот е создаден врз основа на 13 истражувања во деловниот сектор, како и стручни проценки.
Посебен акцент на ова истражување е ставен на врската помеѓу корупцијата и кризите на демократијата и растот на десничарските и популистичките тенденции, особено во рамките на Европската унија (ЕУ) и другите западни демократии.
Според извештајот, повеќе од две третини од земјите имаат индекс кој укажува на недоволно ефикасна борба против корупцијата. Најмногу загрижува фактот што повеќето земји не направиле никаков или многу мал напредок во областа на искоренување на корупцијата, и се оценува дека само 20 земји направиле значаен чекор во оваа смисла.
Западниот Балкан има втор по ред најслаб резултат во индексот. Скоро секоја земја направила многу ограничен напредок во борбата против корупцијата. Недостигот на политичка волја, ослабените институции и ограниченоста на политичките права создадоа атмосфера во која корупцијата цвета, а постои многу малку волја за борба против неа.
Како што се наведува во извештајот на ТИ, само три земји од регионот на Источна Европа и Централна Азија имаат резултати над просекот – Грузија која се наоѓа на 41., Црна Гора на 67., и Белорусија на 70. место. Во комбинација со недостиг на политичка волја за борба против корупцијата во јавниот сектор, државите од двете региони ги поткопуваат политичките права на своите граѓани.
Црна Гора во однос на минатата година падна за еден процент и евидентна е стагнацијата на земјата. Покрај напредувањето во европските интеграции, државата уште треба значително да го поправи владеењето на правото. Се нагласува загриженоста во однос на финансирањето на политичките партии, како и финансирањето на изборите.
Србија падна за два поени во однос на претходната година и ако владата продолжи со тенденција за потиснување на органите и институциите кои се одговорни за одржување на владеењето на правото, падот може да продолжи, се додава во извешајот.
Меѓу земјите кандидати за ЕУ и потенцијалните кандидати, од оние кои имаат пристапни преговори, четири од седум забележуваат падови во степен на перцепција на корупцијата од претходната година.
Косово во однос на претходната година опадна за два поени. Некои од најголемите антикорупциски предизвици во Косово претставуваат недоволна транспарентност, слаби институции и владеење на правото и недоволен простор за граѓански ангажман.
Македонија спаѓа во групата за набљудување во наредните неколку години заедно со Босна и Херцеговина , Турција, Грузија, Украина и Ерменија. Од наведените само Ерменија има позитивен тренд, благодарение на промената на владата.

На фејсбук страницата „Сообраќаен срам Тетово“ е објавена фотографија на која се гледа дека улиците во Тетово не се ниту исчистени од снег, ниту од мраз.
Теута, фрли сол, ќе се убие некој, коментираат тетовци, алудирјаќи ѝ на нивната градоначалничка која не се грижи за градот.

Познатиот исландски актер Хафпор Тор Бјорнсон се прославил ширум светот со улогата на Грегор Планината Клегејн во хит серијата “Game of Thrones”, а на публиката и е интересен поради фактот што се оженил со дама неспоредливо поситна од него.

Овој 30-годишен Исланѓанец е навистина човек од титанска градба – висок е 206 сантиметри, а бројката на вагата покажува 181 килограм. Љубовта ја пронашол во малата Келси која е висока само 157 центиметри и тешка 52 килограми, а се запознале во еден бар во кој таа работела како келнерка.

Бјорнсон инаку е маѓепсан од својата русокоса, убава сопруга, што докажуваат и бројните заеднички фотографии, а последната во низата предизвикала вистинска хистерија на социјалните мрежи.
Тој објавил како ужива со Келси во зимска идила додека пијат топло чоколадо, но еден урнебесно смешен детаљ на сите им паднал во очи. Имено, погледнете колку ситно изгледа шолјата во раката на Хафпор, а токму тој факт ги натерал луѓето да остават голем број на смешни коментари.

“Ова изгледа како си земал шолја од куќата за кукли”, “Мислев дека тоа е некоја минијатурна шолја, додека не ја видов шолјата во раката на твојата сопруга”, “Поради оваа шолја плачев од смеење”, “Во твоите раце оваа шолја делува како чаша за ракија”, биле само некои од коментарите.


Поради одрони на двете коловозни ленти од 09:10 часот изутрина е во прекин сообраќајот на патот Прилеп-Македонски Брод кај планинскиот превој Барбарос, соопшти Автомотосојузот на Македонија.


Го повикавме владејачкото мнозинство да се одважи, ако навистина имаат таква доверба кај граѓаните, ако се самоуверени како што кажа Зоран Заев, во саботата пред да замине на зимување дека ќе добијат нов четиригодишен мандат, еве можност да излеземе и да се соочиме пред граѓаните и навистина да видиме каква е вредноста на овие политичари, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во емисијата „Отворено студио“ на МТВ.
Мицкоски додаде дека континуирано се мери јавното мислење на граѓаните, како и дека голем е процентот на недовербата во институциите, правниот систем, владеењето на правото како и во демократските процедури.
Тој се надева дека Заев ќе ги послуша и неговите министри во неговата влада Манчевски и Десковска кои јавно истакнувале дека и тие сакале да одат на избори и да го видат мислењето на граѓаните.
-Ние се надеваме дека тоа ќе се случи, дека тие ќе се одважат тоа да го направат. Ние сме подготвени за тоа да се случи, нагласи Мицкоски.
На прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува на претседателски избори доколку СДСМ не излезе на предвремени парламентарни избори, Мицкоски рече:
– Доколку се затскријат, доколку одлучат повторно да бегаат од јавноста, најголемата опозициона партија, граѓаните имаат основано сомнение дека нивните намери не се чесни односно дека повторно сакаат со нефер избори да манипулираат со гласовите на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ се разбира дека ќе стори се што е во наша моќ тоа да не се случи. ВМРО-ДПМНЕ е силно мотивиран и мобилизиран да учествува на тие претседателски избори кои што практично ќе ги победи, ќе победи и во Охрид, ќе победи и во Ново Село и на тој начин силно ќе ја подотвори вратата на едни нови предвремени парламентарни избори, ако не сега барем на есен. Затоа е многу поважно да заштедиме на времето, затоа што притисокот на победата на опозицијата на претседателските избори, победата во Охрид, победата во Ново село ќе значат огромен товар за владата, потенцираше Мицкоски.

Видеото кое се појави на турскиот портал “baboli.net” е снимено од турски камион, кој според она што го пишува чекал на ред зад прилепскиот, па откако полицаецот го “избаждарил” нашиот, се упатил кон Турчинот.


Погледнете како се прави тоа во Бугарија:

ЈКП Комуналец-Прилеп по распишаниот тендер за сукцесивна набавка на услуги за ангажирање на агенција за привремени вработувања, склучи договор со агенцијата за привремени вработувања „Реалност 06“ од Прилеп – дознава порталот “Инфокомпас”.
Вредноста на склучениот договор, со вклучен ДДВ, изнесува 22.656.000 денари.
