дома блог страница 3160

(Видео) Ова е последното нешто што очекувате да го видите во авион: Сакала да ја земи својата торба, но доживеала непријатно изненадување

Последното нешто што очекувате да видите во авион е скорпија. И тоа во делот за рачен багаж кој се наоѓа точно над главите на патниците.

Токму тоа се случило на летот Риау-Сокарно во Индонезија. Кога авионот слетал, патниците доживеале непријатно изненадување.

Компанијата “Лајон ер” истражува како оваа отровница завршила во авионот.

“Бев во 19-ти ред со уште двајца патници. Кога видовме скорпија над нашите глави, излеговме од авионот најбрзо што можевме. Таа можеше да падне на нас и резултатот да биде фатален”, рече една од патниците.

„Ој Вардар Македонски“ згрме во „Јане Сандански“ од Виолета Томовска! (Видео)

Натпреварот помеѓу Вардар и Веспрем СЦ „Јане Сандански“ имаше фантастично отварање за кое се погрижи доајенот на македонската музика Виолета Томовска.

Виолета Томовска пред почетокот на натпреварот ја загреа атмосферата во салата со фантастичната изведба на „Ој Вардаре Македонски“.

ВИДЕО: “Кога Димитров беше вмровец?”

Дали Албанците треба да гласаат за претседателски кандидат со ВМРО-идеологија? – пишува во насловот на видеото кое денеска се појави на социјалните мрежи.

ВМРО-ДПМНЕ го избра кандидатот за Претседател на Македонија: Ова е резултатот

Со 408 од 519 гласа Проф. Д-р Гордана Силјановска Давкова ја доби довербата на Конвенцијата за избор на кандидат за претседател на државата, што денеска се одржа во Струга.

Помеѓу 9 пријавени кандидати, токму Силјановска ја доби довербата од мнозинството делегати на Конвенцијата.

Претседателот на партијата Христијан Мицкоски пред присутните порача дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на овие претседателски избори и ќе го даде новиот претседател на државата.

За довербата на делегатите се бореа уште и Влатко Ѓорчев, Филип Петровски, Горан Ангелов, Илија Димовски, Сашо Култешовски, Никита Шекутовска, Васко Костов и Ѓорѓи Манасков.

Во својата презентација пред присутните, Д-р Силјановска Давкова рече:

“Тоа што сум денеска тука го покажува реформскиот и демократски капацитет на ВМРО-ДПМНЕ да отвори порта на еден натпартиски кандидат. Не е доволно само да се нарекувате реформска партија, туку треба да посегате по истите. Во 2001 година ни се вкрстија патиштата со ВМРО-ДПМНЕ, потоа во Струга во 2004, потоа за Преспанскиот договор и на крај за Законот за јазици – посочи кандидатката за претседател на Македонија, Гордана Силјановска, која денеска ја бара поддршката од делегатите на Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ во Струга”.

Таа не сакаше да зборува многу за својата биографија. Се осврна на потеклото:

Она што ме води во животот е потеклото. Во песната за Арсо Војвода ќе слушнете дека бил на гости кај Стојкота, тоа е мојот прадедо. Татко ми бил во партизани, излегол со три ордени, го поминал Февруарскиот поход, се борел не за Република Северна Македонија, за Македонија.

Таа не ја разбира логиката да го немаме правото за самоопределување, како и секоја нација. Смета дека ние своето право сме го оствариле на АСНОМ, Македонија е старица од 75 години.

-Замислите сега на 75 години некој да ви каже да си го промените името зошто целта ЕУ и НАТО е висока и да ве убедува притоа дека тоа не се однесува на вашиот идентитет – рече професорката

Силјановска вели дека мора да излеземе на изборите.

-Сигурна сум дека мојот глас во овие две години допре до луѓе кои можеби никогаш не гласале на избори, биле аполитични, неутрални или до луѓе кои биле членови на некоја партија која е на власт, но сфатија дека има нешто посилно од партијата и од привилигиите дека тоа е Македонија. Ова е вистинскиот момент да се делигитимира власта која создаде хибриден режим во кој Македонија стана скандалозна земја – додаде професорката, која вели дека не верува дека секоја цел може да оправда секое средство. Само македонскиот народ заради Македонија може да биде највисоката цел.

Таа вели дека бојкот ќе значи само на сегашното место да седне Талат Џафери. Шанса да се смени уставот и претседателот да се бира во Собранието на Република Македонија, што е погубно за земјата – трите власти да и припаднат на една партија.

-Секоја реформа почнува од нас. Не можете да барате реформи од другите, ако не почнете од себе. Ние имаме закон за привилегии на претседател. Имам разбирање за привилегиите на семејството на Трајковски, но ќе ги замолам пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да ги укинат законските привилегии за претседателот. Да се намали бројот на министерствата, срамота е сиромашна земја да има 27 министерски места, а Швајцарија да има 7. Парите ќе се пренасочат кон граѓаните.

Секако името беше неизбежен дел од нејзиниот говор.

Ќе формирам експертски тим на домашни и странски професори по меѓународно јавно право. Малите држави се повикуваат на правото, големите на силата. Да го отвориме прашањето за името на Република Македонија. Тоа не е затворено. Пред меѓународните судови и институции. Во секоја средба ќе укажувам дека не можам да се поделам на две личности. За мене владеењето на правото е врвната цел, ако сите народи имаат право на самоопределување, истото важи и за македонскиот народ и за Република Македонија.

Таа смета дека никој на Македонија не може да и каже како ќе се вика. Името не одбрало нас, а не ние името. Ние немаме алтернатива.

Заевизмот е ментална матрица – кажувам, заборавам, негирам. За жал од таа болест се инфекцираа многумина.

Вели не може да дозволи еден ден нејзините внуци да ја прашаат каде бевте, што правевте, зошто не негиравте.

– Секогаш кога ќе има проблем, а секој ден ги има, јас ќе побарам да се обратам до Собранието, не само до пратениците, туку до граѓаните. И кога ќе го користам ветото како одбрана на уставот, ќе барам да го образложам тоа. Ќе се држам до уставот и тоа ќе важи за сите партии, па и за ВМРО-ДПМНЕ.

Исплива најголемата тајна на Ватикан и СФРЈ

Оваа вест долго се криела и била најголема тајна како на Ватикан, така и СФРЈ, но конечно исплива на површина.

Според наводите на италијанските медиуми желбата на Јосип Броз Тито била да умре во католичкиот дел на Југославија, а тоа и се остварило. Тито починал во Љубљана, а таму во тајност пилигринските свештеници го одржале посмртниот обред, пред да биде пренесен во Белград.

Ова шокантно тврдење е изнесено во публикации објавени главно од српската дијаспора за време на постоењето на СФРЈ.

Неколку години покасно се открило дека ова е нешто повеќе од теорија на заговор, со оглед на тоа дека во историските архиви се пронајдени разни документи за тајните контакти на Тито и ватиканските емисари, за кои не знаеле дури и најблиските соработници, ниту пак дипломатите во Рим.

За влегувањето на Јосип Броз во тајното друштво, заслужен е, како што пренесуваат изворите, фратарот Крунослав Драгановиќ, близок соработник на Анте Павелиќ.

Судејќи по архивите кои ги сочувал белградскиот публицист Пеџа Радосављевиќ, но кои ги истражувал и прикажал во книгата “Односи меѓу Југославија и Светата столица 1963-1978”, интензивна тајна дипломатија се одвивала во тие 15 години.

Се претпоставува дека во тој период Броз повеќе пати се состанал со папата Павле VI, но единствена официјално забележана средба е онаа од 29 март 1971 година, по официјалното воспоставување на дипломатските односи прекинати во 1952 година.

HAПAДHAT ВРАБОТЕН ВО БРЗА ПOMOШ: Прилепчанец нaпaднaл вработен во Брзата пoмoш

Во Пoлициcкa станица Прилеп, вчера во 19.30 часот А.П.(41) од Струмица, кој живее во Прилеп, пpиjaвил дека околу 16.00 часот додека бил на работно место во Итна медицинска помош Прилеп бил физички нaпaднaт од Д.Л. од Прилеп.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Почна гласањето, делегатите на ВМРО-ДПМНЕ бираат меѓу деветте кандидати

Делегатите на ВМРО-ДПМНЕ почнаа да гласаат за избор на еден од деветте пријавени кандидати за претседател на државата. На гласачките ливчиња кандидатите се испишани по азбучен ред, според првата буква од презимето.

На конвенцијата во Струга што почна напладне, дадена е пауза од два часа, додека трае гласањето, по што, во 18:00 треба да продолжи.

Во трката за претседателски кандидат од ВМРО-ДПМНЕ се Гордана Силјаноска Давкова, Влатко Ѓорчев, Филип Петровски, Горан Ангелов, Илија Димовски, Сашо Култешовски, Никита Шекутовски, Васко Костов и Ѓорѓи Манасков. Тие имаа 15-минутни обраќања во кои ги изнесоа своите визии и програми.

-Тоа што сум денеска тука го покажува реформскиот и демократски капацитет на ВМРО-ДПМНЕ да отвори порта на еден натпартиски кандидат. Не е доволно само да се нарекувате реформска партија, туку треба да посегате по истите. Во 2001 година ни се вкрстија патиштата со ВМРО-ДПМНЕ, потоа во Струга во 2004, потоа за Преспанскиот договор и на крај за Законот за јазици, рече Силјановска.

Најави дека ќе формира експертски тим на домашни и странски професори по меѓународно јавно право. – Да го отвориме прашањето за името на Република Македонија. Тоа не е затворено. Пред меѓународните судови и институции, нагласи Силјановска.

И Ѓорчев фокусот на обраќањето го стави на името на државата, откако директно побара доверба од своите сопартијци. -Веќе ги вадат таблите кај што пишува „Република Македонија“. Ако треба нека ни ги дадат нам, ќе ги чуваме и по подруми, и по тавани. Ќе дојде време кога повторно ќе ни требаат. Тоа е нашиот аманет – Република Македонија, нагласи Ѓорчев.

Во врска со неговата програма, напомена дека во првите три месеци планира да оствари средба со претседателот на САД, Доналд Трамп, да појде во Европската Комисија, во Брисел, во Берлин. – Секаде ќе ја кажам вистината за Македонија. Јас сум кандидат и на врмовското срце, дополни Ѓорчев.

Според кандидатот Шекутовски, претседателот на државата треба да сочува барем дел од вековното име на Републиката и оние 140 држави што не признаа под уставното име да ги извести за непочитување на нанесената неправда.

Илија Димовски вети дека ќе се заложи за реформи во повеќе сфери меѓу кои во образованието, Васко Костов најави заложби за благосостојба, мир и безбедност, но и непочитување на Преспанскиот договор, додека Кутлешоски потенцира дека не се согласува со промената на уставното име и порача да се најде начин да се промени, како што рече, историската грешка и да се зајакне борбата против криминалот.

-Не е целта кој ќе победи на конвенцијата, целта е ВМРО-ДПМНЕ убедливо да победи и да се врати на чело на политичката сцена, истакна Манасков.

Во своето обраќање на конвенцијата Филип Петровски посочи четири тези за кои ќе се залага: Поништување на Преспанскиот договор и двојазичноста, враќање на илинденските и асномските принципи и предвремени парламентарни избори. -Освен овие тези, нема да потпишам ниту еден закон на Заев, рече Петровски.

На конвецијата учествуваат 523 делегати. Ја отвори лидерот на партијата Христијан Мицкоски кој во обраќањето порача дека ВМРО-ДПМНЕ треба да избере човек кој ќе биде претседател на сите граѓани, што ќе ја води државата бестрашно и непоколебливо, човек кој ќе биде гаранција за квалитетот во носењето одлуки, кој ќе се обрзе да ги почитува Уставот и законите.

Нова кражба на бензиска пумпа во Прилеп

На 16.02.2019 година околу 03.20 часот пријавено е дека во бензинска пумпа во Прилеп две лица извршиле разбојништво и одзеле 16,000 денари и мобилен телефон. Се работи на расчистување на случајот – информираат од МВР.

Здружената опозиција ја крена Албанија на нозе: Пробиен полицискиот кордон пред владата, власта пред голем предизвик (Видео)

Масовните протести на албанската обединета опозиција ескалираа со пробивање на полицискиот кордон пред Владата, скршени врати и прозорци, фрлање молотов коктел и тврди предмети, поставување на партиското знаме на Демократската партија пред Владата.

Полицијата беше приморана да фрли солзавец, по што оние кои се обидуваа да влезат во зградата се повлекоа. На објкетот на зградата има и снјаперисти.

Има повредени кои се транспортираат со амбулантни возила.

Според опозицијата на протестите има над 100 илјади граѓани, половина од нив од внатрешноста.

Поради многу тензичната ситуација албаскиот претседател Илир Мета експресо реаграше апелрајќи на водржанст за да се „избегне конфронтација”.

Со посебно внимание ги следам случувањата и упатувам апел за воздржаност од сите страни за да се избегне конфронтација и наслство.Граѓаните треба да протестираат слободно и треба да се почитуваат институците, порача Мета.

Христијан Мицкоски од Конвенцијата во Струга: Денеска го избираме идниот претседател на Република Македонија

Ќе победиме, ќе победи честита Македонија. Вака претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски предмалку во Струга ја отвори конвенцијата на која се избира претседателскиот кандидат на партијата.

Кога секој поединец се наоѓа себеси во мачна борба кон подобар живот, мачно секојдневие со борба, од оваа наметната црнила, кога се бори со ветерници, и иако го дава најдоброто од себе, не успева. Не успева зошто внатрешниот систем е против него, општеството е труло. На ваква раскрсница, потребна е надеж и светлина, рече пред делегатите претседателот на партијата Мицкоски.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ има огромен мотив за оваа борба – успешна Македонија, која е нивната единствена цел.

Го земам бајракот во раце, го земаме заедно, и ви велам: Ќе победиме! Ве гледам во очи и велам: Ќе победи честита Македонија!, порача Мицкоски.

Мицкоски рече дека овие избори ќе бидат жолт картон за Зоран Заев и СДСМ и дека ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи гласот на народот да не се чуе.

Да ја вратиме правната држава! Пет месеци нема разрешница за насилното гласање на

Мицкоски рече дека го има одговорот за тоа каков треба да биде кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Кандидат кој ќе покаже кичма, кога други ја виткаат, да покаже достоинство, стабилност, да се исправи пред неправдите. Човек кој ќе го почитува Уставот, во време кога не го почитувааат. Кој ќе го почитува гласот на народот, кога никој не го почитува, порача Мицкоски.

Мицкоски најави победа на ВМРО-ДПМНЕ и нивниот претседателски кандидат.

Да испратиме порака дека Македонија е на сите граѓани, секој треба да гласа за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ. Ова е време кога мора да се гласа! Нема подобро решение да победи човек од опозицијата, кој ќе биде глас и разум на сите граѓани на Република Македонија.

Мицкоски порача дека оваа недемократска и неспособна власт на чело со Зоран Заев, мора да се сопре.

Веќе не се зборува за повисока пензија, туку за останување на истата или намалување. За плата од 500 евра уште се сонува. Поради неспособноста во здравството умираат луѓе. Што друго треба да се случи за овие луѓе да поднесат некаква одговорност? Правда нема, ако поднесете нешто во Антикорупциска, ве чека баџанакот на Џафери. ЕЛЕМ и МЕПСО место гиганти се дулво на партиски вработувања. Нечеститост!, порача Мицкоски.

Мицкоски порача дека доста е од поделби, доста нè делат на табори.

Ќе го посетиме секој град и село, ќе влеземе во секој дом, ќе развиориме бајрак на заедничка борба. Некои политичари мислат само на наредните избори, ВМРО-ДПМНЕ мисли и работи за наредните генерации, порача Мицкоски.

Да живее самостојна суверена Република Македонија!