Французинката е една од најбараните модели и покрај тоа што има само 17 години, а сето тоа благодарејќи на статусот кој го доби додека беше мало девојче.
Сепак, Тајлин Блонд направи пауза од модната писта за да присуствува на една журка за време на Модната недела во Лондон.
Младата Французинка изгледала прекрасно во кратко, црно фустанче и светликави сандалки.
Тајлин носела нежна шминка на себе, што дополнително ја истакнало нејзината природна убавина.
Таа на само 6-годишна возраст била прогласена за најубаво девојче во светот, а 11 години подоцна, повторно ја доби оваа престижна титула, со тоа што се најде на самиот врв на TC Candlera за 2018 година.
На 27 април 2017 ја испеав химната на Република Македонија и заминав со мојот син да гледам ракомет во спортската сала „Јане Сандански“. Откако видов на интернет дека граѓаните влегуваат во Собранието, се вратив – изјави Игор Дурловски на завршните зборови за крвавиот четврток – пренесува “Инфомакс”.
Тој го повика обвинителството да го осуди, доколку заслужува казна за тоа што бил во Собранието.
Освен мое присуство таму, друго нема што да утврдите. Доколку најдете доказ за било какво мое учество, планирање, намера да бидам дел од некакво сценарио за 27 април осудете ме. Не барав амнестија затоа што сум смел, туку дека не сум виновен – изјави Дурловски во судницата.
Оперскиот пејач е обвинет дека за време на протестите на “За заедничка Македонија” држел потпалувачки говори и протестирал за материјална корист. Дурловски пред судот го негираше ова велејќи дека е навреден од обвиненијата и дека се обични лаги и невистини.
Колку што ова ме навредува, колку што сакам на цел глас да викнам дека се лаги и измислици и колку е непоимливо, гротескно она што го говорат за мене дека ме плаќаат да протестирам, во името на правдата, а не на мојата повредена личност, ве замолувам да се запрашате дали сум имал намера или водел разговори за насилство на 27 април.
Дури и да сум најнеморалната личност, дека сум измамувал десетици илјади луѓе, запрашајте се дали постои 1 доказ дека сум знаел што ќе се случува на 27 април. Јас верував и се уште верувам во кауза. Се плашев за иднината на мојата земја и се уште се плашам дека државата ми ја украде татковината. Може да ви се гадам, но не може поради тоа да ме осудите – рече Дурловски.
“После повисоките сметки на јавните претпријатија кои ги добија граѓаните, во периодот кој следи ќе добијат и повисоки цени за услугите на јавниот превоз. Со моделот кој го нуди Петровска планира да ги субвенционира приватните превозници со 5 милиони денари, или со 7 денари од секој изминат километар, а од друга стана со овој нов модел се планира граѓаните да плаќаат и повисоки цени на услугите за превоз, изјави Иванчо Тошевски, координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата после денешната седница на Совет.”
“Со ваквиот начин локалната самоуправа дополнително ќе остави простор за работа на дивите превозници , а од друга страна дополнително ќе ги стимулира граѓаните да користат сопствен превоз што директно ќе влијае на зголемувањето на сообраќајниот хаос во градот и загадувањето кое е реалност дури и во летните месеци, рече Тошевски.”
Грда слика околу едно од најуспешните училишта во државата
ООУ “Гоце Делчев” од Прилеп во учебната година 2014/15 од страна на Државниот просветен инспекторат беше оценето како едно од најупешните училишта во Македонија, а денеска околу него владее депонија.
Фотографијата ни ја испратија наши читатели кои живеат во овој дел од градот, а на истата може да се виде дека околу училиштето има расфрлано најразличен отпад.
Со ваква слика залудни се напорите на наставниот кадар во училиштето, кои важат за едни од најпосветените и се најзаслужни што учениците постојано бележат врвни резултати на сите натпревари.
Да потсетиме, во ова училиште беше изградено тениско игралиште, мултинаменско игралиште, како и балон спортска сала, која за жал повеќе ја нема.
Легендарниот боксер Мајк Тајсон (52) откри дека пред 30 години добил идеа да се бори со горила.
Тајсон за британски “Сан” откри дека оваа луда идеа ја добил за време на посетата на една Зоолошка градина на крајот од 80-тите години. Тогаш беше најмладиот светски шампион во бокс.
“Му платив на чуварот во Зоолошката градина да ми отвори на мене и Робин. Кога стигнавме до кафезот со горилата, таму имаше еден од кој сите други животни се плашеа. Беше огромен, но во очите му видов поглед на невино детенце”, вели Мајк.
“Му понудив 10.000 долари да ми дозволи да го удрам тоа животно. Но тој ме одби”
Горилата достигнува 350 килограми, што е три пати повеќе од тежината на Тајсон.
Надворешната канцеларија за kриминалистички работи Прилеп поднесе kривична пријава против С.П.(25) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено kривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет наpkoTични дpoги, психотропни супстанци и прекурзори“ – информираат во дневниот билтен на МВР.
На 24.10.2018 година во Прилеп полициски службеници извршиле преглед над А.Н., при што пронашле и одзеле маpихуана, која претходно ја купил од пријавениот.
Прогласената епидемија на непотизам алармантно се шири додека институциите спијат. Два нови случаеви заразени со епидемија на непотизам во Неготино, а власта сеуште молчи како всушност се заразиле, ова денеска на прес-конференција го потенцираше Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.
-Дека непотизмот не е еден случај и единствен, туку е начин на работење на СДСМ говори и примерот со пратеникот на СДСМ од Неготино Ристе Ташев, чија што сестра Катерина Јорданова се вработила во Основното Училиште Страшо Пинџур. Прашуваме, кој е критериумот според кој токму сестрата на пратеникот од СДСМ е вработена, а не некој друг? Сигурни сме дека не била единствена за таму и сигурни сме дека во огласот не пишувало во делот на критериумите – да биде сестра на Ристе Ташев. Нов ден, нов пратеник од СДСМ заглавен во непотизам. Страшно! Да потсетиме и дека во Неготино градоначалникот Тони Делков избран од граѓаните на Неготино ја вработи сопругата Надица Делкова во Основното Училиште Гоце Делчев, кое е директно под неговите ингеренции. Што уште треба да кажеме за Заев и СДСМ да признаат дека јавниот сектор го претворија во семејно-партиска фирма во која се вдомуваат најблиските роднини и тоа за жал на сметка на граѓаните кои остануваат без егзистенција и без можност за вработување и секојдневно тонат во сиромаштија, додава Арсовски.
Тој истакнува дека јавноста со право се прашува колку државни пари се одлеваат во семејните буџети на функционерите на власта и уште колку нивни роднини станаа вработени во државни фирми, институции, агенции, управи, општински органи и слично. Или обратно да прашаме, уште колку роднини на функционерите останаа невработени за да се вработат и тие? Сигурно се бројат на прсти.
-Лажниот концепт на Заев „Живот за сите“ јавноста го виде на дело. Тој концепт се претвори во “Живот за раководството на СДСМ“. Граѓаните, а посебно поддржувачите на СДСМ сфатија дека овој криминален картел на власт гледа само како да ги вработи своите сестри, мајки, браќа, баби, дедовци, внуки и сите останати на врхушката од власта, а тие на кои нема да им вработи ниту еден близок ги дарува со грантови, тендери или јавни набавки секојдневно без срам и перде. Ова граѓаните ќе го казнат на престојните избори, затоа што само гласањето против СДСМ е лекот за оваа епидемија којашто се шири секојдневно, завршува Арсовски.
Скопје стана она што порано беше Будимпешта, центар на разузнавачки работи против Србија, место каде се обезбедува финансирање и поддршка за цинкароши и сечикеси од целиот регион, за политичари кои веруваат дека единствениот пат за да дојдат на власт е преку соработка со странците, изјави српскиот министер за одбрана Александар Вулин.
Тој на ваков оштар начин ја нападна Северна Македонија, коментирајќи ја вчерашната средба во Скопје на премиерот Зоран Заев со лидерот и основачот на опозицискиот блок „Сојуз за Србија“(СзС) Драган Ѓилас, на која, како што соопштија од СзС станало збор за „актуелната состојба во Србија и за двомесечните граѓански протести во Србија „Еден од пет милиoни“.
-Цврстата позиција на претседателот Александар Вучиќ дека Србија нема да прифати власт на амбасадорите, го доведе под непосреден удар од страна на службите. Скопје стана простор од каде почнуваат и од каде ќе се поттикнуваат напади против Србија и нејзиниот претседател, рече Вулин за провладиниот весник „Вечерни новости“.
Времето во Македонија ќе биде сончево со слаб јужен ветер. Утринската температура ќе се движи од минус четири до нула, а дневната од девет до 17 степени.
Во Скопје, слично време, сончево со слаб јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус три, а дневната ќе достигне до 16 степени.
До четврток ќе се задржи претежно сончево и потопло време. Во петок се очекува зголемување на облачноста со локални врнежи од дожд, а на планините од снег. В сабота ќе дува засилен северен ветер, наместа ќе има слабо провејување на снег.
За време на викендот ќе има значително опаѓање на дневната температура.