дома блог страница 3144

Шарена разочараност: На полицијата и посакуваше „Куманово да ви се деси“, сега ги брои семејните вработувања на функционерите на СДСМ

Ивана Божиновска, девојката која на македонската јавност и’ стана позната во 2016 година, кога на тогашните протести на т.н. „Шарена Револуција“ јавно им порача на македонските полицајци „Да даде Господ Куманово пак да ви се деси“, на својот Фејсбук профил упати низа обвинувања кон владејачката СДСМ околу последните скандали со вработувања на роднини на функционери од власта – пишува “Kурир”.

Извор: “Курир”

Koмисијата не успеа да му го одземе имунитетот на Трајко Вељаноски

Со четири гласа „за“ и четири „против“ собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања ја заврши расправата за имунитетот на пратеникот, Трајко Велјаноски, за кој Обвинителството побара притвор поради неговото учество во организирањето на упадот во Собранието.

(Видео) Чудо од дете: Има само осум години а студира на 3 факултети

Лоран Симон стана студент на 3 престижни факултети во Холандија на само осум години и ја доби “титулата” најпаметен студент во Европа.

Осумгодишното момче има 145 коефициент на интелегенција, а пред да стане “најмладиот” студент во историјата, основното школо го завршил на само 6 години.

ФОТО: Никој не знае од кого е – Сопругата на Шабан го пронајде ова па почна да плаче

Семејството Шаулиќ, блиски роднини и пријатели утрово го посетија вечното почивалиште на кралот на народната музика.

Гробното место на Шабан е целото прекриено со многу венци, но она што му падна во очи на сите е еден детал да гробот, кој што никој не знае кој го оставил.

Имено, некој од присутните вчера за погребот оставил списание „Сабор“ на кој што на насловната се наоѓаат Гордана и Шабан и тоа пред околу 40 години, на нивната венчавка.

Исто така на насловната се гледа дека списанието е со посвета и дека ваквиот спомен доаѓа од Сенице.

“Слушнете ја забранетата песна на Спасен Сиљаноски, сакаа да ја цензурираат, а таа стана нова македонска химна? (Видео)

„Судбина тешка“ е најновата патриотска песна на естрадниот уметник Спасен Сиљаноски која излезе на почетокот од оваа 2019 година.

Музиката е дело на Спасен Сиљаноски, текстот е на неговата мајка Јагода Сиљаноска, а аранжманот е дело на Златко Миладиноски.

Слушнете ја во продолжение “Судбина тешка”:

По масовната поддршка за Силјановска се огласи и Мицкоски: Паѓа деспотизмот на Заев и доаѓа заедничката победа на народот

Откако беше објавено дека професорката Гордана Силјановска Давкова за неколку часа ги собра потребните потписи за кандидатура за претседател на државата на својот Фејсбук профил се обрати и Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој порача дека ова е силен показател дека граѓаните застануваат зад личност и политика на принципи, вредности и разум.

Мицкоски потенцира дека ова е време на несигурност, на загубени и загрозени животи но народот ги прочита, и ја препозна новата шанса, новата надеж.

„Да си ја вратиме татковината, Македонија на граѓаните кои сакаат достоинство, мирен живот и правна држава.“

Посочува дека е потребен претседател кој ќе се бори против неправдите, и ќе опстојува за правда за Македонија и сите нејзини граѓани.

Паѓа деспотизмот на Заев и доаѓа заедничката победа на народот. Обединити и силни ќе светне денот за сите граѓани на независна и суверена Република Македонија, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

(Видео) Еден од најневеројатните моменти во историјата на фудбалот! Пред точно 24 години Роберто Карлос го постигна овој гол кој го лансираше меѓу легендите

Во февруари далечната 1995 година, познатиот бразилски фудбалер и најдобриот лев бек на сите времиња, Роберто Карлос, го постигна еден од најспектакуларните голови во историјата на фудбалот.

Карлос тогаш настапувал за бразилски Палмеирас и на утакмицата во домашното првенство ја затреси мрежата на неверојатен начин.

Од 40 метри оддалеченост Карлос изведе слободен удар:

(ФОТО) Редици прилепчани во просториите на ДИК во Прилеп го даваат својот потпис за Професорката Гордана Силјановска Давкова

Редици граѓани од утринава во просториите на Државната изборна комисија во Прилеп, чекаат да го дадат својот потпис за кандидатурата на Проф. Д-р Гордана Силјановска Давкова, за претседател на државата од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните во текот на целиот ден во голем број пристигнуваат и се потпишуваат, откако Силјановска најави дека покрај поддршката од партијата, ќе собира и 10.000 потписи за својата кандидатура.

(Видео) Снежна Битола прекрасна!

Снежна прекривка од утрово ја завитка Битола во бело руво.

Новите врнежи од снег викендов одново ќе ги исполнат скијачките патеки во Нижеполе, каде снежната покривка достигнала 30-тина сантиметри, додека на Копанки 40.

Видеото од центарот на Битола, кое е објавено на Фејсбук страната “Градот на конзулите” го привлече вниманието на голем број корисници на социјалните мрежи.

Ќе признаете, Битола изгледа прекрасно во бело!

ВИДЕО: Facebook/GRADOT NA KONZULITE

(Фото) Работници спасиле куче од река: Дури кога стигнале кај ветеринарот доживеале изненадување

Двајца градежни работници од Естонија забележале куче во ледената река и веднаш отишле да му помогнат.

Работеле на браната на реката Парна кога го забележале, па направиле пат низ мразот.

Потоа кучето го замотале во ќебе и го ставиле во автомобил за да го згреат. Дури кога стигнале кај ветеринарот дознале дека спасиле волк.

“Беше мирен, спиеше на моите нозе”, вели Рандо Карстеп.