дома блог страница 3143

(Видео) “Шекеринска во двојазична Битола се заблагодари за поддршката од жителите за Северна Македонија?”

Заменик на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска денеска им се обрати на граѓаните на Битола на трибината со нив „Фер општество – Шанса за сите“ – стои во соопштението од Владата.

Измерени температури и до -15 степени, следува промена во среда

Температури под нулата утринава биле измерени во целата држава. Најладно беше во Маврово, каде температурата во седум часот била -15 степени.

Во Крушево и Лазарополе се измерени -14 степени, во Берово -13, во Пожаране и Ѓуриште -11, во Крива Паланка, Скопје-Петровец и Тополчани -9, во Тетово и Прилеп -8, во Пrетор, Битола, Скопје на Зајчев Рид и Куманово -7, во Охрид, Штип и Виница -6, во Демир Капија -5, во Дојран и Струмица -4 и во Гевгелија -2 степена.

Во текот на денот облачноста ќе се намалува и ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со умерен северен и североисточен ветер.

Максималната температура ќе достигне од -1 до 6 степени.

Слично време и во Скопје со максимална температура до три степени.

За следниот период, синоптичарите најавуваат суво време, но со ниски утрински температури и со умерен северен ветер.

Дневните температури ќе бидат во благ, а од средината на наредната седмица и во позначителен пораст.

Не земал плата две години, па му го запалил камионот на газдата

Работник од фирма во Сплит на пауза за ручек ги скршил стаклата на камионот на газдата, па го запалил.

За да биде случајот уште полош, во близина имало 10 плиснки боци, но за среќа не дошло до експлозија и до трагедија.

Сам викнал пожарникари откако го запалил камионот.

Поубаво ќе ми биде во заTвор, не сум земал плата две години, рекол работникот.

Полицијата веднаш го привела.

Ладен туш од Русија за Рама: “Рацете подалеку од Косово!”

Изјавата на Еди Рама дека Косово и Метохија се дел од Албанија ја нарушува стабилноста на Балканот. Тоа е недозволиво, истакнува Марија Захарова од руското МНР.

Ладен туш од Путин за Рама. На албанскиот премиер Еди Рама му беше порачано да ги држи рацете подалеку од Косово, односно да заборави на формирање на “Голема Албанија”.

Марија Захарова, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, оцени дека изјавата на Рама е недозволива и дека соединувањето на Косово со Албанија не е планот Б на Албанија, туку главна цел.

Како што оценуваат во Москва, со ова се крши Резолуцијата 1244 СБ на ООН, се нарушува стабилноста на Балканот и се комплицира дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Па оваа зараза нема крај? Денес нови двајца прaтеници зафатени со вирусот непотизам?

Повеќе од две недели државата ја тресе најголемиот скандал на непотизам во Република Македонија предизвикан од СДСМ. Заразата со епидемијата на непотизам се шири многу полошо од што можевме сите да замислиме, ова денеска на прес-конференција го истакна Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Две недели граѓаните без страв и со гнев кон СДСМ и власта ни ја откриваат најголемата мрежа на партизација на државната администрација и тоа со најблиските роднини на највисоките државни функционери на власта кои потекнуваат од редовите на СДСМ. Денес ќе ви презентирам нови 4 случаеви од СДСМ заразени со оваа епидемија, а изворот на зараза се двајца пратеници од редовите на СДСМ, кои ги заразиле односно вработиле нивните роднини. Верувале или не и пратеникот Сашко Атанасов од Василево не останал покус во однос на своите колеги. Откако е пратеник си ги вработил своите блиски братучеди Ѓорѓи Иванов како наставник по англиски во ОУ Гоце Делчев и Зоран Атанасов исто така како наставник по физичко во истото училиште Гоце Делчев во Општина Василево. Додека пак, третиот што го вработил, односно третата е кој ако не неговата кума која што пратеникот ја вработил во општината во Василево, потенцира Арсовски.

Тој додава дека не заостанува и неговата колешка од Тетово Татјана Лалчевска која што е пратеник од редовите на СДСМ. Таа замислете ја вработила својата ќерка во детската градинка Младост.

-Кои се критериумите според кој овие роднини на овие пратеници се вработени? Ова нема крај. Ова навистина нема крај. Обичниот народ трпи за сметка на функционерите на СДСМ. Секакво лажно морализирање, секаков лажен морал, а лажен е затоа што СДСМ викаат дека дел од роднините на Мира Дизел си дале откази, а дел не, самото тоа ни покажува дека нив воопшто не им е гајле за граѓаните и единствено се грижат да ги вработат своите роднини на убави места со високи плати. Единствената причина за тоа е поразот на изборите кои следат и сега брзаат да си ги вработат сите свои роднини. Само поразот на СДСМ на изборите кои што следат е лекот за оваа епидемија на непотизам која ја шират, на сметка на обичните граѓани, потцртува Арсовски.

Командант Малишева до Мицкоски: „Ние бевме тие кои со нашите пушки ве симнавме од власт“ (ФОТО)

Мухамед Красниќи познат под прекарот Командант Малишева на својот Фејсбук профил објави статус каде вели дека неговиот Фејсбук статус во изминатите денови бил хакиран, но и упати пораки до Мицкоски со контроверзна содржина.

-Драги пријатели, мојот Фејсбук е хакиран и ми избришале некои статуси, особено последниот. Денес на вестите на Алсат-М дознавме дека Христијан Мицкоски не нарекува кукавици и во служба на Зоран Заев. Сакам да му кажам на Мицкоски дека кукавици се тие, од Груевски па надолу, бидејќи бегаат од одговорноста, кукавици и криминалци сте вие раководството на ВМРО, вие сте и крадци кои ја доведовте државата во оваа ситуација, вие заслужувате затвор не ние. Ние бевме тие кои со нашите пушки ве симнавме од власт вас и вашите руски поддржувачи, а вие се обидовте со сила и терор да ја задржите власта, правејќи досега невиден терор. Е сега вие сте терорист кој ја тероризира демократијата и се спротиставува на гласот на граѓанинот или ние кои го паднавме вашиот режим на чело со најголемиот криминалец и терорист Никола Груевски, дали ние сме тие кои го бранат нашиот народ од вас или вие лие сте криминалци кои го ограбуваат својот народ. Ние сме херои а вие сте кукавица. Ние не сме во служба ниту на Заев ниту на Ахмети, ние му служиме на правдата. А оние твоите колеги ги заслужија тупаниците затоа што навредија на етничка основа. Ние имаме проблем само со вас од раководството на ВМРО и со вашите соработници. Ние немаме проблем ниту со вашиот народ ниту со другите, стои во неговиот Фејсбук статус.

Инаку тој е познат како еден од водечките лидери за настаните од Диво Насеље, при што беа убиени осум полицајци, а 38 беа повредени. Во дводневната престрелка беа убиени и 10 припадници на групата за која се смета дека ја предводел токму тој.

Извор: kurir.mk

Сопственикот на клубот во Германија ги откри последните зборови што му ги кажал Шабан

Сопственикот на клубот „ВИП“ во Минхен присуствуваше на погребот на кралот на народната музика, Шабан Шаулиќ, за да го позрави за последен пат долгогодишниот соработник и да го испрати пријателот во неговиот вечен дом.

Иван раскажал дека пејачот ги срушил сите рекорди и дека 30 години по ред го полнел клубот, како и тоа дека неговото заминување остава голема болка кај оние што го сакаа како човек и уметник.

-На 4 мај требаше да прославиме 30 години успешна соработка, за жал, кралот не напушти, а ние на тој ден во знак на негово сеќавање ќе организираме голем настан, каде што ќе пуштаме само негови песни и снимки кои што ги одбележаа овие 30 години соработка, вели сопственикот на клубот и додава:

-најмногу жалам што замина на ваков начин, затоа што тоа не го заслужува. Тој беше голем човк, голем пријател, како и голем уметник… Се сеќавам на неговите зборови кога и да дојдеше „Ивек само да одработам, а утре дома со трската и на пецање, тоа му беше животот, рекол Иван.

Македончиштето Фокас од Грција на 92 години зборува за Македонците на Би-Би-Си?

Сторија на BBC чиј главен лик е еден стар Македонец од Грција. На дедото веројатно не му треба ни орден ни медал иако ги заслужува сите можни почести. Затоа што има 92 години, а памети сè; затоа што колку што добро знае грчки, уште подобро знае кој е и што е.

Пензионираниот адвокат, кој во репортажата на Би Би Си се нарекува господинот Фокас, беспрекорно зборува грчки литературен јазик со препознатлив акцент: негов мајчин јазик е македонскиот.

Фокас уште на почетокот сакал на новинарот да му истакне дека е етнички Македонец но и грчки патриот. Има добри причини да потсетува на својата лојалност кон државата бидејќи цел еден век, етничките Македонци во Грција се предмет на сомневања, своевремено и прогони, па и самото нивно постоење се негира речиси од секого.

Повеќето од нив не сакаат на странци да им зборуваат за својот идентитет. Нарекувани како „локалци“ а нивниот јазик како „локален“, нив ги нема во учебниците а извадени се и од пописите уште до 1951 година кога накарадно беа спомнати како „славофони“.

Мнозинството Грци не ни знаат дека тие постојат.

Сите шашми за „новата“ или „од Тито измислена нација“ паѓаат во вода со сеќавањата на реални луѓе. Самиот Фокас има 92 години а уште неговиот вујко му зборувал дека тие „не се ни Срби, ни Бугари, ни Грци, туку македонски православци“.

Репортажата на BBC потсетува на историските околности по кои Македонија останува поделена во три држави. Од Грција некои беа избркани а некои подложени на систематска асимилација. На сите населени места со негрчки имиња им се даваат нови имиња, избрани од комисија (ха!) кон крајот на 20-тите години на минатиот век, иако еден век подоцна, „локалците“ сè уште ги користат старите називи.

Во 1936 година, почитувачот на Мусолини, диктаторот Метаксас, го забранува македонскиот јазик и ги принудува луѓето да ги сменат своите родени имиња со грчки. Фокас во тоа време има само 9 години но памти како грчки жандари кмишеле по македонски погреби за да чујат некој да не проговори на забранетиот јазик. Тоа е време на судски прогони, закани и тепања, време кога македонските жени носеле шамија преку уста за да го маскираат својот македонски, бидејќи грчи не знаеле.

Само од неговото село, 20 луѓе, главно глави на големите семејства, биле однесени на островот Иос каде биле измачувани и терани да пијат гадни лаксативни масла, за да се „прочистат“ од несаканиот идентитет.

За подоцнежната граѓанска војна и исходот од неа, Фокас ќе каже:

„Македонците платија најмногу во таа војна. 8 луѓе од мое село на прек суд беа осудени на смрт и беа егзекутирани, осум од следното село, 23 од следното… Заедно убија дедо и внук, малиот имаше само 18 години.“

Фокас тоа време студира во Солун но сепак бил казнет и минал три години во зандани на островот Макронисос. Самиот не сторил ама баш ништо ама казнет е затоа што мајка му му помогнала на својот брат да избега.

Повеќето затвореници во Макронисос биле грчки левичари кои биле терани да потпишат каење за своите врски со комунистите. Тие кои одбивале морале да ползат под бодликави жици, биле претепувани со стапови.

„Страшни работи беа правени. Но, не смееме да зборуваме за нив, бидејќи ќе ја навредиме грчката цивилизација и ќе му наштетиме на грчкиот углед,“ вели стариот.

Во 1982 година, повеќе од 30 години откако завршува конфликтот, грчката социјалистичка влада донесува декрет по кој бегалци од граѓанската војна можат да се вратат во земјата во која се родени, но само ако имаат – грчко етничко потекло. Етничките Македонци од Грција остануваат исклучени од земјата, нивните имоти и села, нивните семејства со кои војната ги раздели.

Вујкото и дедото по мајчина страна на Фокас умираат во Скопје. Тој вели дека дури и таков еден декрет потврдува дека во Грција живеат етнички Македонци.

„Тие бегалци од војната зад себе оставија деца, внуци, татковци и мајки. Што се тие ако не се Македонци?“

Не постои начин прецизно да да се утврди колку ги има денес. Грчки историчари проценуваат дека се околу 100.000 во грчкиот дел на Македонија од кои меѓу 10.000 и 20.000 отворено се идентификуваат како такви а некои од нив пак, се имаат изродено во грчки националисти.

„Моите родители и дома не зборуваа македонски за да не го научам и јас па после некаде пред луѓе да прозборам. Го правеа тоа за да ме заштитат мене. Веќе не се ни сеќаваме од што се плашиме,“ вели средовечен Македонец од Грција, кој живее во село близу Преспанското езеро.

Јазикот бавно умира. Годините на репресија го истуркаа зад затворени врати, асимилацијата ја довршува работата, резимира БиБиСи.

Напоменувајќи дека македонскиот потпис на Преспанскиот договор значеше прифаќање уставни бришења на поимот „малцинство“ во соседни земји и потсетувајќи на насилниот бран протести со благослов на грчката црква, сторијата вели дека за Македонците кои долго време не бараат ништо друго освен право културно да се изразат, „веројатно сè уште не е дојдено времето да излезат од сенка“.

Извор: infomax.mk

Осумкатната зграда каде живеел Пабло Ескобар претворена во пепел за само неколку секунди (Видео)

Осумкатната зграда во Меделин, Колумбија, каде едно време живееше нарkобосот Пабло Ескобар, била урната до темел, пренесуваат светските агенции.

Рушењето се случи со контролирана еkсплозија пред очите на околу 1.600 луѓе. Ваквото решение го донесла градската управа, надевајќи се дека на овој начин ќе се намали интересот кон нарkобосот, убиeH од полицијата во декември 1993 година.

Зградата, позната како „Монако“, беше симбол на луксузот во кој живеел Ескобар. Се распаднала за само 3 секунди, а потоа неколку минути пожарникарите се обидувале да го исчистат облакот од прашина.

Парк од 5.000 квадратни метри ќе биде изграден на истата локација во сеќавање на жртвите на нарkотеpоpизмот во Колумбија.

Се проценува дека илјадници луѓе се убиeHи во 80-тите и 90-тите години на минатиот век, кога војната меѓу нарkоkлановите била безмилосна, потсетува Франс прес.

До неодамна, зградата во која живеел беше посетувана од љубопитни туристи. Претседателот на Колумбија, Иван Дуке, рушењето на зградата го нарече „победа на културата на законитоста и пораз за културата на беззаконието”.

Голчиште на прилепчанецот Алиоски за триумф на Лидс во трката за Премиерлига (Видео)

Македонскиот фудбалски репрезентативец Езгјан Алиоски со прекрасен погодок му донесе значаен триумф на Лидс во трката за директен пласман во англиската Премиерлига од 2:1 против Болтон.

Играчот за врска на домашниот тим во 68. минута од дваесетина метри го лобуваше противничкиот голман и го зацврсти Лидс на второто место на табелата во Чемпионшип.

Ова е петти првенствен гол за Алиоски сезонава, вкупно 12. по трансферот во Лидс од швајцарски Лугано пред две години.

По 33 одиграни натпревари тимот на македонскиот фудбалер има 64 бода, два помалку, но и меч помалку од водечкиот Норич, а во Премиерлига директно ќе се пласираат двете првопласирани екипи.