дома блог страница 2

Музички маратон викендов во “Порта” – Гурмани и љубители на добра музика, не чекајте ни миг, резервирајте навреме

Тимот на “РЕСТОРАН ПОРТА” ви закажува ново викенд уживање со три добро проверени музички состави.

Во петок, 03.04. со почеток од 20:00 часот, ќе ве пречекаат со “ТАЈФАТА НА З’Ц”. Kвартетот од Штип како и секогаш ќе понуди музика за уживање за сите вистински гурмани и вљубеници во староградските звуци.

Во сабота, викендот продолжува со ДЕНСКА ЗАБАВА заедно со маестралните ТИАНА и ДАНИ, девојките за чиј секој настап се бара маса повеќе.

Вечерта во сабота (04.04.) сцената е резервирана за составот од Тиквешијата – “ТРИО МАЊИФИКО”.

Дојдете и уживајте и овој викенд во срцето на Старата прилепска чаршија, во ресторанот кој создава една поинаква гастрономска приказна во која секој има своја улога и остава свој белег.

Резервирајте навреме на 078 368 111. Тимот на Ресторан “ПОРТА” ве очекува! Да градиме спомени полни со љубов и уживање, затоа што еднаш се живее!

Прилепчанец е светски првак – Лука Најдоски е гордост на Прилеп и Македонија

Младиот прилепчанец Лука Најдоски испиша историја на светската сцена во воздухопловното спортско моделарство, освојувајќи го првото место во Светскиот куп и титулата светски јуниорски шампион за 2025 година.

Ова престижно признание официјално му беше врачено на годишното пленарно заседание на Комисијата за аеромоделарство (ЦИАМ), во рамки на Светската федерација за воздухопловни спортови (ФАИ), што се одржа во Лозана. Со медал и диплома во рацете, Лука ја потврди својата извонредна сезона и континуираниот напредок во овој специфичен спорт.

Како член на прилепскиот клуб „Фил Феникс“ и дел од македонската репрезентација, Најдоски доминираше во категоријата Ф1А – едрилици во јуниорска конкуренција. Покрај светската титула, тој се најде и на високото 13-то место на светската ранг-листа во сениорска конкуренција, што претставува дополнителен доказ за неговиот квалитет и потенцијал.

Љубовта кон воздухопловството кај Лука започнува уште од најрана возраст, а токму спортот ја одредил и неговата професионална насока. Денес тој се школува во Белград, на Воздухопловната школа, каде што се подготвува за професија авиотехничар и механичар.

Успехот на Најдоски е гордост не само за Прилеп, туку и за цела Македонија, која добива уште еден млад и перспективен амбасадор на меѓународната сцена.

Воедно, прилепскиот клуб „Фил Феникс“ продолжува да биде двигател на воздухопловното спортско моделарство во земјава. Ова лето, клубот ќе биде организатор на два врвни меѓународни настани – Светското јуниорско и Европското сениорско првенство. Натпреварите ќе се одржат во периодот од 26 јули до 2 август, на терените кај Веселчани, при што Прилеп ќе биде домаќин на учесници од 45 држави, вклучително и од светските сили како Кина и САД, со повеќе од 500 присутни.

Секоја чест за “Комфи Ангел” – Без нив ќе го снема и ракометот во Прилеп

Ракометниот клуб од Прилеп со сериозни амбиции ќе ја започне наредната сезона во суперлигашката конкуренција, а раководството веќе презема конкретни чекори за стабилен и конкурентен тим.

Клубот ја потврди довербата во тренерот Наум Танески, кој и следната сезона ќе го предводи тимот од клупата. Континуитетот во стручниот штаб се смета за клучен фактор во градењето на посакуваните резултати.

Во играчкиот кадар, дресот на Прилеп ќе продолжи да го носи и најдобриот стрелец Димитриоски, кој останува верен на клубот од својот роден град, како што претходно беше најавено.

Покрај него, соработката е продолжена и со десниот бек Никола Шипинкоски, кој се приклучи на тимот од Охрид во текот на полусезоната и остави позитивен впечаток.

Во ростерот за следната сезона остануваат и странските интернационалци Владан Кастратовиќ, Томислав Квастек и Денис Шабановиќ, кои веќе имаат важечи договори и ќе бидат значаен дел од амбициите на прилепскиот состав.

Со ваква основа, Прилеп јасно покажува дека ќе атакува на повисок пласман и стабилна позиција во елитното друштво.

Прилепскиот театар премиерно ќе ја одигра претставата “Саатот”

На 2 април /четврток/од 20.00 часот на Сцена 105 театарот „Војдан Чернодрински“ премиерно ќе ја изведе претставата „Саатот“.

СААТОТ од Лидија Митоска-Ѓорѓиевска

Режија: Кристина Димитрова
Драматург: Лидија Митоска-Ѓорѓиевска
Сценoграфија и костими: Благој Мицевски
Музика: Филип Јездиќ и Томе Темелкоски

Играат:

СААТОТ – Филип Јездиќ
ЈОВАН – Димитар Ѓорѓиевски
ВЕРА – Наташа Ачански
Вокална појава во финалната сцена – Ана Митоска

Техничка екипа:

Инспициент – Елена Иваноска
Светло мајстор – Ристе Грковски
Тон мајстор – Томе Темелкоски
Суфлер – Кети Јанчески
Сликар исполнител – Пеце Ристески
Реквизитер – Гоце Тодороски
Гардеробер – Снежана Ѓорѓиоска
Фризер-перикер – Даринка Богоеска
Декоратери – Сашо Смоквоски, Роберт Стојкоски, Владимир Владимироски, Јане Јанкулоски

Благодарност до Огнен Јанески, Даниела Иваноска, Гоце Кантар и Кристина Димитрова за позајмените гласови

Персонифициран ѕиден часовник е дел од животот на еден брачен пар – постојано ги следи, им го окупира просторот и буквално им го одбројува времето. Проблемот започнува токму од нивниот различен однос кон времето: додека мажот е спокоен и нема проблем со присуството на саатот, на жената ѝ пречи неговото непрекинато чукање, ја прави нервозна и премногу свесна за поминувањето на времето. Таа упорно
го наведува сопругот да заминат некаде и да почнат да прават нешто значајно со своите животи пред да биде предоцна, но каде и да оди, што и да прави, таа не успева да се ослободи од чукaњето на саатот.

Времето не гарантира смисла – ни овде, ни никаде.

Ова е претстава за судирот меѓу објективното и субјективното време кои ретко се синхронизирани, но и за повторливоста наспроти минливоста – две спротивности од кои колку и да бегаме, секогаш, без исклучок, нѐ наоѓаат.

Филмот „НА СЀ ДОAЃА КРАЈ“, кој е копродукција на 7 држави, во среда во киното “Мис Стон” во Прилеп

На 1 април 2026/ среда/ од 19.00 часот во киното Мис Стон ќе се прикаже филмот „НА СЀ ДОAЃА КРАЈ“

Влезници на билетарницата од Центарот за култура од 11. 00 до 13.00 часот и еден час пред проекцијата на филмот во киното Мис Стон.

Податоци за филмот:
Зeмja: Хрватска, Бугарија, Србија, Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Турција.
Година/ времетраење: 2024 / 89′
Драма, трилер
СЦЕНАРИЈО: Рајко Грлиќ, Анте Томиќ
ДИРЕКТОР НА ФОТОГРАФИЈА: Бранко Линта х.ф.с
МОНТАЖА: Томислав Павлиќ х.ф.м
ЗВУК: Момчил Бошков
МУЗИКА: Дуке Бојаџиев
УЛОГИ: Jелена Ѓокиќ,Живко Аночиќ, Борис Исаковиќ,Јанко Поповиќ Волариќ,Емир Хаџихафисбеговиќ, Ксенија Маринковиќ, Марина Реџеповиќ, Петре Арсовски

ПРОДУКЦИЈА: Интер Филм д.о.о

КО-ПРОДУКЦИЈА: RFF International (Bulgaria), West End Production (Serbia), ABHO Film (Montenegro), Veda Film (Macedonia), Oktavijan (Bosnia and Herzegovina), Saudade (Turkey)

Макс Пинтер, успешен адвокат од Загреб, успева да ги отфрли обвиненијата против неговиот клиент за двојно убиство, богатиот и моќен бизнисмен Динко Хорват. На прославата, Макс е пијан и му кажува на Динко дека ладнокрвно ги убил работниците, кои што дошле да прашаат за своите плати. Соочувањето со еден од столбовите на општеството го прави Макс непожелна личност, тој го губи својот партнер и клиенти, а неговата сопруга го напушта. Со својата девојка од универзитетските денови, Нина,
започнува мисија за одмазда. Од друга страна, никој во оваа приказна не е целосно невин и сите се тесно поврзани.

Инцидент во прилепскиот затвор помеѓу двајца затвореници од Прилеп – едниот употребил остар предмет

-На 30.03.2026 во 10:00 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека во отворениот дел од Казнено – поправната установа Затвор Прилеп, осуденикот А.Ф.(34) од прилепско, физички го нападнал осуденикот Ф.С.(45) од Прилеп и притоа употребил остар предмет, нанесувајќи му повреди, констатирани во Општа болница Прилеп. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, информираат од МВР.

Општина Битола воведува ред: Крај за хаосот на Широк сокак и нов изглед на центарот

Општина Битола тргнува во сериозна трансформација на старото градско јадро, со нови правила за урбаната опрема, ред во јавните површини и целосно преуредување на изгледот на Широк сокак.

На денешната седница на Советот, градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, најави дека градот конечно добива стратешки документ кој ќе стави крај на долгогодишниот урбан хаос и ќе донесе европски изглед во централното подрачје.

„Како Општина сериозно и темелно ги решаваме проблемите во градот. Урбаната опрема ќе ја има, но во форма каква што доликува на европски градови“, истакна Коњановски.

Новата програма за поставување урбана опрема опфаќа многу повеќе од просторот пред кафулињата – таа ги регулира сите јавни површини, вклучително и билборди, киосци, клупи, канделабри и детски реквизити.
Една од најголемите промени се однесува на Широк сокак. Според новите правила, повеќе нема да има оградување на просторот пред локалите, особено во зимскиот период – нешто што со години беше мета на критики од граѓаните.

Истовремено, се најавува и целосно отстранување на киосците од централното градско подрачје, кое е заштитена зона, додека билбордите веќе се делумно отстранети од центарот.

Коњановски потенцираше дека целта е Битола да добие урбан, модерен и европски изглед, каков што граѓаните очекуваат и го гледаат во другите градови.
Покрај ова, Советот ќе расправа и за нови правила за поставување тезги и трицикли во Градскиот парк и шеталиштата, како и за утврдување на почетни цени за закуп на микролокации.

Со овие мерки, Општина Битола најавува крај на импровизациите и воведување ред во користењето на јавниот простор, со јасна цел – поубав, поорганизиран и функционален град за сите граѓани.

Линеарно зголемување на платите за вработените во МВР

Согласно објавениот нов податок за минимална плата, Министерството за внатрешни работи изврши линеарно покачување на платата за вработените во МВР во бруто износ од 2470 денари и тоа почнувајќи со исплата на плата за месец март 2026.

Во наредниот период, со имплементација на новиот Закон за внатрешни работи ќе биде разгледана можноста за дополнително покачување на плати за вработените во МВР.

Министерството за внатрешни работи продолжува да ги подобрува условите за работа и стандардот на македонската полиција, а со тоа и целокупната безбедноста на државата и граѓаните.

Рамно стомаче и затегната кожа за лето без игли – откријте го хит третманот во Прилеп (ВИДЕО)

Со доаѓањето на пролетта, природно се буди желбата за промена, свежина и подобрување на изгледот. Ова е период кога сè повеќе размислуваме за нашето тело и подготовката за летната сезона. Доколку сакате ефикасно да ги намалите масните наслаги и да ја затегнете кожата – решението постои.

Салонот за естетика „Ласер и убавина“ од Прилеп го нуди еден од најсовремените третмани за обликување на телото – мезопорација со OBE серум од шпанскиот бренд Eberlin.

Станува збор за иновативна, безболна и неинвазивна метода, која овозможува активните состојки да навлезат длабоко во кожата, директно во поткожното ткиво. На овој начин се постигнува максимален ефект без потреба од игли или хируршки интервенции.

Она што го прави овој третман посебен е неговото двојно дејство:

-активно ги разградува локализираните масни наслаги
-го подобрува тонусот и еластичноста на кожата

Резултатите се видливи – кожата станува поцврста, затегната, а телото добива поубава и дефинирана форма.

Овој третман е идеален за сите кои:

-сакаат да се ослободат од тврдокорни масни наслаги
-имаат намален тонус на кожата
-бараат безбеден и ефикасен начин за обликување на телото

Пролетта е совршен момент да започнете – за да го дочекаате летото со самодоверба и изглед каков што посакувате.

Доверете се на стручен тим и докажани методи во салонот „Ласер и убавина“, каде грижата за вашето тело е на прво место.

📞 За консултации и закажување термин: 070 287 842

Или преку директна порака на нивните социјални мрежи: ФЕЈСБУК и ИНСТАГРАМ,

А можете и да ги посетите во самиот центар на градот, на бул. „Гоце Делчев“, во зградите спроти „Палма шоп“ (влез 1, стан 7).

Прогласен за мртов, се разбудил во мртовечница и гол трчал низ болницата

Шефик Шеќиќ од Сребреник, познат во својот крај под прекарот Нуте, доживеал неверојатна и филмска судбина откако лекарите по грешка го прогласиле за мртов.

Сè започнало за време на Бајрам во 2024 година. Шефик станал рано наутро да ја отвори вратата од куќата, но одеднаш паднал и ги повикал децата. Брзата помош веднаш пристигнала, а лекарите им соопштиле на неговите најблиски дека состојбата е критична и дека тој најверојатно нема да преживее.

„Докторите им рекоа на децата да си одат дома, бидејќи умирам. Рекоа дека не можам да преживеам“, раскажува Шефик.

Семејството било во шок. Лекарите извлекле повеќе од пет и пол литри течност од неговото тело, по што Шефик бил пренесен во болница во Тузла, каде што, сметајќи дека е починат, го оставиле во мртовечница.

„Не ни знаев дека сум во Тузла. Лежев на носила завиткан во најлон. Кога се разбудив, прогледав и видов еден постар човек покрај мене, облечен во црно одело. Почнав да плачам и му реков: ‘Докторе, спаси ме’“, вели Шефик.

Во тој момент настанал хаос. Шефик, целосно гол, почнал да ги кине најлоните во кои бил завиткан и да трча низ болничките ходници.

„Јас така син, модар, ги фатив најлоните и почнав да ги кинам. Го прашав: ‘Си чул ли за Сребреник, за Нуте?’, а тој ми вели ‘Не сум’. Му реков: ‘Е, ќе чуеш за мене’. Ги искинав најлоните, а тој почна да бега“, раскажува тој со насмевка.

Целосно гол, Шефик избегал низ ходниците на болницата, оставајќи го медицинскиот персонал во шок. Веднаш побарал да го пуштат дома, а вработените брзо ги известиле неговите најблиски дека нивниот татко е жив.

„Барав да одам дома, тие им јавија на моите. Можеби два часа бев таму и мораа да ме пуштат“, завршува Шефик.