дома блог страница 128

(ФОТО) Благородна цел која ќе помогне на голем број дечиња со аутизам – Во Битола отворено Здружението “Неурофидбек”, eве за што станува збор

Во Битола, во старата чаршија, на ул. “Нектариј Битолски”, (наспроти кафеаната “Бриони”), семејството Јовановски го отвори Здружението “Неурофидбек”.

Во Здружението ќе работи Филип Јовановски, долгогодишен професор по Македонски јазик, сертифициран од компанијата “Брејн амиго” – Бугарија за работа со хег апарат.

Станува збор за апарат кој го снабдува со крв предниот дел од мозокот на децата со аутизам, овозможувајќи поголема когнитивност и комуникативност.

Јованоски е сертифизиран и од “Унимедикал” – Скопје, за работа со берхингер логопедскиот сет, кој пак овозможува подобрување во изговорот на гласовите р, з, ж, л, ѕ кај типичните деца и подобрување во изговорот на секојдневните зборови кај атипичните деца, односно децата со аутизам.

Кај децата со аутизам најкорисна е комбинацијата од двата апарати. Канцеларијата работи само на повик на телефонскиот број 076 888 674 каде што можете да си закажете бесплатна консултација.

Да им посакаме успех во работата и преку нивната благородна цел, да помогнат на што повеќе дечиња во подобрување на нивниот развој.

Никола раскинал со девојката на финалето на “Ѕвездите на Гранд”, па сега и упати порака: “Где си била кад сам био нико…” (Видео)

Победникот во „Ѕвездите на Гранд“, Никола Станишиќ гостуваше во популарното шоу на Стефан Лазаров каде што разговараше за различни теми.

Никола во разговорот со Лазаров откри дека се разделил со неговата девојка минатата недела, а ја откри и причината.

„Нејзините велеа дека сум Ром, дека сум музичар, ќе ја оставам…“, вели Никола.

Свечено затворено 55. издание на Фестивалот “Илинденски денови” во Битола (ФОТО)

Со вечер на интернационална музика и игра исполнета со прекрасна музика и изведби, на Платото пред Офицерскиот дом, синоќа свечено беше затворено 55 издание на Фестивалот „Илинденски денови“, кој како значајна традиционална манифестација и оваа година беше дел од програмата на Битолското културно лето БИТ ФЕСТ.

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, им се заблагодари на организаторите, учесниците и гостите на фестивалот, нагласувајќи дека, изминатите две недели преку Фестивалот „Илинденски денови“, Битола ги живееше деновите кои не се мерат со време, туку со вистинска емоција, исполнета со пулсот на еден народ кој културата и традицијата ги поставил на пиедесталот на највисоките вредности.

„Боите, звуците и душата на светскиот фолклор, одекнаа од најпрепознатливите агли на нашиот град – сцена, почнувајќи од Старата чаршија, Плоштадот Магнолија, преку Широк Сокак, па се до Офицерскиот дом. Од чекорот на орото, преку шевот на носијата, погледот на младите кои ги учат песните и играта на предците, бројните работилници и едукативните средби, покажавме дека во Битола фолклорот е жив, длабок, топол ритам што трае, но и вистински мост што ги поврзува генерациите и народите.

Нашето 55 издание на фестивалот „Илинденски денови“, токму на еден таков импресивен начин ни покажа уште едно моќно испреплетување на македонската традиција со традициите и културните обележја на Швајцарија, Индонезија, Мексико, Грузија, Полска и Хрватска.

Благодарност до сите кои беа дел од ова фестивалско издание, до ансамблите и уметниците, до нашите партнери и институции, а посебна благодарност до публиката која за време на секој настан го исполнуваше просторот со љубов, восхит и силни аплаузи.

Ова фестивалско издание нека ни биде потсетник дека она што го правиме денес, останува за утре, дека културата е светлина што не се гасне, а фолклорот не е само традиција, туку иднина што ги чува корените.

Со срце полно гордост, со љубов кон нашиот град и со поглед свртен кон идното издание – ве поздравувам и Ви благодарам што бевте дел од Програмата на 55 издание на Фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“ – рече градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски.

Директорот на Центарот за култура, Сашо Илковски, нагласи дека во изминатите две недели Битола повторно пулсираше во ритамот на народната музика, во боите на носиите, во живиот збор и изразот на традицијата. Тој додаде дека, мисијата на институцијата не завршува тука, напротив веднаш започнуваат подготовките на новото издание на фестивалот, кое повторно ќе биде мост помеѓу генерации, култури и простори.

„Нека живее фолклорот, нека живее културата. Да ја негуваме и одржуваме традицијата, а со тоа и фестивалот „Илинденски денови“. До ново видување со уште повеќе љубов, музика и традиција“, порача Илковски.

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО КРУШЕВЧАНИ: Не пијте ја водата, не и исправна!

ЦЕНТАР ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ ПРИЛЕП ГИ ИНФОРМИРА ГРАЃАНИТЕ НА ГРАД КРУШЕВО ДЕКА ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ ВО КРУШЕВО Е БАКТЕРИОЛОШКИ НЕИСПРАВНА

Соопштението од Центар за јавно здравје Прилеп, го пренесуваме во продолжение:

При редовна контрола на квалитетот и безбедноста на водата за пиење во градскиот водовод во Крушево, од страна на ЈЗУ ЦЈЗ-Прилеп е констатирано отсуство на резидуален хлор во водата, како и микробиолошка неисправност, односно наод на бактерии од цревно потекло и зголемен број колонии на бактерии на 22 и 37 степени, заради што на ден 29.07.2025г. се известени надлежните институции во државата ( Агенција за храна и ветеринарство, Државен санитарен и здравствен инспекторат, Министерство за здравство-сектор превентивна здравствена заштита, РЦУК), како и надлежните во ЈКП Комуна -Крушево.

На жителите на град Крушево им се препорачува за пиење да користат пакувана вода, а водата од Градскиот водовод, како вода за пиење, лична хигиена, миење на овошје и зеленчук можат да ја користат само после превривање од минимум 10 минути.

Од страна на Aгенција за храна и ветеринарство водата во град Крушево на ден 30.07.2025г. е забранета за употреба.
Забраната и препораките важат се до добивање на 3 (три) последователни исправни примероци, а ЦЈЗ Прилеп ќе биде во постојана комуникација со надлежните институции и ќе ги известува жителите на град Крушево.

Брутален статус на прилепчанец на ФБ: “Горат оранжериите, ќе ни изгорат и куќите оти еден трактор не пративте да ги изора”

По вчерашниот пожар во близина на оранжериите и типските куќи во Прилеп, не стивнуваат реакциите на граѓаните на социјалните мрежи. Гореше сува трева и само брзата интервенција на Територијалната противпожарна единица Прилеп – од каде патем интервенираа со четири возила, спречи огнот да не се прошири кон станбените објекти.

Граѓаните се гневни, велат ова не е прво лето и прв пожар во овој дел од градот, а за тоа постои и вина кај надлежните.

-Гори оти со години немате ништо преземено, горат оти еден трактор не пратите да ги изора напролет, горат оти не ги дадете под концесија на бавчанџиите, горат оти ВЕ БОЛИ дека куќи ќе изгорат. И после ќе трчате од човек на човек, од куќа на куќа пред избори – пишува на својот ФБ профил Пеце Дејаноски, кој како и многумина други вчера беше исплашен за својот семеен дом.

За среќа во целата огнена стихија не настана поголема материјална штета, но крајно време е надлежните да преземат мерки за заштита на граѓаните во овој дел од градот.

Летото е кратко – направи го незаборавно, дојди на PENA PARTY во Salida Aqua Park – Ова ќе биде журка за која долго ќе се зборува!

Подгответе се за најлудата и најпенлива журка што Прилеп ја видел некогаш!

На 1. август 2025 (петок), Salida Aqua Park организира спектакуларна Pena Party, која ветува незаборавна вечер исполнета со музика, пена, забава и свежина под отворено небо!

Зад музиката стои енергијата на DJ JOCO, кој ќе се погрижи забавата да трае до доцна во ноќта!

Со пена до колена, ладни пијалаци и атмосфера каква што само Salida Aqua Park знае да создаде, ова е настан кој едноставно не смее да се пропушти.

📍Локација: Салида Аква Парк – Прилеп
📅 Датум: 01.08.2025
💸 Влез: 500 денари

Облечете се лесно, соберете ја екипата и дојдете да го направиме ова лето незаборавно!

Не го пропуштај најжешкиот настан во Прилеп за ова лето!

Сакаме Прилеп да гради идни шампиони: Нашинец од САД со великодушни донации го помага прилепскиот спорт (ФОТО)

Прилепчанецот Љупчо Костоски – Бубио кој долги години живее и работи во САД, уште еднаш со неговата фамилија ја покажа својата великодушност и желба да ги помогнат младите спортисти и спортските клубови во родниот град.

Овојпат Koстоски донираа квалитетна спортска опрема за потребите на Кик бокс клубот “Ронин” од Прилеп. Донацијата се состои од шорцеви и заштитна опрема, што одлично ќе им дојде на младите кик боксери во пресрет на подготовките за следните натпреварувачки предизвици.

Целта на семејството Костоски е што повеќе млади луѓе во Прилеп бидат мотивирани професионално да се занимаваат со спорт, и да се изградат идни шампиони на Македонија.

Инаку ова не е прв пат Костоски да донираат спортска опрема и спортски реквизити за прилепските клубови. Велат дека тоа го правеле во минатото, а ќе продолжат да го прават и во иднина.

Покрај донацијата, Бубио вели дека стојат на располагање за сите вредни членови на клубот, кои имаат потреба од финансиска поддршка, да ги помогнат преку вложувања во здрава исхрана, настапи на натпревари и слично.

-Ако постои потенцијал, ние сме подготвени да финансираме и за натпреварувања во Европа и САД, а не само на Балканот, истакна Костоски.

Нам ни останува да им честитаме за великодушноста и за поддршката која ја даваат на прилепскиот спорт, и се надеваме дека ова ќе биде поттик и за други нашинци од дијаспората да го сторат истото.

1.000 денари месечно за струја – проверете дали ви следува

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини соопшти дека Владата ја усвои Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година. Со оваа програма се издвојуваат 42,3 милиони денари од државниот буџет за директна финансиска поддршка на граѓани кои живеат во енергетска сиромаштија – особено лица со попреченост и корисници на гарантирана минимална помош.

– „Целта е да обезбедиме сигурна и достапна енергија за најранливите. Финансиската поддршка ќе помогне на домаќинства со сериозни социјални и здравствени предизвици,“ информираат од Министерството. Поддршката ќе се спроведува по принципот „најниски приходи“, додека не се исцрпат предвидените средства. Секоја избрана апликантска единица ќе добива месечна поддршка од 1.000 денари, кои директно ќе се одбиваат од сметките за електрична енергија во период од 12 месеци од поднесувањето на барањето.

Распределба на средствата: 2,3 милиони денари за домаќинства со лице/лица со тешка или длабока интелектуална попреченост 19 милиони денари за домаќинства со најтешка телесна попреченост 9 милиони денари за домаќинства со потполно слепо лице 12 милиони денари за домаќинства со потполно глуво лице Јавниот оглас за аплицирање ќе биде објавен на веб-страницата на Министерството за енергетика (www.energy.gov.mk) и во два дневни весници. Граѓаните ќе имаат рок од 30 дена за поднесување на барањата, а апликацискиот образец ќе биде достапен онлајн и во архивата на Министерството. За аплицирање ќе биде потребна соодветна документација. Селекцијата ќе ја вршат четири специјализирани комисии, формирани според видот на попреченоста, составени од службеници од Министерството. Листата на избрани корисници ќе биде јавно објавена.

Дополнителни олеснувања од програмата: Ослободување од трошоци за повторно приклучување Приоритет при отстранување дефекти Забрана за исклучување од електрична енергија поради неплатени сметки во зимскиот период Од Министерството апелираат сите граѓани кои ги исполнуваат условите да се информираат и да аплицираат навреме.

Кафе + вкусен кроасан за само 100денари, кој би рекол? Вака денот може да започне само во еден локал во Прилеп (ФОТО)

Започни го денот на вистински начин – со свежо кафе и топол кроасан настрана од градската гужва во пријатно и прекрасно уредено место.

Brunch Box Cafe, сместен веднаш до градската болница, ве кани на вкусно утринско уживање по најповолна цена во градот.

За само 100 денари, добиваш:

✔️ Ароматично кафе по избор
✔️ Свеж и крцкав кроасан кој се топи во уста

Идеално место за да се опуштиш, да го почнеш денот со стил, или да си земеш кратка пауза со доза вкус и мир.

📍 Те очекуваме секој ден во Brunch Box Cafe – твоето ново омилено место за кафе!

Носи 3,4 тони вода: Со чешко чудовиште од 70 милиони долари се гаснат пожарите во Македонија (ВИДЕО)

Хеликоптерот „Блек Хок“ од Чешка веќе е на терен во гаснењето на пожарите во Македонија. Станува збор за едно од најмодерните летала за вонредни ситуации.

Хеликоптерот е со големо ведро од 3,4 тони вода.Во зависност од опремата нов чини и до 70 милиони долари, а можат да се купат и за пет милиони долари со поскомна опрема.

https://x.com/hasici_cr/status/1950123932738105434/video/1