дома блог страница 126

Бурен викенд за полицијата во Прилеп: Физички напади, тепачки, закана со оружје

Низа настани со физички напади го обележаа изминатиот викенд во Прилеп и прилепско

-На 25.05.2024 во 04.00 часот во ОВР Прилеп, Ф.И.(52) од Прилеп, пријавил дека во неговиот дом на ул.„Доранска“ во Прилеп, додека пријавителот бил заедно со неговиот син, истите биле физички нападнати од С.Џ.од Прилеп кој за цело време им упатувал закани со закана од огнено оружје.

-На 24.05.2024 во 08.40 часот во СВР Битола-ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„Александар Македонски“ во Прилеп, З.З.(44) и Н.Ј.(43), двајцата од Прилеп го нарушувале јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка при што си нанеле повреди.

-На 25.05.2024 во ОВР Прилеп Г.Т. од с.Канатларци пријавил дека, додека бил заедно со негови пријатели на бензиска пумпа во с.Тополчани, бил физички нападнат од В.З.

Од СВР Битола информираат дека се преземаат мерки за расчистување на сите случаи.

Магијата со “ножички” на 17-годишниот Димитар Шаркоски, што го забетонира триумфот на Победа над Куманово и опстанокот во Втора лига (ВИДЕО)

Фудбалерите на Победа обезбедија опстанок во Втората фудбалска лига, откако вчера на стадионот во “Ѓорче Петров” го совладаа Куманово со 2:1.

Иако се работи за опстанок во Втора лига, ова е огромна радост за младата екипа на црвено-белите, како и за фудбалските вљубеници во Прилеп.

Триумфот за прилепчани го донесоа Давид Дебрешлиоски во 62-та и Димитар Шаркоски во 71-та минута. Куманово успеа да намали само на 2:1 во 73-та минута преку Дарио Десниќ.

Токму погодокот на 17-годишниот Шаркоски е нешто за што денеска зборуваат сите фудбалски вљубеници во Прилеп. По еден центаршут од левата страна играчот погоди на атрактивен начин, со „ножички“, и донесе огромна радост кај бројната навивачка група “Мајмуни”, кои верно ги следеа црвено-белите од трибините.

ВИДЕО: ГОЛ.МК

Македонка со фустан со сонцето од Кутлеш и „Јовано Јованке“ направи шоу на „Ѕвездите на Гранд“ (ВИДЕО)

Кандидатката од Македонија Андријана Петрушовска во регионалното шоу „Ѕвездите на Гранд“ успеа да се пласира во следниот круг од ова шоу.

Иако таа за време на дуелот освои помалку бодови од својата противкандидатка и се влезе во таканаречениот дел од емисијата „бараж“, уметничкиот директор на Гранд, Саша Поповиќ одлучи сите кандидати кои се пласираа во „бараж“ да бидат дел од полуфиналето на Гранд.

Настапот на Андријана е од 58-та минута во видеото во продолжение:

Андријана Петрушовска имаше впечатлив изглед, a ја изведе македонската изворна песна „Јовано Јованке“. Таа беше облечена во црвен кус фустан, на кој имаше наметка со старото знаме на државата.

„Горда сум што можам на македонски јазик и во македонски ритам да ја претставувам мојата Македонија! Одговорност, чест и неопислива среќа е да можам преку музика да говорам за македонската традиција безвременските песни од кои при првиот такт заигрува македонското срце! Ви благодарам на поддршката!!!“, напиша Андријана на Инстаграм.

“Прилеп, 2024год, стари гробишта, арно што плаќаме за одржување на гробните места, замислете ако не плаќавме како ќе беше?!” (ФОТО)

Деновиве на социјалните мрежи граѓани постојано се жалат, за тоа во каква состојба се старите и новите градски гробишта во Прилеп.

Неискосени тревници, канти полни со отпадоци, расфрлан отпад наоколу…. една навистина грда слика која треба час поскоро да се промени.

-Прилеп, 2024 година, стари градски гробишта. Добро е што плаќаме за одржување на гробиштата и на гробните места. Замислете да не плаќавме како ќе беше!? – пишува во реакциите на социјалните мрежи.

Граѓаните го повикуваат Јавното комунално претпријатие “Комуналец” на одговорност за овој неред и срам. Велат дека во изминатите денови не биле воопшто во можност да ги посетат гробните места на своите починати ближни.

Драма со среќен крај: Спасени четири залутани лица, меѓу нив имало и 7-годишно дете

Четири залутани лица, две жени, еден маж и едно дете (на возраст од 29, 18, 35 и 7 години) доцна синоќа биле заглавени на исклучително стрмен терен, пред манастирот Мала Богородица по клисурата на реката Пчиња под автопатот Скопје Велес. Спасители со чамец по Пчиња од Катланово стигнале до опасната локација каде што биле залутаните лица и безбедно ги извлекле од десниот на левиот брег, а потоа и до автопатот. Теренот таму е исклучително стрмен и опасен за движење, информираа од Центарот за управување со кризи.

Изгубената група се обидувала по стрмен терен да стигне до манастирот Мала Богородица, по што се загубиле и немале можност да се вратат.
Спасителите беа од доброволното друштво „Македонски спасител безбедност на вода и планина Велес“, заедно со припадници на САЕ „Тигар“. По реката спасителите наишле на многу препреки, па на неколку места чамецот го пренесувале на раце, а на едно место дупнатиот чамец и на терен го лепеле. Студенилото, мракот и влажноста дополнително ја отежнувале потрагата, а залутаните лица имале само лесна дневна облека, маички по кратки ракави.

Рано утрово, во два часот по полноќ лицата биле безбедно префрлени преку реката Пчиња и извлечени горе на автопатот.

Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов изрази голема благодарност на сите ангажирани во спасувачката акција за безбедно пронаоѓање и префрлање преку реката со чамец и извлекување на лицата.

Бислимовски: Летово плус еден час евтина струја за граѓаните

Домаќинствата летово може да добијат поевтина струја и плус уште еден час евтина тарифа, најавува претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни ресурси (РКЕ), Марко Бислимовски, посочувајќи дека причина за тоа е континуираниот инвестициски бум во фотоволтаични централи, кој влијае врз значително намалување на увозот на струја.

Тој вели дека сега треба да се направи анализа за да се покаже дали постои можност бесплатната тарифа на струјата да се продолжи за еден час, односно до 16 часот.

– Зголемувањето на евтината тарифа го правиме за да се искористи евтината цена на електричната енергија во тие периоди. Исто тако, со тој сигнал што го испраќаме до ЕСМ и до ЕВН Хоум, да купуваат електрична енергија во тие периоди, особено ЕВН Хоум, ние ќе обезбедиме и пониска цена на електрична енергија која сосема е возможно да ни обезбеди и намалување на цената на електричната енергија за домаќинствата“, вели Бислимовски во интервју за „Радио Слободна Европа“.

Моментално евтината тарифа на струјата е од 13 до 15 часот. Регулаторната комисија треба да ја одобри новата цена на струјата на крајот на јуни и тогаш ќе се знае дали и колку ќе се намали цената на струјата.

ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ седнаа на маса

Синоќа во просториите на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија се одржа средба за соработка на работните групи на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија и на ВМРО –ДПМНЕ, во состав: Горан Минчев, генерален секретар, Весна Бендевска и генерал Павле Арсоски потпреседатели на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија и потпреседателите на ВМРО – ДПМНЕ, Владо Мисајловски и Тимчо Муцунски – информираат од Движење ЗНАМ.

-На состанокот се разговараше за стратешките определби, политичките начела и политичката платформа за соработка.
Движењето ЗНАМ – за наша Македонија, својата платформа ја темели на идеолошките столбови на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, а тоа се Македонија современа, демократска, европска држава, втемелена на илинденските и асномските вредности, интеграција на земјата во Европската унија на достоинствен начин; потоа Република Македонија држава во која има правда за сите и нулта толеранција за корупција; Македонија како самоодржлива држава која ќе произведува доволно храна и енергија за своите потреби, забрзани и ефикасни реформи во економијата и социјалните политики во насока на подобрување на животниот стандард на граѓаните, како и стабилни меѓуетнички односи.
Во разговорите претставниците на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија инсистираа сите овие определби, како и дел од програмата за парламентраните избори „Проглас за достоинствена Македонија“ да бидат дел од идната владина програма
– стои во соопштението од ЗНАМ.

(ФОТО) Тешка сообраќајка во Прилеп – Се судрија автомобил и моторцикл

На 25.05.2024 во 11.20 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на крстосница од ул.„Прилепски бранители“ со ул.„Пере Тошев“ во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Т.А.(50) од с.Маргари, општина Долнени и мотоцикл „јамаха“ со демирхисарски регистарски ознаки, управуван од А.А.(25) од Прилеп.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градска болница Прилеп.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.

Градоначалникот Јовчески со честитка за ФК Победа

Фудбалерите на Победа обезбедија опстанок во Втората фудбалска лига, откако попладнево на стадионот во “Ѓорче Петров” го совладаа Куманово со 2:1. Иако се работи за опстанок во Втора лига, ова е огромна радост за младата екипа на црвено-белите, како и за фудбалските вљубеници во Прилеп.

Честитка за опстанокот во Втора лига упати и градоначалникот Јовчески, кој на ФБ напиша:

-Победа Прилеп! Честитки за целокупниот стручен штаб и за храброста на сите фудбалери! Местото на Победа е единствено во Првата Македонска фудбалска лига и мораме сите заедно да придонесеме за тоа! Една љубов, еден град – напиша во честитката градоначалникот Јовчески.

Прилепските деца подобри во баражот…Победа има иднина, но нема спонзори!

Фудбалерите на Победа обезбедија опстанок во Втората фудбалска лига, откако попладнево на стадионот во “Ѓорче Петров” го совладаа Куманово со 2:1.

Иако се работи за опстанок во Втора лига, ова е огромна радост за младата екипа на црвено-белите, како и за фудбалските вљубеници во Прилеп.

Триумфот за прилепчани го донесоа Давид Дебрешлиоски во 62-та и Димитар Шаркоски во 71-та минута. Куманово успеа да намали само на 2:1 во 73-та минута преку Дарио Десниќ.

Само за потсетување. Најстариот фудбалер на Победа има 22 години, па овој успех на “децата” од Прилеп е од огромно значење за некогаш најфудбалскиот град во Македонија.

Честитки дечки! Прилепскиот фудбал има иднина, да се надеваме дека ќе има и спонзори идната сезона.