дома блог

Развиорени македонски знамиња во СОФИЈА – Дечките од танцовото студио New Generation од Прилеп со одличен настап на „Estreia Dance Fest Sofia“

Танчерите од Dance Studio New Generation од Прилеп забележаа одличен успех на интернационалниот натпревар „Estreia Dance Fest Sofia“, кој викендов се одржа во Софија, Бугарија, достојно претставувајќи го својот град и државата.

Во силна меѓународна конкуренција, прилепските танчери особено се истакнаа во соло и дуо категориите, освојувајќи повеќе високи пласмани и награди.

Во хип-хоп соло категоријата, први места во своите возрасни групи освоија Јована Стојковска и Мидеа Георгиева, додека Дарија Стојановска се пласираше на второто место. Третото место ѝ припадна на Нина Димоска, а Софија Митаноска го освои четвртото место.

Забележителен успех беше постигнат и во категоријата MTV Dance, каде првото место го освоија Антонина Котеска и Ива Мирческа. Марија Ристеска и Ива Гиноска се пласираа на четвртата позиција, додека висок пласман оствари и Георгина Талеска.

Во дуо настапите, во MTV Dance категоријата, најмладите учеснички Дарија Стојановска и Ива Мирческа освоија прво место, додека Ивана Богојевска и Давор Петкоски го освоија второто место со одлична изведба.

Успехот беше заокружен и со групниот настап на формацијата „Kids Dancers“, која го освои третото место во силна конкуренција.

Од Dance Studio New Generation истакнуваат дека нивните настапи биле на високо професионално ниво, со нови кореографии и израз, при што успешно се носеле со конкуренцијата од повеќе европски земји.

Со овие резултати, младите танчери уште еднаш покажаа дека Прилеп има талентирана танцова сцена која сигурно чекори кон европските врвови.

Колку ти значи брзина и сигурност кога разменуваш валути? Сега имаш уште една причина помалку да се грижиш — Минт Менувачница отвори нова локација во Минт Центар

Лоцирана на ул. Михаил Апостолски Дончо 7 во Битола, новата филијала веќе е во функција и носи уште поблиску до тебе брзи, сигурни и транспарентни финансиски услуги.

Просторот е современо уреден и дизајниран за динамично секојдневие — со јасен фокус на ефикасност, безбедност и одлично корисничко искуство. Тука, секоја трансакција е едноставна, а секоја услуга професионална.

Во новата филијала те очекува:

• Купување и продавање на сите главни светски валути
• Конкурентни курсеви во реално време
• Брза, доверлива и пријателска услуга

Со ова проширување, Минт дополнително ја зацврстува својата позиција како доверлив партнер за финансиски услуги во Битола.

Покрај новата локација во Минт Центар , на располагање ти се и филијалите во Т.Ц. Блисс и Безистен — за уште поголема достапност, кога и каде што ти треба.

Минт менувачница — секогаш чекор поблиску до твоето секојдневие.

Мицкоски: Граѓаните мора да ја дознаат вистината за 27 април и луѓето, осудени за тероризам

„Очекувам од новиот јавен обвинител да излезе во јавноста со став како тогашната затвореничка Катица Јанева ги пренесе своите овластувања и ги оживеа предметите од поранешното специјално јавно обвинителство (СЈО). На кој начин и како беше тоа направено. Македонската јавност и граѓаните заслужуваат да знаат бидејќи тие ги плаќаа оние скапи милионски хонорари за тие т.н. обвинители, кои беа дел од СЈО. Тоа треба да го знае македонската јавност бидејќи тоа се плаќаше од народните пари, а резултатот се знаеше каков беше – заврши со една чанта ‘луј витон’ полна со банкноти во странска валута. Така неславно заврши тоа што требаше да биде симбол на правдата, а граѓаните, кои го финансиираа тоа, мора да ја знаат вистината“, рече Мицкоски.

Според него, мора да ја знаат вистината како беа судени десетици луѓе за тероризам и на кој начин функционираа заштитените сведоци – случајот поврзан со 27 април. „Македонските граѓани мора да го знаат тоа. Не можеме да одиме напред ако вистината не се знае и дали постојат т.н. заштитени сведоци, кои под присила давале искази од страна на одредени лица од судството и од Обвинителството, кои биле вклучени во тој процес за 27 април. Тоа мора да го знае македонската јавност ако сакаме да одиме напред“, рече премиерот.

Како шро рече македонскиот премиер, треба да се разгледаат и да се процесираат сите поднесоци од институциите заедно со Државниот завод за ревизија, кои се во Обвинителството, а кои остатоците од СЈО и од претходната гарнитура ги држеа во фиока.

„Доколку ова не се случи, јас не гледам дека во иднина некој може да биде заштитник на правдата. Како се случи модуларната болница, зошто се случи, зошто се пренесуваа ингеренциите, дали сите се прифатени, како се случија многу случаи во делот на енергетиката, во делот на јагленот, дали постојат фирми што спонзорирале одредени политичари, нивни возила, имоти итн… Како се случија многу работи во минатото? Сето ова е документирано и поднесено во обвинителството. Тоа што не сме правеле естрада од сето ова е друга работа, но факт е дека е таму и очекувам од новиот државен јавен обвинител и од неговиот тим да се позанимаваат со тоа“, рече Мицкоски.

Ако немаме капацитет да отвориме толку многу случаи, одговори премиерот на новинарско прашање, Владата, како што сега даде согласност за 200 нови вработувања во судовите, така ќе даде согласност и за вработувања во Обвинителството.

Засега рече дека не е планирана средба со новиот државен јавен обвинител. Одговарајќи на прашање за одземањето на ингеренциите на обвинителката Ленче Ристовска за случаите поврзани со ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски рече дека тоа е одлука на обвинителството и оти за тоа одговори треба да се бараат таму.

„Тоа е одлука на обвинителството. Јас немам што да коментирам тука, можеби треба нив да ги прашате“, рече Мицкоски при денешната работна посета на општина Гази Баба.

Битолчани ја “отепаа” најјаката првоаприлска шега досега на сметка на прилепчани

“Убава вест и од регионот ама недела си знајте каде” – напишаа и се пошегуваа со нас прилепчани на денот на шегата колегите од сајтот “Бабам Битола”, и притоа објавија јака монтиранка со вештачка интелигенција од отварањето на “првиот трговски центар во Прилеп”….

Битолчани, во недела секако ќе ви дојдиме, ама и вие ќе ни дојдите во aква парк, на “Пиво фест”, на Прочка за карневал…. Немаме трговски, ама имаме и ние по нешто, живуткариме….

Драма на ул. “Карпалак” во Прилеп: Бегале од полицијата, а пушката ја фрлиле од прозор

-ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против С.С.(39) од с.Десово, општина Долнени, поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјали“. На ул.„Карпалак“ во Прилеп, полициски службеници дале знак за запирање на патничко возило, кое го управувал пријавениот, но тој продолжил со движење, при што неговиот совозач од возилото фрлил ловечка пушка, која е пронајдена и одземена, информираат од МВР.

Полицијата повеќе не простува, ги “лови” секој ден – Уште еден прилепчанец фатен без возачка

-На 30.03.2026 во 21:20 часот на ул. „Тризла” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиja од слобода Е.Б.(37) од Прилеп. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „сеат” со прилепски регистарски ознаки, управувано од Е.Б., при што е констатирано дека го управувал возилото пред да се стекне со право на управување на моторно возило, односно без возачка дозвола. По целосно документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок – информираат од СВР Битола.

Во Прилеп се знае! Традиција е најмалите да блескаат за Велигден, а во чаршијата се знае каде се оди за најудобна и најмодерна облека (Фото галерија)

Во срцето на Старата прилепска чаршија, на познатата Цветна улица, се наоѓа вистинско мало царство за најмалите – бутикот BABY BOOM. Место кое не е само продавница, туку топло катче исполнето со стил, нежност и љубов кон детската убавина.

Во пресрет на најрадосниот празник – Велигден, во BABY BOOM владее вистинска празнична магија. Просторот е исполнет со бои, насмевки и нови модни комбинации кои едноставно освојуваат на прв поглед. Новата колекција веќе пристигна и носи со себе свежина, елеганција и шарм, токму како што доликува на пролетта.

Изборот е навистина богат – од нежни и елегантни фустанчиња за девојчиња, до модерни и удобни комбинации за момчиња. Секое парче е внимателно одбрано, со акцент на квалитет, удобност и стил, за вашите најмили да се чувствуваат прекрасно додека изгледаат неодоливо.

Без разлика дали барате нешто свечено за празничната трпеза или удобна комбинација за прошетка и дружење, тука ќе најдете се’ што ви е потребно. Вашите дечиња ќе блеснат во полн сјај и ќе внесат дополнителна радост во празничните моменти.

Затоа, не чекајте – посетете го BABY BOOM и дозволете си да уживате во изборот кој ќе ви го освои срцето.

А дотогаш, погледнете дел од прекрасните модели од новата колекција во продолжение…

Разговор со Дејан Дуковски, автор во фокус на МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп

Во рамките на програмата „Автор во фокус“, Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ – Прилеп и Факултетот за драмски уметности – Скопје утревечер (среда) во 20 часот на сцената на ФДУ, организираат разговор со Дејан Дуковски, еден од најзначајните современи македонски драмски автори и воедно еден од најизведуваните на театарската сцена во Европа и светот. Разговорот ќе го води проф. д-р

Ана Стојаноска и директорка на МТФ „Војдан Чернорински“. Оваа активност е дел од програмата на 60. издание на фестивалот што годинава ќе се реализира од 5 до 12 јуни во Прилеп.

Дуковски дипломира на Факултетот за драмски уметности во Скопје во класата на Горан Стефановски. Уште од првите драмски текстови: „Балканска 3/a“ (1988), „Последниот балкански вампир“ (1989), „Силјан Штркот шанца“ (1991) и „Џинот и седумте џуџиња“ (1991), ја најавува својата препознатлива поетика. Неговото творештво ја носи во себе македонската драмска традиција, но истовремено ја преиспитува и ја трансформира, создавајќи моќен и автентичен театарски јазик кој директно комуницира со времето во кое
живееме.

Проф. д-р Ана Стојаноска за Дејан Дуковски вели дека тој не пишува само драмски текстови – туку претстави. Кај него драмата се одвива веќе во самиот текст, како да се случува на сцена, што ги прави неговите дела живи, динамични и силно поврзани со актерската игра и режисерската визија. Неговите драми се создаваат во дијалог со театарот, со режисерите и со публиката, а токму затоа тие постојано добиваат нови верзии и нови сценски животи.

Од „Балканот не е мртов“ и „Буре барут“, до „Маме му ебам кој прв почна“, „Друга страна“ и „Утерус“, драмите на Дуковски создаваат специфична театарска текстура исполнета со цитати, иронија, балканска стварност и силен општествен коментар.

Со својата фрагментарна драматургија, со својот брутално искрен и провокативен стил, Дуковски не само што ја обележува современата македонска драма, туку и го најавува новиот европски бран познат под синтагмата „in yer face“ или „драма на крв, сперма и пот“.​

Разговорот со Дејан Дуковски е можност одблизу да се запознаеме со авторот чии драми повеќе од три децении го обликуваат современиот театарски јазик.

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: ИГРАЧ ОД ВРАНИШТЕ ОСВОИ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН 6.328.023 ДЕНАРИ

Најпосакуваната ВЛТ добивка е освоена на видеолотариските терминали кај деловниот соработник „Спортлајф“, на 25.03.2026 година, во Враниште.

Тимот на Видеолотарија Касинос Австрија искрено му честита на добитникот.

Во периодот од 23.03.2026 до 29.03.2026 година, Видеолотарија Касинос Австрија исплати вкупно 12.042.726денари кон играчите на ВЛТ терминалите низ Македонија, и тоа:

• 1 СУПЕР МИЛИОНЕР џекпот 6.328.023 денари

• 4 МИЛИОНЕР џекпот добивки – вкупно 4.190.965 денари

• МИНИ џекпот добивки – 1.523.738 денари

Видеолотарија Касинос Австрија повеќе од една деценија успешно работи во согласност со сите законски регулативи и меѓународни стандарди. Мината 2025 година беше година на рекорди, еуфорија и многу среќни ВЛТ добитници! Видеолотарија Касинос Австрија им исплати на играчите на ВЛТ импресивни 814.512.912 денари, односно повеќе од 13 милиони евра за џекпот добивки.

Познати сите учесници на Светското првенство 2026

Со одигрувањето на финалните средби од баражите, познати се сите учесници на фудбалскиот Мундијал 2026. Ирак стана последен учесник на Светското првенство, откако рано утрово во Монтереј (Мексико) ја совлада Боливија со 2:1.

Синоќа преку европските баражи, пласман на планетарниот собир изборија, Босна и Херцеговина по победата над Италија на пенали (4:1), Турција по триумфот над Косово (1:0), Чешка над Данска (на пенали 3:1) и Шведска над Полска 3:2.

На Мундијалот ќе учествуваат 48 екипи поделени во 12 групи. Групи на Светското првенство во 2026 година:

А: Мексико, Јужна Африка, Кореја, Чешка;

Б: Канада, Босна и Херцеговина, Катар, Швајцарија;

В: Бразил, Мароко, Хаити, Шкотска;

Д: САД, Парагвај, Австралија, Турција;

Е: Германија, Курасао, Брегот на Слоновата Коска, Еквадор;

Ф: Холандија, Јапонија, Шведска, Тунис;

Г: Белгија, Египет, Иран, Нов Зеланд;

Х: Шпанија, Зелен ‘Рт, Саудиска Арабија, Уругвај;

И: Франција, Сенегал, Ирак, Норвешка;

Ј: Аргентина, Алжир, Австрија, Јордан;

К: Португалија, ДР Конго, Узбекистан, Колумбија;

Л: Англија, Хрватска, Гана, Панама.

Светското првенство ќе се одржи во САД, Канада и Мексико од 11 јуни до 19 јули 2026 година.