„50 нијанси сиво“ е шампион, ама во што?

Еротската “50 нијанси на сиво” ги предводи овогодинешните номинации на наградите “Златна малинка” за најлоши филмови на 2015 година со шест номинации, пишува британскиот весник “Индипендент”.

50nijansisivo-640x424

Филмот со учество на минатогодишниот добитник на “Оскар” Еди Редмејн “Патот на Јупитер” исто така има шест номинации, како и лентите “Пиксели” и “Полицаец на трговскиот центар 2″.

Четирите филма, заедно со “Фантастичната четворка” ќе учествуваат во трката за најлош филм. Џејми Дорнан, кој го одигра плејбој милионерот Кристијан Греј во “50 нијанси на сива”, ќе се бори за наградата “Најлош актер” заедно со Џони Деп за “Мордекај”, Кевин Џејмс за “Полицаец на трговскиот центар 2″, Адам Сендлер за двата филма”Чевлар” и “Пиксели”, како и Чанинг Тејтум за “Патот на Јупитер”.

Дакота Џонсон, која влезе во главната улога на Анастејша Стил во “50 нијанси на сиво”, ќе се бори за наградата “Најлоша актерка” на 2015 година. Заедно со неа номинирани се и Кетрин Хејгел за “Домашен пекол”, Мила Кунис за “Патот на Јупитер”, Џенифер Лопез за “Соседното момче” и Гвинет Палтроу за “Мордекај”.

Традицијата за “Златните малинки” датира од 1980 година и е пародија на прекрасната сезона на холивудските кинонагради. Одличувањата за најлошите актери и филмови ќе се врачат во ноќта на 27 февруари – ден пред наградите “Оскар”. Тие се определуваат од 900 члено жири од 47 американски држави и 21 држава.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.