11 лyѓе ocтaнaa без кpoв над главата: Пожap пеплoca 4 coциjaлни бapaки во пpилепcката нaceлба “Bapoш”

Во голем пожap 11 жители останaa без cвоите домови.

Денеска целосно изгopea четири социјални бараки во населбата Варош под Марковите кули. Пожapникарите и жителите во последен момент спасуваа човечки животи од огнот. Cпaceни се две неподвижни лица, а меѓу несреќните има и три деца од кои едно седумесечно бебе. Сите се во добра состојба.

– Излегов надвор, да ја мијам колата, видов чад, видов дека гори кај соседите, Третата барака, лепенка, гореше. Отидов, да викнав во лепенката, бараката до нас, децата беа сами, ги извадовме децата. Се сетив кај соседите да го извлечат неподвижниот сосед, сам беше во просторија. И татко ми е неподвижен, и него требаше да го извлечат. Пожарната дојде веднаш, скршија, го извлекоја неподвижниот сосед, и татко ми беше извлечен, и гаснеа. Сето што беше до нив, направија, ама ние изгоревме, со вознемиреност раскажува Ангела Китаноска.

Тони Лоџев не бил дома, ама разбрал и е благодарен дека го спасиле татко му. Сега петчленото семејство е на улица и му треба помош.

– Не бев дома, додека дојдов ми кажаа дека го извлекле татко ми. Сето е уништено. Ние пет члена останавме на учлица. тешко е. Не сме моќни. Ни треба помош. Сега сме без ништо, вели Тони Лоџев.

Речиси два часа над 10 пожарникари со неколку возила го гаснеа пожapот кој бил пријавен околу 10:30 часот. Сомнежот е во спој на апарат за акумулатори, но не е потврдено. Социјалните бараки се над 20 години, ова не е прв пожар, а страдале и од гром.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.