Чаир вечер на улица за струјата, прилепчани уживаат во поскапувањата, дури и водата 60% не е проблем?

Овој петок со почеток од 18 часот, во паркот Чаир е закажан уште еден протест против одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) за поскапување на струјата за 7.4 отсто.

Како што наведуваат организаторите, собирот е во паркот Чаир и ќе се маршира се до Влада.

„Бараме доброволци од сите населени места во Скопје и околина да се пријават во советот на протестот за да заедно организираме и што повеќе да ја мобилизараме масата за масовен протест.

Доброволците треба да се јават, да ги остават своите лични податоци како и населеното место и контакт телефонот“, стои во најавата за протестот.

Mинатата недела протести за покачената струја имаше и во Тетово и Гостивар, каде голем број на луѓе излегоа на улиците и плоштадите.

Во меѓувреме во другите градови, меѓу кои и Прилеп, како да им одговара покачувањето на сметките и никој не пројавува иницијатива за протест.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.