ХАОС ВО ГРЦИЈА: Мигрантите палат православни икони и бараат забрана за црковните ѕвона

Калавритски митрополит Амвросије упати итно обраќање по повод ситуацијата во Грција, пренесува AgionOros.ru.

manasti-u-grckoj_800

“Од ден во ден станува се поочигледно дека мигрантите и илегалците ја освојуваат Грција”. – вели во своето обраќање митрополитот Амвросије за овој портал.

“Од своја страна, политичкиот систем ги прифаќа, ги штити и им создрава поволни услови! Никој за ништо не се грижи…

Еден министер од владеачката партија СИРИЗА завчера кажа отворена глупост: “Со помош на имигрантите ќе се реши демографскиот проблем на Грција”. Како што гледаме, Владата ги брани освојувачите на нашата земја.

Меѓутоа, освојувачите веќе започнаја со своето разорно делување.

Ги тргаат иконите од ѕидовите на храмовите и капелите и ги фрлаат во оган за да се згрејат.

Од митрополитот Серафим во Пиреј бараја да го тргнат православниот крст.

Во градот Кавала нелегалните имигранти муслимани ја тргнаја иконата на Богородица во едно училиште и бараја да не ѕвонат црковните ѕвона….!

Вчера во Солунскиот регион муслиманите делеја брошури на грчки со следната содржина: “Грци, поверувајте во зборовите на пророкот Мухамед за да се спасите. Војната е дојдена во вашата земја. Крвта на неверниците ќе течи како река. Потпис: војниците на Алах”.

На државната грчка телевизија веќе се прикажува издание на дневникот на арапски јазик!

Разбудете се ! Станете од сонот!

Погледајте што се случува наоколу! Грција пропаѓа!

Полека умираме. Го снемува нашиот православен и црковен идентитет! Зарем сакате да се предадете без битка? Размислете!”.

A.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.