Во графата мајка кај дел од дечињата стои: ТЕНДЕРИ, Валентин, УЈП, Миле, затвор, пазари…. – покажуваат списоците кои беа испратени до нашата редакција.
При отварањето на градинката во ОOУ “Рампо Левката”, министерката ќе треба да одговори што значат овие шифри и дали нејзините насоки се да се запишуваат само деца за кои ќе ургираат локални политичари?
Нели во овие институции немаше политика? Оваа институција благодарение на градоначалникот од почеток ја следат скандали кои деновиве кулминираа??
Ќе има за ова оставка од министерката, директорот, градоначалникот, или пак ова ќе продолжи да биде премолчувано и ќе биде аминувано од нив?
Кое ќе биде објаснувањето за родителите на децата кои не ја знаеле “ШИФРАТА” за нивното дете да биде сместено??
По некоја случајност Претседателот и Секретарот на ОО СДСМ Прилеп имаат исти имиња како оние во “шифрите”??
Ова со сигурност не беше едно од ветувањата дадено на предизборниот митинг од Јованоски до прилепчани: