Мерките на унгарската влада за зголемување на наталитетот субвенционирани со кредити, веќе довеле до зголемување на бројот на венчавки, иако се уште не може да се каже дали ќе се зголеми наталитетот.
Приоритет на премиерот Виктор Орбан е да ги поттикне Унгарците да склопуваат повеќе бракови и да имаат повеќе деца, со цел Унгарија демографски да се поправи.
Поради тоа, владата на Унгарија воведе повеќе даночни олеснувања за младите семејства.
Неговиот план вклучува доживотно даночно олеснување за жените кои ќе родат четири или повеќе деца. Жените помлади од 40 години, при склучување на прв брак можат да добијат заем од околу 32,578 евра. Една третина од заемот ќе биде простен, кога таа ќе роди друго дете, а целиот долг ќе биде отпишан ако роди трето дете.
Според податоците на унгарскиот завод за статистика, во првите девет месеци, склучени се 20 отсто повеќе бракови отколку во првите девет девет месеци од 2018 година, што е рекорд уште од 1990 година.
Само во септември биле склучени 29 отсто повеќе бракови отколку во истиот месец минатата година, што е најголема бројка на венчавки во тој месец во Унгарија уште од 1979 година.
Овој месец повеќе од 50.000 парови се пријавиле за субвенционирање на кредити.