Тешка сообраќајна несреќа: Ракометарот ја завршува кариерата поради скршеница на ‘рбетот?

Еден од најдобрите катарски репрезентативци Рафаел Капоте се здоби со фрактура на вратните пршлени откако преживеа сообраќајна несреќа пред неколку дена.

 

capote1

Кариерата на еден од најдоминатните играчи во ракометот е во прашање, откако тој во драматична сообраќајна несреќа пред неколку дена се здобил со сериозни повреди кои би можеле да бидат пресудни за понатамошниот развој во неговата кариера.

Според странските медиуми ракометарот за среќа не го изгубил чувството во екстремитетите, а тој насокоро се очекува во Доха да работи и со врвен нервохирург, кој гарантира дека ќе успее да го оспособи Капоте да се врати на терените.

Capote

Ракометарот се очекува да биде надвор од терените повеќе од шест месеци, а Катарците наскоро би можеле да го доведат Вуко Борозан од Вардар во катарската репрезентација, откако црногорскиот интернационалец вчера и официјално објави дека повеќе нема да настапува за својата земја.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.