Денеска по повод празникот „Недела на Св. Јован Лествичник“, во храмот Св.Петка во Точила во присутво на грдоначалникот Марјан Ристески, председателот на Советот на Општина Прилеп Никола Димески и пред голем број на верници, се одржа Света Архиерејска литиргија. Со литургијата чиноначалствуваше Митрополитот Преспанско–Пелагонсики г.Петар, кој пред верниците ја истакна големата улога на православната црква и православните врници, бидејќи „верата е духот на овој народ“, посочи Владиката Петар.
Светата архиерејска литурија беше поддржана со пеење на хорот Св.Петка, кои пееја “Божествена Литургија” на Атанас Бадев.