ПРОНАЈДЕНИ ПРВИТЕ АРТЕФАКТИ НА ”ВРБЈАНСКА ЧУКА” ВО ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ

2-702x336

Пред околу недела дена група археолози започнаа со археолошко истражување на место викано ”ВРБЈАНСКА ЧУКА” за кое се претпоставува дека крие докази за почетоците на обработката на земјоделските површини и изградбата на првите земјени куќи на просторите на Пелагонија. Во изминатите неколку денови откриени се неколку земјени предмети за кои се претпоставува дека се стари околу 8 илјади години, кои докажуваат дека луѓето во тоа време користеле камени секири за обработка на дрвото и земјата каде веќе се пронајдени и првите остатоци од гробови и коски како и  земјени куќи кои се градени во тој период и претставуваат доказ за постоењето на првата цивилизација на овие простори.

1-200x300

Археолошките работи ќе продолжат и во наредниов период, кога и ќе се прошири површината за истражување за пронаоѓање што повеќе докази за минатото. При крајот на месец jули, работната група ќе ја посетат странски експерти од таа област, за добивање на конкретни податоци, за пронајдените артефакти и остатоци.

4-300x200

3-300x200

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.