Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија “Мирка Гинова” Штип објави меѓународен литературно-ликовен конкурс на тема „Детските раце творат за Македонија“.
Почитувани Македонци насекаде низ светот, многу сме горди што имаме шанса да го организираме меѓународниот литературно-ликовен конкурс на тема „Детските раце творат за Македонија“.
Право на учество имаат деца од 10 до 15 години кои што живеат во Македонија и надвор од неа, насекаде низ светот.
Селекцијата на ликовните творби ќе ја направи тричлено жири, а сите пристигнати литературни и ликовни творби ќе бидат објавени во печатена збирка за промоција на детските дела за Македонија.
Повеќе информации за конкурсот можете да прочитате во прилог: