До нас секојдневно пристигнуваат нови фотографии од непрописно паркирање. Граѓаните се револтирани и постојано реагираат. Сепак, сеуште постојат несовесни возачи кои паркираат каде што ќе стигнат, па дури и на каскадерски начин, попречувајќи го слободното движење на другите автомобили и пешаци.
И покрај тоа што постојат стотици обележани паркинг места, на некои граѓани не им претставува проблем да возат луксузни автомобили, но проблем им е плаќањето за паркинг простор.
Други пак иако паркираат на обележано место, треба да се вратат назат на полигон и одново да научат.